Прозни искри

Nonteizam

Полихистор
Член од
13 декември 2008
Мислења
1.129
Поени од реакции
791
“М“ одеше на некакво натпреварување во странство, и нормално ги прашуваше своите соученици што сакаат да им купи како подарок. Кога дојде редот на мене јас со насмевка прозборев:
- И едно камче од таму да ми донесеш за мене ќе биде голема чест, подароците немаат цена...
“М“ ми возврати со насмевка и климна со главата.
Помина една недела, две недели, 20 дена... сосема заборавив на нашиот краток разговор.
И тогаш се врати во училиштето. Сите се наредија да и посакаат добредојде, а таа од својата мала бела чанта вадеше секакви ситни дрангулии кои ги распределуваше на сите од нив. Никогаш не бев фан на тие свечени моменти... седев во позадината и ми беше мило што “М“ е повторно меѓу нас.
Погледите конечно ни се вкрстија, и таа ме повика со суптилен гест. Повторно прочепка низ чантата и извади едно минијатурно камче со остри рабови кое срдечно ми го врачи:
- Мислеше дека ќе заборавам?- ми намигна.

***
На другарите им реков дека берам камчиња од различни држави од светот за да немора да го објаснувам тоа единствено кое го имав дотогаш.
Денес имам многу камчиња, потпишани со “Осака“, “Виена“, “Истамбул“... Но никој незнае дека само едно од нив посебно ми значи. На тоа камче пишува “Загреб“.
 
Член од
13 август 2008
Мислења
1.145
Поени од реакции
893
Кога се појавив на вратата, улиците сеуште се губеа, скриени под некоја синикава покривка, која ги лижеше сенките и барите што дождот ги посеа во текот на денот. Моите ноздри длабоко го вдишуваа воздухот, што очајно месеци го посакуваа. Оној леден здив на ветрот што многумина го презираа, а јас го обожавав. "Студено време" - помислив и го закопчав патентот до грло, притоа упатувајќи се со лесен чекор кон центарот.


... Кога царува ноќта, во темните премини пороците растат како печурки. Во целиот тој хаос, под слабата улична светлина, девојките гордо ги истакнуваат своите кловновски лица. Иако непознати, во секаква форма и боја, остри или слатки, ранливи или насмеани, со таа кловновска шминка изгледаат исто, чиниш иста мајка ги родила. Со погледи што летаат ваму - таму, жените го делат времето меѓу преобратените и оние кои што допрва треба да се намамат. Така привлечените ги среќаваат привлечните, а на тој начин почнува работата. Подолу зад аголот една двојка бурно се расправаше, а нивната кавга ја разбрануваше монотонијата која најчесто ја гледаме во јавност. Темнината успешно ги сокриваше погледите кои љубопитно ги насочуваа случајните минувачи кон нив, меѓу кои бев и јас. И покрај невидливиот превез кој беше заштита од можен срам, луѓето инстинктивно реагираа и минуваа покрај нив навидум незаинтересирано. За мене беше новост да бидам набљудувач, а не набљудувана. Приближувајќи се, моето сетило за слух гладно ги впиваше бесните крици кои ги испушташе девојката и кои изнудија мала и незабележлива искривена црта на моето лице. Се насмевнав бидејќи по којзнае кој пат, женскиот бес е навистина вжештена лава. Растопен камен од вулкан, кој никогаш не запира и потребна му е вечност да се излади.


Неколку улици подолу слушнав зад грб женски глас. Толку милозвучен што просто човек не може да не го забележи а уште помалку да го заборави. Секогаш се восхитував како жената, чија работа е да го исцица семето од десетина стојковци, има толку чист глас што би можела да се натпреварува со девствена опатица. Тоа само докажува дека Бог, иако ги мрази грешниците, понекогаш ги чува најголемите подароци токму за нив. Продолжувајќи по својот пат, кој во тој момент не знаев кај води, а уште помалку што ќе донесе со себе или каде ќе одведе, размислував за нејзиниот углед. Луѓето како нив, мислат на се што ќе биде побарано и посакано од другите да мислат. Тие многу добро знаат каква порака праќаат кога ќе почнат услуги да делат бесплатно. Тоа е почетокот на нивниот крај. Не е важно кој ќе каже. Слуховите се како воздух. Тие се никаде и секаде и никој не ги гледа кога и како се движат. Едноставно тие се осудени на сладострадие. Освен блудната болест, љубовта е единствената друга болест која е смртоносна за нив. Зашто иако блудната болест го јаде телото, љубовта е таа што го уништува умот, на која и тие не можат да останат имуни. Ставајќи им го печатот од општеството, неизбежната етикета, тие продолжуваат железно да молчат и да го истакнуваат единствениот белег кој ги разликува од останатите...
 
Член од
5 август 2010
Мислења
1
Поени од реакции
0
“НАСЛЕДНИКОТ НА АНЗАК“- од Борче Трајковски, извадок од епилогот.

... Претпоставувам дека сум во некаков друг свет, така ми личи местово, а и вие сте ми чудни, и просторијава. Да ви кажам право, откако се најдов овде, одеднаш ми се избистри главата и разбрав дека одговорите на сите оние прашања од почетокот, па и на прашањето за причините, што беше тоа што ме натера на одмазда кон сопствениот татко, ги пронајдов тука, кај вас, и со оваа моја исповед всушност се чувствувам ослободен од сопствените кошмари. Верувајте ми, веднаш штом се појавив овде ја почуваствував таа бистрина во мојата глава. Знам дека од сега натаму ќе останат само како горчлив спомен од еден минат и лажен живот. Само тие можеле да бидат вистинската причина која ме натера на одмазда, неприроден антагонизам, непријателство, омраза кон татко ми Анзак. Кошмари кои детството прерано ми го созреаја, мрачни сили кои младоста ми ја извитоперија и немилосрдно ми ја одземаа сета бунтовност, за на нејзино место да нанижат брда од комплекси. Наместо младешка сила, сериозен страв, наместо самоувереност, срам и понизност, претпазливост. Тие кошмари ме внесуваа во огромна пустина, сосема осамен, полна со замки, пепел, песок, отровници, бесилки, прашина, смрдеа, ветер, силен ветер кој со себе носи гадна неподнослива реа и ме загушува. Реа од лешеви во распаѓање, трулеж од експлодирани човечки утроби, кои ме будеа во дудуле постела со широко отворена уста, без глас, без сила за врисок. Ме внесуваа и во величествена арена на стравот со безброј невидливи противници, а јавето ми го изобличуваа во немир и хаотичност. Кошмари кои одненадеж ме туркаа во залутана гладијаторска борба на живот и смрт, каде телото ми е единствениот и заеднички штит, кога левата се бори со десната рака, десната со левата нога, а главата неконтролирано ми шета лево десно, устата се посилно испушта неразбирливи бунтовни зборорви, против морничавиот рој отровни пајаци кои тукушто го започнуваат смртоносниот марш од петиците кон лицето и откако ќе стасаат до зинатиот отвор на усната шуплина, следи неконтролиран врисок и скок од постелата. Одеднаш се будам на неколку чекори од сопствениот кревет, задишан и мокар како после маратонска трка. Знаете ли какво е чувството кога осеќате како секое влакненце од вашето тело се крева и пркосно се издиугнува во божемна одбрана од наездата на тие црни, гадни, влакнести, отровни пајаци и сите се со ликот на Анзак? Таа спектакуларна морница која немилосрдно започнува да се издига од стапалата и во налет на страотна и бучна лавина поминува под кожата низ секој дел од телото и во миг ве прекрива, рацете немоќни, нозете во олово оковани, и одаднаш нешто ве исфрла од сопствената постела? Ниту креветот може да ве поднесе. Знаете ли какво е чувството дење да се живее во страв од средбата со него, а ноќе во страв од наездата на некои нови натрапници со неговиот лик? Дали знаете какво е чувството така да се живее со години?...
 
V

Viktor g

Гостин
Седнувам и се прашувам како да почнам толку ми е тешко и збунет сум цел сакам тоа да го споделам она што ми тежи. Движејќи се низ сите текстови кои ги имам напишано би рекол дека ништо ново не ми се случува се е познато некако веќе речено и ништо не е сменето. Знам со тебе сум но се чуствувам сам осамен ми недостига она што упорно го барав љубов! Зошто не ја чуствувам твојата љубов? Зошто едноставно можам да предвидам како ќе реагираш ишто ќе направиш? Зарем толку малку примаш та толку и ми враќаш? Ти ја подарувам целата нежност, целото внимание ,целата доверба ти ја отварам мојата душа и моето срце , но залудно од тебе никаква реакција не возвраќаш! Можам со часови да ти ѕвонам и да не ми одговориш, можам да ти пратам и 10000 пораки нема да вратиш , но кога ти ќе заѕвониш јас веднаш седнувам и сакам да го слушнам она твое ТЕ САКАМ бар на момент. Знам малку добивам или многу барам? Кажи ми во што е работата доста е молчење ајде не ме мачи повеќе неможам да ја поднесам оваа тишина доста е одлучи се! Во овој момент на лутина би направил се и нема да згрешам ПОДОБРОКВАЛИТЕТНО САМ ОТКОЛКУ ВО НЕКВАЛИТЕТНА ВРСКА! Тешејќи се со стари рефрени се прашувам што понатаму? Дали ќе го пронајдам она што го барам или ќе умрам чекајќи ја онаа која ме заслужува? Прашања без одговор чекајќи да видам што ли ми носи судбината ќе пробам да се соочам со вистината.
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Заптија

Денес почина Заптија, човек со голема душа и уште поголема насмевка. Заптија ќе трча низ вечните ловишта , а јас со голем недостиг ќе му мафтам од земјата. Од каде човек треба да почне за да раскаже еден живот, а каде треба да заврши? Пробајте да раскажете еден свој ден за да можете да ја сфатите тежината на еден живот, а живот како оној на Заптија една книга е мала за да го опише , иако живееше во мало место , опкружен со истите луѓе за сите 85 години во кои неговите нозе ја шетаа оваа земја.
Треба да знаете нешто за него, нешто што го обележува целото негово постоење...А тоа е дека откако знам за него беше заљубен во една иста жена, Анастасија, неговата вечна и единствена, како што викаше тој од првиот ден кога му проговорила до последниот. И не , не беше фантомска љубов, ништо слично на Беатриче на Данте, ниту Раца на Кочо Рацин...таа беше до него, секогаш седејќи од десна страна. Заптија велеше, таа седи од десно , зашто таму седат луѓето на кои им верувам, макар што според Адамовата приказна треба да се посомневам во секое јаболко што ми го подава. Кога бев помала тој ми раскажуваше за првиот пат кога ја сретнал.Не била најубавата жена која ја видел во својот живот, колку лошо и да звучи тоа
-Но беше ,и остана најмилото човечко суштество кое сум го видел во животот, чудна мешавина беа нејзините очи. Можеа да го соборат човек со строгост , а секогаш беа полни со милост. Немој да мислиш малечка дека некогаш го разбрав тој феномен, напротив 60 години колку што ја познавав бев комплетно збунет од она што беше таа –секогаш ги користеше истите зборови да ја опише, а потоа ќе продолжеше-Нејзината глава, таа жена користеше зборови од кои тече мед и млеко, од кои тече мудрост.
Јас ќе му се спротивставев, со зборовите дека мажите ја сакаат убавината.
-Да -ми велеше-Ја сакаат, но не се заљубуваат во неа.
Заптија беше мој ментор, мое училиште во кое не е досадно.Можам да се заколнам дека и покрај тоа што имаше мал милион пријатели беше најосамениот волк на оваа земја. Често ќе го начекав како гледа сам во празно накај блискиот рид додека небото меша земски со небесни бои. Тој велеше, секој на овој свет е сам, можеш да љубиш и да бидеш уште посреќен ако те љубат но тоа не прави да се спасиш од осаменоста. Зашто колку и да те сака човек , тој не може да ти ги крепи мислите, не може да води твои битки, не може да ти ја вдахне силата и не може да ти даде нож ниту пак штит. Сам ќе ги бараш. Таму се кријат сите разочарувања на овој свет, во себеси ,во неможноста да се издржи самотијата, зашто и покрај сите бајки што ги измисливме на крајот останувате свеќата и ти, ако ја дувнеш ќе те покрие мракот.
-Што е свеќата Заптија? –го прашав еднаш
-Тоа не е свеќата на Диоген, тоа е симбол на животот. Ти и животот сте очи во очи постојано, кога еден ден ќе ја дувне ветер, ќе догори или ти ќе ја дотолчиш подготви се за вечните ловишта. А за таму дете не знам, никој ништо не знае.
Заптија не се плашеше од смртта, дури мислам дека ја намириса оддалеку. Почна се почесто да гледа во празниот простор , стана уште помолчалив, а очите му беа сосем празни.Сега гледам дека тој се збогуваше со овој свет некое време со ред. Еден ден го начекав во дворот со скрстени нозе и насмевка.
-Дојди -ми рече-да јадеме ореви и да ти кажам нешто, нешто што мислам дека не сум ти го рекол никогаш.
Откако ги искршивме оревите во неговиот двор, тој стана сериозен и тажен истовремено.Ме погледна со своите крупни кафени очи и ми рече.
-Немој никогаш никој да ти рече дека не е така како што чувствуваш ти, човек ги знае сите одговори, без разлика дали му се допаѓаат или не.Ти не биди ко другите што ги знам, не се плаши да се чуеш себеси, таму лежи најголемата мудрост , таму се знае се.. И сметај дека сме се збогувале, нешто што нема да го споделам со никој друг, нема да речам збогум никому освен тебе.
Другиот ден, на само една недела од мојот четиринаесетти роденден Заптија замина од овој свет. Каде започнува , а каде завршува еден живот? Колку е доволно или колку е квалитетно живеењето на овој свет Заптија не ми кажа, но само затоа што ни самиот не знаеше, во моите очи веројатно го видов најквалитетното живеење на земјава, бурно во младоста , тивко во староста, а сепак достоинствено за сето тоа време.
Драги мој пријателе на крајот изгледа никој нема да дознае што мајка бараме овде. Останува само да ја исполнуваме саатницата на денот, што велиш на тоа?
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.719
Поени од реакции
13.438
Changes

“Најмила..“

Тоа беа првите зборови кои скоро секогаш му паѓаа на ум кога мислите ќе проталкаа кон неа. Но овој пат мораше да реши. Беше свесен за грешката што ја направи. Всушност сеедно му беше. Таа повеќе не му беше „најмила“. Сакаше сето измачување да заврши. Не чувствуваше никаква среќа во нејзиниот поглед. А сепак зборовите сами од себе проникнуваа. Вечерта бе траеше долго. Како во забавена снимка неговиот прст го допре копчето на глушецот. А потоа замре се`. Тој го исклучи компјутерот и си легна. Беше преморен за да мисли на неа. Совеста веќе одамна имаше дигнато раце од неговата душа. Згора на се`, утредента го чекаше патување. Повторно некој здодевен локалитет. Ги склопи очите и потона во себе.


Таа го читаше пасусот на екранот. Вриеше од бес. Повредена, навредена, нејзината душа плачеше во себе. Тој ја предаде. Ја издаде нејзината доверба. Лута, замислуваше како клечејќи тој ја преколнува да помисли за нејзината одлука, како таа му ги возвраќа чувствата со еден сруден поглед. А потоа се присети на писмото што го доби пред неполни два часа. „Никогаш повеќе да не си ми се обратил“ – мислите го помрачуваа нејзиниот итака истоштен ум. Не се колебаше пред да притисне на копчето „испрати“. Потоа го почувствува сиот тој воздух насобран во нејзините бели дробови како исчезнува во истиот момент. Се бореше за уште една капка здив полн со олеснување. Но безуспешно. Беше истоштена од се`. Ги затвори очите и тивко влезе во својот свет полн со ветувања.


Попладневното сонце ги милуваше последните катови од високите кули с својата златна боја. Тој ја допре врелата земја со чевлите во кои се имаше наталожено кал. Топлината во воздухот дополнително му ја подгреваше меланхолијата која беше вгнездена веќе неколку месеци во неговото срце. Само што пристигна дома, го исфрли од себе итака распарталениот ранец, полн со спомени. Се чувствуаше изнемоштено од самото утро. Веднаш седна крај комјутерот да ги прегледа новостите што ги пропуштил тој ден. Ја бараше утехата во виртуелниот свет. Во последно време се повеќе. Се прашуваше зошто. Немаше логичен одговор, само тоа дека последиците не беа на неговата страна. Прошара по неговата електронска пошта. Честопати добиваше спам пораки за тоа како животот без секс е само празна приказна. Се прашувшае кога последен пат бил со девојка. Три години. Проклети три години талкање во место. Но дали... Тој сметаше токму во тие три години животот одново започна. Или барем без последните шест месеци. Се изненади кога на екранот виде ендо име, толку познато. Го читаше писмото. Отпрвин не почувствува ништо. Мислеше дека го виде секојдневието во себе. Стана од масата да си направи сок. Потоа очите повторно прошараа по буквите. Сега го чувствуваше нејзиниот гнев како вриеше. Шокот прејде во фазата кога човекот постамува свесен за тоа што се случува. Посака никогаш да не ги напише тие зборови. Зборови полни со издаденост, повреда, чувство на пониженост. Ја почувствува крвта како залазува по лицето. Беше по малку збунет. Не бидејќи не знаеше како да и` одговори, но затоа што за прв пат ги почувствува забите на совеста како лакомо му ја нагризуваат душата. Веднаш се зафати за работа. И` пишуваше токму тоа што му лежеше на душата. А тоа не беше омраза. Ниту навреденост. Туку спротивното. Инстинкт за заштитување на личностите кои ни значат. Тој беше „окупаторот“ и се трудеше да и` објасни дека неговите намери беа сосема други. Се обиде да биде ослободителот. Всушност не се бореше да ја придобие повторно. Се бореше за нејзината среќа. Нејзината одлука беше тоа што го ценеше кај неа. Бидејќи овој пат навистина ја преиде границата, очекуваше осуда на смрт. И ја заслужуваше. Не ги знаеше точно нејзините чувства кон него, но знаеше како би постапил тој кога би се нашол во нејзина ситуација. По половина час поминато во пишување, го испрати писмото. а потоа се врати на обврските. Вечерта беше полна со неизвесност. Тој само сакаше да биде среќна. Ништо повеќе...



Таа го пиеше утринското макијато кое веќе беше изладено. Ги чувствуваше голтките како полека лизгаат во грлото. Горчливо сладок вкус. Примамливо. Седна покрај екранот да ги чита новостите. Веќе и` влезе во рутина. Честопати добиваше писма од својата другарка која живееше во Франција. И` недостасуваше многу. Поготово сега, кога се чувствуваше осамено. Нејзината душа копнееше да се исплаче. Но немаше кому. Веќе беше скептик. Се чувствуваше предадено. Ги гризеше меко усните додека очите и` шараа низ писмата. А потоа застанаа на едно. Го отвори и покрај тоа што се чувствуваше гневно кон тој човек. Не беше изненадена многу од неговите зборови. Можеби затоа што беше длабоко повредена во себе. Или пак го познаваше многу добро. Го исклучи екранот за момент и пушти мислите да и` талкаат. Не можеше да не помисли на неговиот лик. Не го љубеше, но не сакаше да го повреди. И` беше мил на еден начин. Се присети кога за прв пат нивните погледи се сретнаа. Таа беше возбудена. Се плашеше да не... Но се случи. Нејзините мисли се удрија од работ на фиоката. Ја отвори и погледна внатре. Разгледницата иако беше нафатена со слој прашина, ги шепотешеискрените чувства што тој и` ги откри кога прв пат се сретнаа. Поради тоа се плашеше. Да не биде она што и` се случи на неа. Се плашеше да не биде љубена од својот пријател. Воздивна длабоко. Не сакаше да го изгуби и покрај тоа што ја имаше повредено. Го зеде мобилниот и му пиша. Потоа сркна од веке студеното кафе. Сладок вкус на олеснување.

Сонцето веќе беше кон патот на својот зенит, кога тој пристигна на работа. Сакаше да биде опкружен со мирисот на сцежо опкопана земја, со металниот звук на копачите кои неуморно одзвонуваа во густиоt облак од прав. Честопати утехата ја бараше тука. Но ретко беше сведок на некаков позитивен резултат. И денес се надеваше. Го зеде копачот и се упати кон својот сектор. Веќе ги познаваше луѓето со кои беше опкружен. Едниот висок и помалку згрбавен, со права боцкава коса како еж. Беше помлад од него но доста поагилен. Другиот беше црномурест со црна кратка коса. Беше доста поразвиен. Се чувствуваше една мала ориентална жичка во неговото присуство.
Само што го допре дното од јамата, го чу мобилниот. Порака. Го фрли копачот и го зеде. Почувствува мал бран на свежина. „Остави ми време“ – ја читаше повторно. Срцето почна весело да му потчукува. „Го имаш сето на располагање“ – и одговори. Потоа се насмевна за прв пат после долго време и замавна силно со копачот по земјата.


(to be concluded)
 
Р

~~РубинРед~~

Гостин
Дождот.
Можеби единственото нешто кое и прави друштво додека плаче.
Денес за нејзе зајде сонцето,за нејзе и за една друга личност.
Појави се сонце...нека престане дождот,нека престанат солзите.
Tаа се надеваше дека се заврши,но напротив...Ова е почетокот на нејзината пропаст.
Почеток без крај...Почеток на трагедија...Почеток на тежок период на кој не му се гледа тунелот.
И секоја глума и е видлива.Секој коментар е излишан.Секое поле уништено.
Солзите продолжуваат да течат,дождот не престанува да врне.
Скриената тага излегува на виделина.Таа е сама.
Сама со дождот.Единствен нејзин пријател.
Сама во нокта.Сама во денот.Сама на светот.
Се обидува да собере сили и да продолжи понатаму.Но,нешто ја спречува.
Тишината ја убива.Молкот продолжува.
А со тоа и тагата во нејзината душа и тоа малечко срце.
Историјата се повторува.А таа не е свесна за тоа.
Не,тоа не се случува,тоа е само лош кошмар и чека да се разбуди.
Не,ова не е вистина,тоа е само сон.
Не.
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
На редок воздух

Голема доза ќебиња, кафе и мисли... Слики на ѕидовите, сите размачкани, а совршена шминка на лицето. Бушава фризура, но убави контури на споменар. Воздухот ги зацементирал воздишките, заедничкото дишење и погледите. Затоа кога ќе го вкуси во носот, врз неа паѓа класичен камен од ладни страшни и потсетувачки сеќавања.

I take another fall,
another step,
another fight for you...

Свири наоколу, околу душа што се замори од костецот со проблемите. Некои од нив, не ги ни гледа како проблеми. Тажаленка од воздух и само воздух. Сака да ја стопли студената празнина без енергии, црвенилото од немање боја, тагата, од немање сонце.

На редок воздух, преголема станува активноста на борбата за пулс. Преважна...
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.719
Поени од реакции
13.438
Changes

(concluding)


Неколку месеци подоцна
...

Нејзините нозе иако уморни, итро чекореа по плочникот. Во придружба беше нејзината другарка, која едвај се обидуваше да биде во чекор со неа.
- Брзаш – и` довика.
- Ќе задоцниме – процеди во себе. Всушност знаеше дека ќе стигнат. Дури и ќе имаат вишок време да си ги разладат мислите со по еден студен пијалок во студентската кантина. Погледот и` шараше насекаде. Како да бараше некаков интересен предмет за истражување. Посегна по вратата. За момент мислите и` заталкаа во минатото. Не го сакаше. Но едноставно се почувствува тажно. Не лошо, миту изморено. Само тажно. Се прашуваше што прави во тој момент. Дали е со друга. Дали неговите очи истотака шараат наоколу ? Дали и нему срцето брзо му чука штом ќе се сети на неа? Ги грицкаше усните неко во себе.

- Не можев а да не помислам на неа. – му раскажуваше на својот пријател додека седеа под топлото сонце.
- Е па побарај ја тогаш – го погледа зачудено.
- Не можам... Добро знаеш дека така самиот се повредувмам.
Ги склопи раце и стана. Ги почувствува истите слатки болки по одредено време. Поминаа 3 ипол години од нивниот прв заеднички поглед. Повторно се чувствуваше како мало детенце.

Нејзините очи неуморно шетаа по буквите кои шепотеа за искрената љубов. Истиот текст веќе неколку часа. Повторно се чувствуваше како девојче од само девет години. Безгрижно ги гледаше сите свои маани. „Ќе се обидам“ – си велеше во себе. Му пиша... бараше нешто. Еден вид утеха. Се чувствуваше доволно силна за да се обиде. Не ги знаеше кога последен пат ги напиша зборовите кои ветуваа приказна. Сакаше и понатаму. Но едноставно, нејзината инспирација не и` дозволуваше. Неми зборови. Слика без коннтури, без никакво чувство за естетика. Хаос. А сега, хармонија повторно. Мислите и` беа вперени во неговиот текст, Прикаската што ја доби кога за прв пат нивните погледи се сретнаа. И` се допадна тогаш. Испечатена на неколку листа, со едноставен наслов. Сакаше да ја продолжи. Да се внесе целосно во неа. Да го почувствува тоа што тој го чувствуваше кон неа.
- Секако дека може, но те молам нека остане меѓу нас двајцата
- Како што ќе речеш – се насмевна.

- Сакаш да ми кажеш дека повторно? – зачудено го гледаше неговиот најдобар другар.
- И не само тоа. Таа се враќа. Ќе бидеме наскоро пак. – го погледна со израз полн со восхит.
- Верувак нема да биде исто како порано. – му возврати.
- Вреди да се обидам. – воздивна длабоко.

Тоа беше тоа... таа одново се вљубуваше во неговите зборови. Се чувствуваше се` поисполнето со секој поминат ден врз хартијата и перото. Повторно жива. Повторно вљубена. Се прашуваше дали сето она што и` се случи предтоа беше причина повеќе да копнее по неговата душа. Или пак тоа беше скриено, чекајќи ново будење. Му пиша повторно. Имаше потреба од неговите зборови. Чувствуваше нејзуната самодоверба како се поткрева со самиот нивен шепот.
- Секако дека ќе се видиме вечерва – читаше возбудено.

(to be concluded)
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.719
Поени од реакции
13.438
Changes

To be concluded...

Не чекаше долго. Нејзините чекори итро ја допираа земјата. Ја виде. Ги почувствува истите болки кога за прв пат ја погледна. Таа беше прекрасна. Косата и` се лелееше на топлиот летен ветер. Посакуваше да ја допре.
- Одиме чекор по чекор.. Полека... – и` рече додека таа го допираше за половината. И` ја пушти омилената песна на системот. Таа се изненади. Го чувствуваше истиот мирис во воздухот кога за прв пат нивните раце оформија топла прегратка. Почнаа да танцуваат. По ритамот на чувствата. Тој ја принесе нејзината глава до градите. Не се противеше. Дури и повеќе... таа силно го прегрна. Сакаше да остане внатре. Во ритамот на неговото срце. Беше вљубена во него. Му шепотеше со нејзиниот поглед полн со среќа. Го чувствуваше неговиот. Топол и мил, полн со ветувања. Се роди сонувачот во неа. Сонуваше, просто го сонуваше овој миг. Кога тие танцуваат, кога со самиот нивен поглед водат љубов, кога нејзината душа се чувствува среќно, исполнето.
- Те љубам. – Му шепна додека беше целосно потоната во неговата прегратка.
Светлина. Тој повторно беше старецот кому соништата му нанесуваа ништо друго освен болка.
- Јас... Ова е погрешно... Заминувам – трепереше во себе. Се оттргна од неа и излезе низ вратата, оставајќи го нејзиниот поглед загубен во збунетоста.

Сакаш да ми кажеш тек така замина? – ја прашуваше нејзината другарка, додека ја слушаше како нејзините зборови загубено одзвонуваа.
- Да.... Чудно, зарем не?
Навистина не знам што да кажам. Од една страна ти беше таа која го одби, а сега бараш од него...
- Не барам... Само сакав да му кажам дека... – замолче. Се чувствуваше сосема исто како што се чувствуваше тој кога и` призна. Дури сега беше свесна за неговата болка.

Ја чувствиваше возбудата како растеше внатре, не давајќи мир. Се чувствуваше растргнат помеѓу сегашноста и минатото. Минато, кое не заврши среќно. Но кое ветуваше. И сегашност во која изгуби доверба. И двете го заробија неговото срце и се бореа, секоја на своја страна. Ја сакаше сеуште. Но нејзиното заминување во друга земја остави рак рана која и` требаше долго време да зарасне. И сега се враќа. Се прашуваше дали ќе биде истото како што беше пред пет години, Дали таа ќе ги прифати чувствата што тој скриено ги чуваше за неа сево ова време.

„Сепак ќе се обидам...“ си велеше во себе додека чекореше по паркот. Мислите и` беа сосема на друг свет што не можеше отпрвин да го забележи него. Се изненади. Неговите раце прегрнуваа туѓо тело. Туѓи погледи беа вперени во неговите очи. Туѓи усни ги допираа неговите. Не можеше понатаму. Трчајќи се оддалечи од нив. Целото тело ја болеше. Се чувствуваше повредена од самата себе. Липајќи влезе во својот дом, оставајќи ја вратата подотворена. Дишеше брзо. Нерамномерно. Го зеде најблиското нешто што и` беше на дофат и го прегрна. Некзината душа крвареше. Плачеше во себе, барајќи утеха во спомените. Но тие уште повеќе пројавуваа солзи во нејзините веќе црвени очи.


- Ме виде... – загрижено му објаснуваше на својот пријател. – Душава ме здоболе штом го забележав нејзиниот поглед. Не се познавам веќе себеси. Не знам што правам... Проклето го уништив нејзиниот единствен сон!
- Навистина не ми е јасно.. Како можеш да бидеш со друга кога срцето ти копнее по неа? Како можеш да бакнуваш усни во кои немаш ништо освен утеха?
- Се плашам да не останам повторно..
- Што да останеш? Сега знаеш дека те љуби. И тоа се гледа по нејзиниот поглед. Зошто си правиш нешто кое подоцна ќе ти донесе само болка?
- Таа ме повреди... не си свесен колку денови поминав затворен во ѕидот на меланхолијата? Колку ноќи мечтаев дека нејзините зборови беа ништо освен сон од кој сакав да се разбудам?
- И со тоа сега ти ќе и` се одмаздуваш? Зарем ти ли беше тој што еднаш рече дека без оглед на се` ќе ја љубиш? Ти ли беше тој што ќе направеше се` за да таа остане среќна дури и по цена никогаш повеќе да не се видите? Погледни се! На што личиш! На едно егоистично копиле кое сака само себеси да си направи како што му прилега. Па дури и по цена на туѓата болка.
- Престани те молам... – нервно му врати. – Како тоа наеднаш сите се свртивте против мене?
- Си се запрашал ли зошто е тоа така? – стана и замина, оставајќи го замислен.

Нејзините работи беа на креветот. За некој момент таа се гледаше како исчезнува од видикот на местото каде некогаш се чувствуваше бесмртна. Сега беше само обичен дух, завиткан во сопствените сенки. Се чувствуваше мизерно. Сакаше да заборави на се`, на целата претходност што и` ги имаше опфатено спомените. Ја допре разгледницата што седеше во фиоката. Залипа. Покрај толку време поминато, чувствата сеуште ја држеа во живот. Ја отфрли од себе како да беше некаков жежок предмет. Не ги сакаше тие спомени. Не сакаше да мисли на него. Па сепак, копнежите ја тераа. Ја саклучи вратата со долга пауза зад себе.

Одеше забрзано по улицата каде за прв пад водеа љубов. Со погледите.. со насмевките. Се сеќаваше на нејзиниот мирис. Уникатен, единствен. Мораше повторно да го почувствува. Па макар и за момент. Како што се приближуваше до нејзиниот дом, така возбудата се` повеќе растеше. Последните денови се бореше со себе. Се плашеше за неа. Да не биде сама. Повредена, издадена одново од човекот кој некогаш и сеуште ја љубеше. Се чувствуваше потребен, иако знаеше дека ја изневери нејзината невиност. Чекорот сам по себе се изгуби. Тој просто не ја чувствуваше земјата под себе. Лебдеше помеѓу сонот и реалноста. А потоа тишина и празнина.

Нејзиниот поглед иако уморен, беше упатен во темната далечина. Сакаше што побрзо да замине од проклетото место. Се чувствуваше дека дека не припаѓа повеќе тука. Во улицата на соништата. Го чувствуваше ритамот на ирелевантноста како отчукува во нејзината душа. А сепак копнежите беа сеприсутни. као по ѓаволите ќе ги заборави неговите зборови полни со ветувања за едно време? Не можеше преку ноќ да го заборави. Водеше љубов со него и кога беше сама. Дури и кога нејзините соништа водеа кон меланхолија. и растревоженост.
- Јас... лошо постапив... чу замислен глас позади неа.

- Не требаше... – се обиде да го оттргне, но тој веќе и` стави прст пред усните.
- Не можев да престанам да мислам сево ова време на тебе. Извини што постапив лошо. Знам дека не заслужувам но... знај дека никого досега не љубев толку силно...
- Не.. немој.. – почна да трепери. Повторно копнежите почнаа да водат војна со разумот. Ја чувствуваше врелоста во крвта како струи, Потоа не издржа. Се поткрена, барајќи ги неговите усни. Ги почувствува. Слатки мали болки и` проструија низ `рбетот. Се почувствува одново жива. Но овој пат за долго.

...навистина за многу долго...

FIN
 

Freedom2say

only the sky is the limit
Член од
23 август 2010
Мислења
196
Поени од реакции
229
НОКТУРНО НА ПРАЗНИНАТА

...”На почетокот сé беше празно, само Духот Божји лебдеше над водата...”
Создавање 1: 1


Кога ги затварам очите, те гледам пред себе. Црна си, и грда на свој начин. Во мракот - ти ја раѓаш најголемата полнота. Ти си царство на спокојот и очајот, од твојата присутност затреперува моето срце. Црна празнино, што ли можеш да му дадеш на ова напатено срце? Твоите зборови ги раѓаш од окно без уста, тишината е гласот на твојата утроба, едноличноста лика на твојот образ...
А сепак, понекогаш те посакувам... Помислувам дека во тебе можам да создавам и творам. Во твоето ништо можеби би можела безгрижно да ги засеам сите фиданки на мојата фантазија. Во тебе може да се роди нешто прекрасно што ќе те исполни. Под превезот на ноќниот чаршаф, јас и ти би можеле да се гушкаме и да си ги кажеме тајните. Нашето кикотење ќе затропа на вратите на црниот ут и тој со лелек ќе ја повика месечината да ни се придружи.
Се прашувам... дали сум ти доволна? Ненаситноста е твоето второ име. Ти ќе ги проголташ моите созданија, ќе бидат пак ТИ и како ТЕБЕ.
Не - и јас не сум доста за тебе. Ти си онаа која само зема, а никогаш не дава ништо. Ништо освен празна агонија, немир, заситеност од сé.
Легни мила на перницата на мојата љубов - тука ќе најдам доволно сила да те испијам, да те победам, да те заробам. Ќе те заточам во пехарот на мојата омраза и во ситни дози ќе ги опивам усните на моите крвници. Ти си вистински благослов за ситните души, а проклетство за срцата кои не вкусиле ништо од твојата шупливост.
Кога ќе бидам доволно полна од убавините на овој живот, можеби пак ќе те посакам, ќе те побарам, ќе се успокојам до тебе. До тогаш, пливај по брановите на твојата црнина и сонувај го Зборот ...”нека БИДЕ!”...
 
Р

~~РубинРед~~

Гостин
Нејзината срека...Дел 1

Сонцето беше изгреало...А со тоа означуваше почеток на нов ден.
Таа се уште спиеше.Тој ја гледаше со своите зелени очи кои беа полни со љубовен сјај.И се приближи и на увце и шепна:Разбуди се малечка моја,веке е утро.
Беше онака нежен кога и го кажа тоа.Беше подготвил и појадок со свежо исцеден сок од портокал.
Таа конечно се разбуди.А тој со радост ја прегрна и и кажа истото ко и претходната вечер.Тие два магични збора од кои добиваш пеперутки во стомакот..
Со тие негови зборови таа се топеше.
Го прегрнуваше и не го пушташе.
Се плашеше дека сето тоа е сон од кој ке се разбуди наскоро...Но не,тоа беше реалноста...Убава реалност.Таа е со него.
Срекна и задоволна бидејки го има она што го посакуваше одамна...Мир,љубов и хармонија.
Ја погали по нејзините долги црни коси.Се насмевна и и кажа:Вечерва конечно ке ја оствариме нашата долго посакувана желба.
А таа беше едноставна.Да отидат на чудесниот мост и да се заколнат во вечна љубов.
Од нејзините очи потекоа солзи.Солзи радосници.
Таа плачеше од срека.Беше збунета.Мислеше дека прекрасната бајка ке заврши наскоро.Но не,напротив.
За нејзе и за него штотуку започнуваа убавите работи.
Нејзиното малечко срце беше залечено од неговата безусловна љубов.
Молчеа долго време и се гледаа без да им трепкаат очите.Тој ја сакаше неа,таа го сакаше него.
Чиниш ко да живеат во рајот...Далеку...каде што никој не ги познава,уживајки во својата срека.
Одеднаш одекна силен глас.Него го повикаа од неговото работно место.Тој и кажа дека мора да замине.Но таа не сакаше да го пушти.
Му велеше:Не оди си злато мое,остани бар денес...бар денес не ме напуштај.
А тој со сласт ја бакна и и рече:Морам,инаку каква ке ни биде иднината...
Но ветувам вечерва ке бидам овде точно на време...

To be continued...
 
Член од
5 декември 2008
Мислења
698
Поени од реакции
211
хаха Ке ја паметам сценава- и реков.
Си го чуствувам сопствениот поглед како шета наоколу од лик на лик , доволно да сватам дека ме прави да изгледам како нифоманка.
-Замисли како изгледаме во очите на другите?- музиката ечеше а јас не можев да се разберам убаво.
-А што ни е грижа , играј како да ништо не е важно, заборави на се. Само што го реков тоа таа затресе со задникот и вресна колку што ја држеше гласот. Момчаците гледаа чудно, одеднаш ке застанев и ке им се опулев на сите од лик на лик, во очи и на жените и на мажите, жените ја гледаа храброста а на мажите им се допагаше слободата на движењата. За момент се најдовме како жртви во волчјо дувло.
Играњето не не прави курви реков , види ги оние само погледни ги како се наметнуваат а и не ми е грижа ке оставам се да избледи а потоа нека јадат што сакаат.
Тогаш почнав, ја кренав раката и почнав да изведувам секавични брзи исецкани движења, играв во ритамот на музиката, косата ми беше пред очи, ке замижев и некако бавно уживав во тоа, како да се претопував во друг свет , свет во кој е убаво а другото е неважно.
Откачивме тотално и испотени ги облековме палтата.
Кога излеговме реков- ние понекогаш имаме претерана самодоверба тоа не е добро, или можеби е добро, барем нема да дозволам никој да ме гледа попреку особено не некоја што... знаеш кои, ти ги нарекуваш шматки.
-хах, да во право си, сакаш хавана? -рече
Не ...не знам, мислам дека нема да стапнам на тоа место или можеби некогаш подоцна.
-Зошто? убиството не се случи внатре...
-Да точно, се случи на она место каде што ние сега ке поминеме а мене последно време морници ме облеваат кога ке поминам одтаму, сите тие ликови што ги гледавме секоја сабота ми станаа одвратни, штета што сме толку незапознаени, тука било и дилерско дувло, јас знаеш не можам да ги препознаам фаците а и никогаш не ме интересирало тоа. Тие работи ги знаат шемаџиите, оговарачите или луге кои одприлика оствариле некаков контакт со луге што се запознаени...со нив и сличните на нив....Не треба никогаш да се плашиш од тоа што си поинаква и што сме поинакви , јас всушност и не би сакала да бидам како нив, погледни колку глупави фаци имаат, им зрачат со простотилок, иако јас лумпувам често делувам интелигентно:))) и свесна сум за многу работи истовремено , и кога ке се поднапијам свесна сум за нивните подли и злобни насмевки, тоа ме иритира, ти реков еднашка дека можеби ке го достигнам врвот, ке го избришам плочников со некоја таква.
-хаха, убаво ...
-Азис има неколку убави песни ...
-Азис?
-Да азис иако е перверзен, ке ти ги ставам на фејсбук... и реков додека се приближив до таксито .
-важи, и порано да си легниш нејкам во три сатот да те будам .
-но проблемо ми чикита , ајде, се гледаме.
Не легнав сатот е 6 и пишувам ......... и да песната од Азис.

 
Р

~~РубинРед~~

Гостин
Дожд

Благословен да е.
Секогаш ке се секавам на таа вечер кога те сретнав брзајки до продавницата да купам намирници за во мојот дом.
Случајно ил не минуваше покрај мојата улица барајки ја твојата сродна душа.
Се погледнавме и кутевме неколку секунди а дождот не намокри по нашите коси,облеки...
Сакаше да ми кажеш нешто но едвај стоеше од студ.
Наеднаш помина автомобил и погледите еден во еден завршија.
Секој си отиде на своја страна.
Пристигнав дома и влегов во собата магепсана од неговиот поглед и слатката насмевка.
Тие мали очиња кои блескаа чиниш ко да имаа звезди во него.
Тие очи полн со сјај.
Ноква не можевв да заспијам.
Постојано мислев на нашата прва случајна средба и на дождот кој ја правеше уште по романтична.
Целите треперевме и се тресевме од студ,посакав да те прегрнам а и ти мене.Но...
Нешто се слуи и пак се разминавме иако погледите го кажуваа своето.
Наредното утро кога те видов посакав да те игнорирам но сепак не успеав.
Се беше посилно од мене.
Некој ме удри по рамото и ми рече што се случи минатата вечер.
Зошто постојано мислам на тебе и на тој твој мил поглед кој ме магепса.
Мислам дека ми влегуваш под кожа.
Зошто морав да го приметам тоа дур сега а не порано?
Не ти одговорив ништо.
Си продолжив да одам но ти трчаше по мене.
Сакаше да ме сопреш.
И успеа.
Ми рече да се видеме следната вечер и да разговараме за тој магичен момент.
Не те одбив бидејки ми рече дека не прифакаш негативен одговор.
Дојде и таа вечер.
Се сретнавме и пак се гледавме очи во очи.
Магичен момент.
Само уште дождецот фалеше да ни биде сведок на прегратките и бакнежите кои пагаа таа вечер.
Те сакам најмил мој.Те сакам.
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Let’s Play

Некој таму горе си црта во песокот на мојот живот. Мора да е прилично интересно да исцртуваш туѓи контури и да набљудуваш. Како целото небо да ги вперило очите и прстот кон вас, со една така мистична насмевка што не знаете што ќе се случи, дожд или сонце. Судбина или предизвик? Да или не? Дали е важно? Кога животот ќе постави пред вас личност или важно прашање колку можете да го надмудрите, можете ли да истрчате барем еден чекор напред и да кажете, Јас победив. Се е игра. И емоцијата и суровоста, и дрскоста и доблеста , мирувањето и дејствувањето. Играј мало човече, тебе и влакната на главата ти се избројани. Со таа мисла е многу полесно, се има цел ,причина и последица. Инаку тоа е ендек без дно, страшно здодевен и без поента. Битно е да не сфаќаш се премногу сериозно. О, не тоа само би не убило , а мртви не можеме да станеме посилни. Една линија на дланка и милион работи поставени на неа, со судбината тешко кој изиграл како што сакал. Или со инфаркт или со помирување , друго тешко. Мрачните поети и уметници мора силно да се смеат на сегашната состојба, беа во право, отсекогаш биле. Сите богохулници кои ги запаливме заради гревовите сигурно едвај не чекаат крај себе заради своето лицемерие.
А јас и ти? Tреба ли, мора ли, дали? Утре , потоа, никогаш? Знам дека ми дадоа шпил на карти, треба паметно да играм. И ти си меѓу картите. Се или ништо? Тоа е прашањето, да не се жалам после дека делачот на карти ми е малер или дека ме измамил, чисто како алиби заради погрешно изиграна партија. Не постои несуеверен коцкар, тука јас настапувам како комплетно нетипичен играч. Суеверието само попречува, не ми треба деконцентрација.Се е минливо, се е е менливо?Мислиш? Ајде да проанализириме. Секој човек е единствена единка, може да дојде некој после него, но не и некој како него. Значи незаменливи сме. За она минливото,така е. Секој дел од нашиот живот е фрагмент, луѓето доаѓаат и си одат, велиме здраво па се збогуваме, неколку падови па порази...еден голем коцкар еднаш рече На крајот не е ни важно дали победуваш или губиш битно е да играш.
Се е игра.
Win or Lose? Who cares...Let’s play the damn game.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom