Мислам дека презимињата доаѓаат од пра-прадедовците - нивните имиња или прекари. Примери колку сакате. Од убави презимиња (не зборувам за славни презимиња) до лоши (пример Ушлинов, Мочалов... - да не навредам некого), сите настанале така. Жените ги наследувале од мажот, а тоа е така затоа што жената оди да живее кај мажот, а и патријархално општество било (или е, треба да се дебатира на друго место).
Но не само презимето, него во селата (уште го има по селата кај постарата популација), жената ја викаат како припадност на мажот (пример Перојца - на Перо, Митрејца - на Митре, Иљојца - на Иљо). Не ги викале на име.
Јас имам убаво презиме, сум го наследил од пра * х + дедо, и ако ми влегува жена во моја куќа, би сакал да го земе моето. Но денес е демократија во која скоро и да нема морални норми (дури и моралното е личен став) така да сум флексибилен. Ако сака да го задржи нејзиното, нема проблем, со логично објаснение зошто би се двоела.
Не сакам две презимиња поради фактот дека некои формулари немаат доволно простор, а и на тастатура дури кажиш кој си и чив си, отиде времето.
Многу мразам буквално земање на презимето (Весна Филиповски) некако ми е сосила мутирано, замислувам некоја си Весна која се занимава со Културно Уметнички Работи за Висока Интелигенција.