Прозни искри

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Непрестано гледаше низ отворот.
Се сеќаваше кога за прв пат леташе пред многу години и се чудеше како глетката не престанала да го фасцинира после толку многу време. Светот изгледаше сосема мирно и спокојно како и секогаш.
Се прашуваше.Од каде баш сега сите тие спомени,ненајавени почнаа да се вртат низ неговата глава.Дамнешни пријателства,полуостварени и неостварени љубови,планови кои добиле неочекуван правец. Многу поважни работи требаше да му се вртат низ черепот отколку некакви спомени за нечиј живот...неговиот живот.
Прашања.Зошто не побара број од онаа црнокоса,висока,малку уморна девојка која го гледаше онаа вечер во аеродромскиот бар пред да ја добијат неочекуваната команда.Командата за која се обучуваа со години надевајќи се дека нема да ја слушнат,меморирана одамна во еден посебен дел од мозокот.
Не беше вежба.Оперативна задача,лет со активна боева употреба.
Ниедна не доби шанса освен НЕА...другите,нејзините конкурентки,плавокоси и црнокоси,а можеби и по некоја црвенокоса тешко се решаваа да се релоцираат со него,половина година на Окинава,половина година во Аризона,година во Кореја,две на Диего Суарез...но ТАА секогаш го пратеше каде и да оди.

Секогаш беше исполнителен,ведар,по малку ригиден,послушен и премногу не се оптеретуваше со некои прашања.Не беше особено перцептивен за да сфати дека неговите мисли се нечии туѓи фрази со кои го клукале низ военото училиште...
За прв пат го обзеде некое чудно чувство во таа приквечерина на 8000 метри над северниот Пацифик,сам со неколку колеги во некогаш величествениот Boeing B-52 Stratofortress голема и моќна 200-тонска машина која ја познаваше поинтимно отколку неколкуте девојки со кои имал сериозни врски, подобро отколку со родителите,таткото воен пилот missing in action некаде некогаш над некоја безначајна точка на планетава терајќи го змејот на Air America,белиот и зелениот, и мајка му која се држеше некако без воља посебно да го воспитува синот, освен неколкуте приказни за наводните херојски подвизи на татко му,во паузата меѓу гледањето квизови и филмови,спиењето под фенобарбитол и понекоја случајна,брза јебачина со типот кој продаваше хот дог на ќошот и кому му беше сеедно која дупка ја набива...
Нејзиниот син беше битка која ја изгуби без многу борба.За разлика од сопругот кој извади бело знаме неколку месеци од раѓањето на идниот јавач на апокалипсата.

Учеа и тренираа за неа.Иако беше крупна и тешка,зрачеше со некоја енергија која бараше многу калиум и јод за нејзините љубовници.Иако висеше по влажни складишта и немаше којзнае каков социјален живот после трите дена во еден сончев Август,иако ја користеа само на некои опскурни места како Маралинга,Монтебело,Бикини атолот или Танезруфт појасот - беше вистинската.Таа.Бомбата.
Ултимативен симбол на деструкцијата.Оргазам од 1100 килотони сирова снага.B-28M беше нејзиното вистинско име.Нагалено „Molly“...ја викаа и слатката мала,веројатно да го прикријат стравот што летаат со неа,знаејќи ги нејзините склоности.

Непријателот...немаше можност да возврати,стандардите за mutual assured destruction не важеа...
Такви барем беа разузнавачките информации со кои трнаа во напад.

На неколку наврати низ главата му помина мислата “не бевме ние криви...тие први почнаа„ ...“што можевме освен да се браниме“...

Разузнавачките информации,плановите и операциите имаа еден заеднички пресек.
Беа 100% сигурни само во сметките на политичарите.

Овој пат немаше назад.
Напред беше целта.
Molly,слатката мала, беше истоварена по планот.

Горивото беше при крај,последните капки беа беспомошно извлекувани од резервоарите.
Повиците за дополнување на гориво во воздух наидуваа на мртва тишина,летечките танкери кои требаше да се појават не се појавија и не одговараа на повиците.
Немаше каде да слета.Долу беше пеколот,горе беше мерачот за гориво чија сказалка незапирливо одеше кон дното.
Ја испуштија можноста за принудно слетување на вода пред некое време,сигурни во постоењето на својата база.Јасно им беше што се случило,но и онака немаа време за некаква си бура од емоции,гнев,тага.Можеби само шок...
Копилотот веќе извесен период беше навлезен во некој свој филм,потпевнувајќи некаква песна...

As I was walking,
That ribbon of highway,
I saw above me
That endless skyway,
I saw below me
That golden valley.
This land was made for you and me.

Чудно, но не беше активиран автопилотот на авионот.За разлика од автопилотот во главата на нашиот лик,кој во последните минути пред Стратосферскиот ѕвер да биде привлечен од гравитацијата надолу сеуште неуморно работеше.
Не му беше жал за ништо,ни за себе ни за пепелта која ја оставија некаде таму,ни за своите долу.

Беше задоволен што конечно им покажаа.
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Луцифер

Луцидно погледна низ прозорецот на кој дождот силно удираше. Капките чиниш ќе го пробијат стаклото и ќе навлезат во просторијата, која беше толку мрачна што на човек морници му лазеа. Луцифер со своите очи со боја на ноќ и загадочна насмевка, гледаше во грешното човештво кое се виткаше под неговата рака. Неговото прекрасно лице даваше отсјај во замаглениот прозорец. Низ капките што се слеваа се оцрта неговата вонземска убавина. Кој рече дека злото е грдо?
Без ни малку своја вина, ова човечко суштество го носеше името на најголемиот безбожник кое овој свет го познава. Некој сакал сериозно да си поигра со неговата судбина кога ги фрлил заровите на неговото постоење. Луцифер. Толку убав што на човек му застанува здивот, а толку мрачен што те тера да го веднееш погледот.
Звукот од капките стана заглушувачки. Низ таа природна пискотница, единствено неговите чекори правеа одек. Сосем празен и без никаква емоција, тој без причина како блудничар одеше горе долу низ просторијата. Одамна се победи самиот себе, ги уништи сите бесмислени човечки стравови, ја победи љубовта која ги витка кичмите на човечките души и сега му преостана да набљудува како другите се прпелкаат во она во кое тој до вчера се прпелкаше. Сега остана едно големо ништо. Свет без заблуди, без фантазија. Свет на дланка.
Кога се искачуваше кон разбирањето на овој бесмислен свет, капките пот кои ги чувствуваше на патот го потсетуваа дека има срце што чука во неговите гради. Сега, кога се искачи на врвот и погледна надолу остана само панорама која човек може да ја набљудува милион години. Да се симне долу би изгледало бесмислено и безначајно. Да остане горе, повторно останува бесмислено. Фатен во костец помеѓу заблудите и чистата мисла, тој оваа ноќ се запраша зошто воопшто е потребно да се изоди овој пат.
Би можел да лажира гримаси на своето лице, да си го осветли ликот со блажена насмевка која би им била попривлечна на луѓето од лице без израз. Но, како да навлезе повторно во светот на манипулацијата, лагата и површноста кога го надмина сето тоа? Чуму човечки игри, солзи , страдание и молби. Чуму човечата слабост и копнеж кој јаде одвнатре. Тој ја откри тајната на овој свет, на својот живот. Се е едно големо ништо. Една голема илузија во која емоциите ја играат главната игра на подеми и падови. Без нив тој е совршен смртник.
Луцифер седна на рамката од прозорецот. Како затвореник кој сака надвор, тој со своите дланки го допре прозорецот. Сега кога имаше се, сфати дека не сака ништо.
 
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.779
Поени од реакции
8.235
All my friends are victims of profound psychological problems. Severe conditions, where generative genitals spray the walls of their minds with nymphomaniacal tendencies in pink and blue and in a rainbow hue.
And, termitic instincts to fuck viscerally crawl up. Dementia is soon a hostage in a Stockholm syndrome situation. Jacob climbs the ladder as Lolita descends on Lord Falus.
But it’s not all birds and bees, no...it’s spiritual, transcendent, non-physical, meta-physical..
And I relish the stories all my friends have to tell me. More than I enjoy their other aural smut. And for an infinitesimal moment in time i am unable to extricate between the thus depicted products of my self-inflicted and illusionistic delusions. Time relapses as the cosmic boom in my mind implodes and turns into a ball of brushed sheet metal and explodes again to unglue my eyelids from the blotting paper of dreams which find their long lost focus in the intense glare of the evening sun.
I ask mother what time it is.
It’s 6 in the evening. The sun behaves like my last lover. Begging me to let go of her, so she could go sucking luxury of eggomania.
And like the common covetous Romeo, I, ask for but one last kiss; or here, at least a promise of dawn, in tone, in-graved with the lost Lenore.
And all my darkly friends are gone now.
I wipe my eyes clear of memories and other filth. Take one more quick glance at the sun and allow it’s departure, so that I may rhapsodize my enthusiasm to my friends again, and let them know - that I don’t believe in their Imaginary existence.
To me, they’re as real as love.
 
A

Auditore

Гостин
I had so many girls in my life, every girl takes some space in my memory but nobody takes place in my heart like you..I wish I’ve met you a long time ago, because now I have sence to live, to fight for, to dream for, to sacrifice for, I’m so glad that you came to my life, I will always remember the day when I saw you at the pool, that day I felt something special, a bit of fear and huge amount of happiness, I have maybe done some paranoic actions there like falling in the pool from the staircase, but the most beautiful and passionate action is falling in love with you..
For short time you became an star in my life which show me the way I should live, the way I should love and think, you gave me so much freedom, now I’m feeling like bird flying up in the sky high only because I have you and because you love me, your love is making me so much stronger and for all the time flying up there I’m visiting only one place, place where are you.Baby I want you to know that I’m with you in bad and good, in happiness and sadness and you must know that when you’ll be without choices and freedom let me to be your star which show you the way you have showed to me, remember this..
Like I said, before you everything was grey for me, I never was expecting that sometime will appear someone special like you and change every way of living my life, now I realized how many mistakes I had made, I realized the wrong way way of living just for me, you changed that selfish person in me with your cincerely love.You made me believing in love and for me you are my biggest success and happiness, without you I’m “naked-gun” and I’ll be if you someday you leave me..
I can’t and I don’t want to imagine that, because I’m living the best moments in my life how I’m born.
Now I understand the message that love is like mountain, yeah it’s hard to climb, but it’s worth of that because one you get top the top the view is beautiful, now I feel that.
Baby, I want to kiss you, to hold you like it’s my last time and stay with you forever because you are like sun who came out from clouds and storms to warm my soul.
I love you so much..
 
Член од
24 септември 2009
Мислења
41
Поени од реакции
3
ЕСЕН

Тагата за него пристигна неосетно.Како есента која со себе ги донесе есенските дождови и новата облека на природата.На почетокот тој не ја сваќаше суштината на она што се случуваше и се радуваше на прекрасниот есенски пејзаж, кој есента ја правеше да изгледа навидум....безопасна. Како што поминуваше времето, како што секој лист полека почна да паѓа и да го напушта својот дом... така и неговите солзи почнаа да течат една по една газејќи по неговото лице и нанесувајќи и на неговата душа болка која како врз него да ја срушила најголемата тврдина на светот која некогаш била најсигурното место за среќните луѓе.Тогаш тој почна да се чувствува осамен, сам, без покривка, без заштита, како дрвјата чии лисја веќе се броеја на прстите од неговите раце кои сега беа изморени од бришење на есенските солзи, дождовите.Кога задуваа ветриштата носејќи го со себе и последниот лист на дрвјата, го однесоа и последното негово сеќавање на среќните моменти, одземени од есента. Неговото срце кое некогаш го користеше како безбедно место за лицата на кои некогаш им значеше се, саканите, кои сега за него несакаа да слушнат ни шепот, сега почна да го чувствува како.....Како најмрачната одаја на палатата на пеколот. Есента го протера него од својот дом како што ги протера птиците да ги напуштат своите седела во кои некогаш беа среќни со своите најблиски. Сега по дождот без чадор над главата сам талкаше по автопатот на неостварените соништа, обидувајќи се да побегне од тагата но која го следеше секој негов чекор. Она што го чувствуваше внатре ,bолката која му ја гореше душата се обидуваше да ја сокрие со маската на насмеан кловн која веќе се беше искршила и остарела. Сепак времето си го направило своето. Освен силниот отсјај на светлината од секавицата, на големите вирчиња направени во дупките на асфалтот, се отсликуваа и последните чувства што му останаа. Пеколот во неговиот живот дојде во истиот воз со есента, но тагата не купи билет за да замине повторно заедно со неа.Се одлучи да го чека следниот воз, кој никогаш и не дојде.Есента беше при крај, но не и патењето.Кога последниот лист падна, и кога последната капка дожд го навлажни единственото суво место на земјата, солзите не престанаа.Маската се скрши. Грмотевицата, единствената светлина што тој ја гледаше згасна,а со неа згасна и сеќавањето за некој кој некогаш беше човек.
 
T

Tetro

Гостин
Директорот

Рано беше, а тој не можеше да заспие цела ноќ. И така ненаспан, пристигна на работа со веќе застарениот модел на Ауди А4.
Како по обичај, застана блиску до печката, размислувајќи за дождот. И за ратата од кредитот, кој требаше да го исплати одамна. Мислата полека паѓаше во некоја темна провалија. Да беше некој друг на негово место, ќе се откажеше одамна од таквиот живот и ќе бараше излез некаде далеку. Но тој беше тој, еден од ретките. Еден од тие кои не се откажуваат така лесно. Се сврте откако слушна како некој затропа нежно на вратата и рече "слодобно", со строг глас и со тивко поткашлување.
Влезе секретарката, и со милозбучен глас му се обрати:
- "Господине Директоре, ви ги носам документите за потпишување."
Одговори тој, со истиот тон од порано:
- "Оставете, ќе потпишам се што треба." Пак се закашла тивко.
Таа ги остави документите на бирото, се сврте кон него, го погледна и знаеше дека нешто не е во ред. Но, не се осеќаше уште спремна за да го запраша, па затоа излезе надвор, и полека ја затвори вратата.

Тој седеше сам, во истата просторија и ги прегледуваше документите кои требаше да ги потпише, кога заѕвоне телефонот. Беше секретарката, која му кажа дека го барала жената му за да го праша кое време да го очекува да се врати вечер, а тој одговори без размислување дека ќе направи се` за да се појави порано. И побара од секретарката да пренесе извинување доколку задоцни на роденденот на неговиот син. Не му беше сеедно да го пропушти роденденот на синот.

При крајот на работното време дојде секретарката, затропа нежно на вратата, но немаше одговор. Повторно затропа, и по кратко време се слушна неговиот глас "слободно". Кога вратата се отвори, тој ги местеше очилата, и изгледаше како тукушто е разбуден од спиење. И се извини на секретарката, иако таа не очекуваше извинување од него, па го праша зошто. Тој се подзамисли длабоко, стана, се сврте кон прозорецот и и рече:
- "Сум заспал".
Рацете му се тресеа, и таа пријде поблиску до него, помисли дека пак му се влошува здравјето. Тој рече дека се е во ред, додека ја бараше кожената фотелја со левата рака, ја дофати и ја повлече накај него, па потоа седна. Побара да му донесе чаша вода. Таа излезе од собата брзајки.

Се врати набрзо. Го затекна во истата положба како што го остави. Му ја подаде чашата со вода и го гледаше толку мило, како да го гледаше како најмилото нешто што постои за неа. Ја испи водата и ја остави чашата на маса пред него, потоа ја крена главата и погледна накај часовникот кој означуваше веќе 16 часот и 18 минути. Ја погледна неа директно за да и рече:
- "Требаше да си заминете пред 20 минути", но таа со издишување му одговори:
- "Не грижете се за мене, нема кој да ме чека".
Се понуди да ја превезе до дома, но таа сакаше да го одбие, на што тој инсистираше, бидејќи негова е вината што таа уште не е замината на пат за дома. Се договорија да отидат во најблискиот ресторан и да се напијат по едно кафе.

Таа си замина порано, а тој остана во мрачниот агол од ресторанот, и веќе не можеше да издржи во таа мрачна атмосфера, па сакаше да си замине дома.
Стана, со седум чекори се најде до вратата, ја отвори и излезе надвор. Дуваше многу силен ветар, додека чекореше према паркингот каде беше паркирана негова А4-ка. Брцна со лева рака во џебовите, барајќи го клучот, кога од неговата лева страна забележа како некој му се приближува со брзи чекори и се сврте да види кој е. Во истиот момент осети како во неговиот грб продира ладен нож, поладен од ладниот ветар, и се струполи на асфалтот...........................................................................................

Посветено.
 

Синдикат

Мајгада?!
Член од
22 август 2005
Мислења
3.110
Поени од реакции
180
Амброзија!​

Јас по принцип сум мразач и исклучителна реткост се моментите кога изразувам искрена адмирација за нешто, а истата да не е побуда на чист сарказам. Нешто посебно сум ранлив во моменто, шо ме обзеде таква некоја чудна потреба да споделам едно многу вредно сознание. За овај божествен еликсир древните алхемичари би го продале и каменот на мудроста, читајте внимателно ова го пишам од чист алтруизам ...

... Млеко + Jacobs Monarch инстант кафе + Werther’s Originals карамели + цимет или мускатово оревче по желба = смислата на животот ...

Спремете кохерентна смеса во оптимална температура и дозволете му на вашето тело да ги искуси најинтензивните оргазмични експлозии на ендорфин теоретски познати на применетата антропологија. Загарантирана е оваа емпириска докажана сензација, проголтајте голтка совршенство шо ќе ви ги отвори чакрите ко дијалиран вагинален канал по десет часовен труд. Најскромно признавам дека не сум доволно реторички поткован да го пренесам когнитивно овај момент на сакрална исконска чистота.

Свесен сум дека звучам како патетичен телемаркетер, ко Матија Пауновски со своите 100 килограми екцесивно сало во очаен обид да продаде чај за слабеење, ко Др. Левин со своите 78 различни дијагнози но појас кој неговите рахитични екстремитети ги претвара во полетни нозе на 25 годишник. Свесен сум за иронијата, но ако не сте задоволни од квалитетот на овај пијалок, без нималку сомнеж дијагностицирам сериозен проблем во вашето сетило за вкус! А доказ за искреноста и добрата воља нека биде отсуството на генитална болка. Зошто најискрено, ич куро не ме боли ако не ви се бендиса
 
Член од
25 септември 2009
Мислења
91
Поени од реакции
10
Заплеткана во густата пајажина на темнината. Заробен ум од црните крадци на душите. Парализирана душа не можејќи да почувствува топлина од љубов.
Обвиена во љубов и грижа, жалосно, но душата, не го препознава ова. Не може ништо да помогне, тонење… Од ден на ден гравитацијата на оваа црна дупка, е Се посилна. Зракот светлина е Се поодалечен, од ден на ден Се понедостижен. Брзината на светлината е толку голема како да бега од најлошото. Со неа си заминува секоја надеж. Како лушпи паѓаат и не останува ништо. Голотија, празнина, силна болка против која нема лек за смирување. Како отров прострујува низ крвта и целото тело полека но сигурно умира.
Нејзината околината се претворила во пустина, Се е изгорено, останати се само некои делчиња од малото огледалце, кое ја чува сликата од среќни лица.
Зборовите кои би требало да помогнат не допираат до нејзиното срце.
Стои пред прагот на големата заштита, тропа на нејзината врата но таа како во најголемиот лавиринт не може да дојде до нејзе за да ја отвори. Немоќна, останува заклучена во јадрото на мракот.
Поминува километри и километри со оваа болка. Знае дека бара нешто но не е сигурна што. Продолжува, како и секогаш упорна, но каде? Студена и црна е ноќта. На небото само една единствена ѕвезда преостанала. Босите нозе и’ се раскрававени од трњата на патот. Се разминува со лица што се смеат, некои пејат, пијани од љубов и завист, страв и огорченост… Чекори, се пробива во густата магла. Оди кон мирисот кој ја привлекува. Не знае од што е, но пуста надеж што не изветрејува никогаш, ја води. Можеби е мирисот на лекот. Лекот за нејзината душа. Можеби и не? Сонот надвиснат над нејзините очи не и дозволува да мисли на полошо. Исцрпена чекори, се наближува, мирисот е Се посилен и Се повеќе го чувствува. Срцето и прескокнува од радост за... и, удри во нешто! Како од дрво да е направено.
Измазнето, дрвеното сандаче со длабоки резби, иако не го гледа од темната ноќ, но со тенките прсти поминувајќи низ површината си претпоставува дека е изрезбана најубавата слика што некогаш ја видела. Го отвара внимателно, излегува топлина и ете го мирисот. Ете од каде потекнувал. Лекот! Да лекот, на што и се надеваше. Тоа е нејзиниот лек против нејзините болки. Готово е… успеа, успеа! Преостанува уште да го преголта и готово е. Крај на сето ова измачување, крај на оваа заробеност, светлината се подала кон нејзе. Првиот сончев зрак најпрво ја осветлува нејзината ќелија, готово е! Го држи клучот на прангите во која е заплеткана. Само да отклучи, само да го испие лекот, само… Но…сила..силата на нејзините мускули, ја нема, останала силата само за да диши, да го вдиши и издиши воздухот, за да прочука срцето уште некој миг.
Но, само за лекот, само да проголта, потоа ќе има сила.
Не, ја нема ниту само таа најмала сила повеќе. Се е истрошено во големата борба што траеше многу време, борба пострашна и од најголемата војна…
 

Принцезичка

courage is contagious
Член од
12 декември 2008
Мислења
1.556
Поени од реакции
348
The hell

Некои викаат дека пеколот е огнена печка , некои мраз, мачилиште а јас викам дека е овде околу нас. Постојано го гледам пеколот in all it's splendor and complexity . Секој од нас е заглавен во него. Цело време читам наивни мислења од возрасни луѓе . Боже, злоупотребени деца имаат помала потреба од илузија и самозалажување во споредба со нив, како зомби ги гледам насекаде . Кај мене на гости, по валканите улици, по контејнерите, во продавниците. Сите го знаат виновникот но никој не се осмелува да се помери, никој не се осмели да признае. Тие се недопирливи богови и се додека има леб и циркуси не е и онака важно. Понекогаш ги гледам орвеловските 2 minute hate и голдштејновиот архетип во нивните верувања, голдштејн ја направи оваа мизерија... голдштејн е виновен .
-Не
-Ама голдштејн е виновен ако тоа не е така тогаш ти си голдштејнов следбеник
- Не
- Кој си ти ?!
- Никој, и не е важно
- Тогаш мора да си голдштејнов пријател
И самоважно ќе ја сврти главата или пак упорно ќе те напаѓа како да си му го заклал најмилото.

Како да разговарам со шизофреничари . Бркаат сенки и гоблини кои не постојат додека во прв ред пред нивните очи седат нивните злоупотребувачи, оние кои ги силуваа кога беа млади, оние кои им ја одзедоа невиноста уште кога беа во колевка, оние кои ги третираат како кучиња. И сепак никој не прозборува, никој не дискутира додека ги силуваат и сега нивните деца.

- Кажи ми кој е виновен тогаш?!
- Ти , јас, ние, сите
- Копиле едно валкано како се осмелуваш да го речеш тоа , јас немам украдено ништо, Голдштеин е крив и неговите соработници.

Видиш тоа е трагедијата во овој наш пекол , не признаваме дека сите ние го креираме, дека сите ние се самоизмачуваме. А сега ги продадовме и сеуште ги продаваме нашите деца како робови во далечните западни земји , за да ние да не се побуниме. Зошто да се буниме кога ги имаме нашите деца да заработуваат и плаќаат за нашите гревови, зошто кога го имаме голдштеин за да го окривиме за нашата игноратност и сервилност, имаме леб и циркуси, имаме се што и треба на една бескичмењачка зомби нација, изговори, оправдувања, циркуси и леб.

Се друго не е важно, не е важно дека казната набрзо ќе не стигне. Кога ќе ги видиме празни куќите и полни старечките домови, кога нема да си ги видиме внуците и децата бидејќи се далеку. Кога ќе нема кој да ни помогне да ја преминеме улицата... Тогаш ќе речеме што направивме. Ама тогаш ќе биде касно. Тогаш ќе умираме сите како што доликува, како кучиња, подобро не ни заслужуваме , ја продадовме шансата за смрт во домашна атмосфера опколен со децата и внуците како што доликува ... за леб и циркуси.

Добредојдовте во пеколот на земјата се надевам дека ви се допадна воведот и објаснувањето . Уживајте , ако имате среќа ќе дочекате и последното поглавје како се одигрува ... пред повторно пеколот да слезе подземја...
 
С

Сатори

Гостин
Новогодишни резолуции​

Кога сте опседнати со совршенството како мене, имате идеја дека тоа треба да ве обликува, затоа што ви е судено да бидете дел од големиот план, сценариото во кое што ја имате главната улога, тешко е да се разбере дека не постојат грешки, само пранги кои што ве врзуваат за себе, но на кои им се даваат убави имиња, а имињата се само тоа, убави и безкорисни, исто како дефинициите.Велат дека дефинирањето е бескрајно користење на поими, во верижна реакција, објаснување на поими еден со друг за да биде книгата подебела, а суштината понејасна.Конечно дојде моментот да признаам дека не е битна формата, свеченото предавање во раните периоди на римското право, туку целовитоста и поентата на зборовите.Зар е важно како звучи кога нема цел?Кога е празно?Исто како категориите на Кант, без чувствувањето и емпириското во нив.

Оваа година се откажав од резолуции и поставување цели, затоа што бев исплашена и изнемоштена, затоа што немав сила да се погледам себе и да си признаам дека не можам, дека сум сосема обична како луѓето кои што ги презирав...дека сум празна.

Да, тоа е вистинскиот збор или можеби преполнета со туѓи гревови и каења, не знам.А сакав да направам листа и темелно истражување за тоа како ќе биде се организирано и скоцкано, ќе одам на италијански и француски, ќе почнам вистински да медитирам и практицирам јога, ќе ја пуштам косата да ми порасне, конечно ќе престанам да пушам, ќе имам успешен семестар, ќе бидам среќна ...

Кога дојде моментот за да го ставам тоа на хартија, го немав вистинското пенкало, солзите ми беа во очи и упорно се обидував да се потсетам сама себе на дефиницијата за самоконтрола или барем на нејзината модификација за да ми биде складна.
Сега, каде и да се завртам гледам само лажирани успешни врски и декадентни персони, никаде љубов, никаде задоволство од тоа дека се живи ... аххх, можеби сум идеалист или кукавица,но зарем тоа не е исто?

За да се биде дел од животот треба храброст, издигнување над комфорот и паничните напади кои што можат да те угушат.Треба оптимизам и желба за качување планини ... треба ... па, нешто.
А јас сум решена да го пронајдам, што и да е, сигурно не е новогодишна одлука која што ќе се наталожи во бутовите после празничната атмосфера.Иако вреди и тоа да се проба.Што би рекла мојата најдобра пријателка и сродна душа, ова е моја година!
Среќна Нова 2011, cara mia.
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Дневна Рутина
Пред 10-тина година се најдов во тешка финасиска ситуација и нормално како што кај нас бива наместо да очајувам јас станував наутро во девет, влегувам во продавничито од карши, купував еден вест - лајт и правец "Премиер".
Седнував на втората маса надвор, му порачував на Озио, Мендо или Жаре кафе и почнував да ги читам весниците. Најнапред започнував со "Вест" малиот формат со пички насредина што имаше, продолжував со "Вечер", "Утрински" и на крај го исчитував "Спорт" надеваќи се дека некој во меѓувреме ќе помини "ничим изазван" и ќе го плати кафето за да не се задолжувам и за него.
Во периодот од порачување на кафето до завршувањето на читањето на весниците пушев шест цигари и ми одземаше од 2,5-3 часа и така до кај 12-12.30 го исполнував својот ден на најмизерен и летаргичен начин.
Во меѓувреме се поздравував со Бељо и човекот што го држеше трафичето за цигари одма до локалот кој идеше на работа кај 10-тина часот. Кај 11 часот во зградата на ЗОИЛ влегуваше една здрава тртка која не знам дали беше вработена или пак жена/швалерка на некој таму и зошто од принцип не се распрашувам за личности и ден денеска немам разбрано која е дотичната особа. Тогаш таа беше во некој доцни триести или рани четириести па не верувам дека денеска би ја препознаел ако ја видам. Во текот на мојата дневна рутина и ритуал на пиење кафе многу пати ми се придружуваа чистачи на улици, продавачи на гевречиња, студенти кој не пошле на предавање, стари тетки кој чекаат ред за во аптеката до локалот, наркомани кој кризираат, вработени во нет кафулина, кибицери, полицајци, андркавер полицајци, итн, итн и како што не сум некој интересен за муабет и цело време сум свртен со весникот кој ми го прекрива лицето накај соговорникот ако не го познавам често пати губат волја да започнат некој разговор.
Еден ист таков ден некаде пред да дојде човекот што го отвораше трафичето како по обичај седев сам и таман започнав да ја читам колумната од Геровски вниманието ми го одзеде една тајфа Чеси со планинарски стапови и бекпакинг ранци кој најверојатно ги шетале околните манастири и се запулив натаму.
Кога го свртев погледот на масата до мене седеше една девојка на отприлика 19-тина години, кратка црвена коса, црна блуза, шерени хеланки или како и да се викаат и тексасна сукна цела насмеана.

Не стасав ни да речам здраво кога почна да реферира

-Здраво јас сум Лиле како и што знаеш и навистина сум возбудена на ваков начин да се запознаеме, мислам по еднонеделно зборување ма мирц беше редно да се сретниме во живо.
Навистина ми е мило што го одбра овој тајминг и овој локал каде што нема никој и може подобро да се запознаеме

Не ми беше тешко да сконтам дека некој лузер успеал на нет да договори дејт со девојка во живо и тоа каква обожавам црвенокоси и малку скини лејди со вамп изглед - Јамии кој среќник - си реков сам во себе и помислив малку да се пошегувам но во секој случај да и признам дека лузерот ја извисил најверојатно

-Да и јас сум превозбуден Лиле, ова е мој прв состанок кој го правам на ваков начин

И почнавме да зборуваме, најнапред почнав конвенционален разговор за тоа каде учи, каде живее со доза на мал сарказам зошто не очекував некој посебен капацитет опд девојка која се согласила на интернет дејт, па да започниме разговор за тоа каква музика слуша, па евоции од концерти, омилении серии и глумци, книги кој ни оставиле впечаток, јас кажував некој мој анегноти и девојката се повеќе ми се допаѓаше, не ни приметив кога поминале цели 3 часа во разговор.

Веќе почна да се полни "Premier" со студентарија и некој гости и беше време да го напуштиме, прв станав јас и го повикав Озио настрана да му соопштам жална вест да ме удри на таб како и обично и моето и од девојката.

Го продолживме разговорот и по пат за Вонегут, Саунтгарден, стереотипите во мало место, консеквенциите од истите и ми призна дека ова е досега најдобар дејт досега, воопшто не очекувала дека ќе бидат толку компатибилни со некој.
Признавам и јас сега беше исто така и мојот
-Дај го телефонот да се договориме за викенд- ми рече пред да влезе во зградата

Тогаш го направив тоа што требаше да го направам пред пет часа и признав дека јас не сум Човекот од кутијата

Најпрво почна да се смее зошто и претходно во локалот правев некој слични шеги, но потоа виде дека сум крајно сериозен па замолкна

-Не ми се верува дека ова мене ми се случува - само речи

Се извинив, и кажав дека сум тотален идиот уште еднаш и дека требаше да ја кажам вистината пред пет часа но сакав само да се пошегувам малце, но ако понудата за телефон важи тогаш ќе и го дадам и може да излезиме на секонд дејт

-Нема шанси не сакам да почнам нешто што ќе се базира на лаги од почеток- само ми одговори и замина со трчање по скалите

Ја видов неколку пати потоа во град, само кимнувавме со главите за поздрав но никогаш не проговоривме. Пред два дена ја најдов на фејсбук случајно како сугестија, мислам дека живее и работи во Лондон, разгледав неколку слики и се потсетив на неа.

Не ја аднав за пријателка

Не ја заслужувам како таква
 

POWER-MKD

Per aspera ad astra
Член од
1 март 2008
Мислења
4.763
Поени од реакции
645
Останав сам на работ на мрачната шума додека пред мене се простираше градот кој блескаше од светилките кои како трепкачи на моторно возило го менуваа својот распоред на должности во домовите и на испреплетените улици. Така, со цигара меѓу прстите у шише Jameson до мене, стоев восхитувајќи се на мојот роден град, а истовремено смеејќи се во себе, на грдиот и имагинарен гламур кој владее во мојата родна метропола. Довршувајќи ја мојата задимена придружничка, загледан во нејзиниот последен сив здив, почуствував некој благ ветер кој како да сакаше да ми навести да се симнувам накај главниот град. Пиењето го оставам на планината да се почести за тоа што ме трпеше цел час.

Го послушав советот на заструениот ветар, ја наметнав есенската облека и тргнав...Симнувајќи се по искршениот асфалт и темната мала уличка која водеше до една од многуте населби, ги гледав многуте домови сместени на ридот и сопствениците кои живееја во нив. На ум ми наиде повторно помислата на имагинарниот свет околу луѓето, лажното претставување меѓу себе, па дури и пред самите себе.
Некаде наидов на пријатели кои штотоку се поздравуваа со домаќините, а презирот сјаеше од нивните цинични насмевки. Секако, успеав да ги пресретнам подолу во еден сокак, и палејќи ја мојата 5-та цигара таа вечер наслушнав како мажот зборува против неговиот пријател од каде што си заминаа пред неполни 5 минути. Жената само климаше со главата потврдно а белите заби го издаваа подлиот израз во нејзините очи.
Така, замислен од тоа што всушност чув вечерва, седнав малку да земам душа на еден бетонски блок оставен од работниците од една недофршена градба кои сигурно одамна беа дома, и можеби и некој од нив испраќа такви дволични бездушници какви што мојот чекор запозна вечерва, проаѓајќи покрај нив.

Се насмевнав во себе, станав а од рамнината пред мене повторно го здогледав истиот град кој блескаше од сјајот на светилките и ме чекаше да ме прими во своите 30 километарски раце.
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
-Луѓево се баш глупави. Авионите и летовите ги поврзуваат со ултимативна слобода. Ко божем мора нозете да ти висат во воздух, за да речеш дека си слободен. - промрморев седејќи во житното поле кое уште не беше ожнеано. Ризикував некое змииште да му стави крај на мојот релативно краток живот, дури бев зафатена размислувајќи колку е удобно човек да ја чека бурата. Не мислам фигуративно. Туку буквално. Пред мене целото небо беше темно, а огромни секавици ја параа душата на облаците. Тик-так. Кај и да е бурата ќе го зафати и житното поле на дедо ми, ќе ги наведне тенките тела на класовите и веројатно ќе уништи дел од посевите.

Е тоа е ултимативна слобода. Природата. Нема стеги, нема кутивче, само просто постоење. Токму тоа не можам да и го објаснам на мајка ми додека ми вика, како да сум се уште мало дете, кога застанувам на терасата за да ги гледам летните бури. Убедена е дека може да ме удри некоја грмотевица додека стојам на прагот на нашиот дом, восхитувајќи се на природната моќ. Да ме види каде сум во моментов веројатно би и се пресекле нозете. Но, добро не патам ниту јас од природна налудничавост, ќе се повлечам кога ќе се приближат грмотевиците. И онака до куќата на дедо ми ме делат пет минути брзо трчање.

Ако нешто можам да искористам додека имам дваесет години, тоа е брзината во моите нозе и желбата да видам како функционира светот и природата. Кај да е цивилизираното општество ќе ми го одземе тоа. Ќе седнам во некоја фотеља од лажна кожа и целиот свој живот ќе го минам згрбавена над тастатурата, ќе наредам по некоја диплома на ѕидовите, а моите ќе се гордеат со мене. Секако ќе работам за плата, ќе ги гледам луѓето како мравки кои се подготвени да се самоубијат зашто капитализмот ги притиснал повеќе, ќе среќавам манипуланти кои лесно ќе ги читам, а моите посети на дедовите житни полиња ќе се изретчат. Ќе дремам затворена во четири ѕида, сонувајќи патем за деновите кои сум ги минала на овој посед. За некого, тие не се ништо посебно. Во сите овие години во кои доаѓам тука, не ми се случила некоја љубов од која ми се пресекле нозете,не доживеав некакви си филмски авантури, а местово има едвај неколку живи жители кои полека се збогуваат од земниот живот.

Селово е толку тивко и спокојно, чиниш само ветерот создава звук додека удира во крошните на дрвјата. Моето проклетие е што се навикнав на звукот на ветерот, затоа не можам да се навикнам на звукот на автомобилите. Научив да јадам шумски јагоди, и да пијам вода од кладенец. Да го слушам гласот на дедо ми, кој на своите 75 години како младич ги крева пластовите, а неговата смеа и приказни се мелем за мојот слух. Можам да се замислам во овој свет овде. Но , оној другиот свет не може да се замисли без мене. Иронично.

Татнежите стануваат се посилни. Според моите проценки за 15 минути дождот поројно ќе паѓа на местото каде што седам. Одлучувам да станам и полека да се упатам кон куќата. На небото секавиците направија една огромна човечка насмевка. Веројатно нема никогаш повеќе да видам такво нешто. Токму затоа совршените моменти траат еден миг. А мигот никој никогаш не го определил временски.
 
С

Сатори

Гостин
Чај од совршенство​

Совршенство.
Суштината на сите нешта е затрупана под формата, очајно прилепена за нашето лице, но од внатрешна страна, како марионета.Секогаш се прашував, уште од времето кога бев дете и мајка ми беше во мисија да ме порасне во некаква квази-квалитетна личност, конформирана на општеството а сепак посебна, кој ги влече конците зад завесата?Ви доаѓа сликата во глава, „Волшебникот од Оз“, господарот на земјата на чудата кој што се крие зад големите црвени и тешки тони ткаенина, она малечко човече кое што има глас на длабок сезнајко кој што во секој момент мислите дека ќе ви го претвори мозокот во табула раса ... така се чувствувам јас секој ден.Поминува милисекундата која што била оргазам после марципан или добар секс и потоа сте заглавени во ничија земја, простор на слободно лебдење.

Совршенство.
Тежнеам, се губам и повторно се наоѓам, ја препишувам дефиницијата од учебници и ретки ракописи и секогаш возот заминува и стигнува на истата станица, затоа што да бидеш совршен значи да не бидеш мост помеѓу мајмунот и Надчовекот на Ниче, туку да бидеш одличје на аристократ кој што не западнал во римска декаденција.Да газиш и да веруваш во промискуитетно развивање на себеси во општествена, информатичка брзина, а да ги задржиш моралните начела.Сите сме ѕвезди, не, сите сме црни дупки, острови и малечки оази на мирот.Посакувам понекогаш да пишував бајки кои што ќе имаат нишки на морбидност во нив, а сепак ќе останат детски, а мразам да посакувам а да не можам.Знам, немам сестра, па да бидеме нешто слично на браќата Грим.Секој креира сопствена политика, тоа е она на кое што ме учеа додека мислеа дека можат да ми го обликуваат мозокот со помош на абортус лажица, тоа значи бев многу амбициозно мало дете полно со себе и убедено дека светот постои затоа што јас дишам, но секогаш се тешиме дека не сме само ние така расипани во внатрешноста на новите правила и норми, туку системот е така лошо конципиран, како во теорија, така во пракса, што не може да ни се замери што погрешно сме го живееле животот.Јас, го живеев, глагол во минато свршено време, како да нема утре, или барем како утре да е 2012 според календарот на Маите, како истоштувањето на сама себе до смрт за успех да се единствените цели во универзумот, јас тежнеев ... кон совршенство.

Болката и сите инсинуации се дел од процесот на растање? Ма не, не се, пречките се тука за да не убедат дека не треба да станеме зошто повторно ќе не спрепнат или да не лажат дека потоа ќе бидеме посилни личност, ха, најлесно е да се биде нихилист денес, дури е модерно, она стрит однесување каде сите ние ќе умреме од куршум еден ден, Шопенхауер на 12 години.
Совршенство.
Бројот три е совршен, бар така велат Грците, или беше дванаесет, не знам, не можам да се сетам ...

Размислувам, колку ќе беше добро да можев да ја започнам приказната со бев родена во еден малечок град во Аризона, шармантно не?Ќе се замисли некоја кантри идила дополнета со крави и коњи кои ќе бидат поставени во истата штала и меѓусебно ќе битисуваат, како националностите во мојата ценета земја, потоа девојченце со природно руса коса и плетенки и сламена шапка со кофа полна млеко во рацете, Битолска Млекара, како слатко ви се смее од телевизорот и вие очекувате семејна драма која што ќе ве расплаче, но, не можам да кажам дека сум родена во Аризона, ќе треба да ве лажам.Но делот со малиот град е точен, имам теорија за тоа како функционираат малите градови со новите закони за локална самоуправа, но тоа е премногу досадно дури и за оние кои како мене решиле дека животот ќе поминат натрупани со закони, пресуди, решенија и молби.Кога првиот пат помислив дека мојот живот ќе се смени бев петто одделение и мислев дека реченицата „Колку чавки, толку петки!“ е чиста вистина, баба ми ја кажа и јас и верував, исто како што верував дека Бог постои, ама мразам да ме цензурираат, затоа ќе се цензурирам сама.

TOJ беше едно мало, совршенство, се појави на првиот час по физичко образование и изгледаше како да е вистински излезен од филм, за разлика од мене, јас изгледав како да ме пратиле од академска средина да се борам во војна, а не да решавам дипломатски спор со помош на манипулација и наводна верба во заедничка и подобра иднина.Врежан ми е тој момент во меморијата до ден денес, прва љубов и љубов на прв поглед во едно, ако не се сеќавав така добро тогаш ќе знаев дека сигурно нешто не е во ред со мене, за среќа, уффф, не е.Носеше кремова блуза со Хари Потер апликација и имаше фризура од старите денови кога бејзбол играчите мислеа дека „кремчето“ е кул.И јас мислев дека е кул, ма кој го лажам, јас мислев дека е најдоброто „кремче“ кое што било кога го имам видено, дека Хозе, Армандо и Диего кои што се шпански љубовници и дон жуани во слободно време не можат да се споредат со човеков, детево кое што стои пред мене.Моментот сеуште не си оди ... ја чекам милисекундата да помине, да се изгуби, да исчезне, не.

Младите девојки фантазираат за љубов, уште повеќе се надеваат дека принцот со ферари ќе дојде да ги грабне од дома додека се шминкаат со новиот комплет шминки и дека ќе ги однесе за Америка за да успеат заедно во Холивуд, комуникациската мрежа е преплавена со постмодернистички теории за тоа како треба да се живее животот.А мене конзервативизмот ми е удобно склупчен во сржта додека кожата ми е одличје на либерализам, колку и да сакам да сонувам во колор, не ми оди, секогаш завршувам во црно-бело или телевизорот веќе не ми работи, па не можам ни да ги сменам и тие програми што ги имам.

Така сеуште не сум успеала да го сменам него, а TOJ ти е типичен повлечен Балканец, кој што на секое прашање поврзано со неговата емоционална или фактичка состојба одговара со „не знам“.
Емоциите се лукзус на денешницата, мислам дека го прочитав тоа некаде или некој го има кажано или е логичен заклучок изведен од аналогијата на животот, воопшто не е битно, битно е дека е вистина ако сакате да го скоцкате животот во замислените рамки каде она што може да ви ги прелее боите ви смета, како солзи на обична маскара, клише е девојка која што има црнило околу очите.Ретко кој се запрашува зошто нешто се претворило во клише на прво место, но тоа не се прашања за сите нас кои што сме обични и неважни кога не сме сместени во кутија за политичка активација.
Кога престанав да се грижам за општеството, тоа почна да се грижи за мене, може да се почувствува врховниот садизам на Де Сад во секој од нас ако се решиме да му дозволиме да излезе надвор, некоја чудесна амброзија полна хероин и кока за сите на светот да бидат најубави, ама ти да бидеш екстра најубав.Тоа беше TOJ за мене кога бев млада и неискусна ... snow fucking ball.
Веќе не пијам, чај од совршенство ... само кафе.
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Стереотипски дисидент
Во Македонија се враќам по неколку месеци за да повторно заминам надвор на неколку години. Кога дојдов дома во еден период имав пуштено бркови како Запа и подолга коса без некаква одредена форма.
Едно утро ми се јавува Иво на телефон напнат како пушка во гласот и вика
Брат ќе ни треба преведувач за утре хитно!!! Ти ја знаеш материјата и мора да ми помогнеш!! Слегувај одма ќе одиме да разговараме сместа!!

Иво стана во тоа некој си директор за инвестиции или што ти ја знам, претпоставен на некаков ресор во министерството што го измислија пред неколку години и требало да има состанок со некој претставник од реномирана компанија од САД која ќе вложела во Македонија 12 милиони долари за нова елитна населба некаде кај Идризово.
Појдов на состанокот ми тутнаа во рака 200 страници материја на кој ми објаснија дека претставник од САД е некој си George Green и треба да го убедат да донесе конечна одлука, зошто во опција биле и Нови Сад од Србија и Карлови Вари од Полска, јас демек после студирање во САД го познавам нивниот менталитет и ќе му бидам од голема помош. My ass
Утре во 12 часот ќе ме соберат со кола пред стан, да се дотерам, избричам и наспијам соодветно за да нема утка. Пиење не!! Ганџа не!!
Брат ако го убедиме типов имаш од мене двособен стан гратис!!! - возбуден ми шепна Иво
Вечерта почнав да листам по тоа папирите и интернет да видам со кого си имам работа и се уверив во моите сомнежи

---------------------------------------------------------------------------------------------------------------

И во 12 часот државното Ауди А8 беше паркирано кај мене пред зграда за да телефонот почна да звони како луд. Не го ни погледнав, само го исклучив и слегов надолу по лифтот за да се појавам пред зградата.
По пат се поздравив со чистачката тетка Трајанка која ме испрати со поглед и се прекрсти.
Кога се појавив пред влезот видов само три вперени погледи во мене кој исфлаа пења од уста.
Мајка ми има обичај да ми ги чува сите парталчиња од 5 годишна до 35 годишна воздраст и сите мои книги па бев креативен како ќе се облечам за состанокот.

  • Капа имав една баретка црна со петокрака во стил на Че ( ми се чини дека Плави Оркестар кога беа во шема братучед ми ја носеше, после јас ја закрпив петокраката додека се дружевме со Антевски ја носев на журки), на неа имав закачено беџ од “Bad Religion” и “Sex Pistols” (сувенири во средно)
  • Мустаќите и косата ми беа како на Запа по концерт измрсени
  • Имав нацртани две линии со катран под очите како Чак Норис
  • За блуза имав облечено една црна блуза на која пишуваше (I’m not gynecologist but I can take a look) (Од САД ја купив кога студирав два броја помала ми беше)
  • Имав црно сако Пјер Кардин и на него значка од другарот Тито на левата страна
  • Пантолони црни салонски исто Пјер Кардин
  • Аски како Гандолфини во Сопранови
  • Патики Зелени Конверс Старки од високите
  • Портокалови цвикери како Дон Кинг
  • Весник Еротика ставен во левиот џеб, но изваден доволно да се гледа насловот
  • Флуоросцентен обрач за околу врат

Иво почна да пцуе по мене и по сам себе дека фатил работа со недоветни, од вакви како мене пропаѓа државата, нека си еби се матер ќе даде отказ.
Заменикот ги поткрена дебелите очила и смирено, татковски мантраше
Момче оди пресвучи се, момче оди пресвучи се

Секретарката го смируваше Иво
Ќе се среди се, ќе се среди се...не се грижи и со гадење погледнуваше во мене

Јас седнав на задно седиште извадов пура како Кастро ја запалив и само реков

Вози!!!

Иво избезумен не ни тргнуваше само уште повеќе се исфрустрира
Слегувај бе будала!! Сами ќе одиме, ебате умноболен!!! Слегувај никаде не возам!!!

Јас ја запалив пурата и пак повторив

Вози бе кога кажувам!!!

Секретарката почна да кашла до мене, Иво го запали Аудито и рече дека ќе застани до кај него да ми донесе чевли, кошува и чешел да се средам за на состанок.
Јас не одговорив ништо само реков дека е 12 и 30, до Идризово има најмалку 20 минути вожња па да побрза ако сака навреме да стаса.

Иво погледна на часовникот и го нагази Аудиот за да пцуе по се живо и диво, за малку ќе ја прегазеше една старица на пешачки


---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

Кога се појавивме таму веќе имаше паркирано еден Ленд Круизер и претставниците беа излезени да го видат теренот.
Иво ми рече да седам во кола и да не се појавувам, тој се ќе средел со претставниците и дека никогаш ова нема да ми го заборави.

Најпрво излезе Иво со секретарката, па по него куцкаше заменикот, ги гледав од затемнатите стакла на Аудито како се поздравуваат и конвенционално се смешкаат.
Заменикот стоеше како кип, додека секретарката се трудеше да ги анимира останатите двајца гости. Иво разговараше со Џорџ и му објаснуваше нешто.
Тогаш ја разбушавив косата како Слеш и излегов од колата, кога се приближив на пристојно растојание да можат да ме слушнат почнав да ја рецитирам “Blue Bird” од Bukowski на цел глас.

Погледот го свртеа сите накај мене и преставниците почнаа да се смејат. Иво веќе беше избезумен, почна да се извинува во мое име и невешто објаснува дека сум некое нужно зло кое од некоја причина се мушнало во неговата лимузина, како некоја акна на прв состанок со јака риба.

Тогаш Џорџ само рече не се објаснувај господине, знам со кога имаш работа и почна гласно да се смее



Џорџ го запознав во Авганистан 2002 кога работевме реконструкција на аеродромот таму. Беше помлад асистент во менаџментот таму но очајно слаб за техничкиот дел и вистинските предизвици на терен зошто беше пресно излезен од Беркли.
Со еден збор му бев некој вид тутор за да ја види реална слика на терен.
Кога заврши проектот се допишувавме по и-мејл за Божиќ за подоцна да изгубиме секаков контакт, не ни знаев дека дотерал до заменик менаџер на толкава компанија.
Ги погледнав Иво, секретарката и заменикот кој по малку веќе почнаа да се смешкаат и му се врати крвта во лицето.


-----------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

И да ќе заборавев проектот не бидна, компанијата замина во Карлови Вари
Џорџ ми пиша еден дипломатски и-мејл покасно каде ми кажа дека Иво побарал вредност за отприлика 10 двособни станови само за дозволата за градба.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom