При успеси ги величиме - при порази ги плукаме

Fantom

Chikara
Член од
4 јуни 2006
Мислења
11.453
Поени од реакции
812
Фантом, брате, фанови има, ама не лојални.
Да бев Пандев и прочитав коментарите за мене, ќе си земав бугарски пасош.
Следуват тотално непотребен пост, со оглед на то шо вториот дел од цитатов е чисто илустративно даен и хипотетички.

И да зејт бугарски пасош не смејт да играт, пошо имат за Македонија настапено. Џабе продавањето г’с. :)
 
I

InF3cTeD

Гостин
Фантом, брате, фанови има, ама не лојални.
Да бев Пандев и прочитав коментарите за мене, ќе си земав бугарски пасош.
ехааа ако се замара Пандев со коментари за него до сеа ќе играше шах...
 

The Mummy

The world is not enough
Член од
3 мај 2006
Мислења
5.415
Поени од реакции
181
Фантом, брате, фанови има, ама не лојални.
Да бев Пандев и прочитав коментарите за мене, ќе си земав бугарски пасош.
Ќе си земе италијански (ако веќе нема) што ќе му е бугарски:)
По Пандев никогаш не плукам како некои други кои трескаат зелени дека ако го седнеме него на клупа ќе сме победувале. Сите чекаат од него да направи нешто, а и колку одлични топки им има дадено на Стојков и Наумоски но овие ги усраа.
Сепак факт е и дека до сега Пандев на важните натпревари не успева да го покаже целосно својот потенцијал. Бербатов постојано стрела за Бугарија, Шева за Украина и еден куп друг примери каде главниот напаѓач е речиси секогаш во елемент.
 

wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.505
Поени од реакции
33.665
Ме сфаќате, ќе се отсинев од Македонија. :)
Kaко демек разочаран.

Oh, come on now.
 
Член од
24 декември 2007
Мислења
178
Поени од реакции
5
pa kao da ne gi plukam koa izvinete vaka ama si igraat kur na teren i ic ne se zamaraat si gledaat tamu po timovite da se izborat za mesto na Pandev samo koa mu e gusto u Lazio dava golovi a inaku go zabole i ne samo on site i basket isto i so ako go tepavme Izrael koa od Grcija vidovte sto ni se desi igrata katastrofa nikakva motiviranost ne sme nie navivacite krivi nego tie na teren se krivi oni se prodadeni dusi sto da vi kazam ic ne im e gajle za drzavava i dali dobro ke ne pretstavat samo eden ima KIRE LAZAROV E TOA E COEK IGRACISTE sam napravi sto mozese
 

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.278
Поени од реакции
17.958
Значи скроз истиов муабет го праев прееска со другарите. Пуштаме телевизор, гледаме губиме од Франција со 20+ и одма почнаа дрва се, трема ги фаќа оти играт со јаки играчи,не не бива за ништо (па ако не не бива оти ги гледаш бе братче секоја утакмица) абе кои се глупости не се изнакажаа. Ама тоа е такви сме ти ние македончињата. Ако победиме ние сме ЗВЕРОВИ, најдобри сме кој ни може ништо. Утредента глчедаш сме изгубиле и тоа со супер игра и тогаш ајде гагата пцуј на велико, Праќај и мајки и баби и сестри и се што ќе ти дојде на уста кај шо нетреба.
Е сега не викам дека при некои порази и јас не сум таков. Во нервоза дома некој ден и ќе скршам нешто, ама како и да е знам колку ни е силата, колку си ја знаеме и дека повеќе од тоа што сме сега можеме да имаме здравје боже за неколку години.
 
I

InF3cTeD

Гостин
тоа и ја го реков...значи тој шо го следи детално спортот на база на репрезентација самиот е свесен за нашите квалитети на сите полиња и нервозата,пцуењето е нормално...ама сепак свесен дека толку си можеме,немаме квалитет и потенцијал за повеќе...а не седни да гледаш и ако Пандев денеска дал гол он е мајстор и незнам ти шо а наредната промашил сам пред гол Пандев е дрво да си оди и незнам шо веќе не
 

Fantom

Chikara
Член од
4 јуни 2006
Мислења
11.453
Поени од реакции
812
psi gledaat tamu po timovite da se izborat za mesto na Pandev samo koa mu e gusto u Lazio dava golovi a inaku go zabole
Во Лацио ги има Зарате, Роки, Матузалем, Маури, Ледесма... Куп играчи со кои може да изгради акција.
А кај нас во среден ред со Величе како резерва во Престон, Грозданоски како просечен играч во Војводина и Тасевски од Левски, тешко оди градење солидна акција.
 

The Mummy

The world is not enough
Член од
3 мај 2006
Мислења
5.415
Поени од реакции
181
Утредента глчедаш сме изгубиле и тоа со супер игра и тогаш ајде гагата пцуј на велико, Праќај и мајки и баби и сестри и се што ќе ти дојде на уста кај шо нетреба.
Со ова не би се согласил баш. Кога изгубивме од Холандија дома 1 - 2, а игравме одлично и заслуживме најмалку реми немаше воопшто свирежи и пцовки на крајот. Цел стадион им даде аплауз на момците затоа шо изиграа одлично со срце и се бореа до крај.
Но има случаи како на пример со Естонија дома кога 90 минути не можат да упатат 2 шута кон гол, а се очекува сигурна и убедлива победа и како да не плукаш на крај.
 

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.278
Поени од реакции
17.958
Со ова не би се согласил баш. Кога изгубивме од Холандија дома 1 - 2, а игравме одлично и заслуживме најмалку реми немаше воопшто свирежи и пцовки на крајот. Цел стадион им даде аплауз на момците затоа шо изиграа одлично со срце и се бореа до крај.
Но има случаи како на пример со Естонија дома кога 90 минути не можат да упатат 2 шута кон гол, а се очекува сигурна и убедлива победа и како да не плукаш на крај.
Ама сите репрезентации имаат такви натпревари како нашиот против Естонија. Јебига не се они роботи, па секоја утакмица да ја изиграат перфектно. И Англија, Германија, Бразил сите имаат некој ден кога едноставно ништо не им оди од рака. Ние како да незнаеме дека сме појаки од Андора или од Естонија, ама тоа е кога не оди, не оди.
Пандев не е единствениот играч кој промаил таква чиста шанса на толку голема утакмица. Се промашувале и пенали на Светско Првенство, па не зборувало дека Бекам или незнам кој треба да си оди од репрезентацијата одма:tapp:
 

Џои

КИНЕКТиран
Член од
1 февруари 2007
Мислења
8.406
Поени од реакции
2.076
Би сакал само да ги величиме, но сепак тоа не оди така. Тешкото е што се помалку и помалку моменти ги имаат за величење.
 
Z

ziko bt

Гостин
ништо ново мое мислење е дека овај случај е присутен во сите држави па незнам оти вакви теми демек само за македонците а иначе до ова шо се доаѓа до степен да се плука по репрезентација според мое мислење е оти новинарите пумпат многу атмосвера :nenene: а што е сосема непотребно ем играчите играт под притисок ем апетитите на фанојте се поголеми а и самите знајме колку ние силата а вервајте не е голема :toe:
 

The Mummy

The world is not enough
Член од
3 мај 2006
Мислења
5.415
Поени од реакции
181
Ама сите репрезентации имаат такви натпревари како нашиот против Естонија. Јебига не се они роботи, па секоја утакмица да ја изиграат перфектно. И Англија, Германија, Бразил сите имаат некој ден кога едноставно ништо не им оди од рака. Ние како да незнаеме дека сме појаки од Андора или од Естонија, ама тоа е кога не оди, не оди.
Пандев не е единствениот играч кој промаил таква чиста шанса на толку голема утакмица. Се промашувале и пенали на Светско Првенство, па не зборувало дека Бекам или незнам кој треба да си оди од репрезентацијата одма:tapp:
Точно, но нашите многу често имаат такви денови. На тие натпревари не е дека толку не им оди ништо, туку како да се навикнати да бидат аутсајдери и со тоа се мотивираат против големите, а против тие кои можат да ги добијат не се трудат доволно, мислат дека однапред е добиена.

За вториот дел секако се промашувале пенали во финалиња на СП и други големи натпревари, но кој се сеќава на дуелот Аргентина -Англија на СП 98 кога Бекам доби црвен картон и Англија загуби ќе знае дека подоцна тој беше дочекан на нож. Сите го обвинија за неуспехот иако беше и капитен, па му требаше еден мал период психички да се врати. Тоти на СП 2002 плукна еден играч и беше суспендиран на 3 или 4 натпревари по што исто така следеа бројни критики во медиумите.

Мора да сфатиме дека секаде има критики не само кај нас, а Пандев реално не прошами само една шанса на важен дуел. На Исланде се изнапромашува, со Холандија тука 2 чисти шанси, со Шкотска 1.
Едноставно мора во иднина да реализира вакви прилики како наш најдобар играч ако сакаме поголем успех. Ако не успее нема да речам дека не треба да игра за репрезентација, но едноставно нема да имаеме поголеми успеси.
 

Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
8.878
Поени од реакции
7.264
абе љуѓе слушајте народот не глуп или слеп тој знае ако е за плукање ако не дале се од себе не играле со срце сигурно ќе ги плука што треба да прави да му се клања па и така кај нас сите реперзентативци во било кој спорт се не заменливи или да не речам кој играл за младински репрезентации каде што ги ставале со пријатели така си останваат каде што родителите им давале некои подароци на селекторите и дури се живи кај нас истите се реперзентативци и многу тешко некој млад игарач да стигне до реперзентација ако нема вујко влдика можи само да сонва
муабетот му беше ако чинат изиграат добро нема плукаќе со ретки исклучоци на кои се му смета во нашата држава за нив не велам него греота се нашите навивачи бидејќи многу малку има гледачи оти само навивачи одат на утакмици среота се тие да му даваат подршка да трошат време и пари и нерви и да си клаваат болка на душата за некој пе... шо к.р не му чуе како ќе заврши утакмица вазно му е да добијат први золт картон оти на тоа се калделе во кладилница и ред други работи како за психолошото паѓање на сите репрезентации
оствари многу почнав да го тупам и јас ретки се игарци кои се залагаат на утакмиците додека се продадат некаде и после готово абе нема кај нас свест дека реперзентативниот дрес е СВЕТОСТ
КАКО ПОКЛОН ДА МУ Е ДАДЕН ОД РОДИТЕЛИТЕ
се понашаат како само да се тие игарчи и никој друг е дуери е така ние ќе се нервираме и ќе пиеме лексилиуми и диезепами :toe:
 

superstarpizza

Unsurpassed Сasual Dating - Verified Damsels
Член од
20 септември 2008
Мислења
6.025
Поени од реакции
1.363
Последните резултати и реакции на нашата фудбалска и кошаркарска репрезентација се повод за отворањето на ваква тема.

Ќе почнам од фудбалот. Не можам да сфатам како од вакво мислење за играч (Горан Пандев):



може да дојде и до вакви мислења:





Горан Пандев е само човек. Ист, од крв и месо како и Васоски, Седлоски, Новески, Шумуликовски... Ист како вас, само со талент за фудбал. И реално, Пандев е најдоброто што го имаме на тоа поле во моментов. Не знам како прво и основно со кои очекувања настапувате за Пандев, кога нема одиграно клупски натпревар од месец мај, а и тренира одвоено од тимот на Лацио како да има шуга, што дополнително го ослабнува психички и го зголемува притисокот врз него. Зошто никој не плука по Ибрахимовиќ кога Шведска губи? Е сега да, се пласира Шведска на Светски Првенства, ама за Шведска играат и Калстром, Исаксон, Мелберг... А и кога се пласира, не ги поминува ни групите. Ибрахимовиќ дури и еднаш најави дека ќе се повлече од репрезентацијата, и сите во државата, од медиуми преку федерација па до широка народна маса, апелираа да не си оди затоа што без него се далеку послаби.

А што ако Пандев излезе со ваква изјава? Прво ќе биде врбуван од сите можни домашни медиуми, селекторот и претседателот на федерацијата веднаш ќе го окарактеризираат како „неблагодарен“ и „себичен“, а широката народна маса би го каменувала кога би имала можност.
Пандев е ѕвезда во нашата репрезентација. Ѕвезда од која се очекува да ја води репрезентацијата кон успеси, за кои реално немаме капацитет, барем не сега. Кога ги матираше Касилјас, Буфон и Реина, беше Гранде Пандев, а кога ќе промаши зицер против Шкотска е опран сељак кој треба да продава пиперки, не? Дури и прочитав обвинување дека подал, а требело да шутне.

Крив е и да шутне и да подаде. За нападите на 11 септември во Америка е исто тој крив, како и за смртта на Јасер Арафат. И Милан шо е старачки дом, пак Пандев е крив, така?

Црна Гора со Вучиниќ и Јоветиќ е далеку од Светско, ама никој по нив не плука. Дури и една Аргентина, со Бурдисо, Хајнце, Занети, Гаго, Маскерано, Лавеци, Меси, Агуеро и Милито во составот е во опасност да не се квалификува за Светско Првенство. Но во такви ситуации курбан оди селекторот, а не играчите.

Сега во Македонија владее атмосферата: Цел тим на ремонт, Пандев ваков, Гоце таков, Илчо потаков, Пачовски најтаков.

Друг беше муабетот ко ја тепавме Хрватска 2-0.
Друг беше муабетот ко изигравме со Англија 2-2.
Напишано од superstarpizza
Пачовски нека најде број на Симан, и нека си се договорат за летовање на браната калиманци! АБДАЛ
Седло нека му дадат Навигационен систем!
Шуми да не има некоја болест на мускулите, нешо гледам не може да се движи, и зашо не му дале инвалидска количка!
Тасевски. штета шо не му дадеа на Шуми количка, а ние баш го пуштивме за тоа, да го бута!
Стојков, подитно во Јуниорската репрезентација, да ни се допечи таленто!
Наумовски,....... знаете дека дома уште го лажат дека во топката е гаволот!
Ја тука никаде не гледам, дека сум згрешил!
Ако има некој нека земе нека ме демантира, значи ова е после утакмицата со Норвешка!

Друго, споменуваш за оној (ја би рекол) срам на Ибрахимович, и прашуваш шо ке биде ако Пандев излезе со таква изјава, е сеа ке ти кажам.
Тогаш ја лично и јавно кажувам, доколку Пандев излезе со таков став дека не сака да игра веке во репрезентација и тоа само поради тоа шо веке не му се играл или се плашел дека ке се повреди (а не како Славчо Георгиевски шо направи со Катанец), тогаш јавно изјавувам, дека кај го видам Пандев ке му ја пукнам тинтарата, и тоа ке го правам секој пат кога ке видам, ама доколку направи така, нели!

Друго, освен фактот дека ние сме навивачи (или гледачи) шо друго не е јасно околу тоа!
Зар требаше после утакмицата со Норвешка да ги пречекаме со Музика во Македонија, зар требаше после утакмицата со Грција да им дадеме аплауз, зар треба сега после утакмицата со Франција да им викаме браво дечки зар ..............!

Значи после такви порази од кого ти очекуваш да излезе и на ним да им аплаудира!

Кога сме веке со споредување еден пример!
Не знам дали ја гледавте утакмицата Србија - Франција шо заврши 1-1!
Немој сега одма да ми викате, па оди таму гледај па оди она оди ова.....
Значи чисто за споредба кога така ние ке гинеме на терен, кога така ние ке играме со СРЦЕ ЗА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА е тогаш после секој пораз и стоечки овации ке им правиме, ама се додека вака губиме срамно и играме недостоинствено за Македонскиот дрес, ја секогаш после такви и ПОООВЕКЕ од срамни порази (до тој степен шо овој момент би рекол и зиини земјо г’тни ме зашо сум Македонец), секогаш брате Фантоме ке биде така, со плукање и пуцење на најгрд можен начин!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom