С
Сатори
Гостин
Не дека не одев по погрешни сокаци во животот, не дека нешто научив, но како да се борам со силата со која што секој од нас секој ден бега, ја истакнува или повторно, ја убива, тивко ја завива во себе како да е нешто страшно или порочно?
Не знам, навистина ништо не знам, премлада сум, пренеискусна или веројатно само уште еден тинејџер кој што учи од обичната дискусија, додека леснотијата на сопствениот живот ме прогонува правејќи ме секој ден посреќна или пофрустирана.
Да, колку и да зборувам, да солам памет или да се правам порасната, јас знам само едно, но нема да го повторувам, барем не јавно, веќе доволно го кажувам таму каде што треба да биде кажано и да не лажам убаво е.
Но алтруизмот не се гледа во среќата на мојот живот или во мизеријата на оние што ги сметам за блиски или далечни, туку во онаа мала димензија каде што еден збор може да смени нешто, да даде утеха или барем привидна заштита секогаш кога ќе биде изговорен.
Не, не мислам на љубовта, туку на пријателството, на онаа нераскинлива врска која што поврзува две души и потоа ги дели како тоа да е обична пајажина.
Алтруизам, добронамерност и потреба за одолжување кон некој што бил тука додека ти се рушел светот, но што кога веќе сме направиле повеќе од доволно?
Кога ја нема потребата од исполнување на должноста?
Се затвара вратата, се губат и последните траги на свечена церемонија и да, забораваме на нашата потреба да го спасуваме светот на некој што некогаш ни бил драг.
Прости драга, што едноставно, пронајдов среќа некаде подалку од тебе и твоите луцидни соништа, знам, виновна сум што завршив среќна пред тебе.Моја грешка, моја голема џиновска отстапка кон твојата потреба за докажување, но знаеш, не можам да се смешкам додека ми ги објаснуваш твоите најнови достигнувања на љубовен план.
Повторно велам, прости што сум малку повеќе смирена, не очекував и јас, не бев на тој чекор решена, но јас заминав, а ти остана ... различните светови и цели ги убиваат патиштата по кои што газевме заедно, но сепак, не ставам клуч, нека болат старите рани малку повеќе, со времето и димензиите во кои што не се пронаоѓаме ќе се појават нови ликови, а ти ќе ме заборавиш мене, знам.
Проклето силно се надевам!