При успеси ги величиме - при порази ги плукаме

Fantom

Chikara
Член од
4 јуни 2006
Мислења
11.453
Поени од реакции
812
Последните резултати и реакции на нашата фудбалска и кошаркарска репрезентација се повод за отворањето на ваква тема.

Ќе почнам од фудбалот. Не можам да сфатам како од вакво мислење за играч (Горан Пандев):

Junkie напиша:
Интер е голема екипа, целта не е само да замине тој е голем играч и треба да игра во екипа од калибарот на Интер.
може да дојде и до вакви мислења:

Junkie напиша:
ПАНДЕВ КРЕТЕНУУУУУУУУУУУУУУУУУУУУУУУУУУУУУУУУУУУУ ИДИ СИ ОД РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА
Junkie напиша:
Цела репрезентација на отпуст само толку.
Junkie напиша:
Па не е крив Браун бе убаво си направи Пандев треба да се засрами за она што го промаши!!!! ОДИ СИ !
Горан Пандев е само човек. Ист, од крв и месо како и Васоски, Седлоски, Новески, Шумуликовски... Ист како вас, само со талент за фудбал. И реално, Пандев е најдоброто што го имаме на тоа поле во моментов. Не знам како прво и основно со кои очекувања настапувате за Пандев, кога нема одиграно клупски натпревар од месец мај, а и тренира одвоено од тимот на Лацио како да има шуга, што дополнително го ослабнува психички и го зголемува притисокот врз него. Зошто никој не плука по Ибрахимовиќ кога Шведска губи? Е сега да, се пласира Шведска на Светски Првенства, ама за Шведска играат и Калстром, Исаксон, Мелберг... А и кога се пласира, не ги поминува ни групите. Ибрахимовиќ дури и еднаш најави дека ќе се повлече од репрезентацијата, и сите во државата, од медиуми преку федерација па до широка народна маса, апелираа да не си оди затоа што без него се далеку послаби.

А што ако Пандев излезе со ваква изјава? Прво ќе биде врбуван од сите можни домашни медиуми, селекторот и претседателот на федерацијата веднаш ќе го окарактеризираат како „неблагодарен“ и „себичен“, а широката народна маса би го каменувала кога би имала можност.
Пандев е ѕвезда во нашата репрезентација. Ѕвезда од која се очекува да ја води репрезентацијата кон успеси, за кои реално немаме капацитет, барем не сега. Кога ги матираше Касилјас, Буфон и Реина, беше Гранде Пандев, а кога ќе промаши зицер против Шкотска е опран сељак кој треба да продава пиперки, не? Дури и прочитав обвинување дека подал, а требело да шутне.

Крив е и да шутне и да подаде. За нападите на 11 септември во Америка е исто тој крив, како и за смртта на Јасер Арафат. И Милан шо е старачки дом, пак Пандев е крив, така?

Црна Гора со Вучиниќ и Јоветиќ е далеку од Светско, ама никој по нив не плука. Дури и една Аргентина, со Бурдисо, Хајнце, Занети, Гаго, Маскерано, Лавеци, Меси, Агуеро и Милито во составот е во опасност да не се квалификува за Светско Првенство. Но во такви ситуации курбан оди селекторот, а не играчите.

Сега во Македонија владее атмосферата: Цел тим на ремонт, Пандев ваков, Гоце таков, Илчо потаков, Пачовски најтаков.

Друг беше муабетот ко ја тепавме Хрватска 2-0.
Друг беше муабетот ко изигравме со Англија 2-2.



Иако темава ја отворам во фудбал, краток осврт и на кошарката: Нашите најдобри кошаркари заминаа на Европското Првенство и го даваат најдоброто од себе. Се потат и крв плукаат за Македонија. Стигнав да прочитам дури и ваква небулоза:
ПараноиК напиша:
Не гледаш дека ги ставаат играчите со „име“ и со „врски“, наместо играчите со талент?
каде што при здрава свест се индицира дека некој од нашите репрезентативци си го „купил“ местото во составот. Баш би сакал да чујам кој си го купил, за колку пари (ако е возможен податокот), а и кој играчи не се вклучени во составот заради „купеното“ место?

Сега во Македонија владее атмосферата: Гечевски абдал и тиквар, Врба е стар а Антиќ е србин и не игра со душа за Македонија.

Друг беше муабетот после квалификациите за Европско.
Друг беше муабетот после победата против Израел 82-79...
 

The Mummy

The world is not enough
Член од
3 мај 2006
Мислења
5.415
Поени од реакции
181
Неоспорен факт е дека сме таква нација, која постојано критикува и секогаш бара веројатно и повеќе од што реално можеме. Меѓутоа не би рекол дека тоа е случај само кај нас, го има и во другите земји особено во нашиве балкански простори.

Лично и јас некогаш после некој неочекуван пораз знам да пцујам по играчите, но брзо заборавам на тоа и на нареден натпревар пак сум на стадион за да ги бодрам.

Сепак тоа што мене лично многу ми смета е што знам дека имаме капацитет за повеќе, а не можеме да го искористиме. Доколку навистина немаме ни игра ни ништо нема да бидам разочаран, но кога гледам дека можеме, а не успеваме и се плашиме од успехот едноставно мора да критикувам.

Друга работа е што често нашите играчи забораваат дека кога се игра за својата земја секогаш мора да се даде максимумот. Против Норвешка (земам како најсвеж пример имало многу такви) се виде уште од почетокот дека истрчуваат со падната мотивација и без желба за надигрување. Истиот случај и на кошаркарите, еден дуел се чуваат и не запнуваат затоа што планирале победа против другите. Тоа мора да се искорени од нашиот менталитет, мора постојано да се дава максимум.
 

Песимист

Добро информиран оптимист
Член од
11 ноември 2008
Мислења
1.676
Поени од реакции
181
Последните резултати и реакции на нашата фудбалска и кошаркарска репрезентација се повод за отворањето на ваква тема.

Ќе почнам од фудбалот. Не можам да сфатам како од вакво мислење за играч (Горан Пандев):



може да дојде и до вакви мислења:





Горан Пандев е само човек. Ист, од крв и месо како и Васоски, Седлоски, Новески, Шумуликовски... Ист како вас, само со талент за фудбал. И реално, Пандев е најдоброто што го имаме на тоа поле во моментов. Не знам како прво и основно со кои очекувања настапувате за Пандев, кога нема одиграно клупски натпревар од месец мај, а и тренира одвоено од тимот на Лацио како да има шуга, што дополнително го ослабнува психички и го зголемува притисокот врз него. Зошто никој не плука по Ибрахимовиќ кога Шведска губи? Е сега да, се пласира Шведска на Светски Првенства, ама за Шведска играат и Калстром, Исаксон, Мелберг... А и кога се пласира, не ги поминува ни групите. Ибрахимовиќ дури и еднаш најави дека ќе се повлече од репрезентацијата, и сите во државата, од медиуми преку федерација па до широка народна маса, апелираа да не си оди затоа што без него се далеку послаби.

А што ако Пандев излезе со ваква изјава? Прво ќе биде врбуван од сите можни домашни медиуми, селекторот и претседателот на федерацијата веднаш ќе го окарактеризираат како „неблагодарен“ и „себичен“, а широката народна маса би го каменувала кога би имала можност.
Пандев е ѕвезда во нашата репрезентација. Ѕвезда од која се очекува да ја води репрезентацијата кон успеси, за кои реално немаме капацитет, барем не сега. Кога ги матираше Касилјас, Буфон и Реина, беше Гранде Пандев, а кога ќе промаши зицер против Шкотска е опран сељак кој треба да продава пиперки, не? Дури и прочитав обвинување дека подал, а требело да шутне.

Крив е и да шутне и да подаде. За нападите на 11 септември во Америка е исто тој крив, како и за смртта на Јасер Арафат. И Милан шо е старачки дом, пак Пандев е крив, така?

Црна Гора со Вучиниќ и Јоветиќ е далеку од Светско, ама никој по нив не плука. Дури и една Аргентина, со Бурдисо, Хајнце, Занети, Гаго, Маскерано, Лавеци, Меси, Агуеро и Милито во составот е во опасност да не се квалификува за Светско Првенство. Но во такви ситуации курбан оди селекторот, а не играчите.

Сега во Македонија владее атмосферата: Цел тим на ремонт, Пандев ваков, Гоце таков, Илчо потаков, Пачовски најтаков.

Друг беше муабетот ко ја тепавме Хрватска 2-0.
Друг беше муабетот ко изигравме со Англија 2-2.



Иако темава ја отворам во фудбал, краток осврт и на кошарката: Нашите најдобри кошаркари заминаа на Европското Првенство и го даваат најдоброто од себе. Се потат и крв плукаат за Македонија. Стигнав да прочитам дури и ваква небулоза:


каде што при здрава свест се индицира дека некој од нашите репрезентативци си го „купил“ местото во составот. Баш би сакал да чујам кој си го купил, за колку пари (ако е возможен податокот), а и кој играчи не се вклучени во составот заради „купеното“ место?

Сега во Македонија владее атмосферата: Гечевски абдал и тиквар, Врба е стар а Антиќ е србин и не игра со душа за Македонија.

Друг беше муабетот после квалификациите за Европско.
Друг беше муабетот после победата против Израел 82-79...
И шо??????? Такви сме биле такви сме сеа такви ке останеме тоа е факт не сме сите совршени.:tapp:
 
F

fantomX

Гостин
Сега во Македонија владее атмосферата: Цел тим на ремонт
Се има логика, освен ова болдираново, околу кое шо треба да се размисли, Седло или Митрески не се истите со 28 и со 35 години. Само треба да има селектор да мисли, во Јонуз и натаму не сум уверен, барем не во овај стручен штаб (иако за 3 дена колку шо се собираат пред натпревар е невозможно да го подготвиш еден Величе физички за 90 минути, кога е резерва во англиски просечен второлигаш. Рака на срце, трча доста за репрезентација, ама како одминува времето, паѓа.)
Околу Пандев, то е шо е, веројатно единствен наш фудбалер шо можи да издржи силно темпо цел натпревар, а од друга страна не е толку надарен ко Меси или Кака да „решава“ сам силни противници во битни моменти. Тука според мене е „раскрсницата“ околу него, заради шо има такви коментари.
 
I

InF3cTeD

Гостин
Фантом пер СИТЕ ама баш сите сме такви шо у нервоза се и сешто може да кажеме...ама ретки се тие шо за одредено време го забораваат сето тоа и како шо кажаа погоре нарената утакмица се гледа со полна пареа како да не било сето тоа пцуење или шо и да било
 

Песимист

Добро информиран оптимист
Член од
11 ноември 2008
Мислења
1.676
Поени од реакции
181
Фантом пер СИТЕ ама баш сите сме такви шо у нервоза се и сешто може да кажеме...ама ретки се тие шо за одредено време го забораваат сето тоа и како шо кажаа погоре нарената утакмица се гледа со полна пареа како да не било сето тоа пцуење или шо и да било
тоа ми беше и мене зборо муабет шо е правен во Х други теми ама јас да ја отвореше темата до сеа ке беше у канта.
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.180
Поени од реакции
34.386
Е не, при порази ќе ги величаме... Нормално дека ќе ги плукаме кога се однесуваат како дебилчиња и продадени души. Кога ќе остават срце на терен и кога ќе се трудат, па нека изгубат колку сакаат - тогаш ќе ги величаме и покрај поразот. Или, ако се до толку сакати, нека си играат аматерски у маало и нека им аплаудираат комшиите.
 

Fantom

Chikara
Член од
4 јуни 2006
Мислења
11.453
Поени од реакции
812
Фантом пер СИТЕ ама баш сите сме такви шо у нервоза се и сешто може да кажеме...ама ретки се тие шо за одредено време го забораваат сето тоа и како шо кажаа погоре нарената утакмица се гледа со полна пареа како да не било сето тоа пцуење или шо и да било
Не викам не. И јас пцујам мајки шајки вујни, плус фрази „ти се посерам во ногата“ или „кој те клал тебе да играш“.

Ама после утакмица, ко ќе видиш, то ни е нивото, најдоброто шо го имаме. А некои ставојте и пцовките мој од утакмицата, ги мислет и при бистра гла и смирени нерви. То јест, и сега да прајш муабет, ќе кажет дека се’ е за на ремонт и бркање од репрезентација.

Е не, при порази ќе ги величаме... Нормално дека ќе ги плукаме кога се однесуваат како дебилчиња и продадени души. Кога ќе остават срце на терен и кога ќе се трудат, па нека изгубат колку сакаат - тогаш ќе ги величаме и покрај поразот. Или, ако се до толку сакати, нека си играат аматерски у маало и нека им аплаудираат комшиите.
Не морат при порази да ги величиме, мојме да не ги плукаме. Срце на терен оставија против Шкотска еве, кој ги величеше после поразот?
Таков ни е менталитетот - и после никаква игра во 90 минута да тепаме е добро, а да имаме најдобра утакмица во историјата и несреќно изгубиме - сите на клада.
 

SrRulz

Siempre Real Madrid
Член од
8 декември 2007
Мислења
4.845
Поени од реакции
221
Е не, при порази ќе ги величаме... Нормално дека ќе ги плукаме кога се однесуваат како дебилчиња и продадени души. Кога ќе остават срце на терен и кога ќе се трудат, па нека изгубат колку сакаат - тогаш ќе ги величаме и покрај поразот. Или, ако се до толку сакати, нека си играат аматерски у маало и нека им аплаудираат комшиите.
Ете го одготоворот токму така нема што тука неможеме при порази да ги величиме:):)
 
I

InF3cTeD

Гостин
тоа ми беше и мене зборо муабет шо е правен во Х други теми ама јас да ја отвореше темата до сеа ке беше у канта.
темата е во ред на место е....сето тоа е чиста вистина и постојат такви ќе ги наречам непредвидливи будали шо незнаат да ценат нечие залагање...оти тие се како дувне ветерот така и они...ако тепаме цареви сме сите се најдобри а коа се губи сите да си одат не чинеле..
 

Песимист

Добро информиран оптимист
Член од
11 ноември 2008
Мислења
1.676
Поени од реакции
181
Последните резултати и реакции на нашата фудбалска и кошаркарска репрезентација се повод за отворањето на ваква тема.

Ќе почнам од фудбалот. Не можам да сфатам како од вакво мислење за играч (Горан Пандев):



може да дојде и до вакви мислења:





Горан Пандев е само човек. Ист, од крв и месо како и Васоски, Седлоски, Новески, Шумуликовски... Ист како вас, само со талент за фудбал. И реално, Пандев е најдоброто што го имаме на тоа поле во моментов. Не знам како прво и основно со кои очекувања настапувате за Пандев, кога нема одиграно клупски натпревар од месец мај, а и тренира одвоено од тимот на Лацио како да има шуга, што дополнително го ослабнува психички и го зголемува притисокот врз него. Зошто никој не плука по Ибрахимовиќ кога Шведска губи? Е сега да, се пласира Шведска на Светски Првенства, ама за Шведска играат и Калстром, Исаксон, Мелберг... А и кога се пласира, не ги поминува ни групите. Ибрахимовиќ дури и еднаш најави дека ќе се повлече од репрезентацијата, и сите во државата, од медиуми преку федерација па до широка народна маса, апелираа да не си оди затоа што без него се далеку послаби.

А што ако Пандев излезе со ваква изјава? Прво ќе биде врбуван од сите можни домашни медиуми, селекторот и претседателот на федерацијата веднаш ќе го окарактеризираат како „неблагодарен“ и „себичен“, а широката народна маса би го каменувала кога би имала можност.
Пандев е ѕвезда во нашата репрезентација. Ѕвезда од која се очекува да ја води репрезентацијата кон успеси, за кои реално немаме капацитет, барем не сега. Кога ги матираше Касилјас, Буфон и Реина, беше Гранде Пандев, а кога ќе промаши зицер против Шкотска е опран сељак кој треба да продава пиперки, не? Дури и прочитав обвинување дека подал, а требело да шутне.

Крив е и да шутне и да подаде. За нападите на 11 септември во Америка е исто тој крив, како и за смртта на Јасер Арафат. И Милан шо е старачки дом, пак Пандев е крив, така?

Црна Гора со Вучиниќ и Јоветиќ е далеку од Светско, ама никој по нив не плука. Дури и една Аргентина, со Бурдисо, Хајнце, Занети, Гаго, Маскерано, Лавеци, Меси, Агуеро и Милито во составот е во опасност да не се квалификува за Светско Првенство. Но во такви ситуации курбан оди селекторот, а не играчите.

Сега во Македонија владее атмосферата: Цел тим на ремонт, Пандев ваков, Гоце таков, Илчо потаков, Пачовски најтаков.

Друг беше муабетот ко ја тепавме Хрватска 2-0.
Друг беше муабетот ко изигравме со Англија 2-2.



Иако темава ја отворам во фудбал, краток осврт и на кошарката: Нашите најдобри кошаркари заминаа на Европското Првенство и го даваат најдоброто од себе. Се потат и крв плукаат за Македонија. Стигнав да прочитам дури и ваква небулоза:


каде што при здрава свест се индицира дека некој од нашите репрезентативци си го „купил“ местото во составот. Баш би сакал да чујам кој си го купил, за колку пари (ако е возможен податокот), а и кој играчи не се вклучени во составот заради „купеното“ место?

Сега во Македонија владее атмосферата: Гечевски абдал и тиквар, Врба е стар а Антиќ е србин и не игра со душа за Македонија.

Друг беше муабетот после квалификациите за Европско.
Друг беше муабетот после победата против Израел 82-79...
Искрено до сеа никојпат ли не си пљукал по репрезентација или ти си само чил аут тип шо е чекор пред нас .
 

Fantom

Chikara
Член од
4 јуни 2006
Мислења
11.453
Поени од реакции
812
Искрено до сеа никојпат ли не си пљукал по репрезентација или ти си само чил аут тип шо е чекор пред нас .
Не викам не. И јас пцујам мајки шајки вујни, плус фрази „ти се посерам во ногата“ или „кој те клал тебе да играш“.

Ама после утакмица, ко ќе видиш, то ни е нивото, најдоброто шо го имаме. А некои ставојте и пцовките мој од утакмицата, ги мислет и при бистра гла и смирени нерви. То јест, и сега да прајш муабет, ќе кажет дека се’ е за на ремонт и бркање од репрезентација.
Мразам да се повторувам.
 
I

InF3cTeD

Гостин
а и сите ако седнеме да размислиме вака убаво ќе дојдеме до сознание дека толку ни се нашите квалитети и нема шо фазла да се зборува....толку ни се можностите тоа е реално....неможе репрезентација базирана на еден човек(Пандев) да очекуваме да се пласира некаде или да направи некаков успех...
 

wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.505
Поени од реакции
33.665
Фантом, брате, фанови има, ама не лојални.
Да бев Пандев и прочитав коментарите за мене, ќе си земав бугарски пасош.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom