Bavarec, нека ти е со среќа. Реков, стипендистите, и само тие имаат било какви шанси да постигнат онолку колку шо дале пари за тоа приватно. А што не си во интернат е уште еден гоооолем плус. Апсурдно е да ги поминеш најубавите години од животот гледајќи ги еднаш неделно твоите другари, девојка, родители етц и давам еден наглас на твоите другари кои се однесуваат сто пати послободно и посреќно од тебе. Како што и претходно спомнав, глупо е и тоа што часовите траат повеќе од што е потребно, но тоа јас сигурно не можам да го сменам. Со среќа таму, и внимавај да го научиш убаво турскиот јазик. Ќе ти треба во школово. :wink:
И сега не ми се бара, но како и многумина луѓе сметав дека школово ми е една голема златна шанса, која не смеам да ја пропуштам. Не знам дали да се смеам или да плачам сега на коментарите на претходната тема за приватни школи што сум ги давал на кајганава пред една година за Јахја Кемал и неговите големи предности. Не велам дека и ти ќе се предомислиш, но не биди сигурен во сите муабети од твоите другари. И јас познавав еден братучед на мој пријател кој заврши во Јахја и отиде во Америка. Но тој беше прогласен за ученик на годината во Јахја и беше 100% стипендист. Настрана од него, ја познавав и Ада(бар бевме се виделе во живо, таа заврши таму) и ја познавав Цуценце(се отпиша на 1 година полугодие). И нивните коментари уште тогаш(пред да се запишам) беа негативни. Но затоа постоеше целата фантазија како и јас ќе одам во проклето странство. Постоеа сите муабети на очајните родители кои жалат што немаат пари да го пуштат детето во тоа скапоцено школо и сите муабети на побогатите родители кои ја имаат онаа насмевка дека зачувале пари доволно за детето да заврши во прочуеното школо Јахја . Има стекнато многу голема репутација. Не е попуста, бидејќи има добри. Но дали некогаш некој прашал за оние лошите и каква е нивната состојба?....
Како една слика, од 90 ученици, некаде 30тина паднаа по Англиски(да, да предметот каде што повторувавме скоро се од основно), и Турски повторно 30тина(ама од 70 негде дека има некој што им е мајчин јазик или не го учат бидејќи го знаат материјалот за 1 година). Епа и овие треба да влијаат, но родителите како овци ги праќаат во Јахја Кемал децата откако гледаат за стипендиите, а ко прво не ја зимаат во предвид нивната интелигенција и нивната посветеност(попусто е детето на сила да го тераш да оди во Јахја, бидејќи таму нема да го претворат во добар ученик, туку ќе му попуштаат, нема да научи тој ништо, а родителот ќе си ги истроши парите), а ко второ воопшто не сакаат да видат подалеку од високите статуи изградени од оние што земале златни медали на натпревари.
И така. Но ете пак ќе кажам, со среќа баварец. Сепак има деца што успеваат и се надевам дека ќе бидеш еден од нив