Предлог за филм со кратка рецензија

Член од
14 март 2021
Мислења
1.501
Поени од реакции
4.692
Son de mar
Sound of the Sea
Звукот на морето
BIGAS LUNA

2001
Вака вели IMDb:
Нов наставник по литература, Одисеј, доаѓа во гратче близу морето и се вљубува во млада жена, Мартина. Оваа жена ја сака богат бизнисмен по име Алберто, но таа го избира Одисеј. Набргу по нивниот брак и раѓањето на нивниот син, Одисеј исчезнува додека лови риба на море, го наоѓаат неговото кајче срушено во карпите. Во меѓувреме Мартина неодушевено се мажи за Алберто, кој сè уште инсистира, но не е сè, онака како што изгледа...

Вака велам јас:
Дело на Бигас Луна, кое зрачи со сета своја Бигас Луна слава. Тргнувајќи од дејството кое на старт изгледа како најнормален филм, па се до таа 1на секунда каде се заминува во неповрат и се чудиш што гледаш. Падна добар шпански секс, таков за каков што само креветите во Шпанија можат да посведочат. Филмот е сниман на југот од Шпанија, има референци за убавата Валенсија, јадење на портокали и слично. Најдобар момент? Мартина и Одисеј играат во ноќен клуб, тој ја прашува што сака од него, а таа му враќа, да го однеси в кревет. Струи и онај класичниот Бигас аспект во кој што ти се чини дека, како со подбив да го 'велича' материјалниот свет - Алберто чуваше алигатор за миленик и рече дека тоа била најнова мода во Америка. Сето со огромна доза на подбив.
На филмов му се токмев да го гледам 3 месеци, мило ми е што го гледав.



 
Последно уредено:
Член од
26 јануари 2009
Мислења
10.248
Поени од реакции
14.970
No time to die

Ако се изземе глупиот заплет
со наноботовите и уште не можам да му го сфатам ендгејмот на Мр Робот, ко главен негативец
, по мене ова е најдобар Бонд филм снимен било когаш, иако сум Џејсон Борн дајхард фан, иако филмов траеше 3 саата, ја сакав секоја секунда од филмов (освен можеби кога Даниел Крег отиде во фул Рамбо мод, али и таму ми се свиѓаше шејки камерата, ко Хардкор Хенри да го гледав). А да, и Мадлен не ми направи ќеиф воопшто, а и глумицата некако ко да не знаеше да глуми. На пример на Ана Де Армас, мислам ќе и легнеше многу подобро улогата.

Џејмс Бонд конечно го утепаа (веројатно). :place: Само се надевам нема да отидат по патот на црна жена Бонд, за Матилде Бонд сум отворен. :) По мене, идеално би било тоа да биде Том Харди. Очигледните избори се меѓу него, Хенри Кавил и Цилијан Марфи.

Finch

Добар сај фај филм со емотивен твист во него. Имам само една замерка и прашање во исто време, зошто филмов добива релативно добри оценки, додека The midnight sky на Џорџ Клуни беше така јако исплукан? Буквално се работи за идентични филмови, со таа разлика што филмот на Клуни понуди и прекрасни пејзажи од други планети, сцени од вселена и вселенски летала итн... 7 - 7.5 од 10.
 
Член од
21 ноември 2021
Мислења
1
Поени од реакции
2
Јас сум човек кој обожава да гледа романтични филмови, па оттаму моја препорка е филмот „Long Weekend“. Според мене, овој филм е уште еден од низата кој покажува колку е важно да се пронајде вистина љубов во живтот и покрај пречките со кои се соочуваме.
Филмот „Long Weekend“ е уште едно филмско остварување на Sony Pictures кое верувам дека обожавателите на романтични филмови ќе ги однесе на едно многу интересно патување кое нема да сакаат да заврши.
Трејлер:
https://www.youtube.com/watch?v=HphL31Hw2x8
 

Сладоледџија

Ванила & Чоколадо
Член од
8 декември 2009
Мислења
14.457
Поени од реакции
11.907
Grave of the Fireflies (1985)


Филмот е заснован на вистинска приказна. За време на Втората светска војната, авторот на романот, Акијуки Носака, сам поминува низ истите тешкотии -
гладува и ја губи својата сестра заради изгладнување.

Animiran film, predobar, pretazen.. mora da se pogledne..
 
Последно уредено од модератор:
Член од
7 декември 2021
Мислења
122
Поени од реакции
358
99 francs (2007) e francuski film, adaptiran od istoimenata novela na Frederic Beigbeder.
Filmot e satira za modernoto reklamiranje na Octave Parango koj raboti lesna rabota, no koja e visoko platena. Slobodnoto vreme go ispolnuva so droga i lesni zeni.

Filmot go prikazuva modernoto reklamiranje bez "shminka".

MV5BM2IyOGQ2OGYtODZiZC00ODVhLTliMTAtODlmNDA0ODRiMGYwXkEyXkFqcGdeQXVyMjc1NDA2OA@@._V1_.jpg
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
4.518
Поени од реакции
10.976
Minamata (2020)

Еден филм што заслужува поголемо внимание и гледаност од тоа што го има. Правен по вистинска приказна, за фотографот Јуџин Смит, кој пред самиот крај на кариерата е повикан во Јапонија за преку неговите фотографии да испрати моќна порака за уништувањето на животната средина во едно мало рибарско село и да ги прикаже ефектите од затрујувањето со жива. Мрачен филм кој на моменти е тежок за гледање, но со стварно моќна порака и тема која не е толку обработувана во филмовите (барем јас не сум гледал многу вакви филмови). Сигурно најдобра улога на Џони Деп во последните 15 години. Да не беа скандалите со Амбер Херд во приватниот живот, можеби ќе влезеше и во некоја поширока конкуренција за Оскар.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
10.248
Поени од реакции
14.970
Love

1641521461928.png

Но во филмот Love е lust. Не би рекол дека е филм со поента која треба да ја извлечеш од дијалозите и треба да ти покаже некаков пат, но е филм кој се доживува и станува искуство. Ако филмовите на Триер имаат нагласен панч лајн, филмовите на Гаспар Ное ти оставаат чувства, а ти си тој кој од чувствата треба да ја изгради својата "морално исправна" приказна во главата.

Во филмот има премногу симболизам, протагонистите се двајца миленијалци, артисти, кои зрачат со аура на несфатени "генијалци" (како и секој уметник). Мислам дека Гаспар Ное преку двајцава ликови ги исмева мнозинството млади луѓе кои се пред се луѓе кои имаат големо его кое им помага да веруваат дека се некаква авнтгарда или алтернатива. Позади нивната школка вирее само животински нагон (секс) и желба за инстантна гратификација и уживање (разни видови на синтетички дроги).

Друг симболизам. Машкиот протагонист е Американец кој и покрај сите длабоки глупи мисли ала before sunrise, тешко му е да се исконтролира и да не и го бутне на првата што ќе му се насмее, но и во исто време е посесивен и и префрла на својата понежна половина зошто и таа го прави истото и зошто воопшто помислува на секс со друг освен со него? Додека женскиот протагонист е Французинка, која е open minded во однос на сексот, која би прифатила без проблем нејзиниот партнер да има секс со неа и со уште една жена, која сака да експериментира со разни дроги и на крај завршува тотално сјебана. Мислам дека на овој начин Гаспар Ное ги прикажува декадентните особини на просечните Американци и Французи преку двајцата ликови од филмот.

Трето, мислам дека филмот воопшто не се обиде да се занимава со љубовта или да ја постави на некаков трон. Дали е љубов имање набрзинка секс со непозната девојка во јавен тоалет кој смрди на мочки? Е вид на љубов. Дали е уживање викендашко правење на роба? Е уживање. Мислам дека режисерот успеа да направи паралела помеѓу двете нешта. Успеа да ги прикаже последиците од една токсична врска во која не си сигурен дали љубов воопшто постоела или е тоа само борба на две ега за постигнување на некаква контрола? Последиците се heroin withdrawal symptoms, каков што и финиш добивме.

p.s. мислам дека после ноќта помината у клубот, момакот вака ќе моча

1641525836502.png
 

TrendS

Work Smart, Not Hard
Член од
14 декември 2018
Мислења
3.622
Поени од реакции
24.816
Sorry We Missed You (2019) | Drama | IMDb RATING 7.6/10
MV5BODhlYTYzM2MtMGM5ZC00MjRlLWI5NTYtMDNmZGE0ZTAyNWVmXkEyXkFqcGdeQXVyMjI3NDAyNg@@._V1_.jpg
Препорака за филмов.

Филмот претставува едно четворочлено семејство кое буквално се бори за да опстане. Претходно заглавено во тешки финансиски долгови.
Рики започнува да работи како доставувач на пратки, буквално по цели денови затворен во своето комбе, додека Аби работи како негувателка на стари лица исто по цел ден.
Малата Лиза е девојче кое за нејзината возраст солидно ја разбира ситуацијата во која се наоѓа нејзиното семејство, додека нивниот син кој е тинејџер малку потешко се снаоѓа и го прифаќа целиот хаос.

Едноставно во филмот се доловува целосната реална слика на едно просечно семејство кое живее во Лондон, реалноста од нивните работодавачи кои се понекогаш одвратни према своите работници. Целосен приказ на бруталниот капитализам.
 
Член од
11 февруари 2009
Мислења
1.061
Поени од реакции
1.140
Three Billboards Outside Ebbing, Missouri



Преку ноќ осамнуваат три билборди преку кои се бара да се реши едно нерешено убиство...
Филмов вади на површина тешки предрасуди, болка, животни судбини и општествени неправди се обидува со помош на црн хумор (и бруталност) подобро да ги прикаже и доближи до гледачите.
Поради одличната глума, филмот го оценувам 7,5/10.
 
Член од
14 март 2021
Мислења
1.501
Поени од реакции
4.692
In Time (2011)
Во иднината луѓето се програмирани да остарат само до 25 години, потоа им се дава уште една 'гратис' година во која времето е единствената валута. Живеат, работат, купуваат намирници, се возат во градски превоз, сето тоа го плаќаат со време, минути, часови, милениум.
Богатите имаат најмногу од оваа валута, па затоа се и бесмртни. Но за тие да бидат бесмртни, други треба да умрат.


Филмов ми беше предложен како чизи обид на Тимберлејк, да се протни во актерските води. Но филмот е далеку повеќе од тоа. Напишан и режиран од Ендру Никол, филмот ги задира едни од најгорливите теми на човекот и општеството. И пред да си речите, да Капитализмот и Парите, колку само тие го предводат нашиот живот, филмот ќе ви врзи воспитна со времето како валута. Него го клава во фунција на Капитализмот, посурово од било кога.

Мене ми се допадна, не е граунд-брејкинг ко артовите и европската кинематографија на Бигас Луна, ама тоа не треба ни да го очекувате овде. Си има своја доза на интелектуализам. IMDb му дава 6.7 од 10, јас му давам 7 од 10.
Со Аманда Сејфрид плакнев очи речиси 2 часа, das heißt задоволен.



 
Член од
22 септември 2017
Мислења
2.562
Поени од реакции
3.812
READY PLAYER ONE 2018

Globalna energetska kriza mogla bi prerasti u svetsku krizu hrane,

 
Член од
10 јуни 2022
Мислења
50
Поени од реакции
74

Еден од најдобрите трилери што сум ги гледала.
Во кратки црти,Харисон Форд глуми хирург кој е обвинет за убиство на неговата сопруга,тој е во бегство и се обидува да го открие вистинскиот убиец на својата сопруга.
Одличен филм со Харисон Форд и Томи Лее Јонсе и еден од моите all time favorites :rolleyes:
 

Vespertine

The Ugly Duckling
Член од
22 септември 2009
Мислења
2.876
Поени од реакции
3.335
MAD GOD (2021)
Ако некој има стомак за вакви филмови моја препорака да го погледнете.
Прекрасно изведен кошмар од минијатури. Неможам да дадам спесифична рецензија бидејќи незнам што се случува, каде и зошто. :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom