Прозни искри

MorrisonKA

You need a fucking hobby, bitch!
Член од
23 март 2007
Мислења
815
Поени од реакции
27
Драг Господине К.

Измина долг период од последното наше видување. Овде, речиси се‘ е исто. Мочта е жолта, а луѓето сеуште серат чучејќи.
Мислиме често на Вас, и јас, и тие околу мене, а верувам и многумина други. Зачудувачки е фактот за големината на трагата која ја оставивте на нас. Многупати се прашуваме зошто постапивте така. Во такви моменти ги кубеме косите од главите, тие влакна што ни останаа и погледнуваме наназад, барајќи го чеканот којшто секогаш го носевте со Вас. Сигурни сме дека имате уште еден чекан. Овојпат жолт. Таму, синото не Ви би прилегало. Често знаеме да седнеме сите во круг, и да говориме за вашите црти, за вашиот глас, за вашите прсти и потоа повторно рикаме незнајно, паѓајќи и губејќи се во немоќта која ја оставивте тука.

Господине К. можеби не помните, или пак вашата големина не Ви го дозволува тоа, но Вие заборавивте многу работи тука. Меѓудругото и вашата огромна сенка. Оттогаш ѕвездите на делот од небото кое го покрива нашето мало место во знак на протест решија да не светат повеќе. Имено, сенката им пречела при вршење на нивната функција. И не светат. А, ние живееме во необичен мрак. И пак плачеме масовно, барајќи ве Вас, или пак спас од тмурното небо.

Господине К. дојдете и земете си ја Вашата сенка.

Мештаните од селото У.К.
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Carpe Diem!

Врнеше снег. Големи крупни снегулки паѓаа од белото небо. Таа се уште спиеше. Вовлечена во убавото, топло ќебе, не и се стануваше. Не ни помислуваше на снегот. Не се ни надеваше на него. Одеднаш ја виде белината. Се пред неа беше бело. Се исправи на нозете и почна да се смее. Почна да скока на креветот, да се радува.
Не сакаше да пропушти ниту минута повеќе од денот. Се облече и како стрела излезе низ вратата.
Јадење? Толку поважни работи во моментот и дојдоа на ум, зар на јадење ли ќе мисли?
А беше сама. Сакаше да биде сама.
- А зошто да не уживам во овие ретки моменти сама?
Толку и се исполнуваше душата од глетката, ни самата не можеше да се престане да се воодушевува.
Се шеташе низ плоштадот, а го чувствуваше крцкањето на снегот со секој нејзин нареден чекор. Белата покривка беше прекрасна, имаше чувство како да се наоѓа во Winterland. Во светот на фантазијата.
Малите дечиња со бели капчиња и румени обравчиња, весело трчаа и си играа во снегот. Правеа секакви снежни фигури, се маваа со замрзнати топки, правеа ангели во снегот... Ах, зимска идила...Совршенство... Лажат кога велат дека ништо не е совршено. Зарем има нешто посовршено од ова!?
Ги рашири рацете и ја крена главата високо кон небото. Го вдишуваше свежиот воздух.... Дишеше со полни гради. Се смееше, косата и леташе на сите страни...
Се вртеше наоколу. Ги набљудуваше луѓето. Отсекогаш беше таква. Гледаше како цели семејства одат во шопинг, како еден млад брачен пар се шеташе со нивното дете, како се смееја, како таткото нежно го крена во раце малото девојче со кадрава коса и со преголема љубов ја бакна во косата.
Продолжи да се шета и гледајќи го веселото располжение, меланхонијата ја напушти веднаш. Ги гледаше Дедо Мразовците и дечињата со пакетчињата и се смешкаше скришно.
Седна во едно од кафулињата и си нарача топло чоколадо, иако никогаш не го нарачуваше тоа.
Додека го пиеше, беше многу замислена. Се врати повторно во минатото и сфаќаше колку е всушност таа среќна.
И додека седеше така замислена, увиде колку е часот и побрза накај дома. И тоа неосписливо брзо одеше.
Пристигна дома, влезе во својата соба и почна да ѕвони телефонот.
- Еј ај на кафе - се слушна глас од другата страна.
- За 5 минути знаеш каде - се насмевна
Ја отвори вратата и мајка и излезе од кујната и рече:
- Пак ќе искачаш? Аман бре сега дојде
- Не можам да седам дома, се гушам.
Си го обожаваше домот. Но четирите ѕида ја депримираа. Ја правеа нервозна. Ја тераа да плаче без причина.
- Чао мамичко, те сакам.- рече и излезе...
Мммм какво кафе сега ќе пијам помисли.
Пред да влезе во кафичот, самозадоволно се насмевна и рече:
Carpe diem!
 
R

Razorblade Kiss

Гостин
Додека демоните спијат...

Низ процепот на ѕидот гледам како лежат молците,а црната вдовица ползи по нивните тела.Заробена во теглата на Колекционерот се гушам од сопствениот здив.Чекам да ме удават во она што не може да ме убие.
Киселината наречена вина го уништува последниот рефлекс.Се претворив во препарирана шваба која на светот гледа со проширени зеници.
Прободи ме,нема да се извалкаш.
Удри ме,нема да те боли.
Уништи ме,и ќе бидеш осуден на слобода,а јас на вечноста која чука пред моиве капаци.
Не ги топи моиве крила со солзи на девица.Доволен ми е нејзиниот прамен на моите раце.
Кога ќе заминуваш,те молам,сврти го мојот поглед накај ѕидот.Не сакам последното на што ќе се сеќавам да биде твоето сожалување,подобро ќе глумам вџашеност над колежот во соседната соба.
 
Fabullous_178

Psychonautics:.
Член од
21 февруари 2007
Мислења
2.987
Поени од реакции
190
So stupid,i am...

Ме немаше некое време на темава.Хм,не му недостасував на никој,претпоставувам... Правев нешто деновиве.Се докажував.Се убедував.Убедував други луге дека работите се изменети,дека тоа што било порано,тоа што јас сум бил порано е завршено,дека е свртена нова страна.Па добро,дури и бев сигурен во тоа.Некако ми звучеше убедливо.Ги гледав настаните одозгора,и личеа како да завземаат еден убав редослед,кој ми одговара мене,ми носи задоволство.Итересно беше донекаде.Како голем кам-бек на некоја славна ѕвезда која на врвот на својата кариера се свртела кон дрога,пиење...си го прокоцкала животот,и сега увидела дека е време да се врати на старите патеки,на корените...Насловите:Се врака назад со нов елан,нови идеи,нов албум,нова девојка....Хм,епа така нешто.Освен албумот,него го немам.Битно,имав елан.И девојка.Која ме сака.И јас неа.Барем мислев така.Подоцна за тоа.Засега,приказната оди до периодот во кој јас се вратив.Добро,можеби не на врвот,премногу е тежок патот доттаму,од едноставна причина што неможеш да го изодиш сам,ти треба некој до тебе...Сепак,бев барем на средина.Хах,отсекогаш сум ја мразел средината.Премногу е монотона.Нема екстрем во неа.Нема крајност.Линијата оди право.Ни си горе,ни доле.Сепак,прифакам.Прифатив да бидам таму.Па добро,после тоа што до видов на дното,не сакав да се вратам одново таму.Емоционално дно.И средина.Да не се збуни некој.Значи,почна мојот нов лист од книгата.Живот во средина.Малку ново за мене.Никогаш не сум се наогал таму.Па добро,ми се допагаше на почеток.Еднаш за промена,не беше се изненадно и неочекувано.Знаев на пример,во која насока ке ми оди денот.Знаев дека ке ја видам девојка ми,дека ке одам на факс,ке се вратам,ке дувам со другар ми,ке учам малку можеби,ке си легнам на крај...има некоја топлина во сето тоа.Некое притаено задоволство.Безбедноста го носи.Дури и целата таква срединска состојба е лесно одржлива.Треба само...да живееш во неа.И крај.Да не мислиш на тоа како би било ако ова или она се случело.Ако овој настан тргнел во поинаква насока.Само да влезеш во него и да оставиш самиот да те вози.И да те однесе на вистинското место.Ништо повеке.Колку лесно.Баш ми одговара.И така не сум премногу трудољубив,вака само ке се возам,нема да размислувам на ништо.А адреналинот?Епа добро де,се наога и на други места.За да го доживееш немора да правиш ектсремни работи како досега.Иако нема да таа мера,ама сепак ке влезе малку во тебе и од него.Овојпат,можеби и не ми требаше толку многу.Побитно ми беше да не паднам,отколку да летам. Е да,тука настана главниот проблем.Ја сум роден да летам.Таков сум создаден,таков сум бил отсекогаш,и тешко дека ке се сменам било кога.А овој период беше одење против суштината на мојот карактер.Против мојата фантазија,имагинација,надеж...тројството кое ми донесе толку болка,очигледно толку потребна за мене.Садист значи. Тоа е.Неможев да седам и да се возам.Морав да летам.Да сонувам.Да се надевам...И знам што ке ми донесе тоа одново.Дури и премногу сум свесен за тоа.И...шо да направам оти сум свесен?Ништо.Ма неможам ништо против себе.Одново му давам шанса на животот да ме уништи.Се ставам во неговите раце,иако знам дека ке ме тресне од земја.Па добро,зошто сево ова?Зошто ризик без добивка?Апсурд.Сите факти против мене...јас против текот на настаните.Против енергијата која ме доведе ваму на средина.Добро,барем да имаше еден посто шанса да се качам одново горе,тогаш ке беше оправдано.А нема.Епа тогаш,зошто по гаволите го правам сево ова? Ох...знам зошто.Многу убаво знам.Тука,на почетокот на овој пат по кој сакам да тргнам,седам и размислувам.Хаха,смешно.Само размислувам,а воошто,ни малку не се двоумам.Знам дека ке тргнам,само мислам на каде,како,што да правам...Па бар требаше да се двоумам.Се двоумев пред да влезам во средината,се двоумев да влезам во местото во кое знаев дека ке добијам топлина и љубов,а сега воопшто не се двоумам да излезам од сето тоа и да се фрлам во провалија исполнета само со мраз,студ кој знам дека ке ме убие.И зошто сето тоа?Заради она малечка,зелена капка надеж дека ке ја прелетам таа провалија и ке стигнам на другата страна,на врвот,каде што ке ме чекаат најубавите нешта што било кога сум ги видел во мојот живот.А да,ги гледам и оттука.Колку се прекрасни.Се насмевнуваат.Како да ме канат да дојдам.А знам дека насмевката не е за мене.Си ја превземам бесправно,си ја наменувам.А знам...знам дека ако им побарам рака,ке ми ја згазат мојата и ке ми се смеат додека пагам.Глупави,иронични,дволични суштества...Ах,не ве сакам вас.Не ризикувам за вас.Знам,знам дека таму,во позадината,стои едно прекрасно,неодоливо...најубавото од сите.Тоа е причината за се што правам.Неговата насмевка.Неговите неколку збора кои би направиле да летам одново. Ха,зошто лажам,бе.Па ја не ни знам дека тоа постои.Поточно,знам дека не постои.Само се лажам самиот себеси дека таа малечка зелена капка надеж е вистинита.Дека не е плод на илузија.Дека...сево ова е вистина.Дека,дека вреди. Толку драги гледачи.Ја одам.Одам да пагам надоле.Не знам како овојпат ке се качам,па добро,веројатно и нема да се качам,ке си останам доле,на дното...ама гледајте на позитивната страна:ке има кој да ве известува за случувањата таму.... OK now....FAREWELL...
 
Член од
21 декември 2007
Мислења
53
Поени од реакции
1
Машина

Полноќ. Излегов на дождливото време да ми ги измие солзите. Погледнав кон небото и почувствував осаменост. Стоев така сама и немоќна на калдрмата која наликуваше на моето скршено срце. Малите светулки се сокрија зад темните облаци. Така чувствувајќи се напуштена ја сфатив иронијата на капките дожд и го почувствував студенилото кое сум го насобрала во себе. Сум станала машина. Гневна машина. Не која гази се пред себе, не сум таква машина… јас се газам себеси. Се газам до болка, си ја копам раната и не и дозволувам да заздрави.
Талкајќи попусто во ноќта, решив да се вратам дома. Седнав на скалилото пред прагот на мојот дом и решив да прошетам низ уличките на мојата душа и да погледнам во излогот на моето минато. За прв пат се решив да видам што има таму. И горко се покаав. Го видов тоа што најмалку сакав. Видов девојче во канџите на еден мршојадец кој бессрамно ја однесе во своето гнездо. Го свртев погледот, немав сила да го гледам тој злочин до крај. Како кукавица избегав. Не сакав да видам каква глупавост може да проникне од едно невино дете. Заради таа глупавост некој сега страда и очајнички се бори да го поправи непоправливото, веќе стореното. Отворајќи ги очите, посакав никогаш повеќе да не се вратам во таа машина која ме вшмукува во тој свет составен од најболни спомени. Создавачот на тој свет го нарекуваат Бог на глупавоста. Сега само спомени ме мелат. Сите мои спомени како лилјак ненаситен ме цицаат, веќе не остана ниту капка крв која ќе пулсира во моите вени. И сега како вампир во црн мантил завиен барам жртва од себеси. Јас ја цицам сопствената крв. Самата себеси си се уништувам. Погледнав повторно безнадежно во небото, со копнеж да најдам сила за да можам да прошетам уште еднаш по моето минато. Сила за повторно да дозволам да ме сомеле машината. Каков апсурд. За неполн миг се најдов повторно проголтана во онаа машина, која долги години ја казнува мојата душа со камшикувања. Погледнав во истиот излог и повторно го здогледав девојчето, повторно заробено во канџи, но овој пат канџите беа на деда си. Каков грешник. Да, девојчето е грешник. Го обвинувам, видов нешто длабоко во нејзе. Знаете што видов? Видов бессрамни допири и бакнежи кој ги нудеше дедото, но овој пат девојчето беше свесно дека тоа не е убаво, не чувствуваше удобност, а поради нејзината веќе проникната глупавост повторно и повторно се фаќаше на истата замка. Зарем девојчето не знаеше да пресече...? Не, не знаеше... Како и секогаш, не знае да каже не... не знае да каже доста!!!!!! Не можејќи да ја издржам оваа војна која се разгоруваше во мене, решив без пасош и виза да ја преминам границата од мојот свет во реалноста. Изморена од талкањето по улиците на мојот свет, отидов да легнам да одморам.
Утредента ме разбудија силните сончеви зраци кои кои ја осветлуваа мојата соба толку силно. Се сетив на напорната ноќ и решив да размислам за себеси. Знаев дека не можам да го истерам од мене она нешто која ми ја дере кожата, го распарчува моето месо и ја меле мојата душа, но посакав да знам зошто е во мене, кој ја создаде и кога. Се сетив на излогот и таму ги најдов одговорите. Да, таму лежеа сите одговори.Одговорите кои ги пронајдов ги запишав на хартија. Пишувајќи повторно влегов во себе, почувствував како расте возбудата и рацете заиграа танц со моливот на хартиениот подиум. Чекорите на моливот ги создадоа нејасните букви, кои поради треперењето на раката не можеше да ги образува убаво. На подиумот беа напишани следниве одговори: Единаесет години сум ја оставила да ме измачува онаа проклета машина, единаесет години само молчев и не се бранев од шамарите кои ми ги даваше. Но, еве ме повторно немоќно стојам и и дозволувам да ме удира по лицето. Создавач сум јас, Богот на глупавоста, дозволив да ме повредат и сега машината ме враќа во минатото со нејзиното вшмукување да платам за грешките. Ја донесе мојата невиност, мојата детска невиност. Невиноста дозволи да се фатам во замка која ми ја наместија дедото и баткото. Ги задоволив нивните потреби, а потоа ме фрлија како парталава крпа да се борам со оваа машина која ме пустоши. Има ли некој да ми помогне да ја отфрлам од себе, или тука ќе си остане вечно?
 
С

Сатори

Гостин
~*~

Скаменета на мостот преполн со сенки и гробови од кои излегуваат живи мртовци, не овој пат одлучив да не се борам.Што ми можат сенките од извалканото минато?
Не сакам ниту да помислам како ќе изгледа мојот живот ако им ја предадам борбата, повторно пекол ладен како мраз, веројатно да.
Машина ... вистинска борбена машина која тоне во сивилото на патиштата и улиците преполни со песок кој се забива во нозете како да е стакло, навистина мизерно и патетично.
Не ја чувствувам болката во себе, металот не може да крвари, ниту воздухот во кој сеуште има реа на свежа смрт може да ме погоди, да направи да ми се згади од сама себе.И таа емоција одамна ја изгубив.
Машина, токму така, ладнокрвна, амбициозна и убиствена машина.
Често за сите останати, постојано за сама себе, заборавам дека крвта на мечот повеќе е моја него туѓа.
Иронично погледнато од страна, навистина е тажно да се живее тој живот во овој прекрасен свет.Имам потреба од будење, имам потреба од виножита и пеперутки кои од дното на душата ги презирам.
Машина.
Не можам ниту боите да ги распознавам на вистинскиот начин, станав далтонист дури и за зборови.
Време е да ја убијам машината, борбата со мртовците тогаш ќе боли многу повеќе, но бар нешто ќе чувствувам.
 
Далтонист сум станала за се, само болката ја препознавам која толку длабоко се вкоренила, како јас да сум расквасената почва, а таа дрвото кое расте на мене и се задомува пуштајќи корења. А сега го замолувам шумарот да дојде да го откорне ова дрво или го молам Бога да удри со громовите по него да го уништи, време е да заживее нешто ново во мене, да посадам ново дрво кое ќе се зеленее и ќе ми ја навести пролетта.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.719
Поени од реакции
13.437
Ноќта пред заминување

Ноќ. Спокојот и мирот полека полека го голтаат градот. На небото ниедно облаче. Лежиме во тревата зурејќи во ѕвездите. Однекаде допира шумот на реката мешајќи се со звукот на штурците кои неуморно црцорат.
-Што ќе стане со нас?
-Не знам.... само времето ќе одлучи. Времето секогаш одлучува.
-Колку долго?
-2 месеци.
-Навистина ќе чекам долго. Се прашувам дали ќе се откажеш?
-Никогаш.
-Зошто?
-Така.
-Кажи зошто???
-Така. Ќе ти кажам кога повторно ќе се видиме.
-Не се прави таков. Те молам кажи ми зошто?
Ја гледам со солзи во очите.
-Плачеш?
-Не.
-Ме лажеш.
-Каќи ми зошто никогаш.
-Ќе дознаеш за 2 месеци. Кажи ми зошто плачеш
-Не биди кретен. Ќе ти кажам ако ти ми кажеш.
Ја гледам како плаче тивко. Знам. Душата ја стега. Погледите ни се сретнуваат. Јасно ми е, ме сака. Но сакам да си поиграм со цувствата нејзини.
-Ќе ти кажам кога ќе се вратам.
-Кажи ми ако ме сакаш.
-Го имаш одговорот.
-Ме сакаш? Само затоа?
-Не. Затоа што...
Молк... Пак се погледнуваме. Солзите сеуште и се присутни. Но веќе е посмирена. Јасно и е. Нема да ме изгуби.
 
С

Сатори

Гостин
~*~

-Зошто ме донесе овде?
-За да го видиш мојот свет, начинот на кој јас живеам.
-Дали треба да се чувствам благодарно или почестено во моментов?
-Не, само да чувствуваш е доволно.
-Премногу си фин, ама ајде ќе се потрудам да верувам дека се ова е вистинско.
-Можеби затоа што е.Сакам да те прашам нешто?
-Секако.
-Кога гледам во тебе, сакам да знам која си?
-Сакаш да знаеш која сум?
-Да, сакам.
-Ти кажи ми, која сум?
-Девојка на која премногу долго премногу луѓе и ги скратиле крилата.
-Ова ужасно не е фер од тебе.Сепак, кога ќе те заробат и ќе ти ги пресечат крилата потоа долго време нема да можеш да леташ.Но најлошо е да не ја сакаш личноста која ќе ти ги пресече.
-Зарем не го сакаш, Сатори?
-Мислев дека го сакам.Не, бев убедена дека тоа е така, но како мине времето така се повеќе останувам уверена дека се тоа е само илузија.
-Сатори...
-Кажи, не сакам да ти биде страв од мене, уште помалку да ме сожалуваш, ако си решен тоа да го правиш барем кажи?
-Не си како сите други.
-А треба ли да бидам, како сите други?
-Некои тоа го смеетаат за благослов.
-Да, за мене е клетва.Ќе се угушам во едноставноста и монотонијата на обичните луѓе.Зарем не можеш да разбереш дека јас сум иста како сите баш затоа што сум различна од нив.
-Веруваш во тоа дека си различна?
-Верувам во тоа дека сум посебна, исто како сите кои имаат доволно сила тоа да го прифатат и да не бегаат од патот кој што стои пред нив.

Одлуката беше донесена, можеби и треба да го отвори срцето пред некој друг, пред некој што можеби и ќе ја сака неа, а не само нејзиното тело и појава!
 
Член од
21 декември 2007
Мислења
53
Поени од реакции
1
Од мојот агол

Би го сменила сопственото име во Тишина. Толку неизречени зборови пловат врамени во мојот темен агол потонат во океанот од солзи. Тие пловат, а јас се давам. Погледнувам нагоре за да видам дали ќе се појави некој кој ќе ме извлече, но нема никој. Само претам во длабочината надевајќи се дека ќе стигнам на површината и ќе почувствувам копно под моиве нозе по кое ќе можам сама да одам. Ама заборавив дека не знам да пливам и дека цело време гравитацијата ме влече надолу кон дното.
Престанав со моето безнадежно претање и им се препуштив на струите сами да ме носат, како лист кој плови во прегратките на ветрот, и слушајќи го жуборот пробував да го разберам јазикот на океанот од солзи. Таму беа заробени сите неизречени зборови. Се што ми преостана беше само малата надеж дека барем еднаш ќе ја видам светлината која ќе заблеска во мојот агол кој е веќе подолго време в канџите на сенката. Погледнав низ прозорецот и посакав ширум да го отворам и секоја капка солза која не ми дозволува да го почувствувам свежиот воздух како прострујува низ моите ноздри да биде закопана во ровката земја, или барем се надевав дека светлината ќе си го направи своето, дека секоја капка ќе испари, но од другата страна на дебелото стакло владееше мрак, а јас се што можев да видам беа само силуети кои не знаев дали се вистинити или беа само продукција на мојот ум. Се беше толку нејасно. Губејќи ја вербата дека сеуште има надеж за мене, погледнав уште еднаш кон прозорецот мислејќи дека е за последен пат, но овој пат појасно ги видов оние силуети кои мислев дека се само измама на мојот самокритичен ум. Сега толку беа јасни за моиве очи кои беа заслепени толку долго. Беа заслепени од мојот обид за бегство од минатото кое секогаш било во чекор со мене, само претопено во друга форма. Од другата страна на прозорецот видов лица на луѓе исполнети со тага, болка, гнев и се запрашав: Ова ли е мојот живот?
Но, не се откажувам, борбата продолжува и понатаму. Секојдневно очајно расте копнежот за нови видици, но мојот агол е обземен од црните магии на некоја вештерка, проколнат, а јас заробена во окови само ги чекам мршојадците да дојдат и да почнат да клукаат по она што останало од мене. Се што ми остана е само трошка надеж. Надежта е дрвото кое ме задоми во гнездото во неговата крошна и се надевам дека ќе ја разбие црната магија која ме заробила и еден ден ќе полетам слободно не плашејќи се од клуновите на мршојадците.
 
aquarius

sweet child
Член од
20 октомври 2007
Мислења
170
Поени од реакции
0
Само неколку збора........Меланхолија.....состојба на длабока депресија и презир кон самата себе.Тапо чувство на рамнодушност и прифаќање на поразот,последен во низата на мојот таканаречен ЖИВОТ..........
Колу е убаво да си го програмираш животот на основните базични потреби за јадење и спиење,без трошка радост и среќа...бидејќи чувството на радост и среќа знае да ти направи само проблеми и ништо друго.
Во прегратките на самотијата ,болката што сеуште ја чувствувам од изгубената љубов,не бледнее....се интензивира.........
ми ја полни душава со отров.....зошто борба????????
 
aquarius

sweet child
Член од
20 октомври 2007
Мислења
170
Поени од реакции
0
Еве сум си јас,сама,размислувам,дефинирам,анализирам...сама себе се уништувам и толку силно ми влијаеш,да просто тонам.
Јас-во туѓи очи:ладнокрвна,патетична,мизерна,силна,тривијална и длабока....Но знаеш што?
ЈАС ТЕБЕ ТЕ ЉУБАМ!!!!
Ако те изгубам....просто ќе треба да заминам,да заборавам се што ме правиш да бидам....
За првпат...нечија.
ТВОЈА...
Не,доволно беше да лажам и да се кријам зад маските на мојата наводна остроумност и интелигенција.
ТВОЈА...
Нежна,млада и заљубена...
ТВОЈА.......
ТЕ ЉУБАМ!!!!!!!!!
 
Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
Лепливи врели капки крв

Тој е искусен хирург. Строгиот му е природен израз на лицето. Смеата му е рапава, а усните премногу згрчени за да оформат крива полукружна линија. Износениот бел мантил станува сивкаст преземајќи дел од неговото душевно сивило.
Доаѓањето на една средовечна темнокоса пациентка и не би имало посебно значење за него, како што сите знаеме за неговата нихилистичка природа. Но, се лажам. Нејзиниот срдечен пристап го забрза пулсот во неговите артерии. Тој како да откри некоја посебност вонејзината внатрешност, нешто што го тера да ја истражува секоја пора на нејзината личност, нешто што ќе го натера да внесе благоречивост во зборовите и милина во допирите. И тоа нешто го натера да го замени сивкастиот мантил со бел и разви трепет во неговите жили кој прерасна во нервоза и страв пред тешката операција.
Професионалната работа не значи дека не се претрпуваат неуспеси.Вакви или онакви тие не смеат да го попречат патот на храброста. Непреспаните ноќи се нижеа како и мислите што искреа во мракот. Се фатил за орото, ќе го доирга. И ќе ризикува за нејзиниот живот, дури и ако тоа значи понатамошна себеосуда, срам и клевета.
Таа со смиреност и детска наивност дека се ќе биде во ред се посложи на алотранспланцијата шепнувајќи му колку му верува и колку го сака.
Но, животниот циклус е тркало. Тркалото е нула. Нулата е ништожност, непостоење. Правта во која се претвораме по смртта е ништожност.
Сега тој замира со споменот за помислата како низ нејзините зеници ја гледаше призмата на вечноста. Дали во мозокот на разочараниот хирург има место за "Што ќе беше да беше"? Нејзината крв се залепи за неговата кожа оставајќи дамка на едно бреме. Тоа бреме заборава да го спомене убавото време. Останува само темнината облеана со лепливи врели темноцрвени капки крв.
 
С

Сатори

Гостин
~*~

Се будам после седум години заробена во истиот круг наречен љубов, немам сила да дишам, немам сила да станам, немам сила да се погледнам во огледало, после толку долго време.
Заборавам како изгледа да се биде јас, тоа во што се претворив по толку многу години, се обидувам да бидам среќна ... попусто.
Срцето ми е заковано за нечија сенка, воздухот низ моите дишни патишта веќе одамна мириса на неговиот парфем, а лицето ми е раскрвавено од сите маски на кои што се подложив за негово добро.
Навистина ... повеќе не можам!
Лута сум и боли, што секоја наредна година ја бројам во негово име и што престанав да верувам во се во што се верува за да го убијам ова чувство во мене, за него да се поклонувам на олтар за саможртвување.
Престанав да љубам, престанав да се смеам, сега не знам ниту како се плаче ... без него.
Што ми значи тој мене после толку години?
Што ќе сум му јас него после толку врати затворени?
Не знам ... ниту сакам да знам.
Болката и депресијата се само мои, поставени на почесното место над креветот, не ги давам ...
Само дел од минатото, само парченце откинато од душава и срцево, кое умира без него, јас, девојка со две лице, јас, престарена за неговите допири, јас, луда што сеуште оставам се за него.
Не, не можам да се предадам на друг после неговиот допир на моето лице, без разлика колку рацете во кои се давам се вредни, не, јас не можам да бидам нечија девојка после него ... и само него му останав верна, само неговиот лик го гледам кога сонувам, иако се трудам наутро соновите да си ги заборавам.

После седум години Дарко, после седум години, љубовта веќе ништо не ми значи ... ако не е од тебе!

Јас го кажувам своето ... јас завршувам!
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.719
Поени од реакции
13.437
Среќавање

Уште од авионот се гледа долу. Весела, зелена, разиграна. Полека и се приближувам.
- Те немам видено долго време...2 месеци...ич не си се променила уште од денот откога те оставив.
Стапнав на земјата. Почувствував сигурност. Конечно осетив тло под нозете. Ме пречекаа скоро сите но неа ја немаше.Ме заборавила...како е можно. Само 2 месеци не можеше чека...А вети...вети дека прва ќе ми скокне во прегратки.Тага... Моите како ништо да не перцепираат само ме прашуваат безвредни прашања. Молк... Наеднаш ме фаќа некоја мрзоволност. Им вртам грб како да не постоеле цело време тука за мене. Се затворам во себе со недоумица само во едно нешто... како е можно да ме заборави.
- Не беше таму а? - брат ми злобно си ги трие рацете. Не ни знае до кое дереџе е стигната работава. Го гледам се смешка но некако вештачки. Нешто знае. Крие тој нешто како господ го дал за изненадни препади и тајни.
- Не е крај на светот. Ќе има и други не е таа единствената - одговарам.
- Зошто толку брзо се откажуваш. Не ти е баш најпаметна работа. Почекај малку можеби ќе се појави однекаде.
- Ми вети дека ќе ме види прва. (Вријам)
- А што ако беше спречена. Што ако е некаде на работа.
- Спречена??? Работа??? Па јас колку се сеќавам не работи. Ама по се изгледа ти многу работи знаеш. Да не ти кажала нешто додека не сум бил тука.
- Не - ги превртува очите и заминува без глас. Лаже... Нешто тука се крчка. Некоја тајна.
Но веќе уморот ме фаќа од патот. Гледам... 3 часот попладне. Не е лошо за една попладневна дремка. Полека се навалувам на креветот со книгатаво раката но, буквите шетаат како мравки по неизгазен снег. Дремката ме зема во прегратките нејзини. Слушам само гласови нејасни. - Ќ. г. п.чек.м ти с.мо з.м.ни.
Сонот веќе поодамна ме има зграбено и не ме пушта... Наеднаш слушам како некој дише во моја близина. Топлина ми залазува по лицето. Но папсаноста ме тера да не ги отворам очите. Повторно заспивам но многу кратко. Пак тие воздишки ги слушам. Некој е тука. Чувствувам како ми се приближува... Ме фаќа некој внатрешен страв - се будам. Ги отворам очите - ја гледам како ми се смешка.
- Каде си досега. Зошто не дојде да не пречекаш, ми вети.
- Се наспа? Колку си сладок по спиење со таа бушава косичка.
- Не ми одговори на прашањето. Зошто???
- Работите се поубави кога се случуваат ненадејно.
- Ме натажи што не се појави таму...
- Ама сега си среќен така?
- Да. А самата не сакаше или беше спречена?
- Не сакав. Сакав посреќен да те направам.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom