Прозни искри

Член од
24 ноември 2013
Мислења
1
Поени од реакции
1
Девојката на мојата бивша

Девојче... 14 години... 2004 година...
Шета по улица, размислува. Се уште е дете, не знае што се случува со неа. Во неа се јавија симпатии кон друга девојка. Се случува прв пат, прв пат такви чувства. Што се случува? Се уште е мала и не знае ништо. Нема никој околу неа да и помогле и да и го објасни сето тоа.
Хммм... колку што се сеќава тој период постоеше „mirc“. Лажно име, нормално, се претстави со лажно име... Пробуваше да најди некоја личност што ќе и ги објасни тие работи.
За нејзина среќа, успеа, најде... Ја учеше како треба да пази на кого кажува за тие чувства и како сето тоа кај нас не е сеуште прифатено... Што е тоа, што е всушност таа?
Исплашена е... не сака ни самата да си поверува во тоа што е... Пробува со машко, нејзин врсник... започнува врска со него да си докажи самата на себе си дека сето што и го кажаа не е така, дека е како сите останати девојки. Не трае долго и сфаќа дека сето тоа што и го кажаа е вистина...
Како да продолжи понатаму? Нема блиски пријатели кои би ја разбрале... се уште се мали да размислуваат за толку сериозна работа...
Да кажи некому?
Повторно бара совет од пријателката од нет која е повозрасна и поискусна во сето тоа. Пријателката и кажува дека се уште е рано да кажи на некој, дека другарките нема да ја разберат и можеби би ја кажале на нејзините родители.
Конечно... најде девојка како незе, се бакнаа и конечно ја исполни тоа... Тоа е тоа чувство! Се чувствуваше среќна, но сето тоа беше кратко. Девојката не беше од нејзиниот град, мораше да си оди.
Повторно останува сама. Се уште е малечка, тешко е да најде тоа што и треба и тоа што ја исполнува.
Извесен период оди против себе... оди со машки, но колку издржува?
Стана средношколка... нови познанства... запознава нова другарка и градат добро пријателство... по извесен период се запознава и со нејзиниот брат Стефан. Стануваат добри пријатели.
На забава... Стефан не може да ја крие неговата тајна и и се открива дека е геј. Па нели е прекрасно? Има на кого да се искаже. И тој е како незе. Среќни се и двајцата.
Стефан ја запознава со негова другарка, започнуваат врска. Беа 4 месец, добри за неа, беше среќна затоа што конечно е таа, онаа вистинската. Типката беше поголема од незе. Не и беа доволни само бакнежите, проба да оди на нешто повеќе... секс. Не беше сеуште спремна за тоа, се плашеше. Па типката не можеше да се воздржи и ја заклучи во нејзината соба и... знаеш некои викаат „ако не милум тогаш силум“. Се случи и тоа. И беше прв пат, ја загуби нејзината невиност и зарем мораше на тој начин?
5 години пауза... не дозволуваше да и се приближи ни женско, ни машко...
Проба да почни од почеток, запозна нова типка... не беше сјајна... раскинаа поради тоа што типката чекала некоја Марија да се врати во Македонија и да биди се неа.
Повторно повредена, повторно сама...
Се решава да и се отвори на најдобрата другарка... Стефан повеќе не е тука, се исели од Македонија, си најде типац, среќни се во брак...
Собра храброст и се отвори на другарката... ја прифати таква каква што е. Но... се плаши од неа, не сака да се видат на само. Полека и ги објаснува работите... и кажува дека никогаш не можи неа да ја гледа така, дека ја сака како сестра. Па добро тргна, сватена е!
Има авантури, запознава нови и нови девојки... Се уште не е спремна за сериозна врска...
Лето 2013... хммм... ја запознава Марија... да, типката од бившата, што раскинаа поради неа... Зарем е можно? Можно е да се заљуби во неа? Не, не, не... пробува да го потисне сето тоа, не можи да се заљуби во неа... па таа ја мрази неа.
Не можи против своите чувства... Имаат афера, среќни се и двете. Барем така изгледаат.
Дојде и тој проклет ден... 8-ми август... Марија мора да си замини од Македонија. Не, не повторно... Зошто?
Ја одржуваа врската преку нет. Таа беше решена да појди кај Марија по секоја цена. Кажа на нејзините дека запишува втор факултет, но овој пат надвор од Македонија. Кавги дома... но сепак успева во тоа. Додека ги средува сите потребни документи за да замини, Марија раскинува со неа. Зарем тоа беа нивните планови? Требаше да се венчаат, па каде закочија, толку беа силни нивните чувства?
Мислеше дека за прв пат сака и дека љубовта и е возвратена. Мислеше дека конечно во нејзините 23 години почуствува како е да биде сакана... но сепак се излажа.
Љубов... постои ли тоа нешто? Има ли некоја која може да ја убеди дека љубовта постои? Ќе запознае ли таа некогаш таква особа?

И сега како да ги сокрија очите од нејзината мајка која знае се, без збор да проговори, а молчи? Како да им каже на родителите што е и која е? Како да собере храброст?
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.708
Поени од реакции
13.389
Соголени

Се прашувам сега, веќе по толку изминато време, дали доволно те познавав... И мислите ми се навраќаат на сето она што остана неотскриено, закопчано под крутиот капут на индиферентноста... со дебелите наслојки на шминка, со насмевка од порцелан. Доволно тенок при самиот допир да пукне.
Се плашам сето она што го градевме некогаш, кога бевме соголени во душите, кога безгрижно талкавме со мислите... Ти и јас... во светот на сето она што не би се нарекло само верба...дека ќе исчезне само за миг... како меур од сапуница. Можеби мојата соголенсот доведе кон тоа. Мојот приказ на ништожност , дека сум само обичен смртник кој безрезервно те љуби... Или пак твојата скепса во сето она што некогаш веруваше, а сега е само празен `од од една жртва кон друга. Твојата разумност.
Проклето студи надвор, сега кога веќе не си тука. Спомените кои ме навраќаат на тоа време будат само повеќе студ, ме тераат да го облечам палтото и да заминам веќе еднаш од ова проклето студено место.
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Две седмици сама

Знаеш колку се две седмици идиоту?
14 дена, 336 часа, 20160 минути!
Е идиоту мене срцето ми чукаше по 90 пати во минута кога ме остави како да сум на трка, е сега пресметај паметен еден колку пати ме болеше.
Многу, а?
Знам дека ќе ми помине, знам дека ќе се најде некој и за мене, тоа и не ми е поента. Знам дека ќе се случи тоа.
Ама ајде побегни од емоции!

 
Член од
3 октомври 2011
Мислења
17
Поени од реакции
4
Mysterious murderer

It was almost midnight when the investigator Tom received a letter in which was written:
Dear, dear investigator,
this Friday between 12pm and 4pm – I give you the interval,
but you won’t be able to unravel.
I know you want to know what is this all about,
but if I tell you, you won’t be so proud.
Garden full with flowers, such a beautiful place,
to discover what I mean, I’m giving you space”
Tom spent days and nights wondering who was the letter from and what did he or she wanted to say with it. He shared his story with his closest colleagues, but no one could think of something useful. Otherwise Tom, with his 55 years, was the best and the most experienced investigator in Denver with even 20 years probation.
Because it was Monday and Tom had nothing to do with the letter, he just forgot it and commited to his other cases. When the day has come, Tom’s collegue came to his office at 5pm and put a daily newspaper on his desk, making confused face. On the main page was a picture of a strangled woman in her 60s lying in a garden. Tom shocked his head. He recognized the woman, she was babysitting his child 20 years ago. They used to be very close, than she moved away in another city. He had a flashback to the letter received five days ago. He felt very disappointed by himself.
“I knew something about it and I could do nothing to stop it” he said to himself, ”It was all about this murder…”
When the investigation started they went to the crime scene, the victim’s house. It was oldfashioned one, on the table there were a tape measure, pins and a started wedding dress. In the garden there was a part of a wedding dress, which bride should wear on her head, that the murderer used to kill the woman.
From the statements from the victim’s neighbours, she was now very quiet woman, a steamstress, who became very obsessed with spiritualism after her husband died recently. She was so into it that sometimes she had hallucinations.
From all the information collected, it turned out that there was only one possible situation: While the woman was working on her dress, the killer came into the house and spoke with a changed, silent voice so the woman thought it was her husband trying to communicate with her. Than the killer came behind her and strangled her with that piece of clothing that was finished and left on the chair in the hall. Than the dead body was carried in the garden between the flowers as it was described in the letter to the investigator Tom. This case was long time unsolved and it really was bringing him down, because he was the best in his part and there were so many cases that he had solved, and only a few that he didn’t. This one was left unsolved. It was the 12th.
AFTER 5 YEARS
One month after Tom pensioned off, while he was watching TV with his wife, he received another letter. And again, without the name of the sender. There was written:
“Dear, dear investigator,
I know you don’t like the game I play,
this is the end, here I stay,
I decided to stop it,
and tell you what the truth is.
Now i stop with my rhyme,
I think it’s time to clear your mind.
Let’s start:
Do you remember all the cases you haven’t solved? How many there are? There are 12, aren’t there? Do you know all the victims personally? Are they, or used to be close to you for short or long period? Do you know what the number 12 means to me?
I know that you know the answers of all of these questions.
And at the end, I’d like to tell you, that after all I did, I finally made a decision to surrender to the police and go to jail. I think that was enough.”
Tom was shocked. He re-readed the letter over 20 times. He realised that all his years working as an investigator were just an illusion. But he had changed. He’s not the man he used to be. He’s totally different. He changed his look, his living town, now he has a family, wife, children, new circle of friends, everything.
“Why is this happening now”, he wondered, “why after too many years, too many changes?”
“All these people died from me, about my fault from the past, I indirectly killed them.” – he started to cry.
“What are you talking about, Tom?”, asked his wife, “Let me see the letter.” She reads the letter and than asks again , but this time a little angrily, “Would you tell me what have you done? May I know who I’m living with?”
“Okay, here’s the story.”, said Tom. “I lived in Miami with my mother and father. My father was a policeman and he had a gun which he keeps in a drawer in the bedroom. On 10th June, I was 19 than, I stole a bike from one place that was not a shop, but a lagre place where were sold old bikes. Steve, the person who’s sending me all these letters was living in my neighbourhood. He was living only with his mother because his father died in a car crash a long time ago. Steve’s mother saw me when I stole the bike and reported me to the police. I laid in jail 6 months and when I finally got out I was ready for revenge. Soon, on December 12th I took my father’s gun and went into Steve’s house and shooted his mother. There were no true clues of what really happened that day and no one was suspected. 12th December (12.12) was the day I killed her, that’s why he killed 12 people who were somehow connected with me. I deserved much more than this. They shouldn’t be dead, I should be. I feel sorry for all of them. Sorry for all the people that died by my fault. That’s the story.”
“I’ll call the police now, and you’re gonna tell your story to them, than you’ll go in jail.” shouted his wife.
“I will.” said Tom.
Than, the cops arrived and arrested him.

Еве нешто на англиски, можно е да има некои грешки.
 
Член од
19 ноември 2012
Мислења
171
Поени од реакции
317
Го пишувам ова со мирис на ракија во здивот и месечевина во душата.
Месечевината - оној копнеж кој дотолчува, а е истовремено величествен и неостварлив. Кога би ми ја отвориле главата, веројатно би ја нашле преполна со текстови од песни, агресивни и романтични. Револуционерни. Секакви.
Земам мастика „Airwaves“. Од оние екстремните, плавата верзија.
Ми значиш на посебен начин. Те ценам. Не дозволувај тоа да се смени.
О, пријателе, пронајди се во овие редови. Пронајди се и пронајди СЕ’.
Нема промени.
А формалинот мириса на институтот по анатомија.
Но мене не ми пречи.
Се молам еден ден да ја сфатам смислата на сево ова. Еден ден... Someday... But Someday Never Comes...
Ја пуштам оваа песна од Creedence Clearwater Revival.
Ја слушам до крај.
Следи I Don't Need од The Cranberries.
Со последните стихови ја фрлам мастиката и се упатувам кон креветот. Безнадежен. Неутешен.
Би сакал да можевме да зборуваме отворено. Но, слабост е тоа во денешно време.
Не сакам да те изгубам.
Не кажувам ништо ново.
No work done today.
А, формалинот мириса ли, мириса на институтот по анатомија.Труе...
 
Член од
24 октомври 2011
Мислења
385
Поени од реакции
139
Болка
Дождот ги миеше
солзите од моето лице
но, не можеше да ја измие
тагата од моето срце.
Талкав по улиците во ноќта
и ги гледав среќните лица.
Ја посакував таа која беше
толку блискy
но, далеку од мене.
Тоа што ја гледав секој ден
ме полудуваше
и таа нешто како да насетуваше
и дрско ме одбегнуваше.
Мислев ќе ја заборавам
ако не ја гледам
но, не таа сеуште
е во моето срце
нанесувајќи тага и голема болка.

(ве молам за коментар што мислите добро е или лошо?)
 
Член од
12 декември 2012
Мислења
320
Поени од реакции
2.025
Му дадоа рачен часовник за неговиот 11ти роденден. Изгледаше како обичен сив пластичен часовник, но овој часовник го одбројуваше преостанатото време за живот. „Тоа е времето што ти преостанува на овој свет сине. Искористи го мудро“. И детето навистина го искористи. Секоја одброена секунда ја искористи максимално. Ги искачи највисоките планини, пливаше во сите океани. Се дружеше, се смееше, љубеше и живееше. Овој човек беше без страв, бидејќи знаеше колку точно време има за живот.
Евентуално, часовникот го започна последното одбројување. Старецот фрли поглед над сè што сторил, сè што изградил. 5 - се поздрави со својот стар деловен партнер, човекот кој веќе долго време беше негов верен пријател. 4 - дојде неговото куче и го излижа на раката, а тој галејќи го по главата му се заблагодари за дружбата. 3 - го прегрна својот син, знаејќи дека бил добар татко. 2 - ја бакна својата сопруга за последен пат. 1 - старецот се насмевна и ги затвори очите. Но тогаш, ништо не се случи. Се слушна звукот од алармот на часовникот и се исклучи. Човекот остана таму, жив. Кој би помислил дека во тој момент не би бил пресреќен. Наместо тоа, за прв пат во својот живот човекот беше исплашен.
 
Член од
28 мај 2013
Мислења
37
Поени од реакции
67
Болка


Дождот ги миеше
солзите од моето лице
но, не можеше да ја измие
тагата од моето срце.
Талкав по улиците во ноќта
и ги гледав среќните лица.
Ја посакував таа која беше
толку блискy
но, далеку од мене.
Тоа што ја гледав секој ден
ме полудуваше
и таа нешто како да насетуваше
и дрско ме одбегнуваше.
Мислев ќе ја заборавам
ако не ја гледам
но, не таа сеуште
е во моето срце
нанесувајќи тага и голема болка.

(ве молам за коментар што мислите добро е или лошо?)


Би рекла дека ова е прозен текст исцепкан во облик на песна. Мислам дека ми недостасуваше поголема ритмичност, а помалку наративност.
Имај на ум дека ова е само едно мислење, а едно мислење никогаш не е пресудно за тоа како треба и дали е нешто добро или лошо. :)
 

Misery

30% off
Член од
3 април 2011
Мислења
1.598
Поени од реакции
2.394
Секогаш наоѓам топло задоволство во суровиот студен бетон, некоја капка носталгичност потребна за да ме потсети како беше да се биде жив. Го помнам погледот врз нив - стари, расфрлани и распаднати коцки со стаклени квадратчиња кои беа единствениот потсетник дека тоа не е затвор. Ги гледав како статуи, како потсетник на некое друго време, како никој да не е жив внатре. Изгледаа толку страшно, големо и мртво. А јас, јас неможев да разберам зошто некој би живеел таму, но не прашував зашто - само гледав, со невини детски очи.
Понекогаш од гледање нагоре ме болеше вратот кога ќе стигнев дома, а раката од што несакав да ја испуштам раката на мајка ми.
Минував низ безброј безживотни коцки за да стигнам до мојата која ми беше толку блиска.
Влегував во истиот тој мал стан со мебел од темно дрво, што мириса на даб и ги соблеков моите зелени патики што сам неможев да ги заврзам.

Денес се наведнав и ги заврзав моите кожни чизми. Го земав клучот од полицата во претсобјето и заклучив зад мене. Ги ставив слушалките во моите уши и почнав да одам накај сите тие места кој ги немам посетено од кога сум бил мал.
И одев, додека во моите уши ечеше една од оние песни кои ме прават да се чувствувам како да тонам. Поминав низ новиот непрепознатлив дел од центарот во градот. И сите тие статуи и градби ми личеа далеку од мене, ми личеа еднакво мртво како тој стар дел .
А луѓето на улица? Луѓето беа исти. Можеби носеа ововременси капути и чевли, можеби возеа нови коли и слушаа нова музика, ама ми изгледаа исто како што ми изгледаа како мал. Далечни.
Продолжив да одам, и го поминав плоштадот. Се беше украсно и светкаше во разноразни бои кои требаа да укажат на престојниот дочек за Нова Година, а јас воопшто не бев заинтересиран за истата.
Стигнав до пред градскиот трговски центар кој изгледаше исто како од кога го памтам. На левата страна на влезот на градскиот трговски центар има една угорнина после која седнат на картон беше еден бездомник. Не личеше на оние кој животот го минале крадејќи и изнудувајќи пари од луѓе, изгледаше само многу, многу тажно.
Како што поминував ме застана.
-„Извинете, господине“
Се сецнав. Господине? Јас?
Па јас сум уште она мало дете кое оди со левата рака надвор од џеб, барајќи ја онаа на мајка му. -„Да?“ проговорив со мошне чуден, треперлив глас.
-„Имате ли да ми дадете некој денар, ќе ве молам.“ ме праша човекот, со скоро солзи во очите. Не бев сигурен дали се искрени или се само очаен обид за преживување.
Знаев дека ништо немам во себе, голтар.
-„Стварно немам ништо, извинете“ реков и почнав да правам чекор кога човекот реши да каже нешто.
Со тажен сериозен тон, човекот проговори , како низ магла или сеќавање
-„Ти бар имаш дом“
Застанав. Како нешто во мене тивко да се скрши. Не го чув но го осетив.
-„Би сакал да си во право. Но што ми е мене дом? Коцката во која се враќам после долг ден? Коцката која ја должам на банки и влади и судови? Коцката во која се чувствувам еднакво ладно како надвор? Единствената топлина што ја знам е во облик на отворена рака која силно и сурово замавнува врз образот и го прави да се чувствува како да е лето. Единствената блискост е мирисот на алкохол истурен на подот и звукот на кршење на порцелан или коска. Единственото што ми има останато од дом се моите коски и ова мало парче кожа врз нив што го носам на мене и сеќавањата од време кога сето тоа можело да им се случи само на други луѓе. “
Човекот ме погледна многу посериозно од претходно, со солзите кои претходно не бев сигурен дека беа вистински стркалани по неговото лице, наводнувајќи ја белата брада и таа црна искината јакна. Се помести кон левата страна на картонот, ги избриша солзите од лицето со својот ракав и погледна кон мене.
Ми ја подаде раката додека со очите гледаше кон десната страна на тој мал картон и со треперлив глас ми кажа,
„дома“.
 
Член од
12 декември 2012
Мислења
320
Поени од реакции
2.025
Вдишав длабоко неколку пати за побрзо да се смирам и пробав полека да ја средам мојата коса со врвовите на моите прсти. Целиот мој углед зависи од оваа фотографија, оваа ќе биде овековечена засекогаш. Останав буден цела ноќ, размислувајќи за финалните детали. Да одам со класична насмевка или со сериозна фаца. Кој изглед најдобро го претставува вистинскиот јас? Можеби треба да направам нешто необично и незаборавно?
Но пред да се одлучам, светна заслепувачкиот блиц. Баш во моментот трепнав и горкото разочарување набрзо ги исполни моите гради. Сигурно не сум испаднат како што замислував.
„Извинете,“ му реков учтиво на фотографот. „Можете ли да ме сликате повторно?“
Полицискиот службеник не рече ништо. Не можеше ниту да ме погледне во очи.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.708
Поени од реакции
13.389
My dearest of all.
My precious piece of the whole.
My immortal soul

I often stumble upon a memory of yesterday. A mere image of one so called a fool. Little that I know is that there is always possibility of change. These so-called thoughts lacking of common sense, plunder me yet again with their sharp edges, obliterating the truthful meaning of what is and what isn't real, wrecking havoc in my thoughts in order. Like a white cue ball, determined to strike the whole triangle of ten. And just then the game begins. The most interesting part. Trying to restore order, searching for the right words to say, putting the right ball in the hole. I find it very difficult by all meanings. Because your beauty strikes me to feel novice yet again. A child of some sort. Never have I learned the lesson of the pain of love, always I commence fantasizing that somehow things are going to change.
 
S

StormRage

Гостин
Кога под толку многу маски, кога си некој со илјадници лица, тогаш се губиш кој си и што си. И одамна е така, не знам кој сум. Искрено, не би ни сакал, тие лица ме спасиле од се, од сите. Кога ќе си толку шокиран да алкохолот од 15 пива и неколку чаши виски едноставно испари од тебе, значи некаде си згрешил. И тоа уште се мислам, кај сум згрешил... Поточно, кој е во право, кој ме лажел или селектирал. Ме штителе ли? Или со моите лаги сам се штитев. Кога ќе го издигнеш штитот од витражните солзи пред тебе не можеш да запреш. И тогаш, емпатијата си го зема своето, слабост на туѓи тешки емоции пак си го зема своето. Штитот станува се по проѕирен, дури на крајот твоите емоции не те заслепат во перфектната слика на душата на еден човек. И шамар, од некаде, гром од ведро небо, штитот паѓа, емоциите те обземаат и избиваат од тебе. Да може кожата да се разнесе врисокот ќе се чуе предалеку. Но, кога паѓа штитот, бавно те убиваат. Убиваат уште една личност од многуте што си ги измислил, толку многу да веќе се губиш во поентата на сето тоа. Само живееш така, тоа е начинот на живот. Кога ќе ги изгориш сите дрвени мостови над брановитата вода, само за да го затоплиш срцето знаеш дека остануваш сам. И тогаш уште еден шамар, целата перфектна слика полека се топи пред тебе, останува злобата, празната душа и желбата нешто да се исполни. Желбата за манипулација и игра. Го гледаш сето тоа, стои пред тебе, стои таму и изгледа толку невино, а опасно како мачка стегната во ќош, накострешено и канџи кои би те касапеле. Се буди тој, демонот. Уште не знам дали е вистинската личност или едноставно вториот измислен . Лошиот дел, тој од кој сите се плашиме, зашто знаеме дека ќе се повреди некој со тоа. И кога во таа ситуација сето тоа го здогледаш, рацете кои го држеле штитот стануваат тупаници, безмилосни, остри како искршен порцелан. Удари врз се, изгледа како самоодбрана, а сепак, сепак е нешто далеку полошо. Скршениот човек е најлошиот непријател, кога штитот ќе му падне е ранлив. Но ако се воздигне демонот од душата, нема да има број на мртвите тела над кои ќе помине до целта.
 
Член од
28 декември 2011
Мислења
4.371
Поени од реакции
6.208
Grandpa you were my first lover
Grandpa you said there was no other
Grandpa would open the door just to see me asleep
He wiggled his finger as he sucked on my dick
Grandpa stop molesting me Grandpa stop molesting me
Grandpa I fucked you up the ass in the old folks home
Grandpa Grandpa don't sit on my face
I'd rather get nasty alone
I break into grandpa's room in the old folks home
Pull down his pants and have my way
 
Член од
12 декември 2012
Мислења
320
Поени од реакции
2.025
Ќерка ми ме разбуди во 23:50 вчера вечер. Претходно се вративме од роденден од кај нејзината другарка Сара и ја ставивме во кревет. Жена ми веќе спиеше во спалната соба, а јас бев заспан на каучот гледајќи телевизија.
„Тато,“ прошепоти таа, тргајќи ме за ракавот од кошулата. „Погоди колку години ќе правам следниот месец?“
„Не знам, лепотице,“ реков, ставајќи ги моите наочари. „Колку години?“
Таа се насмевна и ми покажа 4 прсти.
Сега е 7:30. Со жена ми останавме будни речиси 8 часа, a ќерка ми сеуште одбива да ни каже каде ги нашла.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom