Прозни искри

Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
Sth personal

Седам на масата до прозорецот и се обидувам да го дешифрирам хаосот во главата. Чувствувам тежина, дали е од бремето надвиснато над мозочните виуги или од алкохолот што го измешав вчера?

Во мене живее ѓаволче и чувствувам наплив на енергија за негово уништување, што би значело и самодеструктирање. Викаат If you can't beat them, join them. Ако не можам да се ослободам од ова жилаво црвено суштество со копје во рака, значи дека треба да му ја научам тактиката за напад, за да навреме ги активирам клетките-убијци. Едноставни се правилата на противниците, меѓусебното истражување бара слаба точка. Не смеам да покажам малодушност пред ѓаволчето поради разочараност од Неа.

Луѓето не се толку променливи колку што се нашите гледишта променливи. Можеби јас во последно време сакав да продолжам да верувам дека таа е сеуште мојата најдобра другарка. Но кога се вели најдобра, се мисли на личност која е со тебе и те подржува и советува и во добро и во зло. Не го барав нејзиното рамо за да се лигавам, барав нејзино друштво за да ги растерам лошите мисли, за да мислам на нешто друго, нешто повесело од помислата како тонам во жива кал.

После открив дека човек треба прво сам на себе да си биде најдобар пријател и сфатив дека она што го правев и воопшто сум го правела во животот е резултат на свесна одлука. Од сегашна гледна точка, мислам дека не се` што сум правела било исправно, си имало свои аномалии, но факт е дека сеуште не е измислена временска машина, па со тоа автоматски човек мора да се убеди дека сега нема каење, што било поминало и сега останува само поуката од сето тоа, волјата да си простиш самиот на себеси и можноста полетно да продолжиш со животот.

...бар ми олесна!
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.734
Поени од реакции
13.491
The understanding

Concluding.......
Солзи... Ми идеше да ја откорнам вратата но...Наеднаш почувствуав одбивност.
“Нека крши глава“ си реков и заминав. Ме иритираше фактот дека и покрај сите понуди за помош таа ме одбиваше. Зошто??? Од кај почнува целиот овој проблем??? Почна градењето на ѕидот. Секој ден камен по амен редев само некако да ја заборавам. Но тешко. И покрај сево ова што ми го имаше направено не можев така лесно да ја тргнам од мислите. Беше длабоко навлезена весело се смешкаше и се поигруваше во умот мој. Деновите полека изминуваа а ѕидот растеше и растеше. Мирот полека се јавуваше во мене. На крај краева сепак не се врти се околу љубовта. Има и друг свет во кој можам да бидам толку среќен колку и во оној претходен во кој таа беше присутна. Дали??? Не. Љубовта не можеше да ме остави иако беше при самото заминување. Помина многу време од оној дождлив ден кога заминав. Ме разбуди нејзиниот плач. Невоља – си помислив. Ов вака не оди. Ќе ја видам па макар и ме исфрлила од куќата. Го кренав телефонот – нико не се јавува. Гарант се случило нешто невообичаено. За момент се појавив пред истите порти кои пред неполни два месеци ги видов како се затвораат. Почувствував нестабилност. Да ја побарам или не?? Двоумење... минута две. Собрав храброст. “С`е или ништо’’ си реков и затропав на вратата. Се појави некое лице кое едвај можев да го препознам. Беше цело бледо, исушено, бризнато во плач.
- Здраво, извини вака што ти додевам но морав да те видам
- Зошто се појави повторно??? Ти реков дека не сакам да те видам...
- Ахх жалам ама овака веќе не иде... Мора да поразговараме. Може да влезам?
Се појави еден загадочен израз на нејзиното лице. Како сакаше да каже “не“ но смекна. Виде дека не може тек така да се оттараси од мене“
- Ок влези. Но само на кратко.
- Благодарам. Во што е проблемот – избрзав седнувајќи на каучот. -Многу лошо ги третираш луѓето кога си нервна.
- Не знам од каде да почнам. Дали ќе ми се налутиш ако ти кажам?
- Не. Било што било сакам повторно да те видам среќна и весела.
- Еве вака. Се сеќаваш на оној ден кога ми се јави?
- Да. Како можам да го заборавам...
- Е па претходниот ден запознав еден тип кој многу ми се допаѓаше. Беше онака фин, кул и ме покани да излеземе на кафе. Правевме муабет и видов дека имаме многу заеднички работи. Утредента кога ми се јави вечерта имав план да искочам со него и неговото друштво... И излегов... Беше супер онака опуштено. при саммиот крај ме бакна. Почувствував како да сум центарот на светот. Среќата немаше граници... Утредента се се смени. Го барав на телефон но тој не се јави. По неколку денови го забележав и му се фрлив в прегратка. Ме гушна но во тој момент не почувствував ништо. Нешто со него не чинеше. А подоцна и тоа излезе на видело. Го видов со друга... како ја држеше во прегратки, се бакнуваа.... не можам повеќе да зборам ќе ми пукне срцето...
Ја гледав како се тресеше... лицето цело и беше бледо а очите црвени од плачење. Ја прегрнав... Се мушна во мене како мало дете кога ќе ја признае грешката.
- Добро и...
- Не сакам повеќе да го видам. Расипан перверзњак. Како можеше...
- А ти? Ти како можеше??? Дали ти беше фер играч???
- Ама ова е....
- Нема тука ама. Многу добро те познавам. Нели и ти го правеше истото со мене???
- Те молам прости ми, знам дека многу згрешив и се каам длабоко во душата.
- Ќе размислам...
- Те молам... ќе умрам инаку.
- Де бе а јас? Како јас ги преживејував овие два месеци? Никогаш не си се запрашала, никогаш не ти паднало на памет?
- Ми беше страв да ти кажам.... . Те молам прости ми.
- Страв??? Од што страв? Јас не тепам, не јадам, не убивам па за да имаш страв од мене.
- Страв од тоа дека ќе те изгубам. Те молам прости ми...
Климнав со главата. Ме прегрна цврсто. Очите иако насолзени и светнаа. Полека, полека и се врати руменилото назад. Ме погледна право во усните. Не можев да издржам. Ја бакнав. Почувствував некоја внатрешна сигурност, некој вид на среќа која полека но сигурно навлегуваше во срцето.
 

Goddess of Chaos

Nixe Nox
Член од
16 август 2005
Мислења
6.250
Поени од реакции
229
Денес, баш денес, точно денес, се чувствувам посвоја од кога и да било.
Јас сум јас и ние сме прегрнати низ вечноста.
Како преплетени корења на две прастари дрвја чие заедничко патување почнало уште кога првпат осетиле прашина на своите млади тела.
И денес повторно во овој живот го почувствував тој траг, таму некаде во шумата.
Облаците минат пребрзо над нашите предувести лисја.
Нека минат.
Ова е вечен ден за чистото срце, и вечна ноќ за сировата страст.
 

aquarius

sweet child
Член од
20 октомври 2007
Мислења
170
Поени од реакции
0
По долго време,безуспешно ќе се обидуваме да го пронајдеме мирисот и одекнувањата уништени со години.Ќе останеме со желба да бидеме она што некогаш бевме.
Но еден мал дел од мене ми вели дека ние сме сепак сме тоа,ние сепак сме деца,и ќе останеме засекогаш деца!
Во години,од овој ден,од овој миг,некогаш ќе се сретнеме повторно...
Ќе ти ги подадам рацете мои,како на стар пријател.
Ќе ја уништам болката од нашето минато.Но знај,ќе лажам кога ќе речам дека не се грижам за ништо и дека сум среќна,и дека повеќе не те сакам!
Прости ми што вечно ќе те памтам и не обвинувај ме што секогаш си во моите мисли.
Тој ден подај ми ги рацете и биди среќен за мене,зашто можеби и тогаш нема да знаеш дека ТЕ САКАМ!
 

La Española

Лекот е отров!
Член од
1 февруари 2007
Мислења
1.808
Поени од реакции
556
Беше еднаш едно местенце во заборавениот дел на светот, топло и мало- на некој начин убаво...
Живееше во него едно девојченце со некоја посебна ѕвезда во себе, ѕвезда што правеше луѓето да ја забележуваат, да ја засакаат, да им стане мила... Беше чудно весело девојченце, секогаш насмеано, секогаш живо, секогаш распеано... Секогаш сакаше да биде меѓу луѓе, да се забавува со нив, да разговара... Но беше и премногу искрено, премногу чисто, отворено... А светот околу неа и не беше баш таков... Светот беше баш спротивен, и светот почна да ј повредува... НИкогаш не успеа да сфати како може светот да биде таков каков што е, но после сите белези и горења тој свет ја направи затворена, толку затворена што веќе неможеше со никого да се отвори и да биде како што таа сакаше...
Тој свет потполно ја смени... Се чуствуваше како странец во твој свет, одеднаш почуствува како нигде да не припаѓа, како никој да нема- беше само таа сама, изгубена во некој погрешен свет, свет што не беше нејзин... Неможеше ни со најблиските да биде како што сака да биде, дури и тие и беа далечни, толку далечни...
И колку само посакуваше да има некој, некој што ќе ја разбере, на кого ќе може да каже се, пред кој ќе се срушат оние ѕидови, ќе исчезнат сите стравови... некој што ќе биде за неа тука секогаш...
Посакуваше секоја вечер, кога ќе останеше доцна во ноќта и солзи ќе и се тркалаа по лицето... Имаше таа многу луѓе околу себе, остана истото весело девојченце со милата ѕвезда во неа, но сепак не беше исто...
Го гледам вечерва истото девојченце, седи во мракот доцна навечер, солзи му се тркалаат по лицето, срцето му е стегнато, во грлото чуствува некоја грутка, во градите некоја болка и тага, празнина...
Јасно и е дека тоа што е таа, како личност, дека токму тоа ќе биде вечен извор на нејзините страдања, токму тоа што е различна од светот... Но, што може да направи- да се смени неможе, тоа никако неможе... Вдишува длабоко и си вели во себе, тоа ти е судбината, силна си, можеш и ќе продолжиш, ќе поминеш преку се... Мораш!
Ќе има уште многу вакви вечери и солзи, многу солзи, болка... Но мораш понатаму...
 

aquarius

sweet child
Член од
20 октомври 2007
Мислења
170
Поени од реакции
0
Солзи...само солзи и голема тага.Ја прикриваа нејзината насмевка,го покоруваа нејзиното тело,ја одбегнуваа нејзината ранета душа...само на себе мислеа.Мислеа дека затоа што кажува се,затоа што не крие во себе,дека е себична и дека е секогаш така како што таа вели.
Но,не беше.Не беше така.
-Никогаш нема ни да биде-си велеше во себе.
Зад гранките на оревот,лисјата и паѓаа на образите...некои завршуваа по косата....тој не гледаше.
Не ни видел некогаш....Какова голема болка лежи во тие очи...и станува поголема од ден на ден.
За среќа...требаше да бара..а не сакаше да се приморува да ја направи среќна.....А таа сакаше да спие....да спие....и да не се разбуди......
 
Член од
16 јули 2006
Мислења
312
Поени од реакции
4
Мирисот на заборавот
"Ми мириса на загорено млеко... Кој сега ќе го чисти изгореното од шпоретот?! Повеќе мака ми е тоа што ќе го чистам тоа што останало позади, него ли тоа што веќе поминало.Како можев да го заборавам толку долго време! Можеби не ми требало толку многу, затоа и не сум се сетила. Но дали нема да ми треба и утре, а јас веќе го изгубив..."
Абе ајде и онака нема да ме сфатиш што сакам да ти кажам. Не дека си глупав, туку едноставно нема да сакаш да сфатиш. Знам дека си испплашен од моите одговори, ама верувај и јас сум. Едноставно мирисот на заборавот е близу, зар не го чуствуваш. Знам дека можеш да ме приметиш, знам дека приметуваш дека се мењавам. Најискрено се плашам да не те повредам, да не те изгубам и да се покајам... Едноставно навиката ме убива, а ја чуствувам секој пат кога помислувам на тебе и на мене.

P.S. те сакам​
 

--**ЕмА**--

take me as i am
Член од
14 ноември 2007
Мислења
380
Поени од реакции
11
Започна новиот ден...ме разбуди саатот...
Леле треба во школо да одам- си помислив и нервозно станав од креветот се измив и одев накај школо..беше петок што и ми го подобруваше расположението, а највеќе ме радуваше што часовите ги минувавме лудо..немаше никакво учење, никаква дисциплина..Наставниците не дочекуваа во училниците како нивни најголем кошмар......
Како и секој ден така и овој ден поминуваше, станав се измив се облеков , ги ставив сите ланци на мене , обетки , алки и тргнав..по пат забележав еден дечко. Толку беше убав , застанат во еден крај во дворот на училиштето, ме гледаше... не го тргаше погледот од мене а јас од таа трема го осеќав адреналинот во мене, застанав и се обидов да го препознаам но ништо.. Беше облечен во црно исто како мене, стварно сладок дечко... Влегов во училница но не престанував да мислам на него , кога излегов на одмор тој повторно беше тука.. Но овој пат се упати кон мене...треперев, сите гледаа , додека тој полека чекореше со очите заковани , дојде ме прегрна и ми шепна...
Следи ме.... тргна напред и јас по него! Зебележав мрморење меѓу децата но не се свртев да ги погледнам , само чекорев... дојдовме до едно место кое беше под еден мост, прилично темно...Го гледав со искра во очите, се насмеав и само реков....и?
Ме погледна од горе до доле , како да ме меркаше и само ми рече..
-вечерва ќе те посети еден мој пријател , ти кажувам за да не бидеш изненадена..
баш кога сакав да ја отворам усата тој нежно ме застана ме бакна и ми рече...
-има време...
Повторно дома....
Едвај чекав да дојде вечерта, ја сакав ноќта...поготово зошто знаев дека очекувам нешто....



To be continued…
 

--**ЕмА**--

take me as i am
Член од
14 ноември 2007
Мислења
380
Поени од реакции
11
Повторно дома....
Едвај чекав да дојде вечерта, ја сакав ноќта...поготово зошто знаев дека очекувам нешто....
Застанав покрај прозорецот од собата и гледав во мракот како да ми беше прв пат.. ја сакав темнината... полека почнаа да ми се затвараат очите, сонот се плетеше пред мене но одбивав да записјам, сакав да видам што ќе се случи...
Како поминуваше секоја минута мене во главата ми се вртеше само една мисла ..-зборовите на дечкото немаа никаква смисла, како може некој негов другар да дојде да ме посети ? – Губев надеж дека ке се случи нешто посебно...
Како работеше часовникот така мојте очи се затвараа, се испружив на креветот , затворив очи и веднаш заспав...но не за долго....
 
С

Сатори

Гостин
~*~

~Одраз во огледало~

Заробена меѓу туѓи чаршави се бореше со тивкиот глас во нејзината глава кој и велеше:Стануваш иста како него.
Но не, никогаш нема да си дозволи да стане како него, да биде санта мраз, ледена, недопирливата татина девојка која никогаш не го научи значењето на зборот не!Никогаш ... никогаш нема да биде како него.
Стана тивко и полека за да не го разбуди и се облече, застана пред огледалото за да си ја поправи косата, да стави кармин со боја на праска за да и се поклопува со тенот на кожата, ги затвори очите и се погледна.Беше доволно совршена за дечкото што го остави да спие таму, оној на кој нема да му се јавува кога ќе ѕвони, како и на тој пред него и сите останати на кои им ветуваше брда и долини се до моментот на потполно предавање каде душата и се полнеше со енергија и мирис на нечие повторно паѓање пред стаклена душа.Толку, нема повеќе.
Грешка ... таа не станува иста како него, таа веќе е како него.
Мало мизерно суштество кое се храни од емоциите на другите како некој лешинар кој што само чека свежа крв, чека некој доволно наивен за да падне во мрежата на млада, наивна и неискусна.
Го погледна, спиеше така мирно, убеден дека кога ќе се разбуди ќе ја најде крај себе, ангелче без крила.
Навиткан памук полн со апсент и горчлив шуруп.
Излезе надвор од станот со ташната во раце и со злобната самозадоволна насмевка која го криеше кршењето и на последите делови кристална душа ... мајстор за прекирвање траги и уништување.
Исти се, и тоа најмногу ја болеше.
 

Goddess of Chaos

Nixe Nox
Член од
16 август 2005
Мислења
6.250
Поени од реакции
229
Некои нешта мораат да се закопаат доволно длабоко за никогаш сами да не се пронајдат.
Површински закопаните мртовци премногу често стануваат да се напијат свежа вода, прераскажува возбудено моето искуство. Ровката земја им се тркала преку слепоочниците, скапаните дупки на грбот му се радуваат на воздухот, а ти седиш и се нервираш.
Знам дека некои работи ќе дојдат, ги чувствувам како плима што надоаѓа или торнадо кое патувајќи со крици ги известува луѓето од соседниот град дека наскоро и тие ќе си имаат работа со него. Дотогаш, јас ја пијам водата. Си велам, ако ја испијам, мртовците ќе се смират.
Толку фино сум ги завиткала во најнови празнични алишта, а тие што сакаат? Упорно да се валкаат со земски задоволства.
Треба да ми бидете ужасно благодарни, им велам.
Ве успокоив по долгата битка за љубов од овој свет.
Сега сте барем заедно, сонливи фетуси и старици спакувани во чист најлон, обожавани во тишина како никогаш, нека несмасната нежност на врбовите гранки вечно бдее над вас.

 

Fabullous_178

Psychonautics:.
Член од
21 февруари 2007
Мислења
2.987
Поени од реакции
190
Дворецот на Среката

Седеше на столот.
Веке немаше ништо во него,само смиреност.
Знаеше дека се е сега веке завршено.Дека тука и сега,се ке се сруши еднаш засекогаш.Ке се скине тенкиот конец,и се ке биде изгубено.Па да,уште на почеток знаеше дека ке дојде до тоа.ЗНаеја и двајцата,само ете,се надеваа дека тоа тенко конче ке издржи.Ке ја издржи тежината на нивниот голем Дворец,кој и самиот веке беше пред колапс.Останаа само рушевини,на местото на некогашните ѕидини,градени со толку љубов,со толку внимание...едвај се држеше на своето место,секојдневно оддолевајки им на постојаните удари на ветарот,бранејки се од силата на водата,која со своите бранови рушеше се пред себе,и беше толку налутена што неможе да ја отстрани и оваа после пречка на нејзиниот пат,за после да може слободно да се движи и да се гордее дека не постои елемент во природата,кој би можел да и парира на нејзината огромна разорна сила.Проклета вода.
Но зошто уште на почетокот сакаа да го задржат тој мал конец кој ги поврзуваше?
Знаеја и сами дека тоа ке биде скоро невозможно,со оглед на тоа дека скоро сите фактори беа против тоа.Едноставно енергијата не сакаше да тргне по тој пат.Никаков услов не одеше во нивна корист,настаните кои се редеа еден по друг,укажуваа на тоа дека во никој случај таа конекција не смее да остане жива.Мораше да пропадне,за да има баланс.Мораше да има жртва.Сепак,решија да ја зачуваат врската.Зошто?
Нејзините причини се нејасни.Чудно.Самата таа ги сруши огромните мостови кои беа мегу нив,зошто сега сакаше да го зачува тоа мало конче?
Каква корист од тоа?
Тоа што сега ја поврзуваше со него,беше толку мало и невидливо,што скоро и да не го забележуваше.Сепак,кога и да помислеше на него,сакаше да го зачува,иако веке беше јасно дека никогаш нема ништо да биде исто како порано.Ја немаше таа приврзаност,топлина...Го гледаше толку ретко,а дури и кога ке го видеше понекогаш,нејзиниот фокус беше многу далеку од него.Ја покажуваше основната куртоазија,како кон секое човечко суштество,кажуваше неколку зборови по навика,и си одеше.Ништо повеке.Не осекаше никаква поврзаност.Како кон некој стар артефакт.Буди некакви спомени кога ке го видиш,но реално,не ти е многу галје што ке се случи со него.Битно е само во моментот неговата појава да ти донесе ситно задоволство кога веке е тука,а после...може и да биде фрлен во депонија.
Тоа беше тој за неа.Само артефакт,статуа...споменик од некое поранешно време,некогаш кога се било поинакво.Таа била поинаква,настаните имале различен тек,воздухот имал поинаков мирис.Можеби нејзината сегашна зрелост и забрануваше се секава на тој период.Можеби тоа било само кратка епизода од нејзиниот живот,на која и не се секава најдобро.Само на фрагменти од неа,премногу небитни за да зафакаат место во нејзината меморија,па затоа стојат така,запуштени,во некој темен дел од нејзиниот мозок.
Се на се,најзабележливо нешто од тоа време беше токму тој.За неа,споменикот.Ја нервираше понекогаш.Сите секавања од тогаш паднаа во провалија,само тој,како за инат стоеше тука.Со здрвена насмевка,и со неговите патетични фрази,со кои ненамерно сакаше да ја потсети на него.Сепак,покрај се,премногу беше безначаен за да му се налути.Се навикна да биде индиферентна кон него,и кон сето тоа што го прави тој,и сега веке,дури и да сакаше,неможеше да изфрли некоја емоција.Само студенило.
Но...сакаше да го зачува малото свилено конче.Зошто?Никој не знае.
А што беше тој?Каде беше во целата оваа приказна?Како изгледаа работите видени од негов аспект?Не дека беше битен неговиот аспект...
И тој,исто како неа,знаеше дека е скоро невозможно да се зачува било што од конекција,сепак и тој,исто како неа,прифати да се обиде.
Во почетокот,тоа беше поради надежта,дека сепак,и покрај се,можеби ке се случи чудо и дворецот одново ке го добие поранешниот сјај.Длабоко во себе се надеваше дека,и покрај целата таа индиферентност,во неа има некаква волја,дека сеуште останало по некоја емоција,која ке покрене некаков процес на обновување на нивниот заеднички свет.Се надеваше во носталгијата.Дека можеби таа некој ден ке седне,и ке се потсети на убавината на нивните моменти,и тоа во неа ке побуди желба одново да ги почувствува.Корсокак.
Кога конечно свати дека чудото никогаш нема да се случи,кога го убеди секое делче од неговото тело во тоа,успеа да ја набрка и последната капка надеж од него,тогаш беше слободен.Барем мислеше дека е така.Сепак,сето тоа се случи во нејзино отсуство,и не знаеше како реагира,кога одново ке ја види.Се плашеше.Што ако повторната средба со неа го врати назад на почеток?Што ако целиот тој труд што го вложи е залуден?Изгуби толку многу енергија во борбата со нејзиниот дух,кој имаше пуштено корења во него.Сета таа енергија отиде во неповрат.Беше слаб,иако слободен.Немаше сили за нова борба,а не знаеше дали ке може да се одбрани овојпат,ако духот се обиде одново да влезе во него и да му донесе нов немир,кој сега сигурно би го уништил.
Се излажа,напразно се плашеше.
Кога ја виде повторно,немаше ни атом од тој нејзин дух,кој му предизвика толку срека а во исто време и болка.Ништо од тоа.Само обична површина,покондирана тиква,шуплива одвнатре.Духот го немаше.Напразно се мачеше некаде да го пронајде,да види што се случува со него.Ништо од тоа.Влезе во недоумица.
Не знаеше што да мисли.
Дали го исфрлила од нејзиното тело,бидејки не и бил потребен во новата ситуација во која се нашла?
Дали е сепак сеуште тука,но таа го крие од него,знаејки каква штета може да направи кога би излегол?
Не знаеше ништо.Само знаеше дека тоа што го гледа пред него,не предизвикува никаква емоција.Само чудење и непријатност.
Некаква непријатна енергија владееше мегу нив.Нешто што никогаш не им се случило.Зошто беше тоа така?Зошто беше ова толку чудно,негативно чудно?
Сепак,прифати да биде така.
Прифати да се држи за тоа мало конче,единственото што остана мегу нив.Овојпат причината не беше надежта.Овојпат...не знаеше и сам зошто го прави тоа.Можеби поради навика.Или нејзината насмевка...
Како и да е,сега стоеја еден спроти друг,веројатно за последен пат.Да го посведочат пропагањето на нивниот дворец.Кинењето на последната врска мегу нив.После ова...ништо.
Што се однесува до неа,ова не би морало да се случи.Сеуште ке си го чуваше малото конче,како ситен детал на нејзината облека,понекогаш ке го посетуваше споменикот,и ке си продолжеше со животот.Не и беше битно воопшто.
Сепак,тој неможеше да продолжи вака.Неможеше да го гледа нивниот некогаш прекрасен Дворец,како сега гние во калта.Неможеше да ја гледа неа,како стои до него,а нејзиниот дух го нема никаде.Иако беше многу повреден од него,сепак го сакаше тој дух.А сега,личноста која го носеше,или го избркала од себе,или го криеше некаде длабоко во себеси.
Сево ова значи,немаше веке смисла.Било какво продолжување на неговото постоење,претставуваше непотребно трошење енергија.А сега,кога одново си ја врати својата енергија,тој не можеше веке така лесно да ја троши како порано,бидејки свати колку тешко се доага до неа,и колку срекен треба да биде што ја има.
Затоа,седна на столот,запали цигара,и пресече се.
Ладна реакција од неа,воопшто сето тоа не ја допре.
Само насмевка од него...и малку тага,за Дворецот на Среката,кој бавно тонеше пред неговите нозе.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.734
Поени од реакции
13.491
Зошто сонот има крај....

Многу време помина од денот кога и` простив. Не сакав да ја повредам. Иако бев на работ со трпението, сепак не попуштив со нервите. Глупо ми изгледаше да беше така... можеше сосема негативно да се одрази врз двајцата нас. А зошто??? Зошто да летаат дрва и камења? За почетокот на едно неверство??? Банална глупост. Не... сепак не сакав двајцата да патиме. Како и да е веќе мирот почна полека да владее меѓу нас. Љубовта иако одсекогаш присутна, се повеќе се истакнуваше на дело. Заедничките прошетки и видувања зачестија. И таа изгледаше посмирено. И` се врати силата која ја имаше претходно изгубено во секојдневните секирации. Насмевката и` беше присутна секогаш кога бевме заедно. Ми беше многу мило за неа... Ја сакав премногу. Жртвував скоро се` за секој момент поминат заедно. И таа и покрај сите претходни случки, ме сакаше многу. Честопати додека се шетавме знаеше да ме изненади со нејзините љубовни испади - да ме бакне, да се мушне во мене, да ме прегрне. Вистински сон од кој не сакав да се разбудам. Но... дали тој ден требаше да останам да спијам подолго време, не знам. Денот беше тмурен, нестабилен. Мобилниот заѕвони еднаш - порака од неа. “Мора денес да се видиме“ - прочитав.. Звучеше мошне изненадувачки. Немир ми се вгнезди во душата. Се подготвив и се упатив кон неа. По патот разни мисли ми се мотаа во главата, среќни и тажни. Ме виде со лице полно со тага и ми се фрли в прегратки.
- Заминувам...-почнаа солзи да и навираат на очите.
- Што??? Немој да збориш така, тука ќе бидеш
- Но морам... тато најде работа во друга земја... 2 години. - липаше. Ја држев за лицето.
- Погледај ме.. Те молам погледај ме! Не плачи! Ќе помине и тоа... ќе издржиш знам дека можеш. Силна си.
- Не можам... не сакам да те напуштам. Те сакам со целово срце... - ја прегрнувам
- Де, де па ти не е крај на светот. По две години пак ќе се видиме.
- Ах колку си фин со мене... Никогаш нема да најдам сличен на тебе. Никогаш...
- Ех и ти никогаш... Зошто така велиш???
- Така... - и` се навраќаат солзите.
Ја прегрнав. Почувствував како целиот универзум се раздвојува меѓу нас. Ми идеше да заплачам но... собрав сили да ги задржам солзите. А таа плачеше Тивко , скоро нечујно. Мир не најде во душата.
- Тогаш ми прости... и сега те напуштам... јас не те заслужувам. Кое безмилосно суштество сум.
- Не си. Не збори, така не си...
- Зошто???
- Ми го зачини животот со љубов... љубов која ме воздигна од мртвилото која мен атера повторно да сакам, љубов која го направи светот поубаво место за живеење. Многу ти благодарам за сето време кое безрезервно го делеше со мене. Те молам не плачи... се ќе биде во ред.
- Колку знаеш да бидеш оптимист. Никогаш нема да престанам да те сакам.
- Ни јас.

----------------------------------------- F I N ---------------------------------------------------
 

Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
Random

Маглата го надвиснала Скопје. Во градот ни глас, а знам дека не спиеш, знам дека не спијат ни многу други луѓе или бар се надевам дека некој ми прави друштво, некаде, на далечина, дека и некој друг е измачуван од токму својата мисла. Дека можеби и тој некој друг чувствува немир и несоница и тоа без ни грам кофеин во телото.
Скитањето не ми помогна. Го продолжив влечкањето по оној стар познат помалку каллив пат не наоѓајќи премин кон другиот пат. Можеби преминот беше прекриен од помислата и стравот да не наидам на скршени вазни повторно и на оној другиот пат?
Но каде е мојата позитивност? Не е дека ништо не вреди за да си го исполнувам секојдневието со вештачка насмевка, фејк љубов и исто такво фејк пријателство. Можеби е лек да се сврти нов лист(по 101ви пат), само...Само не ме прашувајте како сум, се изморив од лажење за ова...Супер, а ти?
 

MorrisonKA

You need a fucking hobby, bitch!
Член од
23 март 2007
Мислења
815
Поени од реакции
27
Го најдов она волнено клопче. Го држев едно време, потоа го отплеткав и пак го замотав. И така константно едно време, се‘ додека не се стемни пред очите. Го вратив пак на местото, знаеш неговото место. Местото на клопчето. Навлезе мракот во собата, доаѓа на кафе постојано. Си вариме и чај понекогаш. Потоа седнуваме на масата и пиеме. Му велам да остане, на спиење; Не сака, а и да сака нема место за него, му спомнувам само од куртоазија. Некогаш беше позборлив, си мислам сенките му ги однесоа зборовите. Му ги отргнаа од грлото, и го оставија нем пред мене. Тие злобни сенки. А, и никогаш не ги сакав, живеат од туѓата жива сила, нудат мамлива апстракција, и секогаш онаа статична форма. Барем да имаше точка на ѕидот, си мислам. Ќе ги подбоцнеше со слоевитоста, знам дека ја мразат. Нема. А, мраков е ќутлив, сенките прогонети, зборовите украдени. Побогу, дај да си свариме кафе. Горко, без шеќер. Остави ги белине, кристални зрнца, банални и згужвани, толку бројни, еднакви, и повторно бели. Се слепуваат на јазикот и ги снемува истовремено, маестрални лажливки. Пробај, фати ги. Ги сакам, но сепак не ставај ги во кафето. Тогаш, не можам да си го фатам носот со јазикот, а носот не сака да ми го допре јазикот. И не заборавај да ја исклучиш ринглата. Провери два пати, те молам. Компулсивноста ме дрзни, цртам линии по улици, и ги прескокнувам истите, потоа ги бришам. А, пукнатините ми се омилени. Ќе те викнам, ќе ги скокаме заедно.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom