Уште една тура sci-fi
1. Palm Springs - копија на Groundhog Day, не ми сметаше тоа толку, не е ни прв ни последен. Забавно филмче, добар за тепање време, веројатно ова е нечив обид за ставање на филмот Groundhog Day во еден ден за кој секој би сонувал, но искрено и не ме воодушеви нешто премногу па така му давам 6.5
2. Boss Level - копија на Edge of Tomorrow, кој е уствари акциона верзија на Groundhog Day. Добар филм, engaging, добри тепачки и инвентивни начини на умирање, за мене нешто подобар од горниот 7 од 10.
3. Songbird - ова е веројатно првиот филм снимен на тема корона и тоа од Michael Bay. Добива доста хејт на imdb, low budget филм е, иако актерската екипа не е. Можби и со право, но мене не ми беше лош. Ги има сите елементи на солиден филм, плус приказната не е нешто што сум гледал на филм, така што 7 и за ова
4. Chappie - роботи, програмери, Јужна Африка, дистописка иднина, криминал. Интересен или би рекол комичен пристап на тема која се разработува низ повеќе sci-fi филмови. Забелешка имам што авоторов го склопил филмов ко што треба до одредена фаза и после ко да имал writers block, па само го залепил останатиот дел од филмот, бар ја имав такво чувство. 7 од 10
5. Automata - слично ко и Chappie, со тоа што тука се отишло со покласичниот начин на прикажување на една дистописка иднина, интересно е што филмов навлегува и малку подлабоко и на филозовски начин почнува да поставува прашања за постоењето, нешто ко Blade Runner. Антонио Бандерас не ми се свиѓаше во улогата + антиклимактичен нереалистичен крај. 7 од 10
6. The Soul или Ji Hun - кинеска трилер sci-fi мистерија. Добра комбинација на кинеска традиција и култура со футуристички сетап, партали кинематографија и уникатни кадри. Авторот го развива филмот на оригинална идеја и тоа е отприлика се позитивно. После малце го тупи и филмов трае малку повеќе од што треба и е предвидлив. 7 од 10
7. Mute - интересно чуден филм сместен во некоја алтернативна футуристичка иднина во која пак има Студена Војна и Германија или барем Источна Германија не е дел од западниот свет. Вредноста на филмов произлегува од самите ликови и комплексните карактери отколку од самото дејствие, Пол Руд искина. Додека кога сме кај дејствието, за некои можеби филмов нема да има некоја поента, но за други можеби ќе биде тажна приказна. 7.5 од 10
8. Anon - неверојатно уникатна идеја за филм и неверојатно добар почеток и развој на филмот и по мене разочарувачки и избрзан крај. Да не беше крајот ќе одеше над 8 сигурно. 7.5 од 10
9. Infinity Chamber - сакам да кажам дека филмов ме потсеќа на некој друг филм но никако не ми текнува на кој. Одлично донесен филмот од страна на главниот актер, дистописка иднина повторно, аи, себеистражување во однос на што е реалност а што сеќавање кое можеби никогаш не се случило или двете се споени во едно 7.5 од 10
10. Greenland - егзистенционален doomsday блокбастер. Не е нешто невидено, но визуелно изгледа добро, те држи во неизвесност, има тензија и се на се е квалитетен филм. 8 од 10
11. Space Sweepers - филмов е дефиниција за sci-fi од повеќе аспекти: продукциски дизајн, филмски сетап, тематиката која ја обработува, cgi то е партали. Филмот е повторно сместен во дистописка иднина и има се што e неопходно за да долови таква атмосфера - земјата е пред изумирање и станува ненаселива од радијација и контаминираност, се креираат вселенски колонии во кои не секој има привилегии да живее, има дроиди, има вселенски летала кои луѓето ги користат за ловење на вселенски отпад кој го продаваат на големите корпорации, кои им ја уништуваат земјата, за неколку стотина долари за да преживеат. Не би раскажувал повеќе, не ми се допадна антиклимактичниот и несериозниот крај инаку ова ќе беше еден од најпотценетите sci-fi филмови. Инаку корејски е филмот (интернационален е, но највеќе на корејски се збори) 8.5 од 10
12. Monsters of man - Chappie meets Rambo
шала на страна филмов е чист адреналин, можеби е нискобуџетен B филм и дијалозите и глумата не му се најдобрата страна али брате роботите изгледаат совршено, а и тензијата е реална и не попушта едно два саата, многу луѓе ќе бидат убиени, али и тоа е добрата ствар. 8.5 од 10
13. Stowaway - ќе кажам само прекрасен филм кој знае како да си игра со емоциите, барем со моите. Мене не ми е јасно како филмов не добива номинација за оскар, а Promising young woman добива, а поентираат на истиот начин? Глумата е беспрекорна, дијалозите се беспрекорни и spot on, кадрите од леталата и вселената се прекрасни. Да, има сцени ко во Одисеја 2001 кои траат по неколку минути и веројатно тоа е досадното и филмов добива толку ниски оцени. Лично ме допре и заради тоа му давам 9.
14. The space between us - го заборавив. Романтична sci-fi тинејџерска драма за дете родено на Марс во тамошна колонија кое многу сака да ја посети Земјата. Ништо посебно по што би го памтел, а го гледав пред пар месеци. Но е добро филмче и не е губење на време, па ако немате што да гледате е ок филм. 6.5 од 10