Прозни искри

doti4nata

Drama Queen
Член од
25 септември 2005
Мислења
3.390
Поени од реакции
35
Ехх...една лоша работа од твоето постоење во мојот мојот живот е тоа што ми ја уби желбата за пишување. Јас секогаш сакав да снимам шпански серии, да раскажувам колку сум јас разочарана, колку ми е беден животот, а сега...па сега не смеам ни да помислам да пишувам дека сум тажна, со самото што имам толку прекрасна личност само за мене јас сум најсреќната личност на светот. Се прашувам што сега, вака хепи стварно немам предизвик за да пишувам, сакав другите да се чувствуваат прочистени од моите зборови, а сега можам само да ги насмеам...или да ми завидуваат на среќата, ватевр. Леелее па и книгата си ја запустив, не за друго, туку само на тебе мислам, колку многу те сакам, колку ни е убаво заедно, колку се сакаме бла,бла... Што да правам сега? Не сум писател што создава приказни, јас пишувам за мојата приказа, а сакам трагични ствари да пишувам... Мислам не дека се бунам, скраја да е да сакам да те нема, само ми недостигаат миговите на осаменост, кога пишував со солзи во очите, кога преколнував некој што не ме сака, а сега можам само да пишувам глупости и да се смеам зошто ТИ ме сакаш. Само зборовите кои срцето ги претвора во реченици, реченици за тебе, само тие вредат, само тие се прекрасни како нашата љубов. Во слободно време ми преостанува само да трескам глупости и неповрзани работи обидувајќи се да најдам оправдание за мојата НЕкреативност, за недостигот од инспирација и мрзата... Во слободно време единствено ми преостанува да те љубам!
 
С

Сатори

Гостин
Извадок...

Белите чаршави на креветот беа извалкани.Неколку дамки од вчерашните случувања.Малку вино, малку крв и гола девојка во креветот.Идилична слика за господинот што седеше на столот, неколку метри подалеку од неа.
Набљудувајќи го нејзиното нерамномерно дишење, претпоставуваше дека сонува нешто лошо.Ги собра веѓите во еден лак, за секунда размислувајќи за што би можел да биде сонот на една така млада девојка.
Ја извади цигарата од устата за да може да го издува димот.Ја стави полека во пепелникот.Почна да си ја допира устата со прстите.Големите сини очи шетаа по нејзиното тело.Размислуваше за тоа да стане од столот и да ја погали, му изгледаше толку наивно помеѓу белата постелнина.Повторно ја зема цигарата, ја погледна и ја изгаси.
Никогаш не сакаше да ги пуши цигарите до крај.Скоро ништо да не правеше до крај, дури и кога земаше нечија невиност, како претходната ноќ, тоа не го направи до крај.Безпотребен напор, мислеше.Но сепак уживаше, како што не уживал со ниту една девица до сега.Скоро да му беше жал за оваа плавокоса девојка, го потцетуваше на времето кога беше млад и заљубен.Неговата прва љубов беше...слична на оваа девојка која лежеше во креветот.
Стана од столот, безживотно, како што знаеше само тој.Ја облече кошулата и го намести каишот.Застана пред огледалото.Го гледаше својот одраз неколку секунди, додека повторно му се враќаа некои стари сеќавања.Помина со раката низ косата од која се познаваа неколку бели влакна и побара ливче.Напиша на него неколку бројки.Го остави на масата.
Се заврти уште еднаш да ја види и ја затвори вратата зад себе.
 
Член од
2 мај 2007
Мислења
10
Поени од реакции
1
Sekoja vrska zapocnuva so najubavite zborovi na svetot, duri ne se podarat i simnat site zvezdi koi se na neboto. Togas za da go dobies klucot od vratata na posakuvanoto srce, podaruvas se tvoe, posakuvas najmili zelbi, miluvas na najnezen nacin, ljubis mehanicki so celoto srce... Togas se e sovrseno, togas se e najubavo.. No podocna seto toa stanuva izbledeno , site simnati zvezdii se gubat vo nepovrat, site onie neznosti gi ostavame vo zaborav... Togas onaa ogromna ljubov, onaa posvetnost- nseto toa stanuva ednostavno samo navika! Navika so koja mozeme da ziveeme i podolgo, navika koja nesvesno ja narekuvame- LJUBOV. Seto toa e samo izbledeno sekavanje od onaa *vistinskata* ljubov na pocetokot, koja ja cuvstvuvame so cela neznost, so polna doverba, cuvstvo na elan i najmnogu naklonost i pocit.
... Sega stojam na rabot na edna neizvesnost, sama, osamena... Probuvam da razberam so li napravi od mene. Novata strana vo zivotov, ja posvetiv samo na tebe i ljubovta sto ja cuvstvuvav za tebe. Se sto sakav, posvetuvav, imav, ljubev, gledav, podaruvav... Zrtvuvav, posakuvav najdobro- se zaradi tebe! Se se vrtese okolu tebe i se okolu tebe. Nokva molam da mi prostis sto te zasakav, podaruvase, vnesuvase napor, samo za nas i nasata ljubov. A jas , jas nemav nisto da ti dadam osven edno osameno srce, koe bese preplaseno ko srna. I poslednoto nesto sto go imav ti go dadov. No vo tebe, vidov imase samo ladnokrvnost i laga. Toa se gledase duri i vo tvoite oci... PROSTI MI... Prosti mi sto ljubam so celoto srce, Mozebi jas samo bev edna temna tocka vo tvojot zivot sto ti odzemase samo od tvoeto skapoceno vreme. Te sakav na nacin na koj nikoja nema da te saka. Sega zbuneta se probivam kako pocetnik niz gustata magla sto go nisa srcevo, sega odam so treperliv cekor kon svetot. Odnovo ucam, odnovo osoznava. SE zaradi tebe. I koga sega ke se svrtam vo minatoto sto znam sekogas ke me sledi, blisko minato- se sekavam samo na edno nesto... Ti rekov- Eve zemi mi ja dusava, nemam sto drugo da ti dadam.. Samo toa mi ostana.. Toa e e sto imam! A ti me odbi na najbeden nacin na koj stoi nikogas ne go ocekuvav od tebe da go storis,,, Me boli, boli toa sto srcevo mi place.. A od ocive poveke ne tecat solzi. Mojot nepresusen izvor... Presekna. Pomisliv vistina ljubam, ne, ne sega Gospode koga sum najsrekna. No sudbinata me dovede do eden rab na koj sto sega stojam i razmisluvam kade, kade da trgnam, kade da ja utesam dusava?
Ti mi bese se. Sex sto imav a ne go podariv nikomu. Ostanatoto e nekade. nekade vo nepovrat kade i samata neznam. Mi bese kako dar od boga. Imase mnogu a vo sustina nemase nisto. Mnogu mi vetuvale, se kolnele, pagal na kolena, molele... Od samiot zivot bev izigrana. Veruvav sekomu, davav se moe, cela ljubov, doverba. Sekogas na pogresni, sto toa samo go zloupotrebuvaa, go gazea. A vo mene imase tolku ljubov i neznost sto bi go stoplila siot svet. Seto toa bese samo tvoe, i tvoe. Ne znaese da go zacuvas. Ti bese onoj koj odbra taka. Sakase luksuzen zivot oblien vo drskosta na drugite i samoljubieto nivno.. Bev podgotvena na se so tebe, Duri i ostatokot od zivotot ti go davav za da go napravis onakov kakov sto ti sakas. Najmil moj... Ne se zaborava ona sto go pominavme zaedno. Ona sto nekogas velese deka te pravi radosen. Zosto lebedu moj zavrsivme vaka? Zarem moravme da dozvolime sudbinata da ne donese na ovoj prag na koj sto sega stoime izbezumeni.. Za tebe e lesno, Znam... Mojata taga ti ne ja razbiras i ni najmal del od nea ne cuvstvuvas. Ti koj imas kameno srce. ZNam deka sega okolu tebe e se rozovo, se vo najdobar red, i na mene gledas kako na edna promasena cel i edno iskustvo sto mozebi ke go pametis. A ti ke najdes uteha vo nesto drugo ili druga na koja samo ke ja povredis- znam. No te molam kazi mi uste samo ova, Sto li pomisluvas sega koga ke poglednes vo onie sliki kade zaedno se raduvame na zivotot i mladosta koja zaedno ja rascutivme... Koga onie mesta kade sto se krievme za da si ja davame ljubovta samo megu nas....? Koga na onie mesta se pregrnuvavme so neznost...
mozebi seuste te sakam i ke te sakam se do krajot na ovoj zivot vo koj znam nema povtorno da te imam.. No znam deka edinstveniot sto sum go\ ljubela i dala se sto imav SI TI LEBEDU MOJ.....
to be continued......
 

La Española

Лекот е отров!
Член од
1 февруари 2007
Мислења
1.808
Поени од реакции
556
Имам одличен слух... Многу често како да ги претчувствувам бурите. Само малку да се задлабочам и веќе од толку далеку го наслушнувам татнежот и звукот на грмотевиците.
Изнемоштена- заспивам, но и во сонот како да слушам СЕ! Одеднаш ме разбудува еден тресок, ги отварам очите, уште во сон и го слушам звукот на силен дожд, на бесен ветер и снажни грмотевици. Го кревам погледот и погледнувам надвор.... Една секавица ме заслепе, но не успеа да го тргне погледот од тоа што го гледав пред мене. Вистинска бура- неописливо дело на природата. Од небото како да се истураше вода, а ветрот беснееше луто и како да играше со сета таа вода- ја вртеше во круг, ја плискаше... не не... повеќе изгледаше како ветрот и дождот да танцуваат. И дрвајата се придружија кон овој необичен танц. Јас уживав- сето тоа ме асоцираше на нешто боженствено.
Го свртев погледот и забележав како една жена од споротивниот балкон гледајќи во небото се крсти и мрда со усните (сигурно кажувајќи нешто). Тогаш се запрашав: Ова е казна од Господ, изразување на неговиот бес или пак награда, покажување на неговата неограничена моќ?
Гледав низ прозорецот долго, впивајќи во себе се што забележував... потоа се тргнав и се вратив во својот кревет, ги затворив очите и така со затворени очи продолжив да уживам во се тоа што се случуваше надвор. Уште една мисла ми помина низ главата, си реков: Ех... што ти значи да си уметничка душа... Ситници можат да те израдуваат, восхитат и исполнат, а и ситници можат да те натажат, разочараат, уништат. Надвор бурата полека полека се смируваше, а исто и моето растреперено срце.
Кога се разбудив, сонцето веќе ги беше победило облаците.
 
С

Сатори

Гостин
Приказна низ неколку сцени...


Сцена бр.1​
Долгиот и тежок фустан шушкаше низ дрвените штици на подот...притоа правејќи пријатна бука.Лесно движејќи се низ темниот ходник застана пред огледалото за да може барем да го препознае својот изглед.Се насмевна, иако не може тоа да го види во одразот.Полека ја тргна вратата од гостинската соба...
Таму беше тој, спокојно седеше пред каминот отплетувајќи ја својата коса...имаше подолга коса од нејзината.Изгледаше спокојно.
Полека му се приближи, но фустанот ја издаде...Тој се заврти и ја погледна прашално.
Што бара таа толку млада дама кај него во соба толку касно...тој е гостин, таа е ќерка на домаќинот...Но сепак ја гледа како хипнотизиран и не може а не помисли на тоа како да го соблече фустанот од неа.​
Сцена бр.2​
Таа лежи на креветот со разбушавена коса и со мирен изглед на лицето.Делува толку преморено а толку секси, облечена во сива морнарска маица...два пати поширока од неа.
А тој се враќа прилично касно...бил некаде.И ја гледа како спие, убава е...нежна е.Знае дека го чекала, но дека премногу работи и дека не може да го дочека кога е излезен со пријателите.
Се наведнува врз неа и само ја бакнува во образот...зошто да ја разбуди.​
Сцена бр. 3​
Лежи таа, лежи тој...а меѓу нив толку голема празнина и простор што слободно може да легне друг пар.
Тој тоне во синилото на нејзините очи...го гледа, но повеќе плаче затоа што се спрема да го остави.
Куферите се веќе спакувани.Веќе и е договорено кај која пријателка ќе преспие деновиве.
Таа тоне во него...сеуште го сака...ја соблекува црната блуза на која пишува „Канибал корпс” и ја облекува белата кошула со машки крој која и ја сошил тато.
Го бакнува во образ...зошто да му каже дека денес нема да се врати од работа дома.​
 
S

Sith_Lord

Гостин
Сиво. Хехе. Сиво.
Колку сиви суштества протрчаа покрај сивата ограда денес? Не знам. И улицата беше сива.
Колку бедна боја, кој беден компромис.
И небото натаму тераше.
Земав кофа со боја. Зелена со жолти точки. Бојата, не кофата.
Со неа го полив телевизорот. Се лепеше. Изгледаше глупо. Сивото ѕиркаше на местата каде што бојата се немаше разлеано.
Се откажав и малку шетав во круг. По пет минути ја сменив насоката. Без резултати. Ми се вртеше во глава, а стомакот ми кркореше. Мудро заклучив дека мора да сум гладен.
Каснав малку сив леб со светлосиви преливи. Вкусот наликуваше на неделно попладне.
Се откажав од намерата да откријам зошто постои овој ден. Сивилото воопшто не ме запрепастуваше. Напротив. Делуваше смирувачки. Како грст Лексилиуми растопени во чаша вотка.
Наместо тоа решив да спарувам чорапи. Беше интересно. Потоа излегов на улица и ме згази кола. Умр... се зезам. Ништо толку драматично.
Едноставно се претопив во сивилото. Ме прифати, како изгубено дете. Станав сив, и се гордеам со тоа. Се што не е сиво мора да умре. Порано или подоцна.

Sith
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Се решивме кај нас, да одржиме состанок и да разгледаме некои од темите за кои се дискутира секојдневно, но не вака... очи в очи. Како најмлад член, ми дадоа предност, сметајќи дека моите младешки(со оглед на нивните години) проблеми се најлесно решливи. Јас им реков:
- Сакам да се убијам...
- Како тоа... како... како сакаш да се убиеш? - се збуни мајка ми.
- Едноставно, не ми е важно средството. Океј, знам дека тоа не ме прашуваш. Некако ми е мака повеќе да живеам. Ме учевте како малечок дека светот е убав. Сите ги учат така децата нели. Епа грешат. Ако ги учат дека светот е суров, дека треба да се борат, дека треба да гризаат додека забите не им испаднат, ќе бидат спремни. Како тигар надвор од кафез. Спремен е на се`, и за него нема проблем.
Од малечок гледав како луѓе одоколу умираат. Гледав колку е тажна баба кога умре дедо Дико, гледав низ каква агонија пројде тета кога умре тетин, а и сам на крајот го носев дедо кога тој почина. Сакал или не, се спремив за смртта на луѓето, иако знам дека вашата ќе ме изненади и запрепасти. Но се спремам секој ден. Учам.
Зошто не ме научивте да бидам суров кон светот? Зошто толку многу ме погаѓа масакрот во некое Ирачко село, и зошто не можам да и укажам на девојка ми некои грешки, стравувајќи дека ќе ја повредам? Каде е мојата природност? Изгледам како да сте ме растеле во кафез, во зоолошка градина, каде инстинктите дури и на лавот му се загубиле во тажните погледи на посетителите кои го жалат дека е затворен со сета своја дивина и суровост.
Но, не плашете се. Нема да се убијам. Не сум толку смешен. Иако би го сторил тоа, ако некој дојде да ми гарантира, дека кога ќе умрам, ќе можам да гледам што правите, но само она што јас сакам. Сакам да гледам малку убави работи. А нив навистина ги нема. Нема убави нешта во светот, како што нема ни убави зборови во мојот речник вечерва. Очајно е, зар никој не го гледа тоа? Го достигнавме дното на нашето битисување. Ние, како луѓе и како општествени животни. Во секој поглед. Пцуеме, крадеме, лажеме и тоа се добрите особини. Да не ги спомнувам лошите. Се извитоперивме комплетно, мазохисти и педофили, луди ликови кои ги заобиколувам на плоштадот. Сакам да го нема тоа, зар не можеме малку да бидеме како добрите швеѓани а весели како јапонци кога пијат саке?
Сакам да умрам, мене ми е срам што морам да живеам на иста планета со оној човек кој пред светот кажува дека сака да ја реши светската сиромаштија а воедно има неколку милијарди пати поголеми услови од сиромашните. И тоа во скапи валути милијарди причини. Мене ми е срам што земјата во која живеам ја газат луѓе кои се мразат себе. Кои додека одат плукаат по своите чевли а потоа се лутат на минувачот дека и тој плука на истите чевли. Кај нас е се` контрадикторно. Дури и семафорите не можат да се договорат кој како ќе свети во кое време. И циганчињата на улица се удираат по чело за постапките кои ги прават полицајците. Веќе кучињата не само што немаат каиш, туку тие ни ставија нас каиш. Ако тоа не е парадоксално тогаш јас и воопшто не сум жив.
Можеби е ова само илузија кое јас сега го говорам. Можеби сум веќе мртов, но на земјата не сум го постигнал она што ми било зададено па сега морам да ја истрпам казната. А можеби сите сме мртви, можеби живееме во пеколот. Во зависност од тоа колкав бил нашиот грев на земјата, толку појасно можеме да ги видиме идиотизмите кои се случуваат секоја секунда околу нас. Можеби осетливоста и хуманоста е најтешката казна. Можеби планетата е пеколот. Тука не носат од некаде далеку да ја издржиме нашата казна. Како затвор. Осудени сме на 100 години. Ја издржуваме казната, умираме и повторно назад. Значи дека оние кои умираат побрзо всушност не се хендикепирани да ја видат светлината, туку се благословени од судијата.
Во тој случај, самоубиството мора да значи бегање од затворот. По тој систем јас ја копам мојата дупка во ѕидот веќе 7 години. Го спремам големото бегство од Алкатраз. Само не знам дали оние кои ќе ги фатат ги враќаат назад?
Сите молчевме една минута, на крајот повторно јас го скршив мразот.
- Но добро, рано е сеуште за бегство, вие сега продолжете, јас одам да го извршам мојот хедонистички ритуал. Полнење на организмот со маснотии и канцерогени супстанци.
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Патепис до централна Европа и назад

Ранобудници сме ние, сериозна екипа луѓе, тргнуваме кон светот и кон нови победи со петлите. Кога се вклучи алармот се почуствував како петел на буниште, горд дека конечно станав пред баба ми. Сонцето сеуште портокалово, но некаде на источниот брег на Црно Море, кај нас... благо кажано беше мрак.
По утринските ритуали, тргнавме орни, во речиси шест часот. Нашата граница стандардно без мака. На поминување низ Србија сфаќаш зошто постојано и нам ни го кажуваат она “брате“. Сироти, сиромашни се како да ги исфрлила поплава. Личат по многу на нас, бидејќи ние сме тука некаде со катастрофите, изгледаме како пост земјотресно истрауматизирани. Никаква разлика до Белград каде веќе Европа почнува да тропа на врата. На границата со Унгарија се прекрстивме сите по три пати кога сфативме дека сме стоеле само 15 минути. Буткаме рекорди, се пофаливме себеси, ова мора да е добар знак. Добар беше колку и сам гробар на трибина со 100 делии, но добро.
Низ Будимпешта надокнадивме за границата. Го закачивме шпицот, а Унгарците и покрај тоа што се богаташите на источна Европа не слушнале за синхронизирање семафори па по некое време и плукањето по брзината на една желка покрај патот ми стана апсурдно. Вистинската приказна околу визниот режим на Македонија и Македонците моравме да ја сведочиме онаму каде стандардно чмаеме. Премин Запапустра или како и да се вика, каде добро одстојавме. Сфатив дека долго сме таму бидејќи кесичката со чипс ми е празна, кока кола веќе нема а мојот стомак не се задоволува со пријатната глетка на Панонија. Односот на Унгарците и Словаците кон нас не е воопшто не пријатен, туку е само индеферентен. Мислам дека имаат наредба земјите од третиот свет да мораат да стојат одреден број часови и покрај тоа што нема работа. Регистрации од локалните земји поминуваат со лични карти, а еден замаен Полјак не му се чекаше 5 секунди да дојде граничарот до неговиот автомобил, па едноставно си продолжи. Словакот кој требаше да ги провери документите најпрвин крена рака по него... а потоа и замавна во стил “Море е*и му матер“, па никој воопшто и не примети дека влегол во Словачка. Ние за разлика од нив, оддремавме добра партија.
На општа радост ги добивме пасошите назад, па како да сме земале грчка виза прославивме гласно. Словачка е убава земја, штета што не можам да го кажам истото и за луѓето кои живеат таму. Не сместија во просечно удобен хотел со базен и џакузи. Од терасата се гледаат скијачки и голф терени, во зависност од годишното време, таква е и нивната боја. Во моментов, зелена, прекрасна со неверојатно прецизно искосена трева да ги привлече богатите американци на партија “фенси“ спорт. Рецепционерката беше срце, конобарката исто така, а девојката која работи во базенот најпрвин ни се смешкаше а потоа ни се придружи. Тешко се зборува кога вајана девојка ќе влезе во базенот на разговор, особено на англиски, но се снајдовме. Ја заменува мајка и, а инаку студира дизајн или нешто слично ако добро ја сфатив во Братислава, но сега е дома на одмор.
Она што е најлошо во оваа земја е храната. Пилешки батачиња со ориз и прелив од џем од брескви. Колку прекрасно зготвено и на крај морале да го усерат. Леб се добива само со полиција, но барем има пиво во изобилство. Откако катастрофално го одработив својот дел едвај дочекав да заврши вечерата каде не послужуваа на етапи, па личевме на варвари кои се борат за грозно месо измешано со шумски јаготки и којзнае што. Заминавме во девет навечер, по истиот пат.
Границите буквално ги преспавме па не приметив дали сме стоеле пет минути или пет часа, но автобусот застана кај Бачка Топола, во централна Војводина каде пукнал фунфлаторот, шмишајбната или нешто слично од речникот за автобуси. Стоевме проклети осум часа во место додека локален мајстор кој немам поим како се најде таму се обидуваше да стори нешто. Одеше до градот и се враќаше по сто пати, а за тоа време јас го освоив светот три пати, и два пати изгубив на бриџ. Кога конечно пробрмчевме, веќе немавме ни желба за патување. Гладни до бескрај, се клацкавме и гледавме како одминува онаа фабрика за преработка на месо, која стоеше до нас цело време, под клуч. Иронично знам. Белград преку ден го преспав, а инаку е толку убав. Се враќавме назад гледајќи ги истите фаци покрај автопатот, со палта од `63 година па наназад и испиен лик, фраери во раксантани коли како фрлаат пластика и накострешени администратори во секоја кабина за наплаќање. Очајно... но добро, барем храната е добра.
 

Dark Angel

Unfaithfull to life...
Член од
14 јули 2006
Мислења
1.081
Поени од реакции
6
Сокаче

И секој пат кога се враќам таму, знам дека пукнала жицата на инструментот. Готово, нема повеќе музика, или има ама квази, одвратен пореметен звук насилнички изваден со гудалото. Одам на тоа место чиј дух е полн со ужас, тивки врискања и страв. Има некоја тишина, слична како онаа после војната, додека аздисувањето на луѓето е сведено на минимум. Раскажуваат за тоа книгите кои ѕиркаат зад прозорците на старата мизерна библиотека, крцаат дури и кориците од книгите, немоќни за да се спротивставуваат. Колку лесно само би влегле таму уличните мачкишта, да ги нема решетките врз прозорецот. Само еден скок од раскантаните бетонски скали и доволно е. Директно гледам во скалите, едвај и да личат на себеси, секогаш заборавам по кој редослед ја менуваат својата големина и внимавам за да не се струполам врз нерамниот бетон со каллива уста одкога ќе се изнаврне дожд. Се пика водата и во подрумите под библиотеката, под огромниот ред згради кои го штитат маалото од уличниот кичерај. Долг заоблен блок станови, некреативно изградени којзнае пред колку години. Дури и да не се толку стари неквалитетната испукана кафена фасада дава некој меланхоличен тон. Сите малечки терасички изнаредени со собно цвеќе и еден куп влажни алишта, висат како во некоја старомодна италијанска уличка. Најверојатно и домаќинките посветени на нив меланхолично го гребчат секој нов ден. Често мачките и кучињата тарашкаат по сините ќеси со ѓубре и го расфрлаат по целото сокаче, па горниве домаќинки пцујат како кочијаши, губејќи ја својата природна женственост. Некоја ќе замавне со некој неупотреблив предмет и ќе го докрши прозорецот на староградската жолта куќа спроти зградата. Колку би сакала таква куќа, со дрвена широка порта, голем двор со бунарче и цвеќе, приземјето обложено со камен, многубројни големи прозорци и високи тавани во собите. Веројатно сопственикот одамна починал и неговите разгалени деца се испокарале за имотот, та дигнале раце од куќата оставајќи ја под забот на вечноста. Зјапа големата куќа во ситното дуќанче пред кое секогаш седам, како да сака да го проголта во себе. Којзнае каков занаетчија го држи, не сум се сетила да погледнам внатре, а можеби сум погледнала некогаш но ми била небитна таа информација и сум ја загубила во торнадото од мисли. Мисли... Заради нив и одам на тоа место, да ги исчистам и подредам, да им дадам мир и спокојство за правилно да се движат, барем малку ред, ништо повеќе. И секогаш ми успевало, седни си пред дуќанчето, запали цигар ако ти е ќеиф, ѕвери се во објектите околу себе, можеби и некое животинче ќе ти направи друштво. Секогаш ми давало мир и скопој. Секогаш сум ја наоѓала тишината, вистинската тивка тишина. Не и овој пат...
 

doti4nata

Drama Queen
Член од
25 септември 2005
Мислења
3.390
Поени од реакции
35
Доверба, искреност, љубов...Верност. Тоа се толку поврзани зборови. Дали тоа значи дека ако исчезне некој од нив, дека се се' руши? На некој му веруваш, му кажуваш се' за тебе, му ги кажуваш твоите најголеми стравови и желби. На некој му бараш само верност, всушност бараш неговото срце да биде САМО ТВОЈА сопственост и додека да трепнеш сфаќаш дека и телото игра голема улога, а тогаш е веќе доцна. Ја очекуваш најубава ноќ во твојот живот, а всушност добиваш искреност и се прашуваш дали воопшто сакаш искреност. Сите солзи шепотат нешто што не можеш да го слушнеш, а трепериш. Зошто? Можеби тие разговараат со твоето срце, можеби не слушаш, па ти чувствуваш. Верноста повеќе ја нема, довербата се губи, искреноста ја мразиш, а сепак љубовта лебди секаде околу тебе. Но овој пат лебди како облак кој ти го краде воздухот. Се вртиш да си заминеш и пред тебе има огледало, огледало во кој се гледа нејзиниот ангелски лик и сите солзи, кои како кисел дожд ја горат нејзината кожа со вкусот на сопствената прељуба. Дали е тоа судбината, сплет од случајности кои постојано не предомислуваат и не враќаат кон она што не правело среќни, без разлика на моменталната болка која ни го топи срцето како коцка мраз врз жешкото тело на страста. Не го заслужува твојот удар, не го заслужува твојот бакнеж, па зошто тогаш чувствуваш дека ја заслужува твојата љубов? И сфаќаш дека не е ни важно. Клекнуваш крај неа и ја тешиш. Ти, со твоето скршено срце и изиграна доверба, имаш храброст да ја тешиш неа која не ни помислила на тебе кога љубела туѓи усни... и сето тоа затоа што ја гледаш во нејзините очи љубовта кон тебе. Повеќе не ја сакаш вистината, не ти е важна довербата. Важни се само таа, нејзините грешни усни и нејзиното голо тело. Заспивате прегрнати и покриени со чиста љубов, среќни што се сакате, а тоа што се случило вчера... Што се случило вчера?
 

MorrisonKA

You need a fucking hobby, bitch!
Член од
23 март 2007
Мислења
815
Поени од реакции
27
Браќа

Ја отвори полека вратата од собата. Колку и да сакаше да биде дискретен го издаде староста на ова трошно куќиче кое го нарекуваше дом до својата десета година. Чекореше одмерено и бавно, како да сакаше да се спои со неприметноста и да живее движејќи се со неа. Но, не беше само куќата стара. Стар беше и тој. Недоволно за да го наречат старец, но веќенаречен брат,сопруг, татко и стрико. Од сите овие имиња само едно го гушеше во грлото. Лебдеше избледено во просторијата со мирис на минато, пецкаше одвнатре, го давеше во некои одамна испарени води, го лулаше полека назад и полека нанапред, а се што добиваше од него беше болка во желудникот. Болка која не ја лекуваше ниеден Спазмек, а најмалку времето. Истата оваа болка ја почувствува и сега, кога збрчканите очи го пресретнаа човекот кој чекаше седејќи на дрвеното столче во собата. Колку и да болеше одвнатре и колку и да сакаше да ја скрие таа болка го издаваа набабрените, згужвани раце кои трепереа исто како и напнатата вена на челото.
Нозете се стресоа, Земјата го преврте, а меморијата го предаде. Овој средовечен човек некогаш имаше брат, а што е уште полошо некогаш и тој беше брат. Сега пред него стоеше само еден Странец. Се обидуваше да се сети на нешто, некоја одамна изгубена детска игра, пијана седенка, дамнешен роденден или било што. Само сакаше да почувствува, да најде врска малечка, тенка, проѕирна, испрекинета, но се што наоѓаше беше закопаното детство, одамна потпопено, заклучено. Остана на тоа. Не сакаше да копа по тие светли длабочини, ги чуваше многу скапо за сега да продре во нив. Тие беа само сенки. Избледени, но светли. Затоа гледајќи го овој Странец, реши да гледа само во неговата сенка.

*на мојот татко
 

Тикви4ка

Нарцис со сина крв
Член од
1 март 2007
Мислења
3.134
Поени од реакции
273
Гледа тука децава се распишувале и викам дај и јас нешто да пишнам... јес да нема врска со прозни искри ама да се најдам у муабет... си излегувам јас денеска... среќна како дете мало во моите омилени гаќички... знаете од оној аспект што викаат: ако се чувствуваш комотно во долната облека и другите околу тебе ке забележат дека си се осаќаш ок... и јас расположена... си идам у енерџи ... стандард за тоа немора ни да кажувам.. седиме со две другарки на маса.. мене ме фаќа криза за мување.. си викам ај ке помине.. првите налети се најлоши па после се се смирува. седевме што седевме заминавме на железничка.. убаво беше местото не викам не... Али у минато врееме: БЕШЕ.. сега одам двајца цајкани.. бреее децава и ова место го откриле.. ај ок.. расте младинава... башка овие цајкани мора да се од оние новите со факултет па прошириле погледи.. инаку порано на времето погледот им се лепеше само на сукњи и газиња али тие ваљда биле среднисти... ај се помирив со цајканиве.. идемо даље.. идеме и јас се шокирам.. се чудам од кај иде оваа светлина.. и СЕ РАЗОЧАРАВ.. цела железничка осветлена.... е бејта бејта што им направи на гостиварските спортистки... им ги уништи се терените за спорт... парк веќе не се иде.. темни сокачиња и такви ствари нема више... а сега и тука... си викам: пу јќзк како можел... го колнев земја да нема да го закопаат дома да им згние.. али нејсес... увидов дека нема место за мување во градов па и затоа некако нема ни трачеви... или може па порано слушав исти трач по 100пати, со оглед на тоа што не сум многу многу по тие активности и заборавам, па мислев дека гостиварци се трачари, а не дека не се.. ваљда околината не ми е иста те друштвото па затоа... и со оглед на мојата горе напомената криза за мување си помислив дека нема надеж за мене... не сакам да ме гледаат јбг па после да ме земат под нозе и под разно... и што било и што не било... гледам што сум напишала и се чудам... лелееј си викам, некој би помисли колку спортски тип сум.. а јас баш сум си црногорче у крвта... легач.. не се занимавам со такви ствари али јбг криза... 25 дена.. ова е налошиот период.. а после па се ќе ми биде сеедно.. и тука морам да го вметнам мојот омилен збор : ваљда.. се тешам... на памет ми падна некоја од моите луди идеа и одма си го превртувам во глава листот на кандидати можни мувачи и по внимателно разгледување на листата увидувам дека нема маж гостиварец за мене.. нема таков јунак во Гостиваров и неговата потесна околина.. од тоа дојдов до заклучок: кој кур ми е гајле што сите интересни места за мување се осветлени? не знам али бирно ме засегна темава.. а ако почнеме да разгледуваме на типови од надворешноста па тоа е веќе многу трошок.. башка типот може да се утрипа нешто па да си дигне акциите.. значи ми останува мојата убава рачичка и бакнување со другарките... зреволтирана ја напуштам железничката и си идам накај дома... низ град браќа колку сакаш.. јас како што бев расположена ми пукна филмот... џабе ми 21век и женска еманципација.. ако немаш машко друштво при вакви скитања низ град посебно ако некоја од френдиците има суња си наебал брат.. или ќе мораш да се караш или да ги слушаш како конзумираат гомна со лажица... една познаничка викаше: за албанец и куче само каменот по глава инаку ништо не помага... али нејсе тоа не е се толку црно.. само што мојата еманципација неможам да ја покажувам на ваква назадна раја.. не, не на Албанците тие се уште у среден век туку на овој гостиварчаните кој заедно со гореспоменатите се враќаат назад во времето... Секоја чест на исклучоците што се ретки.. Му идеш на тип и му викаш дека ти се свиѓа, типов се топи .. се кези и ги дига акциите до небо.. и берзата пропаѓа.... си викам: нека се носи каде сака јас дигам раце од дотичниот господин (ма да не би го употебила баш тој збор )со што си ја потврдувам теоријата дека ВО ГОСТИВАР НЕМА ЈУНАК ЗА МЕНЕ...и разочарано се довлечкав дома и морав некаде да се испуцам...

*Посветено лично на мене
 

La Española

Лекот е отров!
Член од
1 февруари 2007
Мислења
1.808
Поени од реакции
556
Го давам без да ми го бараат. Не го добивам никогаш зошто никогаш не го барам, а никому не му текнува да даде без да побарам. И што? Не заслужувам? Никогаш нема да го добијам она што го барам затоа што сум меѓу ретките што знаат така да даваат. Некој нема ништо, трпи се, навикнува на се и сешто- некој има премногу, без да знае да го цени или мисли дека го цени, потсвесно барајќи уште и уште.
Во животов се се надоместува нели? А што е со времето што те гази? Што е со годините и моментите кои никогаш не се враќаат? Ќе ми објасни ли некој како, кој, ќе може да ги надомести нив?
И како изгубен патник се движам кон незнам што, патем давајќи се, делови од мене, со надеж дека некогаш некој барем малку искрено ќе ми даде дел од она што го давам. Залудно! Секој зема, а никој не дава. Оној пак што дава, дава на некој што не е заинтересиран, не заслужува и не му враќа ниту во мала мера.
Чуден е животов. Чудакот сум и јас во него. Тоа прави се да ми биде потешко. Секогаш ќе страдам. И кога ќе бидам среќна и тогаш. Солзите секогаш ќе го гаснат огнот во мене. Ноќта ќе биде тука секогаш за мене и секоја внатрешна бура, секое чувство ќе биде запишано на лист хартија. Зошто само тогаш се смирувам...

16.08.2007. Охрид
 

Тикви4ка

Нарцис со сина крв
Член од
1 март 2007
Мислења
3.134
Поени од реакции
273
Јас пак морав да најдам некое место каде ќе ги креснам моите искри... Таман ми помина кризата за мување и немам чести напади на кризни моменти, се опуштив и си реков сега е ок, седнав да гледам вести... Седнав што седнав и се згазив од смеење... неколку тетки си седнале пред Идризово и протестираат.. Некои внатре несакаат да јадат, незнаеќи или знаејќи сеедено дека некој некаде у Тунгузија за таа храна ќе потепа све пред себе... Си зеле децата бајрам си праат со мозокот... Мајка надвор се жали: на синчето и, му биле многу 8 години седење.. дај нека му намалат на 4-5.. Што е ова држава или заебанција.. Ај ти се молам.. му текнало на државава сега по 8 години да се седи в затвор.. На што личи тоа? Оваа влада никаде вака не тера... И што сега... Маж ми ме вара , јас ќе го упуцам, ќе идам у затвор, и после ке се собере цела фамилија.. аман, моли, прај, пусти и ќе ме извадат надвор.... Сега вака слободна си шетам низ град и без маж и ќе ме фати криза за машко.. Па ке соберам некој од улица ќе го силувам и крај... Е ако пример за белја ме фатат ќе идам у затвор и после пак цела фамилија на плачење у управа, влада, министри... Младо девојчето па зажелело за маж... од затвор сега излегло па да се поврати у живот.. и тако даље... така тера оваа демократија кај нас.. и уште ми притекнува на тие тетките на +40 со шамии... се варат до смрт... јес да немаа и мантии али пак е... што би рекол некој: трај тука, а замисли да ти се соберат 10 такви околу тебе под истите временски услови у автобус, а ти пикнат у ќош... па си реков не мрчи женска биди среќна што Гостивар нема градски автобуси и што ти немаш маж што би те варал и ти што би го упуцала, и што би одела в затвор ради тоа па цела фамилија ќе мора да иде да се плаче... уствари ај да не почнувам
 

girlll

§įмθπŞ ďª φΪШ
Член од
28 јануари 2007
Мислења
3.418
Поени од реакции
111
Во нејзините очи..

Таа ноќ случајно поминав на споменик. Знаев дека нема да има многу луѓе затоа што беше пеколно ладно. Се чувствував некако осамено, и седнав блиску до спортската обложувалница да бидам малку во мир, и да размислам. Тоа утро дознав се. Верував во неа. Во нас. Живеев за неа. Во нашиот свет. И наеднаш таа урна се. Се што ме издигнуваше. Ми призна за него. Како можев да бидам толку слеп? Ме изневерувала веќе 2 месеци а јас не гледав. Или несакав да го видам тоа? Незнам..
Дали почнува да врне? Не.. Прва солза слеана за девојка. За неа. Не ја ни заслужува. Но срцево не слуша. Ми треба. Ау, колку ми треба нејзиниот бакнеж сега.. И додека се обидував да се убедам себеси дека не е вредна за да патам за неа.. Слушнав нешто позади мене. Некако по навика, рефлексно се свртев. И тогаш ја видов неа. Ангел од небото. Непознат ангел од Бога. Таа плачеше. Одеднаш заборавив на се. Заборавив на кучката што ме доведе овде, на маките, на солзите. ТАА беше единственото што можеше да ми го привлече вниманието. Го подигна лицето. Виде дека ја гледам. Имаше прекрасни очи со боја на бадем. Се гледаше страв и тага во нив. Се гледаше болка и немир. И пријдов. Не ја прашав ништо. Само ја прегрнав. Што ме натера да бидам толку директен? Можеби нејзините солзи ми одекнуваа во срцето а тоа ме болеше? Таа се тргна. Беше изненадена. Видливо изненадена. Целата тага како да ја снема. Некако уморно ми се насмевна. Од каде ли ја познавав девојкава? Зашто ја чувствував како толку блиска. Незнам. Можеби никогаш нема ни да дознаам. Усните ни се приближија и.. И во тој момент се разбудив. Да. Се разбудив, а таа беше покрај мене.
Тоа што го сонував. Тоа беше моментот кога се запознавме. Кога го запознав мојот ангел. Сега веќе 8 години ми е сопруга и имаме 2 годишна ќеркичка. И за среќа.. Веќе не гледам тага во нејзините очи туку некој посебен сјај и среќа. Уште кога ја видов знаев. Знаев дека таа е мојот ангел. Знаев дека е љубов во прашање. Го видов тоа во нејзините очи..

Noone is worth your tears.. And the one who is.. Will never make u cry.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom