Приватни средни училишта во Македонија

M

marko 1996

Гостин
Болје ке идам у приватно средно на раат него како будала да учам и некој да ми лечи комплекси на мене го гледам брат ми ... у Орце е ... Цел ден учи а оценки 1-2 -3 над 3 тоа славење :jaj: Музичко му вика пеј ( брат ми пеење :pos2:) незнаеш да пееш кец ...
 

Altair

Шмеќер
Член од
30 јуни 2008
Мислења
306
Поени од реакции
192
Има некој на форумов што учи во САБА или пак некој поблизок негов ?
Ме интересира чисто мислење од корисник , а не од реклами =)
 

Eko1

Форум Џедај
Член од
20 мај 2005
Мислења
1.579
Поени од реакции
29
Хмм,... интересен феномен се приватните средни школи во државава. Во времето кога јас бев средношколец ги немаше, но од друга страна пак ги немаше и сите овие други "модерни средношколци" што ги имаме денес. Јас си завршив во Нико Нестор - Струга и можам со слободно да речам дека се најубавите години од мојот живот. Сегашната ситуација таму е очајна, никого не би го советувал да учи таму. Едноставно со еден збор нема ред. Жалосно е младо дете со 15 години да се уништи таму. Логичен избор за Струга би бил Јахја Кемал колеџот. Колку што сум информиран од 2 деца коишто учеа во Скопскиот колеџ... па се префрлија кај Струшкиот... тврдат дека разликата била драстична.... и навистина им било многу подобро. Доколку има некој што планира да учи таму, значи Јахја Кемал во Струга, нека ми напише да му дадам да си иконтактира со деца што учат таму.

Мој личен совет до сите идни средношколци: немојте да се залетувате на било кое школо само затоа ви изгледа убаво, информирајтесе максимално за сите.... па после решете....ако е за јадење.... сите печурки може да се јадат... разликата е што некои од нив може само еднаш.
 
D

Deleted member 12196

Гостин
По што си ти професор во Kemal толку што ги фалиш?!

Приватниве се срање... све шмизли и педери внатре што само за пари знаат
Не сум професор. Јас сум родител. Од септември имам и втор ученик во Yahya Kemal. После две години можам да ја кажам правата вистина (кога ќе видам што после Yahya). Инаку сега е добро. Не е идеално, но нашата гимназија е нула во споредба со Yahya. А професорите не ги фалам. Едноставно мораат да работат по одредени правила.
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
261
Поени од реакции
28
Ние во Македонија се водиме по некој пример од средните училишта во странство, каде што имаат подобри услови од државните, квалитетна настава... воглавно се подобри. А ние од тоа сме зеле само условите да се подобри, а квалитетот на наставата да не кажам е еднаков на нула. Тоа е бидејќи таму плаќаш и учел или не проаќаш година [не викам дека се сите одлични, но повеќето да]. Има и таму квалитетни деца, но тоа се 2 од 100 максимум.
Уште еден доказ дека државните средни се мнооогу подобри, е дека на државната матура лани, единствено средно од кое ниту еден ученик не падна е Корчагин [државно].
Исто така, ако сте отвориле огласи за барање работа, на некои пишува: Само да не завршил во Фон.
Мислам дека тоа доволно кажува.
Затоа ќе треба да почекаме уште неколку години и приватните училишта се доведат во ред, а би требало бидејќи вака веќе не иде...:toe:
:smir:
 
D

Deleted member 12196

Гостин
Yahya Kemal од Струга е иста како Корчагин. Не знам како е во Корчагин, но некои средни се нула. А што се однесува до оценките, за 2500 евра (толку е годишната школарина во Yahya) можам да купам петки во било кое државно. И уште една работа. Корчагин не е државно, туку општинско, или можеби училиште на град Скопје.
 
Член од
22 јуни 2011
Мислења
3
Поени од реакции
0
Приватно средно школо, абе ќе се прави ли у скоро приватно основно школо? мош има и такви што им е тешко државно основно.

Секоја чест за исклучоците (како на пример НОВА, ама Јахја Кемал и останати приватни "училишта" ми се некако шит, ако грешам некој што е од таму нека ме упати подобро).

И да имам едно прашање до останатите:
Кога би можеле, на што попрво би ги дале парите, на приватно средно училиште или на приватен универзитет?
O, какви се тие зборови. На универзитет секако. Средно е само средно.
Но, Нова не е она што беше. Еден родител кој има дете таму ми пиша...
Nova International Schools promotes favoritism and discrimination. As a US parent I felt truly embarrassed when my kid received a US President award, but not his classmates who were discriminated simply by being native Macedonians?! The look their parents gave me is something that I can't easily forget. This was so unconsiderate of Nova politics. All they care about is good marketing and naive parents.

Се уште не сфативте дека Nova International Schools suck and everything in this school sucks.
 
Член од
6 април 2012
Мислења
1
Поени од реакции
0
Приватна гимназија
Точно е дека приватните училишта имаат предност за запишување на универзитет во странство но државните се многу подобри.
Зошто!!!
Бидејки си не си одделен од своите најблиски ,не си сместен во интернат,слободен си,не си обврзан одма да учиш додека во приватните,зависи во какво приватно училиште си и какви се правилата и однесувањето сместен си во интернат со неколку други деца со тебе во иста соба некои се однесуваат добро некој лошо никогаш не се знае ,сакаш да учиш те вознемируваат.Има многу други пречки.
А за запишувањето во странство на некој познат универзитет ако учиш ако си упорен ,амбициозен и непоразлив и верувањето дека ке те примат таму си добредојден дали си учел во приватно или во државно не те прашваат ке те прашаат за твојата труд,упорност и најважното ЗНАЕЊЕТО.
позз :);)
 
Член од
22 октомври 2011
Мислења
65
Поени од реакции
10
Можи некој да ми кажи како е во интернатот во Јахја кемал - Струга? Дали има компјутери или треба наши да носиме? Каков е интернетот? Дали е доволно брз да си играш игри? По колку деца има во 1 соба?
Јас дека зедов попоуст за запишување па се мислам дали да одам таму.
 
Член од
24 март 2012
Мислења
137
Поени од реакции
119
Мило ми е што видов дека има отворено ваква тема. Па секоја реклама е добра реклама според мене. Од наште коментари тие средни приватни не работат. Сестра ми не е стпенист но учи во САБА, залудно пишувате глупави коментари во врска со САБА. Најпрво предност е во секое приватно училиште што има млад кадар, млади професори. Училиштето има многу добар план на работа. И да, татко ми и мајка ми ја платија годината но таа учи. Секоја книга по македонски е прочитана и има критика најдено. По стручните предмети ги носа на пракса кој самата прекса за еден средноколец дава посебно искуство. Професорите му се како другари па одаат заедно понекогаш ( не често ) на кафе. За разлика од Јаха Кемал, во оваа приватно средно- САБА нема миленици на професорите. Најмногу во клас се 10 ученици. И секој професор има во 45 мин да го испраша, да поразговара за тоа што не му е јасно и да предава. Во секое време можат да се јават на професорите или да му пишат на mail. Нормално има и негативни страни. Но САБА не е многу долго во Македонија и македонскиот пазар. Да помина 5/10 години и генерацијата од САБА која излезе да видиме до каде ќе зачекори.Тоа е тоа.
Икој што ќе учи во државно средно тој ќе учи и во приватно ;)
 
Член од
22 ноември 2011
Мислења
475
Поени од реакции
177
antoinette, ќе да е оној македонец втор шо добил стипендија во Харвард. Од Јахја Кемал еден веќе заврши во Харвард. :smir:
Инаку учев прва година во Јахја Кемал. Не можев таму, не поради тоа што сум слаб ученик, туку поради тоа што мороните преовладуваат. Имам златни другари кои учат таму, но тие се малку. И ако подобро размислам, тие се само стипендистите. Настрана од стипендистите, ретко има ученик во Јахја Кемал кој завршил со сите петки, односно скоро сите шо плаќаат, доаѓаат само колку да поминат средно. Јас не сум стипендист, и вистинската оценка по Турски ќе ми беше 4, ама ете, ми ја поправија на крајта. Инаку овака зборувам општо за школото, ама да кажам предности и недостатоци би рекол дека добро е тоа што ќе го научиш Англискиот јазик многу подобро, а ако си добар ученик, кој во трета година ќе отиде на science(има и social), имаш големи можности за факултет во странство.
Но, настрана од тоа. Доклку си во интернат, ти не можеш да излегуваш до продавница, туку за тоа ќе треба да земеш дозвола која ти ја даваат 2 пати неделно, по 2 саати. Да, малку е за Скопје, доколку сакаш да прошеташ до центар ор самтинг. Тоа е машкиот интернат, во кој има по 6 машки во соба. Бар 1 или 2ца во собата ќе те малтретираат доколку си мирно дете, и секако ќе те разбудат бар 101 пат во годината дека им е забавно и смешно. 95% од клучевите од вецињата се украдени, а исто така се украдени и клучевите од тушевите, и очекувај често да ти ја отвараат вратата додека се тушираш. Ама, можеби и нема да можеш да се туширај прибидејќи често се случува и повеќето тушеви да бидат украдени. На зима подобро зимај си екстра ќебиња ор самтинг, бидејќи во собата најверојатно ќе има еден себичњак кој може да ти го остави прозорот отворен цела вечер, бидејќи влегува ладничко во собата, а не го интересира тоа што прозорот се наоѓа веднаш до тебе. Храна имаш во 7 часот наутро, и 6 часот поручек, или навечер наречете го. Немаш ручек, но можеш да си купиш. Значи даваш 2500 евра за еден скапан интернат и сеуште треба да даваш уште пари за да не останеш гладен. Имаш пинг-понг, билијард и фудбалче кои се плаќаат, имаш сала за вежбање која е отворена еднаш во месецот, имаш соба со телевизор кој дава 2 канали, и обично е уклучен оној албанскиот. Женскиот интернат ги има сличните услови, само што женските не се толкави моронки. Ама сепак, тие добиваат половина час да се прошетаат низ Скопје, односно да протолкуваме подобро, да ја преминат улицата и да се вратат. :tapp:
Да продолжиме со училиштето. Оние златни професори кои предавале во странство и можат да те научат повеќе, во НОВА, не сум запознаен какви се, но во Јахја Кемал се ставени првите Турци кои ги нашле на патот шо знаеле Англиски. Да не претерувам, добри се професорите по Математика, Англиски ,Физика и Биологија. Но на пример, на едната профеоскра Хемија можете слободно да и се смеете бидејќи и самите вие најверојатно знаете Англиски повеќе од неа. Од професорите ги има многу добри, ама воопшто не се она којзнае што, што некој би можел да си претстави кога ќе слушне дека работеле во странство. И немојте да мислите дека наставниците ни малку ќе се секираат да вие имате подобра оцена. На нив важно им е само да останете, бидејќи ако има помалку ученици, платата ќе им се намали. Најчесто наставниците си имаат свој миленик, кој во најголем број на случаи е еден од стипендистите кој поради нешто што направил во минатото, ќе му пишува само 5, без претходно тој да одговара за истата оценка. Ја заслужува, не дека не, ама едноставно не го третира како и сите нас. И да, тешко вам ако сте ученик кој е надвор од стереотипите на нормално машко, или нормално женско. Можат да ве опоменат доколку често ве гледаат да се гушкате со другар од спротивниот пол, и секако ќе ве опоменат доколку сте машко со долга коса, и најверојатно на некои наставници ќе им станете антипатичен, и ќе ве сметаат за непристоен ученик кој се мисли дека е доволно силен да може да излезе пред нив како сака. Македонски професорките се златни. Тоа морам да го признаам и е една од најдобрите професорки кои ми предавале во мојот живот. Униформите во главно се ок, но ве жалам на физичко во последните денови од школската година, бидејќи физичко не смеете ништо да облечете освен униформата, која се состои од тренерки со кои слободно може да се шетате во зима.
Да продолжиме со програмата. Програмата е создадена така што во прва година ќе те тупат со Турски и Англиски, за мороните подобро да го научат, а за оние што повеќе знаат Англиски, да уживаат цела година, бар во повеќето предмети. Освен во можеби подоброто изразување во Англискиот јазик на кое сум благодарен, не можам да се пофалам и дека сум научил многу нови зборови во истиот јазик(добро, ако ги отфрлам стручните поими по Хемија и Биологија). Турскиот јазик е лесен јазик. Не е воопшто тежок доколку го учиш постепено, како и Француски или Германски во нормалните школи, но тука Турскиот јазик заедно со Англиски ќе го учиш по 10 часа неделно. Ќе ги научиш сите 5-6 времиња што тие ги имаат, и сите ебани граматички правила. Ќе учиш reported speech, ќе учиш оформување на реченици со ако и слични работи кои не очекуваш да ги знаеш со неколку месеци учење на јазик. Втора година пак, ќе ти дадат некои 6 часа физика, хемија и математика. Не знам дали е тоа добро, ама јас кога нешто учам премногу наеднаш го замразувам. Не можам да поднесам секој ден само турски да бдеам над книгата, а знам дека и брзо ќе ми помине ќејфот што во втора година предметот Турски ќе го имам помалку кога многу брзо ќе ги замразам на ист начин и физика, хемија и биологија. Втора година географија и историја се учи на турски јазик. И кога сето ова го сумирав, си реков дека подобро ќе биде да си продолжам втора година во Гевгелија. Сега англискиот јазик нема да го знам толку убаво(јеа рајт), ама бар ќе имам малку повеќе живот и душа од оваа година. И да, ќе имам мир и тишина дома да учам кога сакам и колку сакам, бидејќи часовите во нормалните училишта завршуваат во 1 ипол, а во Јахја Кемал во 3 и 10 понеделник и вторник, а до 2 и 20 до петок. Имаат паузи од по 10 минути помеѓу 5 часа, од по 20, на други 2 часа, и 30 минути како гооооолем одмор. Најчесто мороните ги користат за да си напишат домашно. Според мене и 8те часови кои ги имаме во Понеделник и Вторник се апсурдни, поради тоа што Англиски скоро секоја недела имаме по час или два во кои слушаме музика, или си играме бесилка бидејќи сме напред со програмата. Турски пак, секогаш завршуваме со часот бар 5 минути пред да ѕвони, така што може да се скратат часови и од двата предмета, но не се прави тоа. Дисциплината на учениците се сведува на тоа што сите носат униформи, но како и во нормалните средни училишта, има ученици кои ги почитуваат професорите, и ученици кои се тотално неучтиви кон нив.
Инаку за учење во интернат, заборавив да спомнам, но имате ettüt што значи часови за учење, во кои ве сместуваат во училница со другите деца во интернат. Тогаш, таму можете да ги пишувате домашните работи, со минимална концентрација. Тешко дека ќе можете да учите поради тоа што децата најчесто разговараат, или шепотат во најмала мера, други слушаат музика на телефон, а трети цело време бараат помош од вас за глупости.
И не знам како е во Нова, бидејќи тоа што го спомна Антоанет е една слика за училиштето од ученичка која добила стипендија, и е самоуверена дека ќе добие стипендија и за факултет. Верувам во тоа, но знај дека си само една ученичка, во школо со мнооогу ученици, од кои повеќето се морони, како што и самата рече. Според мене да одиш во приватно училиште во Македонија не вреди. Освен ако си стипендист, ти таму нема да добиеш ни половина од тоа што си го дал. Стипендистите се оние кои земаат награди на најразлични натпревари и се пробиваат на факултети во странство. Оние нормалните ученици, ќе ја имаат единствената предност што учат на Англиски јазик и ништо друго(со ретки исклучоци). Ќе трошат пари за џабе. Бар таква слика сум оформил од Јахја.
И за да не помислите дека јас сум само еден идиот кој не знае што збори, и не знае какви шанси испушта со отпишување од тоа брилијантно школо, да ви дадам само како информација, дека сигурно едно 15-20 ученици ми спомнале дека би сакале да се отпишат од училиштето(од кои 75% се стипендисти), но се плашат од родителите, или пак едноставно знаат дека ќе помине Јахја Кемал, и главната цел им е само да земат стипендија за факултет во странство.
И без разлика шо антоанет може повторно да ми противречи за Нова,
сликата на Јахја пробав да ви ја претставам најсликовито што можев, па вие земете ја оваа гимназија како пример за едно приватно средно училиште во Македонија :smir:


Е сега, ако одиш во гимназија во странство е друго. Да ги тргнеме националниве срања и слично, ама сестра ми се стекна со многу добро знаење во Грчка Приватна Гимназија. Воопшто не беше се пожалила, а и се што имам слушнато од нејзина уста бил добар збор за тоа училиште :)
А што викаш тоа,ќе ме задеваат у соба мамата у пичка им ја ебам моментално од цименто ќе ги акнам тоа се буљаши мамини татини пички дебели!
--- надополнето: 3 јули 2012 во 15:36 ---
леле боже не знаете колку ме фрустрираат вакви коментари!!!!!
сега вака слушајте сите што имате вакво мислење, зошто има луѓе што се утепуваат од учење во такви таканаречени училишта за морони.
јас сум сега за втора во нова, и сум со целосна стипендија, значи не сум тука со никакви пари и поминав низ многу напорни тестирања во конкуренција со мнооогу деца од цела македонија за да ја добијам стипендијава што мислам дека значи дека имам барем малку мозок во главата.
и јас на времето мислев дека нова е школо за мамини мази и морони ама еве сега кога дојдов и кога видов уствари како е.. немате право да зборите кога не знаете. Немојте да осудувате така одма.
Како прво и основно, овој систем на образование е многу поразличен и потежок од оној во другите средни. се се учи на англиски, баш се- математика, биологија, хемија, така да англиски зборуваме супер.
наставата се одвива на ТРИ НИВОА:
basic (основно)
regular (нормално) i
honors (напредно)
не викам дека нема идиоти што се запишале со намисла да им биде лесно и ништо да не учат- ги има и тоа многу, и сите се во basic и не знаат да зуцнат англиски. ама па да не нема такви кецароши во државните средни??? ај ти се молам.
од друга страна, има и нормални, амбициозни луѓе што цела настава ја следат на НАПРЕДНО НИВО, и да ти кажам дека нас ни е 1000000 пати потешко отколку на тие што учат во др средни школи. имаме тестови СЕКОЈА НЕДЕЛА, без преувеличување, баш секоја недела по секој предмет, да не се дозволи да учиме кампањски туку постепено. исто не можат да пројдат ни па бубалици зошто учење на памет не се толерира. а башка и на крај на година имаме краен испит од цел материјал по секој предмет.
замисли да учиш виша биологија и математика, и + на англиски!!
не знам баш дали ќе си морон! и + мораме да имаме уште еден странски јазик и тоа имаме час секој ден.
Посебно ние стипендистите мораме да одржуваме просек 10, ама има и деца што си плаќаат и пак се одлични.
е сега ако имаме подобри услови и подобро образовани професори ( сите имаат предавано во странство) не сме ние криви што вие имате проблеми со некои од вашите!!!!
во трета и четврта можеме да бираме меѓу меѓународна матура и виша програма, две многу многу тешки програми, ама барем после си имаме солидни можности за студии во странство. СИТЕ ама баш СИТЕ ученици што следеле настава на напредно ниво и земале некоја од програмите во трета се сега во странство. тие со завршуваат на кирил и методиј се само тупаците од basic. (со чесни исклучоци што си ја сакаат земјата)
оваа година првиот македонец доби целосна стипендија за харвард. а каде заврши??? во нова.
за др приватни средни не знам, само знам нова е единсвено средно чијашто диплома е меѓународно призната.

луѓе, дај не ширете малограѓанштина и не се понашајте така. кога не знаете, боље ќутете си.

:nenene:
Ај ти не ми цмиздри овдека у нова си го прчкараш ми вртиш празни муабети дојди у орце или корчагин па да видиш што е учење,и плус сите професори се дигнати а кај тебе се мрсули можеш да ги шамараш кажими кај тебе паднал ли некој година? Не би рекол,па ако сте толкави математичари зашто ВЕ УТЕПАВМЕ НА ДРЖАВНО !!?? Таму само женските им се јаки некој рускињи странкињи машките се серковци можат да ми бричат петелот!!
 
Член од
8 август 2012
Мислења
10
Поени од реакции
7
Јахја Кемал-школово има многу предности, ама не е совршено. Според мене најголема мана е то шо си нашколо до 3 отприлика, и дур стигниш дома просечно те фаќат 3 и пол. А ако останиш на додатна, со малку среќа можиш да се вратиш во 4 и пол. Секој шо се запишал таму барем еднаш си имат речено- ќе се отпишам, ама доколку причината е од типот -немие убо, треба да се има во предвид дека неубај моменти имат во секое школо, приватно или државно или незнам какво. Ако сакате и ако имате пари, и ако сакате и имате стипендија (по можност 100%) појдете си...Во друг случај, ојте си во државно за да не се кајте после.
 
Член од
8 март 2013
Мислења
1
Поени од реакции
0
antoinette, ќе да е оној македонец втор шо добил стипендија во Харвард. Од Јахја Кемал еден веќе заврши во Харвард. :smir:
Инаку учев прва година во Јахја Кемал. Не можев таму, не поради тоа што сум слаб ученик, туку поради тоа што мороните преовладуваат. Имам златни другари кои учат таму, но тие се малку. И ако подобро размислам, тие се само стипендистите. Настрана од стипендистите, ретко има ученик во Јахја Кемал кој завршил со сите петки, односно скоро сите шо плаќаат, доаѓаат само колку да поминат средно. Јас не сум стипендист, и вистинската оценка по Турски ќе ми беше 4, ама ете, ми ја поправија на крајта. Инаку овака зборувам општо за школото, ама да кажам предности и недостатоци би рекол дека добро е тоа што ќе го научиш Англискиот јазик многу подобро, а ако си добар ученик, кој во трета година ќе отиде на science(има и social), имаш големи можности за факултет во странство.
Но, настрана од тоа. Доклку си во интернат, ти не можеш да излегуваш до продавница, туку за тоа ќе треба да земеш дозвола која ти ја даваат 2 пати неделно, по 2 саати. Да, малку е за Скопје, доколку сакаш да прошеташ до центар ор самтинг. Тоа е машкиот интернат, во кој има по 6 машки во соба. Бар 1 или 2ца во собата ќе те малтретираат доколку си мирно дете, и секако ќе те разбудат бар 101 пат во годината дека им е забавно и смешно. 95% од клучевите од вецињата се украдени, а исто така се украдени и клучевите од тушевите, и очекувај често да ти ја отвараат вратата додека се тушираш. Ама, можеби и нема да можеш да се туширај прибидејќи често се случува и повеќето тушеви да бидат украдени. На зима подобро зимај си екстра ќебиња ор самтинг, бидејќи во собата најверојатно ќе има еден себичњак кој може да ти го остави прозорот отворен цела вечер, бидејќи влегува ладничко во собата, а не го интересира тоа што прозорот се наоѓа веднаш до тебе. Храна имаш во 7 часот наутро, и 6 часот поручек, или навечер наречете го. Немаш ручек, но можеш да си купиш. Значи даваш 2500 евра за еден скапан интернат и сеуште треба да даваш уште пари за да не останеш гладен. Имаш пинг-понг, билијард и фудбалче кои се плаќаат, имаш сала за вежбање која е отворена еднаш во месецот, имаш соба со телевизор кој дава 2 канали, и обично е уклучен оној албанскиот. Женскиот интернат ги има сличните услови, само што женските не се толкави моронки. Ама сепак, тие добиваат половина час да се прошетаат низ Скопје, односно да протолкуваме подобро, да ја преминат улицата и да се вратат. :tapp:
Да продолжиме со училиштето. Оние златни професори кои предавале во странство и можат да те научат повеќе, во НОВА, не сум запознаен какви се, но во Јахја Кемал се ставени првите Турци кои ги нашле на патот шо знаеле Англиски. Да не претерувам, добри се професорите по Математика, Англиски ,Физика и Биологија. Но на пример, на едната профеоскра Хемија можете слободно да и се смеете бидејќи и самите вие најверојатно знаете Англиски повеќе од неа. Од професорите ги има многу добри, ама воопшто не се она којзнае што, што некој би можел да си претстави кога ќе слушне дека работеле во странство. И немојте да мислите дека наставниците ни малку ќе се секираат да вие имате подобра оцена. На нив важно им е само да останете, бидејќи ако има помалку ученици, платата ќе им се намали. Најчесто наставниците си имаат свој миленик, кој во најголем број на случаи е еден од стипендистите кој поради нешто што направил во минатото, ќе му пишува само 5, без претходно тој да одговара за истата оценка. Ја заслужува, не дека не, ама едноставно не го третира како и сите нас. И да, тешко вам ако сте ученик кој е надвор од стереотипите на нормално машко, или нормално женско. Можат да ве опоменат доколку често ве гледаат да се гушкате со другар од спротивниот пол, и секако ќе ве опоменат доколку сте машко со долга коса, и најверојатно на некои наставници ќе им станете антипатичен, и ќе ве сметаат за непристоен ученик кој се мисли дека е доволно силен да може да излезе пред нив како сака. Македонски професорките се златни. Тоа морам да го признаам и е една од најдобрите професорки кои ми предавале во мојот живот. Униформите во главно се ок, но ве жалам на физичко во последните денови од школската година, бидејќи физичко не смеете ништо да облечете освен униформата, која се состои од тренерки со кои слободно може да се шетате во зима.
Да продолжиме со програмата. Програмата е создадена така што во прва година ќе те тупат со Турски и Англиски, за мороните подобро да го научат, а за оние што повеќе знаат Англиски, да уживаат цела година, бар во повеќето предмети. Освен во можеби подоброто изразување во Англискиот јазик на кое сум благодарен, не можам да се пофалам и дека сум научил многу нови зборови во истиот јазик(добро, ако ги отфрлам стручните поими по Хемија и Биологија). Турскиот јазик е лесен јазик. Не е воопшто тежок доколку го учиш постепено, како и Француски или Германски во нормалните школи, но тука Турскиот јазик заедно со Англиски ќе го учиш по 10 часа неделно. Ќе ги научиш сите 5-6 времиња што тие ги имаат, и сите ебани граматички правила. Ќе учиш reported speech, ќе учиш оформување на реченици со ако и слични работи кои не очекуваш да ги знаеш со неколку месеци учење на јазик. Втора година пак, ќе ти дадат некои 6 часа физика, хемија и математика. Не знам дали е тоа добро, ама јас кога нешто учам премногу наеднаш го замразувам. Не можам да поднесам секој ден само турски да бдеам над книгата, а знам дека и брзо ќе ми помине ќејфот што во втора година предметот Турски ќе го имам помалку кога многу брзо ќе ги замразам на ист начин и физика, хемија и биологија. Втора година географија и историја се учи на турски јазик. И кога сето ова го сумирав, си реков дека подобро ќе биде да си продолжам втора година во Гевгелија. Сега англискиот јазик нема да го знам толку убаво(јеа рајт), ама бар ќе имам малку повеќе живот и душа од оваа година. И да, ќе имам мир и тишина дома да учам кога сакам и колку сакам, бидејќи часовите во нормалните училишта завршуваат во 1 ипол, а во Јахја Кемал во 3 и 10 понеделник и вторник, а до 2 и 20 до петок. Имаат паузи од по 10 минути помеѓу 5 часа, од по 20, на други 2 часа, и 30 минути како гооооолем одмор. Најчесто мороните ги користат за да си напишат домашно. Според мене и 8те часови кои ги имаме во Понеделник и Вторник се апсурдни, поради тоа што Англиски скоро секоја недела имаме по час или два во кои слушаме музика, или си играме бесилка бидејќи сме напред со програмата. Турски пак, секогаш завршуваме со часот бар 5 минути пред да ѕвони, така што може да се скратат часови и од двата предмета, но не се прави тоа. Дисциплината на учениците се сведува на тоа што сите носат униформи, но како и во нормалните средни училишта, има ученици кои ги почитуваат професорите, и ученици кои се тотално неучтиви кон нив.
Инаку за учење во интернат, заборавив да спомнам, но имате ettüt што значи часови за учење, во кои ве сместуваат во училница со другите деца во интернат. Тогаш, таму можете да ги пишувате домашните работи, со минимална концентрација. Тешко дека ќе можете да учите поради тоа што децата најчесто разговараат, или шепотат во најмала мера, други слушаат музика на телефон, а трети цело време бараат помош од вас за глупости.
И не знам како е во Нова, бидејќи тоа што го спомна Антоанет е една слика за училиштето од ученичка која добила стипендија, и е самоуверена дека ќе добие стипендија и за факултет. Верувам во тоа, но знај дека си само една ученичка, во школо со мнооогу ученици, од кои повеќето се морони, како што и самата рече. Според мене да одиш во приватно училиште во Македонија не вреди. Освен ако си стипендист, ти таму нема да добиеш ни половина од тоа што си го дал. Стипендистите се оние кои земаат награди на најразлични натпревари и се пробиваат на факултети во странство. Оние нормалните ученици, ќе ја имаат единствената предност што учат на Англиски јазик и ништо друго(со ретки исклучоци). Ќе трошат пари за џабе. Бар таква слика сум оформил од Јахја.
И за да не помислите дека јас сум само еден идиот кој не знае што збори, и не знае какви шанси испушта со отпишување од тоа брилијантно школо, да ви дадам само како информација, дека сигурно едно 15-20 ученици ми спомнале дека би сакале да се отпишат од училиштето(од кои 75% се стипендисти), но се плашат од родителите, или пак едноставно знаат дека ќе помине Јахја Кемал, и главната цел им е само да земат стипендија за факултет во странство.
И без разлика шо антоанет може повторно да ми противречи за Нова,
сликата на Јахја пробав да ви ја претставам најсликовито што можев, па вие земете ја оваа гимназија како пример за едно приватно средно училиште во Македонија :smir:


Е сега, ако одиш во гимназија во странство е друго. Да ги тргнеме националниве срања и слично, ама сестра ми се стекна со многу добро знаење во Грчка Приватна Гимназија. Воопшто не беше се пожалила, а и се што имам слушнато од нејзина уста бил добар збор за тоа училиште :)
--- надополнето: 8 март 2013 во 12:17 ---
Која е таа Средна Приватна Гимназија во Грција.Во кој град и како се вика
 
Член од
9 мај 2011
Мислења
278
Поени од реакции
65
Јахја Кемал е врвот на приватни училишта во МК. Btw Станиша е легенда,ми предаваше физика и многу го малтретиравме али јбг,тоа е тоа.
 

POWER-MKD

Per aspera ad astra
Член од
1 март 2008
Мислења
4.763
Поени од реакции
644
САБА, е приватно средно за право, економија, информатика и туризам. Со мало дотерување во смисла на опрема, и поголем просот би било топ.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom