Прествртница и за Саудиска Арабија?

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.229
Поени од реакции
78.827
Мухамед ми е забавен лик, сите се заебаваат со него. Како од комедија со диктатор да излегол.
Али ич нека не се грижи, муслиманите од Македонија се со него.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.229
Поени од реакции
78.827
КСА, со начинот на кој го реши Кашоги и со начинот на кој го "реши" Јемен, покажува дека е скроз на скроз несериозна земја, со инфантилна политика и егзекуција на истата.
 
Член од
16 декември 2009
Мислења
1.317
Поени од реакции
1.159
С Арабија е арапски кловн задолжен секој ден на светот да му покажува каков би бил светот ако им се предаде власта на вакви варвари и ако не се англо-саксонците.
Светот "мора да стане"по мерка и наум на тие "благородни" идеи за глобализмот по мерка и наум нивни и улогите кои треба да ги имаат сите во таа светска скаламерија.
Поприлично сум сигурен дека за нас имаат резервирано многу високо место во таа хиерархија.;)
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
9.953
Поени од реакции
14.709
Наводно во САД се разгледува варијанта да се испрати Ѓулен во Турција ,,на колење,, во замена Турција да ја спушти топката и да го намали притисокот во јавноста врз Саудиска Арабија околу новинарот

Значи во право се оние што тврдат дека све што можиш грабни....ќе ти се најде во некој пазар
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.229
Поени од реакции
78.827
Наводно во САД се разгледува варијанта да се испрати Ѓулен во Турција ,,на колење,, во замена Турција да ја спушти топката и да го намали притисокот во јавноста врз Саудиска Арабија околу новинарот

Значи во право се оние што тврдат дека све што можиш грабни....ќе ти се најде во некој пазар
Ќе го шитнеле Ѓулен за у Турска у јавноста се намалел притисокот врс КСА?
Нерационално и неверојатно.
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
9.953
Поени од реакции
14.709
Poveće portali od sosedstvoto ja prenesoa ovaa informacija...vcera ili zavčera.

Zatoa pišav " navodno". Gospod znae dali ima vistina vo toa
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.229
Поени од реакции
78.827
Poveće portali od sosedstvoto ja prenesoa ovaa informacija...vcera ili zavčera.

Zatoa pišav " navodno". Gospod znae dali ima vistina vo toa
Може да има нешто плус у таа сторија, кое ние сега го немаме в предвид.
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
Нелогичен муабет.
Може да е превод од вест од турски провладин медиум, а идејата е со овој чин да и се умилкуваат на Америка за испорака на Ѓулен, ама тоа не бива.
Турција и СА не се во добри односи, а Кашоги потекнува од мешана фамилија. Случувањата беа во сензитивен момент за Трамп, околу изборите
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.229
Поени од реакции
78.827
ЦИА заклучи: Саудискиот принц Мохамед бин Салман го наредил убиството на новинарот
ЦИА верува дека Саудискиот принц Мохамед бин Салман го наредил убиството на новинарот Џамал Кашоги во Истанбул, изјавија извори запознаени со ова прашање во петокот, што ги комплицира напорите на претседателот Доналд Трамп да ги зачувува врските со клучниот сојузник на САД, пренесе Ројтерс.


wow, bravo CIA! good job!(y)
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
9.953
Поени од реакции
14.709

Саудиски извор: Помпео во Саудиска Арабија го однел тајниот американски план како да се заштити принцот Мухамед од обвиненијата за убиството на Кашоги
Точка

23/11/2018

20:51

85

Големина на фонт

А А А
Саудискиот крал Салман и неговиот син престолонаследник, Мухамед, се штитат од скандалот поради крвавото убиство на новинарот Џамал Кашоги во конзулатот на тоа кралство во Истанбул, со помош на американски упатства кои им ги донел лично шефот на дипломатијата, Мајк Помпео.

Иако Турција и ЦИА дошле до докази дека принцот Мухамед го наредил убиството на Кашоги, за што постои и снимка, претседателот на САД, Доналд Трамп попрво го довел во прашање кредибилитетот на американските разузнавачи за да ја одбрани Саудиска Арабија, американски сојузник на Блискиот исток.



Порталот "Mid East Eve", повикувајќи се на добро известен извор во Ријад, пишува дека Помпео лично го донел планот минатиот месец, кога дошол во престолнината на Саудиска Арабија да се состане со кралот Салман и принцот Мухамед, во кој светската јавност го вперува прстот како нарачател и организатор на ликвидацијата.




Middle East Eye

✔@MiddleEastEye

https://twitter.com/MiddleEastEye/status/1064681869990608897

Saudi Arabia's king and crown prince are shielding themselves from the Jamal Khashoggi murder scandal by using a roadmap drawn up by the US Secretary of State, a senior Saudi source has told MEE http://ow.ly/ar2I30mG8Eo


201

1:48 AM - Nov 20, 2018
Twitter Ads info and privacy

Pompeo handed Riyadh a plan to shield MBS from Khashoggi fallout: Source
US Secretary of State gave Mohammed bin Salman a roadmap to insulate himself from the scandal, a senior Saudi source tells MEE

middleeasteye.net


272 people are talking about this

Twitter Ads info and privacy




Тој план вклучува и опција убиството на новинарот да се прикачи на невин член на саудиското кралско семејство, за да се заштити врвот. Тоа лице уште не е избрано, а саудиските лидери ја чуваат таа опција во случај притисокот да стане преголем.



"Не би не изненадило ако тоа се случи", рекол изворот.



Стејт департментот ги негирал овие обвиненија и ги нарекол "сосема погрешни гледиштата за мисијата на секретарот во Саудиска Арабија".






"Јавно зборувавме за нашите цели - раководството на Саудиска Арабија да ја сфати сериозноста со која владата на САД бара брзо и целосно расветлување на убиството на Кашоги", рекла портпаролката на Стејт Департментот, Хедер Науерт.



Меѓутоа, изворот на порталот вели дека Помпео им го предал планот на кралот Салман и принцот Мухамед на 16. октомври, кога се состанал со нив во Ријад, во моментот кога светската јавност почнала будно да го следи случајот Кашоги. Помпео во Ријад дошол точно две седмици откако новинарот и критичар на крунскиот принц, бил убиен во конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул на 2. октомври.



Само неколку дена пред Помпео да слета во Ријад, турските службеници откриле дека Кашоги е убиен и распарчен неколку минути откако влегол во конзулатот да добие документи кои му биле потребни за повторно да се ожени.






Во времето на посетата на американскиот државен секретар во Ријад, највисоките службеници на САД, вклучувајќи го и претседателот Трамп, многу малку зборувале за тоа што се случило со Кашоги, кој имал азил во САД кога бил убиен.



Саудискиот извор тврди дека Помпео ги советувал кралот Салман и принцот Мухамед да спроведат "детална и транспарентна" истрага. Неговиот план содржи неколку точки, а Саудијците постапуваат според него. Им дозволиле на турските служби да влезат во конзулатот каде се случило убиството, па се понудиле да и помогнат на Турција во истрагата, и конечно, уапсиле 21 осомничен за ова недело.



Последниот чекор - избор на жртвено јагне меѓу членовите на кралското семејството - се чува во случај жртвувањето на тие 21 осомничен да не биде доволно да се сочува принцот Мухамед.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.200
Поени од реакции
35.749
ЦИА заклучи: Саудискиот принц Мохамед бин Салман го наредил убиството на новинарот
ЦИА верува дека Саудискиот принц Мохамед бин Салман го наредил убиството на новинарот Џамал Кашоги во Истанбул, изјавија извори запознаени со ова прашање во петокот, што ги комплицира напорите на претседателот Доналд Трамп да ги зачувува врските со клучниот сојузник на САД, пренесе Ројтерс.


wow, bravo CIA! good job!(y)
Они ги даваат фактите а политичарите одлучуваат дали ќе постапат по истите. Според изјавите на Трамп, Помпео и Болтон може да се заклучи дека нема да ги земат во предвид тие факти.

Саудиска Арабија и Салман > Кашоги.
 
Член од
1 февруари 2005
Мислења
1.277
Поени од реакции
1.755
Како што гласи една поговорка на чичко Сем, "Тој е кучкин син, но е наш кучкин син"
Нема што да чекате чесност и принципиелност од САД. Имаше една изјава на Трамп: "Без наша помош за недела дена ќе падне саудиската царска фамилија"
Принцот треба да слуша, да ја намалии цената на нафтата, да купува американски облигации, да ја финансира ИСИС, да војува во Јемен, да купува американско оружје...
Има степени на вазалство, САД и кај вазалите роварат, прават варијанти, резерви, пример Кашоги којшто практично е пета колона. Принцот има делумен суверенитет, службите си работат и нормално ликвидираат петоколонаши, случајно се десило да ги фатат ачик во операцијата Кашоги. Но тоа не пречи на односите САД - Саудијска Арабија. САД за сега немаат нова гарнитура вазали за смена на Саламан, случајот Кашоги оди во фиока, две три декларации за осуда и тоа е тоа.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.602
Поени од реакции
38.763
Како што гласи една поговорка на чичко Сем, "Тој е кучкин син, но е наш кучкин син"
Нема што да чекате чесност и принципиелност од САД. Имаше една изјава на Трамп: "Без наша помош за недела дена ќе падне саудиската царска фамилија"
Принцот треба да слуша, да ја намалии цената на нафтата, да купува американски облигации, да ја финансира ИСИС, да војува во Јемен, да купува американско оружје...
Има степени на вазалство, САД и кај вазалите роварат, прават варијанти, резерви, пример Кашоги којшто практично е пета колона. Принцот има делумен суверенитет, службите си работат и нормално ликвидираат петоколонаши, случајно се десило да ги фатат ачик во операцијата Кашоги. Но тоа не пречи на односите САД - Саудијска Арабија. САД за сега немаат нова гарнитура вазали за смена на Саламан, случајот Кашоги оди во фиока, две три декларации за осуда и тоа е тоа.
Пак дипстејтот повлијателен од Трамп, ама кај и да е Трамп за десетина години ќе постави свои луѓе и вакви неправди како со ова убиство нема да останат заборавени кога САД на чело со Трамп и Путин на Русија ќе го водат новиот светски правичен поредок во мултиполарниот свет.
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
Очигледно е дека немаат американците потполна контрола и сега се обидуваат со распоредување тасови да го вратат балансот. Преку вакво обвинување на принцов однадвор нема да добијат практично ништо. Ако решиле да го збришат, ќе мора преку внатрешен, меѓуплеменски конфликт да го напраат тоа, што ќе значи сериозна војна внатре, а во вакви услови со Иран, тоа не им треба воопшто. Факт е дека саудијците имаат поголем годишен воен буџет и од Русија и дека купуваат оружје и од нив и од Нато, нормално. Е, сега, дали насетиле некаков обид за престројување, не ми е баш за верување, затоа што саудискиов принц добива безрезервна поддршка и од заливските, британски puppet држави, со Египет, а без Катар нели. Колку ми се мене познати односиве, ова е може геостратешки нелогичен след на настаниве, меѓутоа во поглед на внатрешно "решавање" на противници на кралот, кое е бескомпромисно. 200 погубувања годишно имаат за разноразни глупости, кои често се и прикривање на баш такви опозициони тенденции. Дури и во можна интервенција во Иран, иако до сега немале директен судир, мислам дека за прв пат и нив ќе ги искористат како топовско месо...
 

Zoran MKD

Мијак на квадрат.
Член од
11 септември 2010
Мислења
2.021
Поени од реакции
1.019
батката
фино момче со лошо хоби.
 

Attachments

Kajgana Shop

На врв Bottom