CafeDelMar
Luminance
- Член од
- 29 октомври 2007
- Мислења
- 6.505
- Поени од реакции
- 14.691
Го остави прозорот, да излезе чадот. Всушност сакаше да се допира со непознатото што се прилепуваше на нејзината рамка и навлегуваше во порите на старото дрво, кое одамна чека освежување. Некој нов лак со свеж мирис.
Не ја препозна музиката на својот телефон, кој така панично ѕвонеше ... сакаше да не си го измрда погледот, посакуваше да може да се јави без да го допре.
- Не сум јас ама остави порака на кој и да ти е потребен.
- Те чекаме на свежи печурки со сос кој не се приготвува, само се остава на маса.
- Сега сум јас, но пак остави порака, не сум ти потребна. Нема да успеам да ја сплетам косата, ќе ги покрива печурките. Денес заминувам.
- Остави го заминувањето, излези ќе видиш дека ти е дупната гумата, а кај нас може и без неа да пристигнеш. Не се возиш на гуми секако, имаш знаци под својата школка, а таму ... таму успеваш да се снајдеш.
- Денес сум толку занесна, денес мојата убавина е видлива само за огледалото, слика која не ме изневерува. Денес не сум за печурки, би земала слатко. Потреба од лепливост на усните ... од развлекување низ јазикот.
- Тебе ти е потребен нов диoптер. Имаш декаденција на очите ... остани така ќе дојдам да го свртам огледалото.
- И што направи сега? Каде сум јас ?
- Во проѕирноста.
- Каде го однесе, која е девојкава што се насмевнува така блажено ко небаре медот пред врата и го оставиле?
- Не стоиш исправено, затоа ти се насмевнува.
- Ова сум јас? Каде сум јас? Зошто сум со крпи во рацете?
- Сакаше да ги собираш зборовите, само не си ја навлажнила добро ... ништо не залепи на нејзе. Обиди се пак, овој пат со раширени нозе, да имаш рамнотежа во движењата.
- Еве сум јас, а кој е ова до мене?
- Јас ...
- Дојди, овде ќе го јадеме сосот што не се приготвува. Овде пред огледалото, во сопствениот одраз ... овде си најубава.