MorrisonKA
You need a fucking hobby, bitch!
- Член од
- 23 март 2007
- Мислења
- 815
- Поени од реакции
- 27
Драг Господине К.
Измина долг период од последното наше видување. Овде, речиси се‘ е исто. Мочта е жолта, а луѓето сеуште серат чучејќи.
Мислиме често на Вас, и јас, и тие околу мене, а верувам и многумина други. Зачудувачки е фактот за големината на трагата која ја оставивте на нас. Многупати се прашуваме зошто постапивте така. Во такви моменти ги кубеме косите од главите, тие влакна што ни останаа и погледнуваме наназад, барајќи го чеканот којшто секогаш го носевте со Вас. Сигурни сме дека имате уште еден чекан. Овојпат жолт. Таму, синото не Ви би прилегало. Често знаеме да седнеме сите во круг, и да говориме за вашите црти, за вашиот глас, за вашите прсти и потоа повторно рикаме незнајно, паѓајќи и губејќи се во немоќта која ја оставивте тука.
Господине К. можеби не помните, или пак вашата големина не Ви го дозволува тоа, но Вие заборавивте многу работи тука. Меѓудругото и вашата огромна сенка. Оттогаш ѕвездите на делот од небото кое го покрива нашето мало место во знак на протест решија да не светат повеќе. Имено, сенката им пречела при вршење на нивната функција. И не светат. А, ние живееме во необичен мрак. И пак плачеме масовно, барајќи ве Вас, или пак спас од тмурното небо.
Господине К. дојдете и земете си ја Вашата сенка.
Мештаните од селото У.К.