Дебата мегу потсвеста и совеста...
Нова епизода во неговиот живот.Можеби и нова серија.Се е сменето сега.И улогите,и актерите кои ги играат.Се е поинакво.Се надеваше на нешто подобро.Можеби на одмазда?Можеби сега тој би бил оној кој ке ја диктира играта?Него ке го чекаат?Ке бидат зависни од него?Ке им биде премногу потребен.Трагично.Го доби сето тоа.И...што прави сега?Ништо.Одново се осека идиотски.Па да,сега тој е оној кој повредува.Кој си оди,кој не доага кога треба,не пишува пораки,не одговара на повици...
-И зошто сето тоа?И на кого сето тоа,момче?
-На некој кој не го заслужува,секако.Секогаш е така.
-А зошто,зошто?Не го правиш тоа намерно,нели дете?
-Па не,никогаш не би го направил со намера да ја повредам.Премногу би ме болело така.Неможам.
-Иако,сепак го правиш...а зошто?
-Недостаток на волја,така го објаснувам тоа во мене.Така си го оправдувам,си ја чистам совеста,иако не ми е баш чиста.
-Па какво оправдување е тоа,недостаток на волја?Па сите нормални луге недостатокот на волја го сметаат за негативна особина,за нешто што човека го прави мрзлив,тромав,лигав,здодевен,дремлив...нечовек,некој кој веке воопшто не е достоен за животот кој му е даден да го живее.И како сега ти го оправдуваш твоето однесување со нешто такво?
-Па добро,не останувам само на недостатокот од волја,одам подалеку од неа.И тоа го оправдуавам со нешто.Ги гледам наназад настаните,и ги обвинувам нив за сето тоа.Ја обвинувам енергијата која ме донела доттаму за да не осекам никаква обврска кон никој,никаква волја,ништо...само дишам,бидејки морам,трошам кислород,малку вода,храна...и тоа е тоа.Другото го оставам на другите да го живеат.Комплетно сум пасивен,а имам оправдување во самиот себе зошто сум таков,и не ми е тешко поради тоа.
-Ох момче,нема да стигнеш далеку.Свесен ли си за тоа?Свесен ли си дека животот оди накај тебе,оди да те прегази,а ти не си спремен за борба?Дека се ова што го правиш сега,ке ти се врати трикратно?Дека ке дојде ден во кој никакво оправдување нема да ти послужи?Кога нема да можеш да живееш со самиот себеси кога ке погледнеш наназад и ке видиш што се си им направил на тие што те сакале,а најмногу на самиот себеси?
Живот на оправдувања,дете.Неможеш така.Немаш никаква корист од тоа.
-Проклет да си,зар мора од се да се има некаква корист?Зар неможе само да се одживее животот?Само да легнеш и да дозволиш да те носи ветерот каде и да сака?Кај и да е,само да леташ,тоа е доволно.Зошто толкава загриженост околу ова мало делче од сите наши инкарнации?Па ова се само 60-70 години.Ништо повеке.Има време.Има и други животи.Можеби во претходниот сум се трудел,сега одмарам.
-Ново оправдување момче.Ново оправдување за твојата мрзливост.Каде е твојата желба?Амбиција?
-Хаха,ако се секаваш,ја немав ни како мал.
-Ја немаше,но требаше да ја добиеш со тек на годините.Каде е?Зошто ја нема?Тоа не е нормално,дете мое.
-Па што е нормално воопшто,а?Што е тоа што го дефинираш како нормално,а што како ненормално?За мене е нормално ова.За тебе она.Сите сме поинакви.Она што не поврзува е некаков си збир од општествено прифатени правила и норми(ебена дефиниција од социологија),донесени од некој,на кој на почеток му биле само негови лични,ама му текнало да ги наметне и на другите,за да може така поубаво да владее со околината.Одново лична корист.Па се се врти околу тоа,стари.Јас сум само еден исклучок.Барем сакам да бидам.Така си го оправдувам моето постоење и мојата мрзливост.
-Ох момче....зошто,зошто?
п.с текстот е чиста имагинација и ништо повеке