La Española
Лекот е отров!
- Член од
- 1 февруари 2007
- Мислења
- 1.808
- Поени од реакции
- 556
Се се смени...И знаев дека ќе се смени... Знаев од оној момент кога со солзи во очите влегов во автомобилот, и тивко плачев додека го напуштав мојот град... Знаев дека ќе му се враќам- но знаев и дека ништо нема да биде како порано...
Еве ме сега... четири месеци подоцна... се е сменето...
Седам во туѓ град, одам во туѓ факултет, толку нови личности таму, а ниедна сродна меѓу нив, толку насмевки, а сепак студенило...
Се сокривам во мојот стан, со книгата в раце, со некој сон за да ми ја врати силата во меѓувреме или едно кафе, што патем сама си го пијам и правам... И се така, секој ден тоа...
Понекогаш тешко ми е, сакам да зборнам со некого- сфаќам дека нема со кого, сама сум, а оние што ми беа блиски се далеку, сите заминаа по свои правци, сите со својот живот... Понекогаш и среќна сум, сакам да ја споделам среќата со некого... Влегувам во дневната и ги гледам цимерките размуабетени и насмеани кажуваат впечатоци, настани, си патуваат низ задничкото минато- јас сум толку далечна од нив...
Ме гуши собава, креветот, книгите... Станувам, сакам надвор... Врати се девојко, со кого ќе одиш? Немаш никој... Се враќам во креветот, солза ми се раѓа во окото... Зарем да не можам да шетам, да се смеам со некого, да гледам луѓе низ кафичи после сите завршени обврски... И одиме повторно со истата монотонија и секојдневен механизам...
Петок... Си одиш дома, радосна си... Но.. Сфаќаш дека и таму веќе не е исто... И таму си заробена дома- осамена... Единствено што е различно е топлината на твојот дом и смирнеоста на твојата соба која видела толку твои солзи...
Се се смени мила... Ти се смени животот... Сега си најосамена... Сега си само ти, осаменоста и љубовта во тебе, љубовта кон некого, што ти ја топли душата во цела таа празнина...