Јасно им е и на Украинците, меѓутоа немаат некој избор.
Од нивна гледна точка немаат контрола на 15-20% од територијата и единствен начин да ја вратат е преку офанзива. Мала е веројатноста, но за нив тоа им е единствениот начин.
Кога некој би рамислувал логично, веќе би прифатил тоа што е изгубено имајќи предвид дека постои не така мала веројатност во иднина да изгубат повеќе.
Се надеваат на поголема помош од Европа, САД, но треба да им е јасна и другата страна, дека кога тогаш војната ќе заврши, а Русија ќе биде тука, нема магично да ја снема. Закана или не, дел од Европјаните ќе соработуваат со Русија, неизбежно е. Тој дел Украинците слабо го земаат во предвид.
Преговориве се шанса Европа да покажи дека сеуште може да влијае.
Можат да го земат цел товар на свои раце, да појдат се или ништо против Русија или да речат кој ја ебе Украина, сакаме да соработуваме со Русија. Знам дека тоа е далеку од реалноста со моменталната политичка поставеност, но имаат избор.
Не е само Бајден со Русија, Американците позиијата ја градеа најмалку 15 години, веројатно повеќе.
Бидна тоа што бидна, може да се дискутираат стратегиите на Бајден откога започна војната, мое мислење е дека одеа да нанесат максимална можна штета на Русија, без разлика на исходот, бидејќи веќе го добијаа тоа што сакаа со самото започнување на војната.
За преговорите, гледам дека многу битна точка на Русите им е враќањето на економската соработка со Европа, кревањето на санкциите и сл.
Нормално, и другите економски активности, како Американските брендови во Русија и соработката на Русите со Западните компании за вадење нафта/гас во и надвор од Русија. Оттука, за таа точка можно е да направат отстапки во Украина.
На преговори не се оди без некој адут, така да мислам дека и едната и другата страна имаат по нешто во ракав. Зависно текот на преговорите, може да се случи да видиме некоја поголема офанзива пролеттва.