Прозни искри

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
Не мислев дека баш денес ќе ја остварам својата идеја за бегање од реалноста. Се разбудив без причина, за само корисно да ја искористам вц-шољата и никако поинаку.И не отидов на факултет, немав потреба за никој и ништо. Немав потреба од себе. И сите конфузни редови се поврзани со мојата мисловна мастурбација, како да немам никаква друга работа за правење.Ајде, де речеме дека се исповедам, а не верувам во ништо! Ми се јаде.Идам да си напраам пудинг.Жолт, како форумов, од ванила.
 
С

Сатори

Гостин
~*~

Мислите си течат така тивко и полека, ги преживувам одредени моменти вечерва, добро беше, фино.
Потоа ми надоаѓаат идеи за некои други димензии кои како и секогаш немаат апсолутно никаква врска со тоа што предходно ми се случувало, битно ме потикнале за нешто и да размислувам, битно ми било пријатно, за потоа да се вратам во реалноста на мојот скоцкан мал живот полн со наводна романтика наметната од страна на останатите.

No, I don't want to fall in love. (This world is only gonna break your heart)
No, I don't want to fall in love. (This world is only gonna break your heart)
With you. With you. (This world is only gonna break your heart)

Прекрасната музика која ме инспирира секоја вечер одново, треба да си платам за тоа ... контрадикцијата на тоа што го живеам и на тоа што го посакувам, сфаќам и не е така голема.
Прекрасно.
Конечно се ослободивме од лакираните чевлички, само штета е што ги фрлив, ги запоставив, не знам веќе ниту дури каде ги ставив.
И криво ми е, мака ми е ... но, малите девојчиња носат лакирани чвелички нели?
Потоа ми доаѓаат идеи за мартинки ... секако идеи кои нема да ги реализирам затоа што сум презависна од другите димензии.

The world was on fire and no one could save me but you.
It's strange what desire will make foolish people do.
I never dreamed that I'd love somebody like you.
And I never dreamed that I'd lose somebody like you no.

Но на крај, кога ќе сублимирам, задоволството сепак победува.

Nobody loves no one.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Љубов

Толку нежно и кршливо. Како пеперутка која што нежно лета низ воздухот.
Љубов.
Искреност и топлина...
Се чувстува треперење во воздухот, се осеќа нешто незамисливо, нешто неверојатно. Нешто кое што можеби е понекогаш болно, но и во таа болка има нешто убаво.
Чувството е слично како кога ќе се искачиш на највисоката карпа, го гледаш видикот кој ти го одзима здивот, ги рашируваш рацете, ветерот ти ја бушави косата. Совршенство. Несовршено совршенство.
Да, премногу имам високи идеали, можеби и премногу идеализирам.
Но, не сакам да бидам реална. Особено не кога се работи се емоции.
Одбивам да размислувам рационално.
А зашто би размислувала рационално, за нешто кое не го чувствувам така?
Борец сум. Особено за моите емоции. Во овој свет, каде што луѓето замижуваат пред емоциите, каде работите се гледаат низ призмата на материјалното, јас се борам за емоциите, се борам за љубов.
Нека ме наречат луда, нека ме наречат будала, нека ми се смеат...
Еднаш за малку ќе се откажев од способноста за љубов. Ме натераа да верувам дека не треба да верувам во чиста и искрена љубов. Но, се изборив за правото да чувствувам и борам за емоции. Да се борам за љубов. Можеби сум кукавица за многу работи, се срамам од многу работи, но се гордеам што барем сум секогаш отворена и секогаш имам храброст да љубам.
Во мене има многу љубов...пред се кон животот, кој ми дава поттик да се борам за она што го сакам...
А тоа што го сакам...е...чиста и искрена љубов...
Да сакам и да бидам сакана.
 

Black LiLy

Her Majesty, My Queen, HIP-HOP
Член од
5 ноември 2007
Мислења
109
Поени од реакции
3
Танцот на белата Кала

Танцот на Белата Кала

Од твојот заплет се отплеткав, престани да ме повикуваш. Во затсклонот ти ги откривав морбидните сомнежи. Се опивав со мразот, со виулиците, со копнежот, со незамисливата сила на СОВРШЕНСТВОТО, ја добив само студената мачна пејсажна идила. На мене ли паднаа првите снегови и од црнина направија белина? На мене ли се огледуваше кокичето кога се пробиваше низ стопената глетка за пролетта? Јас ли бев тој Лилјан, кој се тетеравеше од есен во есен препишувајќи ја притоа својата судбина на Поезијата? Бев Кала. Црна Кала. Не знаев да танцувам. Не знаев воопшто дека ги имам тие хармонични потези, па никогаш не се ни обидов. Мислев дека црнилото ќе ми падне...дека под него се затскрива вистинскиот, животен сок и дека бојата ќе исчезне. Ах, црната никогаш не била боја. Била само отпадник во спектарот... Бесчувствителна. Омразена. Тивка. Незабележителна. Симболична. Вечна. Во лет на пеперуга на ничива дланка не застанувам. Осаменик, во прекрасна метаморфоза. Бела Кала, во маѓепсан круг.
 
С

Сатори

Гостин
~*~

Снег.
Вчера заврна снег, вчера се бакнавме за прв пат ... на снегот.
Пространство, бела ширина, стадион, снегулките сеуште паѓаат врз твоето, моето лице, се губат, се мешаат со сино-зелената боја на твоите толку специфични, прекрасни очи.Постигнување на мир и спокој, макар само на момент, во нечии раце, под бела покривка и благ парфем во кој сите сетила потполно уживаат и се предаваат.
Неколку потези со мојата рака околу твоето лице, со него го започнав денот, со него и го завршив и конечно спиев, сонував.
Шетав повторно на шините под мостот ... завршив во Големиот парк на розовото мовче, те бакнав повторно секаде како вчера.
Заспав ... со тебе.
 

*OSS*

Commentless.
Член од
13 мај 2007
Мислења
818
Поени од реакции
43
-You hate me dont you?
-Why would I hate you?
-Because I came to show you the pain.
-Nah, I love you for that, I like the pain.
-Are you sure?
-Would've you been here if I wasnt?
-True...
-Yeh, and now that my blood is poisoned and I cant see shit in fron of me, and I feel like ripping off my body parts and take a deep breath before I die, you are here again? Do you think you can stop me?
-Maybe I can.
-No, thats where you're wrong. Im already dead. A long time ago, and now that I think about it I wasnt even born. You know how they all celebrated my birth in 1989? It was because another stranger stepped into this world to suffer and ache and die in the end. She never meant shit to anyone, ya digg? You know it. Remember when she was scared of the world? Well the world didnt give a F U C K! Remember when she ddnt give a fuck about what the world thought of her, the world didnt even knew she existed. Remember when she wanted to be good to everyone she met on the street? The world rejected her will to do good. Remember when she wanted to be friends with everyone she met? The world didnt have interest in being friends with her, why, because she was supposed to be noone, just a piece of air that gets into someones lungs and dissapears off to an unknown place. Remember how she wants to cry all the time? Its because she has no life in her, because she has no support and noone to BE There for her! Why? She doesnt know father. I dont know either. Maybe they think they know her, maybe they think they're doing the right things for her. Maybe, we dont know. Maybe they just like to pretend that they care and succed in things without even trying? She didnt ask for this. She didnt ask for this shitty country, she didnt ask for these surcomstances, she didnt ask for this pain, she didnt ask for these hypocrits, she didnt ask to meet all these selfish human beings which dont really deserve to be called that! She died the moment she realized that she's alone, she died the moment she realized that no one cared, she died the moment she realized she's with both tied hands about helping the people she cares about, she died the moment she lacked support, she died the moment she lost the last alive cell in her body. That must be a miracle. Because she realizes that every day, she realized that for the past years, since she can remember about herself. That must be a miracle Father! Can you imagine how many times a day she dies? And no she doesnt come back from the dead. She doesnt resurect. Nothing like that. She lives but she is dead. You might think she's a zombie, and she might look at you with the emptiest look you'll ever see pointed out to you ever, and not hear a word coming out of her mouth, and you might think that you win or that you got the "game" or control or whatever but thats where you are wrong. Thats where she reacts like she always does. Its like she doesnt need to prove shit to you, she doesnt need you to know anything about her, because you wouldnt understand anyway! No one did! No one has, and what hurts the most, no one tries! But thats ok, thats her pain, the pain only she knows, the pain she shares with noone. Yes father... Its funny isnt it? How she sits in the cold, and wants to enjoy the pain. How she wants to sit in the cold to enjoy just a little bit of love, even though she knows that tomorow it'll be gone and she'll have to make efforts to come back? Isnt it funny how she has to see the ugliest faces every morning when she wakes up instead of her loved ones? Isnt it funny that she actually tries to give people a chance to get to know her, I mean what a fool! Will she ever understand? How many other proofs and candies does she need??? I keep on wondering how she'll make it, cus she knows she will... But you believe in her dont you Father?
Air, darkness, cold world and no answer...
-Father dont leave me! Tell me please! Do you believe in her? Do YOU??? Do you!!!!!!!!!!!????
Why are you doing this to me?
I pulled the knife out, and by the time Hades appeared again, and by the time the phone rang, and by the time my brother heard the noise, and by the time my dad woke up, I stuck it in my chest, made a few movements and fell on the floor bleading the rest of the living substance in me. Thats when I continued to feel the same pain again, funny isnt it?
 

Маца_мк

♫♥good girl gone bad♥♫
Член од
13 февруари 2007
Мислења
6.421
Поени од реакции
464
Живот.Непредвидливост.Среќа.Тага.Страв.Љубов.Ред работи кои животот ги носи со себе.Нешта кои се составен дел од човековото секојдневие.Секој нов ден носи нова приказна.Секој нов ден има посебна светлина.Сите убави нешта ми ја потхрануваат душата и ми даваат моќ.Со таа моќ имам сила да ги совладам препреките во животот.Но сепак...
Во мене постојано тлееше некој чуден страв.Не,тоа не беше страв.Повеќе наликуваше на трепет.Трепет кој владееше со мојата душа.Трепет кој не ми даваше мир.Се чувствував осамено.Да,осамено.Наликував на трепетликата.И мене ме мачеше сонот.И мене ме мачеше сонот.И јас сакав да се ослободам од таа вознемиреност.И како што нејзините ливчиња постојано треперат и создаваат занесна мелодија во природата,така трепереше секој дел од моето тело.’Трепетот-показ на стравлива самотија’.Отсекогаш ме плашела осаменоста.Да се чувствуваш како да немаш никој на целиот свет.Ме ’убиваше’ една мисла-зарем јас бев толку поразлична од другите?Трепетликата барем имаше на што да се радува.Птиците сепак мислеа на неа.А јас?Кога јас ќе го победам него?Постојано прашував,а одговорот како да не сакаше да стигне до мене.Ако болката мора да дојде,нека дојде брзо,ја молев.Бидејќи животот е пред мене и јас треба да го живеам колку што можам подобро.
...сеуште треперам.Но сега некој поинаков трепет ги следеше моите стапки.’Љубовен трепет’-ми звучеше убаво,но по малку и чудно.Тоа беше како проклетство што дење гледав звезди.Проклетство што му даваше поинаква смисла на мојот живот.Со години наназад јас се борев против моето срце бидејќи се плашев од тага,страдања,се плашев да не бидам напуштена.Отсекогаш знаев дека вистинската љубов е над сето тоа и дека е подобро да се умре отколку да не се љуби.Но мислев дека само другите имаат храброст.А сега,кога повторно трепери моето срце,открив дека и јас сум способна за такво нешто.Дури и ако тоа значи разделба,осаменост,тага,љубовта ја заслужува и најситната паричка од својата цена.Овој пат ми беше мило што претрпев..
 

aquarius

sweet child
Член од
20 октомври 2007
Мислења
170
Поени од реакции
0
Првиот снег беше ги завеал улиците,во градот за кој ништо не ме везуваше,освен работните обврски.
Бев далеку од местото кое го нарекувам свој дом,од местото на кое бев навикната.Таму и осаменоста подобро ми прилегаше отколку овде.
Непознати лица,случајни пријателства и насмевки за добронаклоност,позади кои нема никаква суштина.
Ноќта беше како и секоја друга,но во воздухот чувствував немир,кој стануваше се посилен и посилен.
Телефонот ѕвони,се јавува ТОЈ.
"Те љубам"-ми вели.
"Не можам повеќе да бидам сам,не можам да бидам без тебе!"
Ги слушам зборовите,но тие како да излегуваа од мојата глава.Се сеќавам на оној ден кога се сретнавме,на првиот допир,првиот бакнеж,на деновите полни со среќа.
Се сеќавам дека се беше толку едноставно,а имаше многу повеќе значење од зборовите што ги слушам сега.
"Те љубам"-ми велиш,а секој збор ме потсетува на солзите што ги проголтав,на зборовите кои ги преќутев,на почетокот на крајот.
"Таквата љубов горчи,не барај ја"-му велам.
"Таквата љубов не прави слепи,немоќни,тажни.
Зар не мислиш дека среќата ја посакувам и јас?
О,колку многу,што не можам да изговорам гласно!"
А сепак морам да те напуштам,овде веќе едниот од нас е вишок,едниот од нас повеќе не љуби,едниот од нас ја пие последната голтка од спомените.
"Те љубам"-ми велиш.........
Зачувај ја таа љубов каква што беше и не бори се да останеш со мене.
Зачувај го споменот и продолжи,научи,разбери,што е тоа што недостасува овде.
Ние бевме,но не останавме.
Ние ќе бидеме и ќе останеме,далеку од оваа ноќ,која мириса на разделба.........
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.719
Поени од реакции
13.437
Sometimes was

Shivery cold night, lying in bed, thinking of her, recalling days gone by...

I remember like it was yesterday. I was waiting in the hall when she became from nowhere wandering around. A smile was born in her face, a smile that changed my way of seeing things. I was mezmorised for a moment. She noticed that and approached me. The tension was growing. What should I do? I asked for the time although I was wearing a watch. She smiled at me again and answered "Quater past twelve why do you ask? You have a watch". "It`s broken" I lied. She smiled at me and asked me if I could tell her where is the cabinet for Russian language. "Down the hall next to that guy with the red t-shirt" I replied. She left. A couple of minutes later I saw her getting back joyfully walking. I asked what`s the matter? Why she is so happy? "I passed the test" she answered. "Great!" I shouted "you made it. "But you haven`t told me yet what do you study?" and then our conversation started...I told my whole story and she told me hers. It was going so well I wish it could never end. But I had to leave her - the professor that I was waiting came by. Just before we separated, I said her: "I`m glad we have met. I`ll see you tomorrow won`t I ?" "Sure!" she smiled at me. The next day I saw her right when I entered the college. She was with some friends with whom she introduced me. A couple of minutes later I noticed that we both were left alone. She invited me for a drink in the caffeteria. Then the conversation continued right where we stopped. I discovered that we had so much in common. When I talked back I noticed that she was giving me that look - as she wanted something from me. In my mind were dozens of thoughts. "She is interested in me - that`s cool we`ll see how things will go on". But our conversation was again interrupted by me (time runs so fast when you have so much fun). Just before I stood up she gave me a paper - her phone number written and a kiss on a cheek. I blushed for a moment. That night I barely fell asleep. I was thinking about her, even dreamed her a couple of times. We were seeing many times later but I will always remember the day when I heard the sweetest words from her.
That day I woke up earlier then before. I felt something special will happend. It was a sunny day but it was unstable. Then the phone rang. I was surprised when I heard a familliar voice - it was her! She was upset and wanted to talk to me about something. I arranged a meeting place - the park. As I was approaching to her I noticed that she was a bit nervous. We started talking, but I noticed that she wasn`t getting any better. Then the inevitable happened. I didn`t remember a thing but when I opened my eyes I stared at her for a long time. Smiling with tears in her eyes she asked me "How did you know?". "Intuition" I replied and kissed her again. Then I felt drops of water in my hair. It started to rain. "Let`s enjoy this beautyful day" she asked me. "ok let`s" I answered and embraced her.

...The end...

Note: All characters in this story are fictional.
 
С

Сатори

Гостин
~*~

Со што да ги лажам очите кога солзите се веќе на пола пат а излезот е единствено на лицето?
Со што да го лажам срцето кога и сама веќе не знам дали е вистина тоа што некогаш сум го чувствувала за некој што е веќе одамна закопан и неговата надгробна плоча има прашина и прав, затоа што одамна не била погледната, избришана.
Со што да се лажам себе кога немам ни душа, ни мир, ни спокој се додека конците секој ден одново се параат, се додека ни мојот сопствен ум не може да најде барем една мазна мисла која не се искривила и искршила под влијанието на некои комерцијални мерила.
Повторно ја изгубив борбата со Безимениот, партијата што си ја ветив на сама себе и овој пат сигурната победа паднаа во бездната на заборавот, ништо повеќе не ми е свето, ниту јас сама.
Ироничен сплет на околности секој ден од ново, заспивање и успивање кои веќе и немаат значење, само рем фаза за да можам да продолжам да дишам и да не умрам од умор ... како тоа да ќе е лошо.
Никој не може да избега од сопствената извртена и болна психа и тоа е вистината, само смртта е таа што носи блаженствено мртвило.
А лажат дека е полесно кога се двајца ...
 

Goddess of Chaos

Nixe Nox
Член од
16 август 2005
Мислења
6.250
Поени од реакции
229
- Зошто молчиш?
- Зарем молчам?
- Зарем сметаш дека не молчиш?
- Зарем насмевката не ти кажува доволно?
- Зошто молчиш?
- Зошто молчам? Заборавам да зборам.
- Не. Каде ми бегаш?
- Седам во својот осамен бар со атмосфера од стариот век,
Кога сите бевме едно.
А сега во толку бедна ограда морам да ја стегам оваа бујна градина.
- Зошто го собираш челото?
- Навика. Очите ме печат, и забите ми цвркотат во некој африкански ритуал.
Мислам со какво само задоволство сите би се растекле врз валканиот снег.

- Мисли. Зошто молчиш? Знаеш дека знам дека кога мижуркаш мрзливо работиш со полна пареа.
- Тешка е борбата со самогласките.
Тешко е да исплукам дека всушност не мислам на тебе, туку на мојот одраз во твојот лик. И се што ме интересира е нему да му кажам нешто мелодично, спротивно од скршените линии што го делат.

Па, прости ми.
Што се случи кога деновиве повторно се сретнавме знаеш веќе и сам.
Од навика, се обидов и тебе да те натерам да ме љубиш, огледало.
Те молев да ме обожаваш.
Навика.
Долго време откако се разделивме парталава и боса одев низ оган и заведував мраз, само за твојата и љубовта на секое како тебе што засекогаш го изгубив откако управничката на домот за материи што ги заборавиле своите души ми ја закопа ефтината кутија прошарана со лични предмети на таванот.
Таму останав само со нечистотијата на непознати огледала во мојот нов дом.
Ми успеваше.
Моите нови огледала ме гледаа со восхит додека им трепкав со порцеланските очиња.
Се сеќавам како нив им кажував се, а потоа молчев со останатиот дел од себе додека го минев патот кон старата куќа на моите родители.
Газев сочни булки покрај шините,
Никогаш не помислував на нивниот сок топол како чај.
Немајќи каде, се втурнав во мала вечна ноќ и месечев шепот, со денови, со месеци, години.
Посаден горе високо во магичната градина, зарем гледаше тој во оваа соба нешто повеќе од оној отсјај што го доловував јас?
Јас можев да го пронајдам само одразот на мојата сува испукана кора.
Недостиг, анксиозен и искрив.
Кога немирната вода пребрзо тече,
Бесно извирајќи го рони секој брег на разум.
Отровно осамена го крши воздухот во својот планински крик.
А сите други делчиња од светот молкнуваат намуртено
Бесмислени се кога сопствената магија одамна одбила да ги спои.
Тогаш, обесхрабрени, жилите на вратот полни со страв ме вртеа кон следниот што ме демне на шалтерот.
Et vоuаla! Тоа е мојот студен допир кој повторно дошол да ме успие.
Навика.
Меѓу редовите на подарениот распламтен сон ме ниша од некаде познато сениште, истетовирана потсвесна мисла дека не сум избрана за стебленце на редок нов живот; топол, ѕвезден, со корења до јадрото на земјата и благи лисја до облаците.
А зад превезот на длабочината од неговиот страв, уплашено себеси се копаат две очи со познат блесок.
Тоа сум јас.
Жива само кога флертував со себеси преку своите огледала од крв и месо
Јас, сирена која повикува во смрт.
А потоа јас, морнар разбиен од карпа.

Молчам?
Грешиш, мое мало распарчено огледало, ми недостасуваше мој мал духу.
Само постојано размислувам што да облечам кога ќе се сретнеме повторно.
Во што да си ја замотам празнината за да изгледа симпатично?
Од срам се впива сама во себе при допир со стари познаници.
И потоа веќе не може да оддаде никаков звук.
Простете.
Што се случува знаете веќе и сами.
Мостот кој припаѓал на стариот император го нема кога новата војска надоаѓа.
Се срушил,
Се раздвоил како пукнатина што допира до срж.
Се исушил,
Се стуткал и прашливо плови во сопствениот вик.
Иако наоколу листаат врби и брези и лалиња на смарагдот,
Се мешаат пастелното внимание и девијантното прелевање,
Се преплавуваат неорганизираното и исполнетото, додека листовите ја будат водата и ја цедат бојата во неа.
Мостот љубоморно ги чува сите тие отисоци на својата стаклена површина, но веќе не може да го испушти звукот на својата мисла.
Бидејќи таа веќе се заробила во безвременската убавина на сферата на сенките, ја проголтало преценетото време на часовникот.












[FONT=&quot] [/FONT]
 
С

Сатори

Гостин
~*~

- Зошто молчиш?
- Зарем молчам?
- Зарем сметаш дека не молчиш?
- Зарем насмевката не ти кажува доволно?
- Зошто молчиш?
- Зошто молчам? Заборавам да зборам.
- Не. Каде ми бегаш?
- Седам во својот осамен бар со атмосфера од стариот век,
Кога сите бевме едно.
А сега во толку бедна ограда морам да ја стегам оваа бујна градина.
- Зошто го собираш челото?
- Очите ме печат, и забите ми цвркотат во некој африкански ритуал.
Мислам со какво само задоволство сите би се растекле врз валканиот снег.

- Мисли. Зошто молчиш? Знаеш дека знам дека мижуркаш мрзливо а работиш со полна пареа.
- Тешка е борбата со самогласките.
Тешко е да исплукам дека всушност не мислам на тебе, туку на огледалото позади.
Но кога веќе морам да зборам, сакам нему да му кажам нешто мелодично, спротивно од скршените линии што го делат.

Прости ми.
Што се случи кога деновиве повторно се сретнавме знаеш веќе и сам.
Од навика, се обидов и тебе да те натерам да ме љубиш, огледало.
Те молев да ме обожаваш.
Навика.
Долго време откако се разделивме парталава и боса одев низ оган и заведував мраз, само за твојата и љубовта на секое како тебе што засекогаш го изгубив откако управничката на домот за материи што ги заборавиле своите души ми ја закопа ефтината кутија прошарана со лични предмети во ридот кутии слични на неа на таванот.
Ми успеваше.
Така останав само со нечистотијата на непознати огледала во мојот нов дом.
Се сеќавам како нив им кажував се, а потоа молчев со останатиот дел од себе додека го минев патот кон старата куќа на моите родители.
Газев сочни булки покрај шините,
Никогаш не помислував на нивниот сок топол како чај.

Немајќи каде, се втурнав во мала вечна ноќ и месечев шепот, со денови, со месеци, години.
Посаден горе високо во магичната градина, зарем гледаше тој во оваа соба нешто повеќе од оној отсјај што го доловував јас?
Јас можев да го пронајдам само одразот на мојата сува испукана кора.
Недостиг, анксиозен и искрив.
Кога немирната вода пребрзо тече,
Бесно извирајќи го рони секој брег на разум.
Отровно осамена го крши воздухот во својот планински крик.
А сите други делчиња од светот молкнуваат намуртено
Бесмислени се кога сопствената магија одамна одбила да ги спои.
Тогаш, обесхрабрени, жилите на вратот полни со страв ме вртеа кон следниот што ме демне на шалтерот.
Et vоuаla! Тоа е мојот студен допир кој повторно дошол да ме успие.
Навика.
Меѓу редовите на подарениот распламтен сон ме ниша од некаде познато сениште, истетовирана потсвесна мисла дека не сум избрана за стебленце на редок нов живот; топол, ѕвезден, со корења до јадрото на земјата и благи лисја до облаците.
А зад превезот на длабочината од неговиот страв, уплашено себеси се копаат две очи со познат блесок.
Тоа сум јас.
Жива само кога флертував со себеси преку своите огледала од крв и месо
Јас, сирена која повикува во смрт
А потоа јас, морнар разбиен од карпа

Молчам?
Грешиш, мое мало распарчено огледало, ми недостасуваш мој мал духу.
Само постојано размислувам што да облечам кога ќе се сретнеме повторно.
Во што да си ја замотам празнината за да изгледа симпатично?
Од срам се впива сама во себе при допир со стари познаници.
И потоа веќе не може да оддаде никаков звук.
Простете.
Што се случува знаете веќе и сами.
Мостот од стакло кој припаѓал на стариот император го нема кога новата војска надоаѓа.
Се срушил,
Се раздвоил како пукнатина што допира до срж.
Се исушил,
Се стуткал и прашливо плови во сопствениот вик.
Иако наоколу листаат врби и брези и лалиња на смарагдот,
Се мешаат пастелното внимание и девијантното прелевање,
Се преплавуваат неорганизираното и исполнетото.
Листовите ја будат водата, ја цедат бојата во неа.
Мостот љубоморно ги чува тие отисоци на својата површина, но веќе не може да го испушти звукот на својата мисла.
Бидејќи таа веќе се заробила во безвременската убавина на сферата на сенките, ја проголтало преценетото време на часовникот.
[FONT=&quot]

[/FONT]
Прекрасно опишана и доловена сторија, реална или скоро реална, не знам ...
 
Член од
21 декември 2007
Мислења
53
Поени од реакции
1
Моето плишано мече

Зад видикот на моиве очи, во непроветренава одаја се загушувам. Не можам повеќе да го поднесам мирисот на јадот, гневот и тагата. Осаменоста ме гневи и растажува. Посакувам да ја проветрам темнава одаја, да почувствувам свеж воздух низ моиве ноздри, меѓутоа вратата е заклучена, а клучот е заробен некаде во темницата на мојата душа. Прозорците се темни од нечистотијата која се таложела толку долго време.
Ги отворам очите, изворот на моите солзи кои веќе почнале да го преплавуваат моето лице, и гледам наоколу и се прашувам дали е возможно се толку да биде сурово? Во моите прегратки стискајќи го моето плишано мече, речиси задушувајќи го, му се обратив:
-Малечко, не грижи се, јас и покрај се ќе те чувам. Нема да дозволам никој да го уништи твојот живот. Јас веќе ги изгазив трњето за да можеш ти да одиш безбедно без да се повредиш.
И повторно ги затворив очите обидувајќи се да најдам мир во таа одаја, но овој пат таму го видов малото девојче како исплашено седнало во ќош плашејќи се од туѓите прегратки и блискоста. Повеќе ја болеа прегратките отколку осаменоста. Повторно и прозборев подавајќи и ја раката:
-Малечко, јас нема да те повредам, јас ќе те чувам. Се колнам дека никогаш нема да те повредам.
Солзите не престануваа да се откорнуваат од моите очи. Го погледнав плишаното мече, за миг оттргнувајќи го од моите прегратки и во неговите очи прочитав страв. Го стиснав уште посилно до моите гради и реков:
-Го слушаш ли ова Малечко? Се додека моето срце чука, јас ќе те чувам
 

Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
Ненадејно Убиство

Кога лутите Еринии ќе го нападнат замокот на човекот нема сила што ќе ги запре повеќе. И веќе ништо што реално постоело во него не останува. Се изумира до последната клетка.
Иако е ограден со извонредно соѕидана ограда, иако на вратата стојат два немилосрдни чувари кои убиваат без милост, тоа не е доволно за да го спречи гневот на Ериниите насобран во текот на 16 години.
Не е само гнев. Тоа е омраза, омраза што тие ја потиснувале под мразот на перикардот за да потоа излезе и никогаш не може да се смири бесот, желбата за деструкција.
Резултатот е јасен: смрт! Сигурна за замокот на човекот, потенцијална за Ериниите.
 
С

Сатори

Гостин
~*~

Постепено пропаѓам во современоста, заборавам да чувствувам се што е поврзано со ризикување на мојата „ладна“ положба и уште потрагично од се е дека лажам.Болка, тоа радо го пуштам во себе, мазохист до ‘срж, уживам во разградувањето на среќата и ги складирам малите парчиња во некој дел од себе за наводно расположение.
Се лажам со квалитет, се уништувам со квантитет, болна инспирација која ми овозможува да го препознаам ликот во огледалото.
Верувам на моменти дека нешто ќе ме направи покреативна од осаменоста, но тогаш си велам, зошто да се лажам?Зарем не се лажев доволно?
Но не, никогаш нема да биде доволно, зошто и така се е само уште една лага, се за да пишувам.
Повторно изгубена меѓу зборови и стихови, лутината е на почесното второ место, лошо е што ниту таа не е оправдана, не знам колку е голема длабочината на изворот, не знам ниту каде е, што ми ускратува да ја опишам неговата местоположба, да го затрупам или да го направам вруток.
Понекогаш, само за момент, лесно е ... така си велам секогаш кога заборавам, кога доволно ќе се напијам, кога нешто ново ќе започнам.
Ризикот од разочарување е тука, но битно беше да не се разочарам себе?
Премногу прашања си поставувам за моите 17 години а постојано со нив се оправдувам.
Тривијално ... знам!
Се губам помеѓу ликови и личности, преголемо количество на масовна култура која потсвесно влијае врз психата.
Отскокнување за индентификација ... повторно, се за да можам само да пишувам.



Хектичноста во која живеам наскоро ќе ме убие.​
 

Kajgana Shop

На врв Bottom