Презиме - моето, твоето или двете?

The`bItCh

AdJuStAbLe mAdNeSs
Член од
22 јануари 2005
Мислења
4.605
Поени од реакции
112
За жените: Дали после венчањето ќе го задржите вашето презиме или веќе (не) сте го задржале?
За мажите: Дали вие би го зеле презимето од жената, доколку ви е ( да не речам ) глупо или смешно?

Кај нас ко по обичај ние го земаме презимето на мажот, а ретко која си го задржува своето. Мене некако ми е глупо после толку години живот да морам да се презивам поинаку, што знам..
Кога ќе се венчам ќе си го задржам моето шо сака нека е.:wink:

Вие би го задржале, веќе сте го заджале, криво вие што не сте го задржале..!?:icon_roll
 

Dimitarc

Мрчатор
Член од
30 јануари 2005
Мислења
2.639
Поени од реакции
19
Јас имам многу ретко презиме и не би го мењал за ништо! Исто како и моето име! Закон ми се. Неда не би го земал презимето од жената. Па да ми се смејат по весници како маленко што направи. Извинете, турунџиев што направи....срамота!
 

Наташа Радио Милева Мара

Проф. Др. Маг. Мами
Член од
29 април 2005
Мислења
3.835
Поени од реакции
1.118
Јас го имам земено презимето од мажот ми и не ми е криво.А и зошто да ми е?За мене нема пречка во врска со презимето.Се ми е исто освен ако не е некое презиме како Мочков,Курваров...
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.184
Поени од реакции
34.407
Не поштувам многу жени што го задржуваат своето и го земаат на мажот. Исто како што не поштувам мажи кои го земаат презимето на жената.
 

ThA-BiTcH

~*~Blonde Bitch With a Brain~*~
Член од
23 септември 2005
Мислења
4.338
Поени од реакции
61
Acid напиша:
Не поштувам многу жени што го задржуваат своето и го земаат на мажот.
А што е тука толку трагично, и за непоштување?:icon_roll
Јас би сакала да си го задржам и моето презиме.
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.184
Поени од реакции
34.407
ThA-BiTcH напиша:
А што е тука толку трагично, и за непоштување?:icon_roll
Јас би сакала да си го задржам и моето презиме.
Задржи го бе Биче, тоа е твое право, нели? Мене едноставно не ми „штимаат“ 2 презимиња, ниту па мажи кои одлучуваат да го задржат презимето на жената. Турунџиеви ебате... :wink:
 

moTaro

Буљаш
Член од
17 ноември 2005
Мислења
1.476
Поени од реакции
11
Обично ги задржуваат оние кои што имаат "славни" односно познати презимиња. Задржување од таков тип, е некако ок. Како на пример Маја Гроздановска Панчева.

Меѓутоа, од сите други причини мислам дека е цепање од страна на жената.
Али као што вика есид, нивно право е. Демократија!
 

Dani^^^

Femme fatale
Член од
8 април 2005
Мислења
1.831
Поени од реакции
21
Би си го задржала само своето.Но нели живееме на Балканот и свесни сме за опкружувањето и традицијата во која сме израснати.Па затоа ќе го земам на мажот и ќе го задржам своето СЕКАКО!
 

Dani^^^

Femme fatale
Член од
8 април 2005
Мислења
1.831
Поени од реакции
21
moTaro напиша:
Обично ги задржуваат оние кои што имаат "славни" односно познати презимиња. Задржување од таков тип, е некако ок. Како на пример Маја Гроздановска Панчева.

Меѓутоа, од сите други причини мислам дека е цепање од страна на жената.
Али као што вика есид, нивно право е. Демократија!
Цепање?Цепање е што јас сакам да си го задржам идентитетот што сум го добила коа сум се родила ?Презимето со кое сум живеела 25-30 години и по кое ме знаеле сите луѓе-пријатели,другари,другарки,колеги 30 години?Јас кога влагам у брак не влагам во неговиот свет туку во НАШИОТ свет!Нема потреба од наметнување на нешто што е негово и одземање на нешто што цел живот било мое....:icon_eek:
 

Allita

Слика има тон нема
Член од
7 декември 2005
Мислења
2.184
Поени од реакции
12
jas ne go zadrzuvam moeto tuku go prevzemam na mazot..bidjeki ako na moeto go dodadam na mazot togash ke mi treba polovina saat da objasnuvam na nekogo shto mi e ime prezime i kako treba da me zapishe...bidejki vo minato si imav problem so taa rabota i na koj kako mu doshlo taka me pishuvashe...pa i ponatamu li da prodolzi toa...ne ne fala...:icon_lol: ako sum veke mazena neka imame isto prezime...edinstveno ne bi go prifatila na mazot mi ako e nekoe kako shto kaza Natasha....shto ima pogrdno znacenje...:pos:
 

Allita

Слика има тон нема
Член од
7 декември 2005
Мислења
2.184
Поени од реакции
12
Dani^^^ напиша:
Цепање?Цепање е што јас сакам да си го задржам идентитетот што сум го добила коа сум се родила ?Презимето со кое сум живеела 25-30 години и по кое ме знаеле сите луѓе-пријатели,другари,другарки,колеги 30 години?Јас кога влагам у брак не влагам во неговиот свет туку во НАШИОТ свет!Нема потреба од наметнување на нешто што е негово и одземање на нешто што цел живот било мое....:icon_eek:
inaku ne go menuvash identitot vo sekoj pogled...ti si ostanuvash istata licnost vushnost toa nema nikakvo znacenje dali si go promenila prezimeto ili si go zadrzala svoeto...podobra varijanta ti e ili tvoeto ili negovoto za da dodadesh nekako mi e glupavo...shto znam jas sum protiv dodavanje...
pa i taka i taka decata koga ke gi krstish ke bidat so na mazot ti prezimeto...zamisli da go stavish i na decata toveto i negovoto pa da imash devojce i toa da go dodade na mazot i...leleee toa ke stane ludnica...kako tie neznam od koja zemja bea cela recenica ime i prezime :icon_lol:
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
МОјата го зеде моето, буидејќи е единствено на Балканаов, најверојатно и на светов, кој сретнете со моето презиме, гарант ми е роднина. Никој друг го нема. Си го зеде моето, во оригинал како што било од памтивек. Не е ништо страшно и немаше да биде ако сакаше да додава, да задржува, јас оставив на неа, нејзин избор беше.
Чест ми направи, ја почитувам многу,. пти после мене, син ми, после него неговите деца. Презимето ми преживува само преку моја машка линија, ситу други имаат ќерки, никој синови. Татко ми мене, јас мојот, мојот ваљда ќе има син (знам дека е шовинистички, ама би сакал да продолжи уште една генерација по него).
 

Carlito Brigante

Хаусмајстор
Член од
5 ноември 2005
Мислења
844
Поени од реакции
8
Нејзиното - Па шо Турунџиев ми се свиѓа.

Шала на страна. Нека се презива како сака, ама пак би сакал бар две букви од моево презиме.
 
Член од
14 јули 2005
Мислења
2.128
Поени од реакции
41
Или моето, или нека си го задржи само нејзиното. Две презимиња ми се препичуење.

Мене ми е битно кое презиме ќе го носат децата. А жената, кое сака нека го земе и со здравје да си го носи, како шо кажав, под услов да не се двете.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom