Прозни искри

S

smart ass

Гостин
Nadvor stotuku prestana da vrne,temna nok a toj lezi i se prevrtuva cinis nesto go maci no na moment pomisli na dobrite vreminja na druzenjeto dobriot seks obostranoto zadovolstvo so devojkata,guskanjeto i odnenadez se iscezna!

Povtorno temnica i povtorno dlaboka zamislenost koja na kraj go dovede kutriot do gnev,duri izgledase deka veke neke da se prisetuva na dobroto nitu pak povtorno da gi ozivee tie dobri situacii,izgleda uzivase vo gnevot kako dusevna hrana mu se pricini i nastojuvase da go odrzi no koga ne mozese ednoatavno gi preispituvase poranesnite odluki i za i tie malku dobri dela naogase vina iako znae deka nema nikakva vina,no pretpostavuvam toa go pravese samo za povtorno da go aktivira gnevot,morase povtorno da se "nahrani".

Jas ne bev samo nabljuduvac gledajki ja negovata mizerija koja sto poleka se pretvarase vo agonija morav da mu pomognam...po gavolite se znaeme uste od deca!

Za moment i jas se razdlabociv i se zaprasav STO bi mozelo da dovede COVEK do vakva situacija?

Koj e vinoven i ima li vinovnik...mozebi sum jas no konecno ja otkriv pricinata mnogu jasno prethodno gnevot kaj nego bese pritaen a dobrinata bese selektivna,samo za 2-3 luge bese dobar a drugite cesto gledase da gi zloupotrebi ako sum vo pravo togas sto ja predizvika erupcijata na gnev koja e tolku mokna cinis ke go unisti.

Jas trgnav po svoj pat i pak sum istiot no ne mi e jasno seuste dali e pricinata bas faktot sto sega toj e roditel i zenet i za razlika od mene veke ne moze da "vrie"....hmmm ne e toa...
-DA da jasno kako den SISTEMOT go napravi takov kakov sto e momentalno i sekako znaev deka e materijalist a tie sekogas se nesrekni no..ova e premnogu i duri i jas se cuvstvuvam loso-ne mozam da pomognam,baram nacini no...sepak se prasuvam zosto..zosto li mora opstestvoto od coveka da napravi sver so besnilo,zarem toa e nacinot na opstanok??

Dali sistemov opstojuva i ekspandira sekogas koga covek gazi coveka...ako e taka SRAM mi e sto SUM COVEK edinstvena uteha mi e pomislata deka i mozebi ne sum moderen covek-tuku idiot bidejki ne gazam luge i nema da gazam,kolku e samo loso cuvstvoto da vidite priklesteni luge koi tesko e da gi poglednes vo oci,ne mozes da pomognes-SISTEMOT gi koristi samo kako eksperimentalni gluvcinja a sociolozite i psiholozite imaat rabota dodeka politicarite profitiraat lazejki gi istite a zivotot mine,vremeto e reka i toa burna no za zal ovie luge se vo mirni vodi a mojot prijatel faten vo vrtolog.
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Една солза.
Една капка крв.
Еднаш вакво страдање.
Една ваква вечер.
Ветувам.

Проклето сум свој, проклето ничиј... до сега барем бев сето тоа. Јас пак ќе бидам таков, непокорен, своеглав, сам и повторно сосем свој. Ова ќе биде долга и мачна вечер, ќе се борам со духот на спомените, со мирисот на поразот , со тебе... се до оној момент кога во тишината ќе си останам пак сосема сам. Удобноста на мојата проклетија наречена осамеништво се урна како да беше на темели од песок, неколку денови имав тивок прогон од јавачите на апокалипсата кои заѕвонија во мојот ум и срце. Со сосем поматен разум им дозволив да ме убиваат полека со помислата на тебе.
Љубов драга моја, најголемата измама на човештвото. Страдање во замена за страдање. Се даваш себе , не добиваш ништо, се продаваш себеси за ништо, се губиш себеси, се бришеш.. Најсмешното е што сето тоа е моја вина. Јас дозволив да се изложам на сето тоа по своја воља и сосем свесно. Тоа се лавиринти од кои нема излез, патеки без крај, раскрсници без патоказ. Да си тука пак ќе ти го кажев истово, нема што да се менува, таа е вистината, призната или не, порекната или извикана, и ако зачував нешто од себе тоа е да ја кажувам дрската вистина. Онака сосем сурова во својата про форма. Во моментов си ја кажувам сам на себеси.
Само една вечер. Толку ми треба, толку ќе си дозволам. Си ветувам себеси и така ќе биде макар да го минам најголемиот пекол, една вечер и тоа токму оваа јас раскрстувам со тебе, расчистувам со себе и велам добредојде на мојот старо нов свет. Јас не сум за овој пекол, лош губитник сум и опасен калкулант. Како тоа успеа да ми ја рушиш концепцијата за математичкиот резултат на постапките не знам ни самиот. Онака тивко, сосем нечесно и невино ти затропаа стапките во мојот живот. И од кога ги чув сега вртам грб на секој шум. Ако ги почувствувам пак ќе избегам како ветрот, не ми требаат веќе вакви ноќи.
Оваа вечер си мислам, јас навистина не знам се. Не можам се. И ќе се мачиме, јас и мојата совест, мојот ум и срце до моментот кога настапува утрото и веќе ништо не е важно. Ќе се прекорувам цела ноќ, а ќе се проколнувам цел живот. А беше возможно наспроти се, да ми го продадеш она што мислев дека никогаш не би го купил. Мечта. И би ја голтал таа цена како лош купец и би уживал во мазохизмот, но тоа вреди само ако ми ја продаваше секоја секунда до крајот на мојот живот. Вака кога присутно е твоето отсуство не е логично да купувам. Сега давам, се ќе фрлам, ќе отерам по ѓаволите.
Ова е духовно самоубиство, ако после ова ми остане барем парче душа светот треба да се смета за среќен зашто ќе бидам помалку безмилосен. Бездушен ѕвер е најопасен за кревките души. Мене ме собори послаба душа од мојата.
Ќе престане. Ќе видиш. Ќе ти мафнам преку улица како ништо да не било, како да те познавам едвај, како да не си ми ја приредила оваа ноќ. Тоа го можам. И онака си недостигам самиот на себе, со онаа типична пргавост на духот кој морав да го смирам покрај тебе. Толку од една љубов, една страдална ноќ.

Еднаш го дозволувам ова.
Една жена.
Еднаш ќе се проколнам.
Само еднаш. Вечерва.
Ветувам.
 

city

Модератор - технократ!
Член од
1 март 2005
Мислења
2.780
Поени од реакции
276
Го слушам жуборот на водата во реката како тече, го слушам шумот не ветерот и звукот на птиците. Заробен во широкото зеленило на пространата шума постојано се обидувам да го одгатнам местото на кое се наоѓаат. Но, освен гласот на природата не можам да најдам ништо друго што би ме асоцирало на некое место, претходно познато, место на кое до сега сум бил. Гледам само убавина и тоа не недопрена, се чувстувам како да сум на крајот на светот, некаде што не стапнал човечката нога. Таму животот изгледа толку многу убав и толку многу интересен, човек да не посака да си оди. Но, самотијата убива толку силно што ниедна убавина не може да ја замени. Убавината значи сјајно сонце и бистра вода, убавината значи зелена трева и недопрени боровинки, убавината значи шаренило и среќа.

Но, среќата не е целосна ако нема со кого да се сподели. Радоста не е радост, ако барем не ја делиш со уште некој. Насмевката нема цел ако не е упатена кон некого. Животот нема смисла ако нема уште еден сличен на него. Џабе е сето ова парче бегање од реалност, кога животот изгледа многу поинаков. Залудно е секој чекор што ќе поминам во оваа утопија. Проклето боли фактот дека морам да изберам да се вратам назад во суровата реалност каде што страдањето ќе го делам со друг. А уште повеќе убива сознанието дека убавината мора да ја живееш сам. Станува збор за тешка дилема, но нема потреба од размислување, јас избрав реалност - сурова, но заедно со другите. А вие што избрале?
 
Р

~~РубинРед~~

Гостин
Безброј звезди.
Плажа.
Ситен песок.
А на нејзе лежаат таа и тој.
Ги набљудуваат звездите и си прават фигури.
Тивкиот топол ветер им ги галеше косите и лицата прекрасни кои ги имаа.
Се бркаа наоколу.
Ја вртеше високо а нејзината разлитана коса и прекрасна насмевка ја правеше поубава од било кога.
Го слушаа постепено и звукот на брановите на морето.
Тие беа некаде далеку.
Далеку од сите.
Далеку од болки,страдања,солзи.
Мајами,Акапулко?
Не беа на ниту на едно од местава.
Тие беа на место кај што се беше дозволено.
Во рајот.
Таму кај што сите беа срекни и весели.
А таа и тој едни и единствени.
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Одеше сам по улицата и го потчукнуваше каменот кој го влечкаше стотина метри по улицата. Улицата беше осветлена од уличните ламби и свежите вирчиња од свежо заврнатиот дожд одблеснуваа како живо сребро и со полната месечина ја правеа таа вечер како зајдинсонце од разгледница во Тиват.
Спокојна миризба од пожолтените лисја на уличните диви костени се ширеше низ целата таа ареа. Каменот падна во едно од блиските вирчиња кое беше малку подлабоко, само го погледна и поворно продолжи да оди по улицата со мислите дека нема да се појави ниту еден автомобил и да ја уништи оваа глетка. Загледа во покривот на една куќа која имаше некоја гравура со иницијали и година 1967 на неа како рефлексија кога е изградена.
Продолжи да чекори по улицата и гази по попаднатите костенови лисја, ги стави рацето во џебовите и почна да го оди како Роберт Плант на концертот за ББС кога ја изведува Биг Лог. Се упати кон станот од 33 квадрати и го извади клучот за да влези дома. Штракна еднаш и влезе во дневната соба каде што татко му и мајка му веќе беа во длабок сон. Телевизорот беше пуштен но програма немаше воопшто на него туку само плав екран со знак дека нема сигнал. Го отвори фрижидерот и успеа да најде маргарин и бело сирење, направи еден сендвич и влезе во неговата соба или спалната. Го пушти тивко радио/касетофонот, ја изваде омилената касета, ја пушти омилената песна и заборави на се.



Тагови

Роберт Плант на ББС концертот со рацето во џебови како Џафер на Макфест 98


Омилената песна

 

Вештица

love&reason
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.524
Поени од реакции
856
Јас не бев убаво дете, ни слатко, ни неодоливо, ни ништо од тоа. Никој никогаш не ни спомнал каква сум била, ни искоментирал со повисок тон на сликите. Не се сеќавам како сум зборувала, можеби никој не ни се сеќава, се сеќавам само на слики. Како храниме гулаби со баба ми, или играме пред зграда. Како ме прашуваат во градинка скоро секој ден дали се породи мајка ми, освен денот кога стварно се породи. Се сеќавам на лицето на дедо ми кога прв пат ја виде сестра ми. И тоа дека сакав сестра ми да е повиена во розево ќебенце, а не жолто, значи сум имала феминизам во себе. Но на ликот нема црти на нежност,па ни на грубост, јас од секогаш сум била одредена да бидам неодредена. Само одредени големи очи и големи уши кои единствено не се променија, туку телото се прилагоди на нив.
Никогаш не сфатив зошто одбрав да бидам самотник во школо.. Или во кој момент престанав да бидам. Се сеќавам дека првиот пат кога се засрамив од себе си беше кога еден другар од клас ме погледна попреку зошто не бев скоцкана за приредбата. Дури знам и што носев.
И сеуште ја барам таа нежност во мене, она што треба девојче да поседува,или некоја одредена женственост, најверојатно никогаш нема да ја пронајдам. Никогаш не ни успеав да го контролирам говорот на телото ни полусвесните реакции кои ги оддавам. Се што излегува од мене е збркана и несмасна заводливост, патетичност. И сеуште сакам да го земам тоа што е конформистичко, иако повеќе ми се допаѓа она што не е. Исто како што навистина повеќе ја сакав жолтата боја, повеќе ја сакам сеуште. Единствено што успеав е да престанам да согледувам дека сум самотник, иако камуфлирана меѓу многу луѓе. И никогаш нема да сакам кога се комбинираат црвената и зелената, па макар тоа да е на роза.
Колку повеќе има дете во мене од колку што некогаш ќе си признаам...
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Стариот крал Џорџ се наведна и ја зеде топката што се тркалаше по килимот кој за поклон го доби од Шахот Мусаб. Малиот Едвард чекаше како кутре пред касапница неговиот дедо да му ја фрли топката и нежно го молеше со неговиот Џорди акцент. Облечен во црвено пантоломи и со неговиот пискав глас нервираше и го засмејуваше стариот крал Џорџ како Стјуи од Фемили Гај.
Кај мене во село Букар го викаат човек на прекар некој кој има тврда глава или пак што касиерките од кино благајните им даваат билети само за во ложа. Кај мене во фамилијата по мајчина страна скоро сите имаат бабачко тикви и се родени со царски рез.
Прапрапра дедо ми Митре бил голем маж, никој не знае точна големина но прабаба ми вика бил висок како јасенот во дворот и широк како манастирски кладенец. Два коњи можел да ги носи за узди на поило во исто време и магаре да премести на раце преку река кога е надојдена.
Не зборувал многу и бил многу добар како што вика баба ми никој не чува отров во шише од две кила, во ретките моменти кога зборувал имал длабок глас и зборувал тивко, прибрано како да се плашел ако биди гласен ќе избегаат сите од неговата големина.
Митре работел со стоката дење и ноќе додека браќата негови учеле факултети, сестрите се измажиле и заминале. Останал само со татко ми и мајка му постари луѓе кој упорно праќале само пари на неговите браќа во градот и купувале руба за сестрите.
Едно есенско утро Митре го снемало од селото, исчезнал како да е игла или петлица, а не човек планина од кој се плашела цела околија.
По три години во селото се појавил Митре со магаре и на него полумртва девојка и бебе годиначе во лулка. Влегол во куќата кај мајка му и побарал да ја викнат бајачката Рајна и селскиот доктор.


XXX​



Три дена беспомошно се обидувале бајачката и докторот да ја спасат младата девојка која била најмногу 17 години но не успеале. Митре цело време седел пред собата и не влегувал внатре, не јадел ниту пиел ништо тие три дена и не зборнал ниту збор.
Кога го викнале настрана да го го прашаат која е девојката и да му кажат дека е умрена, рекол само чувајте го бебето ќе се вратам тивко и прибрано. Ја зел умрената девојка со едната рака како да е врапче и излегол.
Се зборувале низ селото дека Митре отишол на гробишта и со сопствени раце го ископал гробот од два метра за 5 минути, ја положил девојката, ја бакнал и ја затрупал дупката. Пошол во црква до кај попот и му дал 100 гроша за да ја испеј и да намести крст на грбот.


XXX​





На излегување од селото мавнал со тупаница во каменот и оставил трага на каменот и заминал сам во планината како и што се вратил. Овчарите зборувале дека три дена слушале како некоја мечка да рика низ планина во зима дури и волците бегале од тој надчовечки рив.
По седум недели повторно влегол Митре повторно во селото тивко и го зел детето во раце што го оставил со девојката и цврсто го прегрнал. Извадил од бисаќите грумен злато колку неговата рака го оставил на маса и им рекол на родителите да го пазат бебето.
Селаните од селото отаде планина и ден денеска кажуваат дека за тоа како Митре се појавил во нивното село и затропал на вратата од кај чорбаџијата Цане кој имал петмина синови. Се наведнал за да влезе во собата и седнал на триножното столче, ја фатил мајката во црнина која имала само една ќерка и само и рекол каде е закопана која одма почнала да пишти.
Најпрво рипнал Цане кој го грабнал кујнскиот нож и тргнал кон Митрета за да го коли. Неговите синови стоеле тука и воопшто не изреагирале, мајката на момата липала и пискала да не направат голема.
Митре рипнал од триножното столче, го грабнал Цане како јагне за на колење под мишка и ножот во друга и заминал во гумното. Браќата се затрчале по него и ја оставиле мајката сама уплашени од големината на Митре, кога стасале во гумното Митре го пуштил Цане, му го вратил ножот и клекнал на колена со вратот наместен за да го заколи. Цане и синовите вртеле како глутница волци околу Митрета ама не се осмелувале да го нападнат. Митре се исправил го зел Цане за рака и си го збрцал ножот во срце сам. Се осоклиле синовите после тоа и го докусуриле Митрета човекот планина и мојот прапрапрадедо.





XXX​






Никој не знае каде Митре ја нашол девојката и каде живееле три години, се зборувало дека Митре кога ги пасел овците погледот им се вкрстувал со трошната девојка која имала 14 години и полнела стомни и која го гледала Митре како со секирата цепи дабчина на едно мање. Никој не знае зошто Митре не ја запросил девојката ако веќе ја сакал, дали во тоа негово големо битие намало место за зборови како љубов. Дали се исплашил заради разликата во годините нема да му ја дадат да ја земе, дали девојката самоволно заминала со него како бегалка или Митре ја грабнал никој не може да знае и каже.
По две години ја нашле колибата каде Митре живеел со девојката и каде се родило неговото единствено дете, на врвот од планината каде што само Митре немал страв да ги паси овците таму го поминал неговиот најсреќен период од животот.




XXX​





Синот од Митре пораснал но не бил ниту доволно голем, ниту пак снажен како татко му, од неговата семка имам и јас кој сум голем како секој просечен Македонец. Немам појдено да ја посетам Митревата колиба на врвот во планината две години. Како студент тоа ми беше омилено место за швркање кога идевме во група, и ја кажував приказната за Митре на дотичната момичка што ми е во мисла и тоа колку мечки и волци има во планината и лап од шатор надвор се прибираше кај внукот на Митре во неговата колиба. Знам дека прапрадедо ми не се лути што немам срце за вистинска љубов како неги и манипулирам​
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.707
Поени од реакции
13.379
Cookies II

„Зврррр!!" го слушна телефонот додека го сечеше замрзнатиот домат на ситни коцки. Забрза да ја крене слушалката.
- Доаѓам за петнаесетина минути мила. – и` рече додека таа отсутно се присетуваше да не заборавила нешто во сосот.
- Во ред, само зврцни ми штом ќе си пред вратата. – му одговори. Откако ја склопи слушалката, со ситни чекори потрча во кујната. Погледна во часовникот. „Добро е, уште пет минути ќе биде готово." - си мислеше. Ги редеше сите работи потребни за изненадувањето што го приготвуваше уште од самото утро. Посегна по дрвената лажица која беше натопена во пирето со боја на нејзините меки усни. Го вкуси со насмевка. „Таман" – посегна по вентилот за плин. Пламчето згасна во истиот момент. Ги зеде двете чинии кои беа уредно сместени над фрижидерот, чекајќи го моментот да бидат отворени. Вилушките и чашите беа следни. На крај извади една висока тенка свеќа и ја намести во центарот. Потоа исчезна во својата соба трагајќи по соодветно парче облека.

Чекореше тивко по скаменетата од студ земја. Беше во својата омилена облека, веќе неколку дена износена. Студот подмолно му се навлекуваше во коските додека тој ги броеше последните минути од својата слобода. Сонуваше повторно за дома, за неговата поголема сеста како го подучуваше кога беше мал. И пак за неа. Посегна по ножот и го стави во футролата. Беше целосно подготвен.

- Задоцни – го задеваше со нејзиниот ѓаволест поглед. Неговите усни се судрија со нејзините додека го симнуваше палтото.
- Мммм нешто прекрасно се готви. Изненадување? – се трудеше да се измолкне од нејзината прегратка.
- Зарем не заслужуваш. – го повлече кон себе додека тој го вперуваше погледот кон кујната.
- Шпагети... како само знаеше... – ја допре за брадата.
- Ах да знаеш само колку работи знам за тебе... – се наведна кон неговото лице, вкусувајќи ги усните.
- Ме плашиш – ја задеваше со кратки бакнежи низ брадата и лицето. – Но засташувачки прекрасно ми е.
- Ох дојди ти ваму... – се мушна во неговата прегратка.

Ноќта беше маглива и студена. Чувствуваше како влажиниот воздух му струеше низ кожата, додека ги слушаше притаените крици на птиците кои ја ловеа својата вечера. Беше во сосема непозната територија, на различен крај на светот, каде луѓето како него беа омилена мета за тамошната герила. Го чувствуваше оној страв во себе, дека зад секој агол се крие непријателски војник, со погледот вперен во неговиот ум. Во исто време тоа чувство на страв му долеваше доза на адреналин, кој му побудуваше налудничава насмевка на усните. Само што посегна по својот нож, сакајќи да пресече неколку гранки, почувствува неколку притаени воздишки.
- Не требаше да сме тука... – го слушаше неговиот пријател како се жали.
- Де па и ти. За шест месеци ќе бидеме повторно дома. И замисли како што... како богови! Ќе бидеме славни, девојките ќе се лепат за нас, ќе... – започна другиот до него
- Шшшш! – им довика. – Ќе не чујат.
- Што ќе не чујат? – довика другиот. – ако мислиш дека им се плашам... сакаше да продолжи но тогаш се чу некакво пискање во воздухот.
- Проектил Вик... - единствено што се сеќаваше во тој момент беа зборовите на неговиот пријател. А потоа гласен тресок и светлина.

Се разбуди видно возбудена. Скришно се измолкна од неговата прегратка, посегнувајќи по кутијата со цигари. Стана и се упати кон балконот. Го имаше тоа чувство на вина, кога и покрај толку обиди и препуштања, работите никако да се помрднат од мртва точка. Повлече длабоко од цигарата и се обиде да го задржи здивот. Погледот и` заталка на пианото што стоеше на ќошот. Спомените го сторија останатото. Се присети на мирисот кој тлееше во воздухот додека тој ја свиреше мелодијата на нејзината среќа. Потоа, неговиот глас. Секогаш тука, да и` каже колку ја љубеше, колку му недостигаше кога нивните погледи се разидоа. Неговиот допир, кога играа во танцот на нивните чувства. И за крај, неговиот поглед. Оној кој за прв пат го почувствува кога влезе во слаткарницата. Сите овие спомени, придружени со вкусот на тутунот и` го замаглија умот. Замислено, го повлече и последниот дим од цигарата. Потоа се упати во креветот. Само што се наведна да се кутне во постелата, го чу телефонот. Избрза да ја крене слушалката, надевајќи се на погрешен број но од другата страна слушна еден познат треперлив глас.
- Луција, Лора е. Виктор е во... – сакаше да дорече, но веќе се слушаше долгиот сигнал од другата страна.
- Што е целава работа? – сонливо се поткрена тој, барајќи ја со погледот, Ја најде стуткана зад аголот во собата. Липаше.
 
Р

~~РубинРед~~

Гостин
Сила.
Нешто што ми е потребно да го имам овие моменти.
Па зар пагам јас во бездна,или во тунел без светло на крај?
Долг тунел со големи препреки да стигнам до целта.
Или пак сето ова е само нов почеток во мојот живот кој пак ми дава некој знак и да се искачам на стрмниот рид?
Многу препреки гледам,но не гледам начин како да стигнам до целта.
Долг е патот.
И искушение повторно.
Но дали ке успеам да го игнорирам сето ова што го чуствувам и сите овие работи за ограничено време?
Ништо не е невозможно.
Ја имам само храброста и дождот да ми прават друштво во сета ова збрка.
 
С

Сатори

Гостин
***
Никогаш никој(он) не ме научи како треба да му се поклонувам на таротот, како да им одавам причести на големата и малата аркана или да го читам преносното значење преку букви, слики и неартикулирани зборови кои што треба да се излеваат од мене.Заборавија(он) да ме образува/ат за значењето на фигурите во шолја полна црн талог или за редоследот на настаните.Треба да бидам гневна, не, треба да бидам распарчена на мали делови затоа што одвај дишам кога ќе се сетам дека не знам како да преживеам, а тука сум и среќна сум и уживам во лагодноста на некоја наводна себепрокламација, лажам.Ладнокрвна сум како да ме направиле од камен ... не ... никогаш не ме научи(ти) да бидам како тебе, камен, а знам, дека учев од најдобриот.Замисли, сеуште ти ласкам.Немав храброст да пишувам, затоа што во моментот кога ќе ги напишам ситуационите алелуии на свечениот fin, тогаш тоа прераснува во реалност, а знаеш како јас и реалноста никогаш не сме биле во среќна релација, јас сум љубоморна, реалноста ме изневерува на секој чекор, трагикомично.Но помина доволно време и сите чекори се веќе јасни, и немам со кој да играм шах и никој не ме побива во теоријата за тоа како хоризонталната експанзија е поверојатна од некоја нова Хабл идеологија за далекусежно мерење (на половите органи), немам избор, реално морам да ти признаам дека почнав да чувствувам.Се сеќаваш како еднаш одамна ми рече дека не заслужувам да завршам како црна јама, зошто во тој случај ќе се обелоденат сите твои предскажувања ... како треба да бидам посилна од сите ветрови кои што ќе имаат мирис на лаванда и рибизли, како треба да престанам да пијам, престанав да пушам барем, ако тоа се рачуна?
***
-Динг донг!
-Да?
-Овде живее Бојковска Виолета?
-Не ... да, само привремено, повелете.
-Ова е покана за неа.Потпишете се во нејзино име ве молам, никој не потенцираше дека треба да ја прими лично.
-Во ред.

(Единствената форма во која што можам да ти се прикажам е инкогнито потпис и одвај достапно сеќавање во твојата меморија.Ти ветив дека ќе ти дадам неколку можности во животот, да успееш, да љубиш, да те љубат и да бидеш среќна, ти ветив и дека ќе ти ги дадам на тацна секоја декада од твојот живот, а сега ја започна втората, а јас сум точен како швајцарски саат, дури и датумот се обидов да го запазам, а јас знам дека ти знаеш дека јас знам дека ги чуваш сите морбидни детали во твојата глава како побожни жени венчаницата.Затоа мила, конечно пушти ја косата да ти порасне, и така првиот пат ја скрати без причина, престани да се криеш зад маската на херетицизам и те молам, престани да пишуваш на истите теми, веќе ми стана досадно да ги читам, а знаеш како мразам да биде досадно.Не ги кажувај зборовите ... покажувај ги.Кажувањето излезе од мода, јас би требало да знам.)
***
Навистина не сакам да знам да направам разлика помеѓу Милан и Интер, затоа што кога би почнала да го правам тоа, нема да биде толку интересно кога ти ќе зборуваш, а мене фактички ќе ми биде забавно да те слушам затоа што се обидуваш да ми објасниш за да разберам.Никогаш нема да посакам да знам да решавам матрици, затоа што нема да биде „лесно“ кога ти тоа ќе го правиш на масата во кујна а јас ќе се смешкам зад тебе бидејќи си толку болно сконцентриран, не сакам да научиш да готвиш затоа што моето печење на пандишпан ќе биде премногу обично, да пораснеш уште 10 сантиметри затоа што и на штикла од 20 нема да можам да те бацам ...

So, so you think you can tell Heaven from Hell, blue skies from pain.
Can you tell a green field from a cold steel rail? A smile from a veil?
Do you think you can tell?

And did they get you to trade your heroes for ghosts? Hot ashes for trees?
Hot air for a cool breeze? Cold comfort for change?
And did you exchange a walk on part in the war for a lead role in a cage?


 
Р

~~РубинРед~~

Гостин
Историјата се повторуваше,само...нови личности,нови срца две,различно место и време,а приказната за нив двајца беше иста ко и на нејзината керка.
Таа, Мишел беше најубавата девојка и најпаметната во својот град,сите и се поклонуваа,од млади до стари генерации.Беше обожавана на еден посебен начин.Блескаше речиси на сите полиња.
Една нок,додека беше сама во својата соба почна да врне силен дожд,да дува силен ветер.
Таа излезе надвор без ничие знаење.
Одеше некаде по улиците.
Сама.Неуредна,бушава но сепак слатка.
Улиците беа празни,неосветлени а на тоа да се додаде и моменталното време ке помисли човек дека се наога во некој хорор филм на Алфред Хичкок.
Солзите почнаа да пагат по нејзиното нежно лице,не беше толку срекна како што велеа.И недостигаше сепак нешто.
Но кој или што е тоа?
Што навистина и беше потребно нејзе?
Го довикуваше неговото име,но него го немаше никаде.
Беше во прегратките на друга девојка која вешто го лажеше дека го сака него само заради нејзиниот рејтинг.
Мишел плачеше секоја вечер само за еден негов поглед,но беше свесна дека тоа немаше да се случи.
Или пак да?
Седејки на клупата на која беше за да одмори од долгиот пат,некој ја допре за нејзиното рамо и и го кажа она што посакуваше таа.
Тој беше таму.
Таа пред него и не и се веруваше.
Плачеше од срека а тој полека и ги избриша солзите и и рече да не се грижи бидејки тој е покрај нејзе и дека нема да дозволи да се случи ништо лошо.
Се прегрнаа и трчаа по дождот радувајки се на него ко мали деца.
Таа го праша за неговата Шерил а тој и рече да молчи и нежно ја бакна и и рече дека е завршено.
Мишел и тој беа срекни таа вечер.
И ден потоа.
Среката не ја напушташе.
Тој и ги исполнуваше сите желби,а таа беше неговата единствена.
Беа заедно долги и долги години,додека нивните срца не престанаа да чукат.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.707
Поени од реакции
13.379
Прсти

Утрото беше чисто. Сонцето ја капеше просторијата нагрната со боја на лешник. Се чувствуваше мирисот на напнатоста која бликаше од неговиот ум. Сеуште не знаеше да чита... но успеваше да ја почувствува најмалата разлика, која беше вметната во секој звук. Посегна по столчето. Го допре со прстите неговата веќе излитена површина. Посака да седне на него. Се изкачи и со голем напор се смести. Предметот што стоеше пред него неше од непозната природа. Со форма на плакар, два пати повиоск од самиот тој. Со многу копчиња. Црни и бели, ги испружи прстите и плесна по дирките. Чувствуваше како негативната енергија се топи во безмилосно тропање по пианото. Потоа се смири. Почна да свири некоја мелодија, непозната за никого друг освен за него. Прстите му беа испружени. Ги затвори очите и престана. Не очекуваше аплауз од никого. Заспа на столицата.

Го разбуди цвокотењето на неговите заби. Студот кој се насобрал во коските, му ја јадеше душата. Посегна по дирките. Тоновите трепереа несигурно додека тој ги свиреше првите етиди. Сакаше да остави одличен впечаток.
- Не Игоре, заокружи ги прстите, опушти ја раката! – го слушаше гласот на учителката. По којзнае кoј пат... Прстите сами му се формираа во стапчиња, толку згрчени, загубени во својата несигурност. Посакуваше да бидат барем помалку исплашени. Се помести од столчето и ја повтори лекцијата.

Прстите и` трепереа додека го очекуваше неговото појавување пред публиката. За прв пат ќе го слушне сето она што тој жртвуваше денови и денови. Моменти поминати во осаменост, солзи исплакани додека го чекаше него да и` се јави. Сепак вредеше да чека. Плесна со дланките, ги спои прстите кога тој се појави на сцената. Го слушаше неговиот здив, кој испаруваше заедно со звуците на пијаното. За прв пат солзите и` искрадоа насмевка. По настапот, таа го пронајде него и го прегрна. Ги нурна нејзините малечки прсти во неговата коса. Тој посака да останат внатре. Помина нежно со дланката по нејзиниот образ.
- Мила, утре заминувам на пат.
Ги собра нејзините раце во скутот. Тажно го погледна и ја сврте главата на страна.
- Вети ми дека брзо ќе се вратиш...
Тој го исправи показалецот и го стави меѓу нејзините усни.
- Побрзо отколку што очекуваш – се наведна и ја бакна.
 

burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
Ниту темнината не ме сака веќе, а нели таа ги сака сите?
Да се откажам ли и од воздухот што го дишам за да си ја разберам мојата судбина.
Каде ли се оди кога никој не те сака? Како што работите изгледаат ќе треба да ја направам најгрозоморната работа...да создадам сопствен пекол каде што јас ќе бидам демонот. Барем така ќе чуствувам некаква топлина од својот свет, затоа што овој не е мој.
Песните на иднината изгореа и тоа многу брзо, моите очи замрзнаа пред сета оваа празнина, каде сте сега вие глупави филозофи што мислите дека сте толку паметни и на сите?! Каде е сега мојата правдина, каде е нивната правдина...каде е се?
Во мојот свет сте сите, и затоа сите сте ништо...и поради тоа ништо јас немам ништо.
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.785
Поени од реакции
4.028
Зарем некогаш би можела да се посомневам во твојата боженственост?
Дали некогаш ќе можам да се одречам од тебе, твојата едноставност и комплицираност.. Од твоите сочни и студени усни..
Од твојот студен и топол поглед, полн со љубов... Од твоите шепоти кои ме милуваат во ноќта...
Дали некогаш ќе можам да се соочам со твоите лаги и вистини..
Ти си ангел и демон. Ме прогонуваш, а потоа ме галиш. Ме возвишуваш, па убиваш... Проникнуваш во моите соништа, мислите непослушно бегаат во твој правец. Го издишувам твоето име, ти си ми прва и последна мисла..
Никогаш нема да ги разберам твоите зборови кои звучат убаво како нежна песна.
Нема да го почувствувам твоето тело кое лежи припиено до мене..

Се дур не ми дозволиш.
А потоа...
Рајот би бил нашиот дом.
 
Г

Господ

Гостин
She kills me and then revives me
only to kill me again.
I know I'm not supposed to have these feelings.
I know that I'm supposed to move on,but damn she is so...intriguing.
I've never really met something alike.
I myself wonder...what makes me,the unshakeable master,to cripple like a little child.
It's not love.
At least there is no reason for it to be.
But it's hardly obsession either...it just is.
It's there.
Haunting me,devouring me,thrusting it's claws in my throat.
Day by day,every moment we share makes me sick and high on happiness at the same time.
Every second I waste trying makes me wonder if the next one is my last.
My brain tells me that I'm just digging my own grave
while my heart screams for those moments to last forever.
I know she doesn't care.
And I know that soon I won't either.
But this heart can wait,
as it always did.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom