Интересна ситуација настана деновиве, ама беше форумов down, па со мало закаснување да го маркираме датумов.
Во фокус се односите меѓу СА и САД заради убиството на критички настроениот новинар Џамал Кашоги (или Хашоги) во саудискиот конзулат во Истанбул.
На кратко, човеков потекнува од богато саудиско семејство и има големи познавања од внатрешните состојби во кралството. Ова го потенцирам, затоа што има многу анти-саудиски настроени новинари, меѓутоа тие пишуваат од разни други побуди како на пример, деновиве ако пуштите Ал Џазира, катарската пропаганда бљуе на големо против новиов крал. Меѓутоа посериозно е кога критиката доаѓа од познавачи од внатре. Потеклото му е турско, поточно дедо му е турчин. Имам и порано пишувано дека турско-саудиските односи се благо кажано, лоши. Позади нив стои една конфликтна историја, која Турција ја има скоро со сите околни народи (освен со нас нели, ебале мајка овде, ама тоа не е причина нашите „родољуби“ да им љубат дупе до коска денеска....нејсе). Како и да е, поради голем притисок, укинување на твитер и закани, овој избегал во Турција, меѓутоа продолжил со уште посилни критики и тоа баш на овој кралов со кој е отворена темава како „пресврт“ за СА. Известувал и за Вашингтон пост меѓу другото и бил многу критички настроен кон интервенцијата и предизвикувањето на војната во Јемен од страна на саудијците.
Фактографски - човеков влегол во конзулатот за да регулира документи за да склопи брак со вереницата. Верзијата на саудијците е прво дека ништо не се случило, па после дека настанала тепачка во која несреќно завршил тој затоа што бил повозрасен, а пробал да се пресмета со помлади луѓе во конзулатот. Значи, во ниеден случај не признаваат дека новинарот е ликвидиран.
Тука се умешува Турција, која е „во минус“ во односите со САД и објавува дека има снимки од егзекуцијата (никаква тепачка) и дека има доказ дека во конзулатот присуствувал извесен саудиски форензичар кој со соодветен алат - пила за човечки коски го „средил“ телото на новинарот. После тоа следи лавина од реакции на политичари, меѓу кои најзначајна е изјавата на Трамп, кој отворено си кажа - и посебно сакам овој сегмент да го нагласам, затоа што уште има ликови што веруваат дека ние на избори решаваме кој ќе биде на власт - ова се зборовите на Трамп
„без американска воена поддршка, саудискиот крал најверојатно не би се задржал на престолот ни две недели.“ После следеше Меркел со „мајки-шајки“, дека нема да им продаваат веќе ракети. Е сеа, тука сакам да ја потенцирам улогата на Британија, која преку своите подружници Египет, Бахреин, ОАЕ и Оман даде поддршка на оваа саудиска лакрдија, а и самите си дадоа исказ „дека го разгледуваат официјалното соопштение на Ријад“....жими стапов...очигледно е дека во регионов не се секогаш координирани јенките и британците и дека овој гигантски експериментален затвор постои најмногу со амин на Британија. Тешко дека ќе настане голем инцидент после ова, мада саудијциве се заканија дека ќе престанат со производство на нафта и дека ќе ја качат цената. Тоа на Трамп не му одговара во моментов затоа што следат некои делумни конгресни избори преку кои ќе му се одреди судбината за поддршка во конгресот. Во целава прича е сериозно умешана и Турција, која преку овој asskissing со привлекување внимание околу целиов случај сакаат да му се додворат на САД и да се вратат у живот после масакрот што им го приредија со падот на лирата.
Инаку сакам до модераторот да предложам. Темиве се прилично хаотични. Би било добро истиве теми да се искористат и да им се даде некаков унифициран наслов. На пример оваа да биде насловена „Саудиска Арабија“ или „Саудиска Арабија - меѓународна политика“ (иако вториов наслов, често зафаќа и внатрешни работи од политиките во поединечни држави). Хаотични наслови се следниве:
- Тоталитарниот режим на Ердоган, политичката иднина на Турција - сеа, јас лично мислам дека е тоталитарен режим, ама има пациенти што не мислат така, а може да се смени ердо еден ден (ќе умре ако ништо друго) и темава ќе остане со исто име.
- Русија - смена во надворешната политика? - Русија нема никаква смена во политиката, едноставно да си се вика Русија и таму да се постираат вести во врска со Русија.
- Претседателски избори во Америка (2016): Трамп vs. Клинтон - Избориве се пред две години, а државата не се ни вика Америка.
- Пресвртница за Украина - „Украина“ само доволно е, таму е хаос, каква „пресвртница“...
И ОВА Е МНОГУ ВАЖНО - општите теми нека си останат во форумов, а овие поединечниве по држава нека си одат у „Свет“ за да се знае каде се пребарува. Некаде може да се комбинира по региони како „Блиски исток“ и да не отвараат разноразни абдали како иреал посебни теми од овој калибар:
Нож-убиство во Германија од Араб! (Ravensburg, Baden-Württemberg)
Eврото пропаѓа!? - Европска сигурност?!
Израел и се заканува на Русија
Зионизмот, падот на европа и светот.