При успеси ги величиме - при порази ги плукаме

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.180
Поени од реакции
34.386
Темава е на место само едно нешто ми е чудно - насловот!

HTML:
При успеси ги величиме
Кој се тие успеси на македонската фудбалска репрезентација, а Фантом? Ениуан?
Тоа е финтата. Луѓево треба да сфатат дека една (случајна?) победа против некој „посилен“ противник не е успех. Успех е кога фудбалерите ќе врзат серија од 5-6 победи па ќе се пласираат на Европско или Светско, па и таму ќе победат 1-2 натпревари.

Успех не е дома да се тетеравиш и да победиш со 1-0, а на гости од истииот да изгубиш со 5 разлика. Тоа е среќа во несреќа.
 
M

Mario Gómez

Гостин
Со сегашниот капацитет и состав, фудбалски успеси ни се победата против Хрватска, нерешено со Англија на нивни терен и слични.
Успех е тоа што го прават кошаркарските и ракометарските селекции, кои истотака се заникаде оти мислат со пласман на првенство се е готово. Фудбалот во Македонија е во најнизок ранг во цел свет.Никогаш нема да имаме успеси, за жал. Затоа ќе плукаме на нив додека не р`ѓосаат.

Тоа е финтата. Луѓево треба да сфатат дека една (случајна?) победа против некој „посилен“ противник не е успех. истииот да изгубиш со 5 разлика. Тоа е среќа во несреќа.
Луѓето го сфаќаат тоа само се залажуваме дека спортот наш е на некое ниво.

http://forum.kajgana.com/showthread.php?t=43680

И да оваа тема е иста со мојата поставена вчера, само што оваа е отворена според стандардите на ЕУ:pos:
 

rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
Се радувам на победа, тагувам на пораз и може моментално да сум нервозна. Сепак повеќе од се на светот ги сакам репрезентативните тимови. Но зависи и од поразот.
Не можам да ги осудувам и да барам да ја победат една Шпанија фудбалерите, или да ги плукам што губат кошаркарите од Франција и Грција.
Ама затоа ќе се нервирам за поразот од Хрватска и ми доаѓа да ги убијам за тоа.

Ние немаме успешна репрезентација во ниеден спорт.
Еднаш само сме биле вистински успешни. Тоа е кога Кометал лом правеше во европскиот ракомет и кога беше шампион и вицешампион и беше на врвот неколку сезони.

Останатите успеси се толку ретки и толку посакувани од наша страна. Се радувам јас како мало дете на тие успеси и репрезентативни и клупски на европско ниво.
Не можам јас да барам од фудбалерите да бидат феноменални кога имаме само една ѕвезда во тимот и останати играчи кои играат во втори/трети лиги низ Европа или во нашава катастрофална лига, која нема никаков квалитет. Ама ќе се лутам на поразите од послабите екипи од нас.

Кошаркарите моментално играат добро имаат квалитет, но не се на ниво какво што треба. Реално ние сме за место од 10-15 во Европа. Под 10то место за нас е повеќе од успех. Неможам да очекувам да победат добри селекции а нашата кошаркарска селекција немала пари за сместување во Полска на сите лица, одвај составуваме лига, најдобрите тимови банкротираат ...

Немаме ние пари, не се вложува во спортот. Немаме услови за успех. Само екстра талентирани успеваат. Или успеваат лица на познати спортисти кои се буткани од некои погоре. Има такви неколку во разни спортови.

А вреѓањето за Пандев толку ме иритира што се серковци прави тоа што го велат. Идиоти. Не си го ценат своето, ама затоа си го дркаат на другите фудбалски ѕвезди кои Европа и светот ги ставаат на рамниште со Пандев. Пандев е гордост наша, ама повеќето од нас го користат само за плукање. Срамота.

Но џабе да се збори таков народ сме оговарачки.
Сакаме да збориме само, сакаме успех а не ја согледуваме реалната состојба дека немаме вистински услови за успеси и на талентите да им се покаже патот. Кај нас ретко кој е спортист во вистинска смисла на зборот. Сите си студираат на факултети (повеќето не се на ДИВ) бидејќи спортот не им е сигурна варијанта, си гледаат тие и алтернатива.

Ете што се случи кога неколку години се вложуваше во женскиот ракомет. Го достигнавме врвот на Европа, солидни достигнувања на репрезентативно ниво и желба на многу дечиња да тренираат ракомет.
Ако се вложува така во повеќе спортови успехот нема да изостане.
Ама ако се продолжи со ова темно па банкротирани тимови, ништо нема на арно да е.
И овие настапи на нашиве ракометари и кошаркари на првенствава се успех. Бидете благодарни и за тоа. Не се преценувајте!!!
 

Shorty

Вансериски
Член од
30 јануари 2007
Мислења
7.277
Поени од реакции
1.494
Абе колку ги величиме толку и ги плукаме. Небитна работа. (=
 

maca_kaka'

тiƒosi јаossoηeјаo
Член од
6 октомври 2007
Мислења
3.515
Поени од реакции
640
Репрезентативците во фудбал, кошарка, тенис, пливање, ракомет итн. најмногу ги почитувам во оваа напатена држава :/

После пораз нормално сум разочарана но никогаш нема да плукам по нив како они се клошари (Млад мен стајл :nesvest:), немаат врска од спорт, да се вратат дома да не ни ја брукаат државата, како они не играат со срце а важни им се само парите....
пример од кајганџијана

-Лелеле најаки сме ама во КЛОШАРКА. Ова да ги пикнеш сите у една голема вреќа и да мааш по неа крвнички.
- Зошто воопшто не пуштаат да играме на европски и светски првенства? Само срамота од нас си праиме ништо поеќе. Дали има надеж за нас


вакви јас на плоштад би ги бесела...ако победат знаат да ги зборат цел месец како сме најдобри а вака...најкатасрофа. Ако си вистински Македонец и фан бодри ги секогаш -.-


Имаме таленти, можеме да успееме но со малце повеќе труд и вложување.
Пандев, Кире Лазаров, Антич моментално се нашата гордост...нормално кај спортистите е еден натпревар да се покажеш супер но некој нареден не...но кога кај овие наши спотристи ке се случи тоа тука се Македонците да ги испоплукаат :uvo:

На секој натпревар што сум била имало некој во близина што цел напревар пцуе некој наш спортист. Пример на ракомет позади еден седеше што мислев секој момент ке му се свртам и ке му треснам некоја...ракометар ке даде 10 гола и ништо не вика ке промаши еден и одма следи ма ма*ето твое...ај иди дома, седи на клупа, идиот:tapp:

Знам и јас додека гледам да кажам нешто лошо за нив но тоа од нервоза која после натпреварот ми поминува... секогаш постоела надеж дека ке дојде и нашето време кога ние ке се радуваме на некоја титула :)

Оваа година мислам имавме најголеми успеси во спортот...се надевам секоја наредна ке ги подобруваме.

Ги почитувам, ги сакам, они се мојата гордост...па и да го имаат најголемиот пораз во историјата на спортот јас ке ги бодрам:pipi:
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.336
Поени од реакции
57.930
Темава е повеќе за нашиот менталитет отколку за некој играч или екипа конкретно. Го заборавивте примерот со репрезентацијата во ракомет на првенството во Хрватска, како најдобар пример од сите: еден ден воодушевување, еден ден плукање. Зошто изгубиле. Како не им е срам? Наместо да играат тие ќе ми пеат по шатори.

Хрватите пак наведоа спротивен пример: „Хрватските репрезентативци никогаш не биле блиски со нашата публика како Македонските со нивната. Токму заради таа атмосфера Македонија игра добро...“

Па сега вие видите...

Во принцип, нашиот менталитет е таков. На „јужна“ ми е дојдено преку глава што на првото промашување на шанса одма се свири по некој наш играч. Тоа понатаму психички делува врз играчите кои си го кажуваа тоа и на прес и викаа дека им е тешко да играат на градски. Не е исто да ти свирка противничката публика, и својата. Единственото што нашата публика го постигнуваше со ова е што како одминува натпреварот, играчот на кој му се свирка греши се повеќе и повеќе. Неколку фудбалери имаме избркано на полувреме, не сакаа да се вратат на терен. Трајчев, Мицевски, Седловски... на времето му се свиркаше на Чоко Бошковски само затоа што играл за Силекс. Бог да чува и Пеце да...

Околу Пандев, кажано е многу. Има за среќа помала група на луѓе што не сваќаат зошто учинокот на Пандев во репрезентацијата е послаб отколку во Лацио. Не се трудел за репрезентација. Добро. Што ќе ви цртам...

Со него ист е случајот како и со Панчев додуша. Даре беше и остана фудбалски Бог во Белград и секаде во бивша Југославија. Само во Скопје не чини. Пеце Наумовски еднаш изјави: најмногу се одмарам во Македонија. Пола од луѓето не ме познаваат, другите не ме застануваат по улици. Надвор, каде и да одеше Пеце трчаа по него за автограми. Беше high profile личност. После имаше еден спор во репрезентацијата зошто КФМ не му го плаќаше осигурувањето... и одма излегоа луѓе да плукаат по него зошто не сакал да игра за репрезентација. Пеце одигра, квалификациски со Португалија на гости, нашите победија, тој им купи на репрезентативцита авионски карти од џеб и си заминаа сами, оставајќи го раководството да си се враќа само :). Испадна патриот и пол. Ама плукањето остана.

Сега, за да има некаква поента оваа шкрапаницава моја:

Немаме буквално никаква асална спортска критика, луѓе кои се стручни, се разбираат и пишуваат или зборуваат за спортот во медиумите. Имаме новинари кои ги затвораат поразите со: „немавме среќа“, „поискусни се од нас“, „судијата...“ „кога се промашуваат шансите.“ Буквално го читам истиот новинарски текст само со друг наслов и имиња, цел живот. А кога нема стручно критичко размислување, секој си бира виновник за поразите, мета на која ќе се фокусира и си тера по негово...

Во овој поглед најмногу ме импресионираат медиумите на островот кои прават детални анализи за натпреварите и точно го фокусираат проблемот. Затоа, после толку читање на Шкотските форуми никаде не видов дека овој или оној бил сељак и слично... луѓето читаат здрави критики и не тресат зелени.

Инаку, еден играч си е еден играч. И не постои играч од голем клуб кој за својата послаба репрезентација игра подобро отколку за екипата. И многу ѕвезди грешеле во решавачки моменти.

Примери:

Ибрахимовиќ: Шведска отсекогаш се пласирала на големите напреварувања. Имаат и финале иако одамна, а во 90-тите освоија трето место во САД. Никогаш немаа мега-ѕвезда од рангот на Ибра. Сега имаат, ама резултатите им се исти, или полоши.

Меси: Нема што посебно да се коментира, го знаеме кој е. Барса освои тројна круна. Аргентина се бори за пласман на светско, и виси во воздух.

Рајан Гигс: воопшто никаква разлика во резултатите на Велс со него и без него.

Шевченко: Иако Динамо и Шахтјор со години имаа тимови за респект, посебно Динамо кој со сопствени (украински) играчи беше во врвот на европскиот фудбал, дури пред некоја година Украина отиде на првенство. Во времето кога Шевченко беше во врвна форма, ништо не се случи.

Баџо и Барези: промашија клучни пенали за Италија кои ја чинеа титула. Останаа легенди.

Зидан: направи спектакуларна глупост во финалето со Италија. Остана легенда.

Кројф: Беше најдобар играч на светот во свое време и имаше убедливо најдобра екипа. Два пати не успеа да и донесе титула на Холандија. Никому ништо.

И така натаму...
 

Mr.47

Juve Fan
Член од
29 јули 2008
Мислења
10.009
Поени од реакции
6.040
Секогаш ќе има величење на играчите при успеси, и плукања при НЕуспеси.
Тоа никогаш нема да престане.
 

RIZTETO

Somebody stop me
Член од
3 јуни 2007
Мислења
2.508
Поени од реакции
75
Во Македонија треба да се скапат сите топки и да се забрани секаков увоз на топки во државата...... да се забрани секој спорт, и да се одмори едно 5-10 години убаво..... потоа се од почеток со вистинска работа и со вистински луге.....:smir:
 

maca_kaka'

тiƒosi јаossoηeјаo
Член од
6 октомври 2007
Мислења
3.515
Поени од реакции
640
Во Македонија треба да се скапат сите топки и да се забрани секаков увоз на топки во државата...... да се забрани секој спорт, и да се одмори едно 5-10 години убаво..... потоа се од почеток со вистинска работа и со вистински луге.....:smir:

Сега нема вистински луѓе?
немаме таленти?
бог да чува:nesvest:

Оваа година учествувавме во најдобрите првенства...секоја година одиме кон подобро но тоа е така зошто почна да се инвестира во спортот!
Неможеме да се споредуваме со репрезентации што имаат неверојатни услови и за тренинг и сите потребни работи за еден спот а нашине услови се катастрофа...


Имаме таленти и ке имаме секогаш.
Горда сум што во оваа мала земја имаме фудбалер како Пандев...ракометар како Кире...едни од најдобрите во светот...имаме и легенди во спортовите.

Затоа не збори многу коа си немаш врска од спорт туку тука си само да вреѓаш се што е македонско:uvo:
 

RIZTETO

Somebody stop me
Член од
3 јуни 2007
Мислења
2.508
Поени од реакции
75
Сега нема вистински луѓе?
немаме таленти?
бог да чува:nesvest:

Оваа година учествувавме во најдобрите првенства...секоја година одиме кон подобро но тоа е така зошто почна да се инвестира во спортот!
Неможеме да се споредуваме со репрезентации што имаат неверојатни услови и за тренинг и сите потребни работи за еден спот а нашине услови се катастрофа...


Имаме таленти и ке имаме секогаш.
Горда сум што во оваа мала земја имаме фудбалер како Пандев...ракометар како Кире...едни од најдобрите во светот...имаме и легенди во спортовите.

Затоа не збори многу коа си немаш врска од спорт туку тука си само да вреѓаш се што е македонско:uvo:
Да да...... немам врска од спорт и тука сум само да врегам се шо е македонско......... во право си......... ти имаш врска од спорт..... ти имаш спортувано и настапувано за репрезентација...... во право си.......
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.725
Топките се измислени со цел децата да излегуваат надвор и да играат, нивните да можат слободно да се сексат. Исто така тие се и за повозрасни луѓе со цел да ослободат слободно терминче за шваљерот. Се користи и како геј детектор (кога незнаат да шутираат правилно)
 

RIZTETO

Somebody stop me
Член од
3 јуни 2007
Мислења
2.508
Поени од реакции
75
а бе ости ги нели гледаш запалени се сега оти сме на европско ....

а следното европско ке биде после 5-6 квалификации, ка ке има нов Врба ........
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.725
При успеси ги величиме - при порази ги плукаме ?
Па статистички гледано имаме повеќе неуспеси одколку успеси. Ако беше обратно немаше да се плука толку.

П.С. - снема народот плунка веќе

П.П.С. - шах, судоку, готвење и рулет само тие спортови ги признавам.
 

Џои

КИНЕКТиран
Член од
1 февруари 2007
Мислења
8.406
Поени од реакции
2.076
Ево денеска изгубивне но сепак јас си ги величам. Прекрасно изиграно се гледаше дека душа даваат да победиме.
Незнам зошто самите си се правиме за никаде, нормално дека кога некој ќе губи ја бараш вината во него. Тоа е спортот нели? И на крај колку и да плукаме секогаш навиваме до крај со нив!!!!
Темава нема никаква смисла.
 

Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.125
Поени од реакции
20.990
Како да седиме настрана и да јадеме пуканки, кога сега нема да стигнеме дури ни до нашиот дострел, фамозното 4то место во групите.
Сите на Балканот напредуваат со брзина на светлината, само ние тонеме и тонеме. Заковани на дното. Играчите нормално дека не се директни виновници, се е расипано во МКД фудбал, ама има и некои играчи кои на теренот се однесуваат како во кафана. :toe:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom