Пресвртница за Украина

Дали ја оправдувате воената агресија на Русија над Украина?


  • Вкупно гласачи
    746
Член од
23 мај 2019
Мислења
4.581
Поени од реакции
5.305
Чим САД и Русија си се договориле никој не ги ебе ЕУ и компанија кловнови.
Ќе стават некој проруски председател што со амин од Путин ќе им даде се што е договорено со Трамп. Секако се тоа што Русиве преку марионетата ќе го пуштат да иде кај Американциве ќе биде на штета на ЕУ и компанија.
Нема САД да останат со празни раце, а за возврат ќе ги остават ЕУ - НАТО сами ако сакаат да ја продолжат војнава што секако дека нема да ја продолжат.
Прерано ги отпишуеш (ЕУропска) имаат уште многу да се игра.

Црвено - Во тоа е целата моќ. Нанесуваш максимални загуби, а заштедуваш на жива сила. Е затоа РФ има толку загуби.
Црно - Епилогот е јасен после преговорите и каков мир и да се донесе Украина нема да постои од границите пред 2014 тоа е јасно.
Многу ми е интересно овака кога читам запалени типчиња ОТАН МОТАН :) Таквите не сфаќаат дека и ОТАН и РФ имаат ист став империјалистички секогаш војните ќе се водат на грбот на помалите, а САД и РФ на крај секако ќе го поделат колачот.
Проблемот е што твојата интерпретација е темелена на лажна претстава.
Кога пишав за доктрината на ОТАНистите или како милуваш НАТОистите беше во даден контекст а ти си направи филм па си сврте на своја воденица.
Жртвите/загубите за кои се фаќаш кои се големи а ги има РФ се заради тоа што војуваат против најголемиот воен сојуз во историјата до сега (вкупно 50 земји меѓу нив и еден Северџганистан), значи не се должат на доктрината туку на размерот на силите и ресурсите на едната и другата страна.

За да се постигне мир потребно е да се постигне баланс кој во моментов го нема на повидок.

Те молам немој со епитети “запалени момчиња“ на тој начин само покажуваш инфериорност а дискусијата ќе оди во друга насока, или сметаш дека не можам со иста реторика, инаку за момчиња да се забалгодарм.

Една забелешка: дај провери “Клинтон“ да не ти го хакнал налогот твоиве коментари многу наликуваат на него, не велам дека не сте биле на исти курсеви ама сепак провери.

П.С.
Немој толку верба да имаш во побегулјите од РФ и нивните приказни, тоа ти е исто како да разговараш со некогашни Македонци кои зеле бугарски пасош заминале низ ЕУропска и сега ги прашуваш за Македонија и состојбите во неа, не знам што очекуваш да ти кажат освен се “најдобро“!

Ako ispadne deka site ovie strasni zrtvi i turbulencii bea za Rusija da dobie samo neclenstvo na Ukraina vo NATO i kopnen kordidor do Krim, e tezok poraz za Rusija.
Mislam deka ako se skluci takov nekoj dogovor, ke ima bunt megu ruskata armija.
Ова е крајот на првата 1/4 ќе се игра уште, не знам колку ќе трае паузата ама не е завршена утакмицата.

Почетна точка во разговорите од руска страна ќе биде ултиматумот кој Русија им го достави на Сад во декември 22-ра година .два месеци пред СВО.Од таа точка ќе се појде. Тоа што Трамп изговара дека сета оваа војна не била потребна ако тогаш се седнело и се преговарало,е затоа што тогаш САД би биле во поповолна позиција од што се сега,.Тоа е поентата на тоа што го говори американскиот претседател.
Исправка, не се работеше за ултаматум туку за предлог за постигнување на безбедносни гаранции (нова безбедносна рамка) и како понатаму, значи предлог за разговори/преговори кои не само што беа отфрлени од западната империја туку беа и исмевани во смисла која е РФ да им поставува такви барања, сега дојде време на отрзнување и ќе видиме како понатаму.
И не беа во декември 2022 туку декември 2021 год.
Автоматски споено мислење:

Немаше ништо затоа што очисти CIA од 2014та.

Зељо си го уби народот и државата.
Не можеш сите заслуги да ги ставиш на сметка на Зеленски.

Знам дека сега е време да се измијат рацете, ама тој Зеленски имаше многу помош од алЦИАда, Ми5-6-7-8-9 БНД и уште дузина организации за промоција на демократијата (до вчера на цел глас Русија треба да се стратешки ограничи а започна со демонизација и дехуманизација на РФ, се забрануваа и палеа книги на руски се забрануваа Толстој, Достоевски и....), а не може да се амнестираат и сите други како Северџганистан кој се што имаше од оружје/опрема испрати за Украина за да му помогне на Зеленски има многу такви Северџганистани, не ги амнестирај од одговорноста.
 
Последно уредено:

Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
11.466
Поени од реакции
28.807
@Таксист ја не ги отпишувам. Само се обидувам да ги сфатам Трамп и Путин а и двајцата истото го тврдат што го мислам и предпоставувам. Тоа е дека ЕУ никој не ја ебава 2 % исто како што ни Украина. Трамп си стои на барањето за ресурси. Дали преку Украина или преку Русија не му е битно.
 
Последно уредено:

YuZe

Sic Semper Tyrannis
Член од
22 септември 2005
Мислења
2.131
Поени од реакции
2.563
@Таксист ја не ги отпишувам. Само се обидувам да ги сфтам Трамп и Путин а и двајцата истото го тврдат што го мислам и предпоставувам. Тоа е дека ЕУ никој не ја ебава 2 % исто како што ни Украина. Трамп си стои на барањето за ресурси. Дали преку Украина или преку Русија не му е битно.
Имаше изјава Трамп кога Европјаниве скокаа за да седнат на маса. Трамп им рече: "Имавте 3 и пол години да седните на маса не седнавте, сега сакате?"
 

RebelMk

₪ ₪ ₪
Член од
18 октомври 2010
Мислења
1.789
Поени од реакции
1.173
Проблемот е што твојата интерпретација е темелена на лажна претстава.
Кога пишав за доктрината на ОТАНистите или како милуваш НАТОистите беше во даден контекст а ти си направи филм па си сврте на своја воденица.
Жртвите/загубите за кои се фаќаш кои се големи а ги има РФ се заради тоа што војуваат против најголемиот воен сојуз во историјата до сега (вкупно 50 земји меѓу нив и еден Северџганистан), значи не се должат на доктрината туку на размерот на силите и ресурсите на едната и другата страна.

За да се постигне мир потребно е да се постигне баланс кој во моментов го нема на повидок.

Те молам немој со епитети “запалени момчиња“ на тој начин само покажуваш инфериорност а дискусијата ќе оди во друга насока, или сметаш дека не можам со иста реторика, инаку за момчиња да се забалгодарм.

Една забелешка: дај провери “Клинтон“ да не ти го хакнал налогот твоиве коментари многу наликуваат на него, не велам дека не сте биле на исти курсеви ама сепак провери.

П.С.
Немој толку верба да имаш во побегулјите од РФ и нивните приказни, тоа ти е исто како да разговараш со некогашни Македонци кои зеле бугарски пасош заминале низ ЕУропска и сега ги прашуваш за Македонија и состојбите во неа, не знам што очекуваш да ти кажат освен се “најдобро“!
Накотен е форумов со пристрасни воено пристрасни џедаи тоа е проблемот.
Кажи каде стои дека ги поддржувам Клинтон и компанија? Провери може треба 3 пара наочари да носиш. Па сите тие држави што ги замислуваш имаат помалку жители од РФ, Кина, С.Кореа и Иран сите тие кои јавно ја поддржуваат во војнава.
За една војна треба секогаш 2ца но што доколку утре Бугарија се реши на едно СВО кај нас, под паролата загрозени се Бугарите во Македонија :) дали и тогаш ќе се оправдува СВО.
Опасни се сите тие работи човече али ајде само да се навива и да се губи попусто времето да се напише нешто по форуми.
 

YuZe

Sic Semper Tyrannis
Член од
22 септември 2005
Мислења
2.131
Поени од реакции
2.563
Накотен е форумов со пристрасни воено пристрасни џедаи тоа е проблемот.
Кажи каде стои дека ги поддржувам Клинтон и компанија?
Ќе да ти требаат тебе наочари, не рече подржува, рече наликува. И се мислеше на Клинтон членот на форумов, не Бил Клинтон претседателот.
Една забелешка: дај провери “Клинтон“ да не ти го хакнал налогот твоиве коментари многу наликуваат на него, не велам дека не сте биле на исти курсеви ама сепак провери.
За една војна треба секогаш 2ца но што доколку утре Бугарија се реши на едно СВО кај нас, под паролата загрозени се Бугарите во Македонија :) дали и тогаш ќе се оправдува СВО.
Опасни се сите тие работи човече али ајде само да се навива и да се губи попусто времето да се напише нешто по форуми.
Ако можеше Бугарија да направи, ќе направеше СВО кај нас, тоа што не можат е друга работа. Нема оправдување или не оправдување, има реалност.

 
Член од
15 февруари 2019
Мислења
1.064
Поени од реакции
4.099
@Таксист ја не ги отпишувам. Само се обидувам да ги сфатам Трамп и Путин а и двајцата истото го тврдат што го мислам и предпоставувам. Тоа е дека ЕУ никој не ја ебава 2 % исто како што ни Украина. Трамп си стои на барањето за ресурси. Дали преку Украина или преку Русија не му е битно.
Филмов се завршува така што Трамп ебава матер, ја рамни со земја и врши целосна копнена и воздушна инвазија на западна Украина, а Зеленски бега во Русија и купува дача до бившиот претседател Јанукович
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.758
Поени од реакции
16.980
@Таксист ја не ги отпишувам. Само се обидувам да ги сфатам Трамп и Путин а и двајцата истото го тврдат што го мислам и предпоставувам. Тоа е дека ЕУ никој не ја ебава 2 % исто како што ни Украина. Трамп си стои на барањето за ресурси. Дали преку Украина или преку Русија не му е битно.
Кеиф ќе ми биде кога ќе почнат Масовни Exiti на членки на Еу, кај ќе одат нашите платенички лајна што перманентно подржуваат секакви отстапки за почнување на Преговори , а посебно блгарските гомнари
 

RebelMk

₪ ₪ ₪
Член од
18 октомври 2010
Мислења
1.789
Поени од реакции
1.173
Ќе да ти требаат тебе наочари, не рече подржува, рече наликува. И се мислеше на Клинтон членот на форумов, не Бил Клинтон претседателот.

Ако можеше Бугарија да направи, ќе направеше СВО кај нас, тоа што не можат е друга работа. Нема оправдување или не оправдување, има реалност.
Од каде да знам јас дека некој член е со Никнејм Клинтон ретко забележувам Никнејмови очен докторе :)
Може може тие со години делуваат против Македонците кога еден ден би стигнале до бројка 80/100.000 Бугари во Македонија (се надевам никогаш) се е возможно.
Да резимираме. Не сум про Рус не сум про Укр тоа е братоубиствена војна како помеѓу Срб и Хрв, но со секој напад на одредена суверена држава и потоа анектирање од тие територии ни отвора други шанси дека утре било која посилна држава може да нападне друга и да и одземе територии. Ние пример како мала овца помеѓу 4 волци не би сакал да замислам како ќе се заврши сето тоа. Немаме никакви надворешни сојузници, внатрешни поделби до макс ... Е затоа.
Автоматски споено мислење:

Дали преку Украина или преку Русија не му е битно.
Се мислам дека веќе ќе добијат преку РФ за РФ да добие сигурност дека САД нема да ја поддржува силно Укр и воедно ќе ги укине санкциите кон РФ.
Од сите тие играчи РФ, ЕУ, Укр и САД, сметам дека САД ќе биде најголемиот победник. До сега Бог знае со колку кредити ја задолжи Укр која или ќе мора да му враќа или ќе мора земја/ресурси да даде. До сега секако им крадеа ресурси на Укр само овие беа слепи е сега Д.Т ќе си најде уште поголеми ресурси и така како и да свртиме САД си добиваше ресурси од 2014 наваму постојано, на нејзино тло има мир, Европа/РФ секогаш се во некаков немир необединети и тоа е Јенките имаат политички чекори уште пред 100 предвидено.
 
Последно уредено:
Член од
16 декември 2009
Мислења
1.329
Поени од реакции
1.180
Трамп иако излгеда дека дава изјави кои се косат со здравиот разум од типот на Гренланд,Канада,Панама,се е тоа во насока на засилување на преговарачките позиции на САД во однос на Русија а подоцна и Кина
Почнува нова поделба на светот во која ЕУ нема да бида субјект во него туку ќе биде монета за поткусурување на светските субјекти.Додуша ќе биде скапа монета но сепак предмет без сопствен разум и интереси.Се сеќавате на изјавите на Макрон дека ако сега не неправиме ништо за да решаваме за својата судбина тогаш други ќе решаваат за нашата.Го знае тоа многу добро затоа што токму тие беа такви со сите земји до кои се дофатија. исто како и нивните колеги Англичаните.
Русија освен Украина на маса секако ќе стави договорот од 91 за нешеирење на НАТО кон Истока тоа ќе значи влагање во нејзина интересна сфера на сите тие држави плус Финска која направи судбоносна грешка и тоа ќе го плати жестоко.Секако дека најваќно за Русија ќе биде враќање на влијанието во Источна Европа но освен тоа две најважни точки ќе бидат враќање во уставно правни рамки на Казахстан и Артикот. Другите интересни точки за кој Русија ќе може да преговара се Блискиот Исток поделбата на влијанието во Африка(ќе се вмеша и Кина).Југоисточна Азија тука ќе се вмеша и Кина и Јужна Америка тука ако има сила може да се вмеша и Бразил заедно со Кина.Посебен раздел во сево ова ќе бидат две невралгични точки а тоа ќе биде Иран и Артикот.
Овие што ја владеат Америка ќе инсистираат на напштање на сојузот со Иран и препуштање на самиот себеси.Артикот од друга страна може да биде точка на соработка на овие две земји за да се одалечат од конкуренцијата,зошто проценетите а уште повеќе непроценетите бигатства на Артикот се толку големи да тој што ќе ги експлоатира ќе има стратешка предност пред сите останати.
Има тука уште многу работи кои ќе се фрлат на маса и затоа овој разговор во Ријад е само почеток да видат дали има тука нешто за да можат да почнат вистински преговори.По изјавите на двете страни се гледа некој оптимизам дека може да се почне со едни супер тешки преговори кои ќе ја дадат само рамката на 21-век за по границите на тие влијанија и недоречености во тие преговори да има пак судири и трвења.
Историја продолжува за среќе на светот,а за несреќа на Фукујама и клерико-либералните нацисти.
 
Последно уредено:
Член од
17 август 2011
Мислења
10.390
Поени од реакции
18.541
Јасно им е и на Украинците, меѓутоа немаат некој избор.
Од нивна гледна точка немаат контрола на 15-20% од територијата и единствен начин да ја вратат е преку офанзива. Мала е веројатноста, но за нив тоа им е единствениот начин.
Кога некој би рамислувал логично, веќе би прифатил тоа што е изгубено имајќи предвид дека постои не така мала веројатност во иднина да изгубат повеќе.
Се надеваат на поголема помош од Европа, САД, но треба да им е јасна и другата страна, дека кога тогаш војната ќе заврши, а Русија ќе биде тука, нема магично да ја снема. Закана или не, дел од Европјаните ќе соработуваат со Русија, неизбежно е. Тој дел Украинците слабо го земаат во предвид.

Преговориве се шанса Европа да покажи дека сеуште може да влијае.
Можат да го земат цел товар на свои раце, да појдат се или ништо против Русија или да речат кој ја ебе Украина, сакаме да соработуваме со Русија. Знам дека тоа е далеку од реалноста со моменталната политичка поставеност, но имаат избор.

Не е само Бајден со Русија, Американците позиијата ја градеа најмалку 15 години, веројатно повеќе.
Бидна тоа што бидна, може да се дискутираат стратегиите на Бајден откога започна војната, мое мислење е дека одеа да нанесат максимална можна штета на Русија, без разлика на исходот, бидејќи веќе го добијаа тоа што сакаа со самото започнување на војната.

За преговорите, гледам дека многу битна точка на Русите им е враќањето на економската соработка со Европа, кревањето на санкциите и сл.
Нормално, и другите економски активности, како Американските брендови во Русија и соработката на Русите со Западните компании за вадење нафта/гас во и надвор од Русија. Оттука, за таа точка можно е да направат отстапки во Украина.

На преговори не се оди без некој адут, така да мислам дека и едната и другата страна имаат по нешто во ракав. Зависно текот на преговорите, може да се случи да видиме некоја поголема офанзива пролеттва.
Evropa ne mozhe da prezeme nikakov tovar. Funkcioniraa zaednicki samo kako amerikanski privezok. Sega koga Nato e prakticno mrtvo, site zemji kje vlecat na svoja strana. Bez golema federalna drzava na nivo na cela evropa nemaat sansi da se nosat so Kina i Sad.
Interesno e samo so kje bide so nas, bez globalen policaec.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom