Предлог за филм со кратка рецензија

Член од
23 август 2022
Мислења
429
Поени од реакции
763

Драма/црна комедија со Ethan Hawke и Ewan McGregor во филмов глумат браќа кои треба да одат на погребот на нивниот татко со кого имале многу лош однос и не биле во контакт долги години.
Филмот се работи за отварање на старите рани,простување и продолжување понатаму.
Филмот одлично е напишан а двајцата главни актери се феноменални и можеби затоа ми го задржа вниманието и ми се допадна.
 
Член од
23 август 2022
Мислења
429
Поени од реакции
763

Не очекував многу од филмов а добив многу,
Овој филм има толку многу длабочина и душа и содржи одлична приказна. Одлично сценарио кое опфаќа повеќе тематики а пред се внатрешните демони на ликовите како и нивната борба за совладување.
Забавен,трогателен и емотивен филм со одлична глума на главните ликови.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.808
Поени од реакции
33.647
Aftersun (2022)

1671010055148.png

Ова е еден од оние малечки филмчиња кои ти влегуваат под кожа и таму растат, па стануваат големи. Од самиот почеток, па се до крајот, тој некој тивок, меланхоличен тон кој е забележлив уште од првиот кадар бев убеден дека наговестува некој бум, дека ќе се случи нешто што ќе го измести текот на филмот и ќе го однесе во сосема друга насока, и дека ќе ме измести мене, исто така. Но не се случи! Филмот си завршува исто така тивко и мирно, онака како што започна. Станува збор за една девојка, Софи, во доцните дваесети или раните триесети години, која со помош на една снимка и нејзините сеќавања (како во еден момент што вели: со снимката направена од камерата од мозокот) евоцира спомени од едно патување со нејзиниот татко пред дваесетина години во Турција. Татко и сега е отсутен, иако никогаш не ја дознаваме причината за неговото отсуство. А јас чекајќи го моментот за тој голем бум кој го претпоставував, не забележав дали во тие ситни мали исечоци од сеќавања и handheld камера има нешто кое го сугерира неговото заминување или причината за неговото отсуство. Но тоа веројатно не е ни битно, како што на крајот и ни кажува режисерката:
во последната сцена Софи ја затвора камерата свртена кон нас, не престанувајќи да гледа втренчено во екранот, додека Калум (нејзиниот татко) го прави истото, се завртува, и заминува.
Тоа е сигналот кој не ми беше познат додека го гледав филмот,но откако го дознав, по самиот негов крај, филмот доби едно сосема ново значење. Софи се обидува да најде објаснување за тоа каде била грешката. Каде е моментот кој ставил крај на врската татко-ќерка (сега веќе и неважно е што се случило, дали тој умрел, дали едноставно заминал и не се вратил, или имало некоја караница која ги оддалечила засекогаш - друга е поентата).

Во моментот поминувам низ еден премногу тежок период па слично како Софи, низ главата ја враќам камерата назад и си припомнувам. Но немам сила да ги вратам вистинските камери. Не се уште, зашто премногу боли и ми е страв дека ќе се распаднам како кула од карти. Можеби и јас како неа за дваесетина години дури ќе ја соберам храброста. Но, среќен сум што сите тие мали моменти, сеедно дали добри или лоши (исто како што и Калум тука се бори и со сопствените демони додека се обидува да ја зацврсти врската со сопствената ќерка, и во мојот случај имаше многу демони), постоеја, зашто тие ме направија она што сум денес. Слично како Софи, кај која тоа едно патување во Турција дефинитивно оставило силен траг.

Од технички аспект беше пре-прекрасен. Ми се допадна тој еден манир на кинематограферот во многу сцени да се снимаат одразите наместо актерите и случувањата. Делува уште повеќе blurry, слично како сеќавањата. Како да не се од овој свет, како и сами да се прашуваме што од сето тоа навистина се случило, а што е продукт на нашата имагинација или само веруваме дека се случило. Некои од тие одрази се замаглени и искривени, други се наопачки свртени, трети се на црниот заоблен екран на стариот телевизор... За мене оставија многу силен печат и се уште една работа по која ќе го помнам филмов.

Ова е филм за сеќавањата, филм за семејството, филм за врската меѓу таткото и ќерката, за миговите, за љубовта, за растењето, за загубата... За се она што не прави луѓе. Клише е ова што ќе го кажам, знам, но дефинитивно не е за секој. Ако барате акција, ако сакате нешто да се случи, тука не се случува ништо. Ако сакате да уживате час и 40 минути во прекрасно кино и чисти емоции, ова е филм за вас! Пуштете го!

9/10
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.618
Поени од реакции
18.090
The Menu

Вака не сум бил импресиониран одамна од филм, бев разнесен уште на пола филм. Уникатно искуство е, има деликатен вкус, доаѓа како специјалитет кој се послужува во убаво сервирана чинија, специјалитет чиј вкус не се заборава и го мислиш со денови откако си го конзумирал. Филмот е црна сатира која го исмева просечниот богат потрошувач и е признание и ода за стремежот кон совршенството изразен преку храна. Многу стилска креација, многу паметно напишани ликови, многу паметно напишани дијалози и линии, речиси секоја втора реченица може да се земе ко цитат. Ралф Фајнс и Ања Тејлор Џој :oleee: а и сите останати актери - поклон. После филмов се осеќам ко да сум изгледал нешто оригинално после години потрошени на генерички, претенциозни и предвидливи глупости. Браво! Ова е ремек дело, и ќе повторам уште еднаш, уникатно искуство е.

Top Gun: Maverick

Не очекував многу, а добив навистина многу. На прво место е носталгијата и трибјутот кон филмографијата од 80 ти/ 90 ти, ми разбуди нешто што одамна го неам осетено кога гледам филм, на второ место е фотографијата и кинематографијата во целост. Прекрасни кадри и многу добар вклопен cgi во филмот. Дури и деловите со чизи лајнс не беа лоши и се вклопуваа во тој некој ретро амбиент кој што филмов го создава. Плус и Џенифер Конели глумеше. Единствена замерка ми е само музиката на Лејди Гага, не можам никако да ја вклопам во филмов. 8.5 од 10
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.618
Поени од реакции
18.090
Tár

Филмов е направен за Кејт Бланшет или обратно Кејт Бланшет е направена за филмов. Ваква мастер класа во глума ретко се сретнува, би се зачудил ако не земе Оскар за најдобра главна женска улога. Филмот ко филм е само солиден, драма со бавно темпо, ништо посебно. Првите 2/3 од филмот режисерот ни го претставува ликот на Лидија Тар, и овој дел знае да биде навистина мачен за следење за дел од публиката, исполнет со долги дијалози кои изобилуваат со музичка терминологија, но ако си доволно фокусиран и љубител на класична музика и на Густав Малер и неговата 5 та симфонија, дијалозите може да имаат и вредност за тебе. Остатокот или разврската е помалку досадна, но е и делот кој го направи овој филм малку претенциозен. Ко што кажав, солиден филм, кој што е натпросечен само поради Кејт Бланшет, жената буквално ги доминира и ги засенува останатите актери во секоја сцена во која се појавува во филмов.

Кога сме кај Малер, омиленото од неговата петта симфонија

 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.336
Поени од реакции
57.932
Pamela: A Love Story (2023)

Изненаден од документарецот за Памела Андерсон. Растев во време кога беше мега популарна, но жената не е она што медиумите ја претставуваа. Освен тоа што беше Playboy девојка, што сите го знаеме, медиумите ја опишуваа како личност со бурен живот. Бев сигурен дека се дрогира, дека е алкохоличарка, и дека намерно ја пуштила секс лентата за популарност.

Испадна дека е злоставувано девојче кое успева да се избори сама во животот и да одгледа две многу нормални деца и да си ја помага фамилијата. Често се смее кога зборува за непријатни теми, очигледен механизам за одбрана. На крајот вели дека не сака да ја гледаат како жртва затоа што самата се ставила во лоши ситуации, но и тоа како е жртва на жолтиот печат и на talk-show водителите кои ја гледаат како парче месо и ја исмеваат. Жената издржува се со насмевка, иако се гледа колку има патено и се уште пати.

Убав документарец кој и дава шанса да си ја раскаже животната приказна и можеби да си ја олесни душата малку.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.915
Поени од реакции
84.325
1677790504592.png


In the amazing film The Whale by the director Darren Aronofsky, he tells the story of a fat man.
In the first part of his film, the main character, calling himself Charlie, is in a small house and he is watching a man lay in bed with another man.

In the course of the movie, the fat Charlie encounters many hardships. His entire life is set around trying to stuff his mouth with as much food as possible. I think this is sad because food don’t have any emotions, and they don't know how bad Charlie feels while eating them.
They're just stupid calories.
And I feel bad for his daughter as well, because she thinks that her life will be better if she gets his money, but in reality it won’t help her at all.

I was very saddened by this film, and I felt many emotions for the characters.
But I felt saddest of all when I watched the boring chapters about the mormon that were only descriptions of cultists, because I knew that the director was just trying to save us from his own sad story, just for a little while.

This film made me think about my own life, and then it made me feel glad for my
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.647
Поени од реакции
34.852
12.jpg Fo3OHzFXsAA3ig7.jpg

... ако патувате со авион на некоја подолга дестинација, подобро да не го гледате да не го пропуштите летот, а можеби напротив, да се види што е можно, а што не е можно со професионално воено пилотирање, па макар на филмско платно, може да се препознае добар пилот.

... еден таков лет од турски воен пилот кој ги дава своите услуги по потреба и за патничко пилотирање, доживеав и јас една бурна дождлива ноќ враќајќи се од Инстамбул со грмежи и невреме, што ме потсети овој филм, како може еден добар пилот да го „спаси“ авионот од сигурна несреќа и пад.


... еден Новогодишен лет на авион на неколку патници ќе биде тема на филмот за доживувањето на падот на авионот поради невреме во област со наркодилери и без никаква контрола од тамошната држава, но и повторно подигање на истиот бегајќи од војската на тие наркодилери, помогнат од затвореник со лисици кој требал да биде пренесен со тој лет.


... додуше со малку филмски гафови и грешки, иако снимен 2023, но барем според мене добро потрошено време и покачен адреналин, па би бил мој предлог, вуала повелете гледајте го! :kafence:
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.618
Поени од реакции
18.090
Oppenheimer
Филмов може да се каже дека го гледав веќе два пати, еднаш во Синеплекс снема струја во Неделата и не можеа да го оправат проекторот на 2 саата поминат филм, и денес уште еднаш.
Прекрасен биографски филм за Роберт Џ. Опенхајмер, теоретски физичар кој ја носи квантната механика од Европа во Америка и човек кој е познат како татко на атомската бомба. Единствена замерка ми е тоа што очекував дека ќе има повеќе наука во филмот и реално имаше на почеток, за да се претвори во драма со малку претенциозни дијалози. У суштина би го поделил филмот на три дела и секој дел би траел по саат:

Првиот дел - влегувањето во светот на квантната механика и носењето на квантната механика како дисциплина за изучување на Калтек во Америка. Овој дел можеше да трае и подолго, ама тогаш немаше да биде биографски филм.

Вториот дел - проектот Менхетен, Лос Аламос и развојот на атомската бомба

Третиот дел - судирот со некои авторитети како Штраус и други, местенките и целата драма околу судењето и разврската

Мислев дека филмот ќе биде америчка пропаганда каде Америте би си го переле образот за тоа што го направија, но не, филмот при крајот носи многу силна порака.

Музиката 10, кинематографијата 10, актерската екипа 10 (Цилиан треба да земе оскар за главна машка улога без размислување).

Она што ми се свиѓаше особено е дека во голем дел филмот, поткрепено пред се од музиката, дијалозите и како кадрите се снимени, наликува и на промотивен спот за америчките достигнувања и опасно мирисаше на антиклиматичен крај, за да има bitter sweet крај на крај и тоа му ја зголемува вредноста кај мене. Се на се многу квалитетен филм, можеби и првиот блокбастер филм на Нолан кај што не напраил сакам кажам, не знам речам жаргонски кажано.

8.5 од 10

The Platform

Ретко оригинална сај фај/ мистерија. Навлегува во мас психологијата на луѓето, алтруизмот и конзумеризмот и зошто луѓето се понашаат ко стока и себично, кога може да има подеднакво исто за сите и онака. Тензичен филм пред се, не ми се свиѓаше само глумата и завршетокот, кој не ми беше јасен а и не ме натера нешто многу да се трудам да го тумачам.

7.5 од 10
 

faust.mephistopheles

Aga Aganlija
Член од
9 декември 2014
Мислења
720
Поени од реакции
1.537
Arrival (2016)-Sci fi, drama



Прекрасен филм со одлична идеја. 12 непознати летечки објекти се стационираат на различни географски подрачја на земјата. Професорката по лингвистика Луис Банкс се соочува со задача да формира тим и започне комуникација со вонземјаните и да дознае, зошто се тие тука? Каква е природата на нивната посета?

Филм со многу прашања и многу одговори.

9 од 10.



The dance of reality(2013)-Biografija, drama



Уште еден прекрасен филм на познатиот Алехандро Јодоровски и прв во неговата биографска колекција (вториот е продолжение и со наслов “поезија без крај“ од 2016). Го опишува неговиот живот од раното детство, преточен со многу дијалози, бои, симболизам. Опис на едно опшество каде владее сиромаштија, борбата за живот, политичката определеност и нејзиното влијание во сите сфери на животот и едно детство кое израстува со сите тие искушенија и потешкотии во едно такво семејство и опшество.

Уметност во уметност.

10 од 10
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.662
Поени од реакции
34.961
Long Story Short 2021 (Comedy, Fantasy, Romance) 7/10


Една брза и апла кратка рецензија.

Австралиско филмче каде Rafe Spall го игра главниот лик Теди. Филмов е онака за релаксација, актерите беа добри (особено Rafe), иако кореографија и приказна можеше да е подобро.
Муабетот е YOLO (you only live once) и пораката е пренесена преку главниот лик Теди. Типчето по обичај остава се од денес за утре, минува доста време со работа, и ретко прави одлуки да пресече. Но, по сплет на околности едно утро се буди и гледа како пред очи му минува цела година. И така секое утро плус една, при што гледа што се пропуштил/зезнал во животот посветувајќи голем дел од времето на работа и со прокрастринација за голем дел од одлуките
 
Последно уредено:
Член од
20 мај 2023
Мислења
513
Поени од реакции
2.250
Fall.jpg

Две девојки авантуристки се качуваат на висока кула. Патот за нагоре кон врвот на кулата може ќе им изгледа прилично лесно, ама патот за надолу ќе им се претвори во кошмар.
Напнато филмче, држи у неизвесност.
6/10.
 
Член од
21 јануари 2022
Мислења
302
Поени од реакции
1.636


Иако има релативно слаба оценка на ИМДБ, мислам дека филмов заслужува малку поголема, барем 6.5/10 :)

Бавно развивачка драма (на ИМДБ го нарекуваат јужњачки ноар трилер) за една жена која со своето дете е заглавена во безизлезност и сиромаштија во рурален Мисисипи, а животниот пат ќе ја натера да се сретне со затвореник ослободен од затвор со кого ја врзува нешто за што воопшто не била свесна. Мел Гибсон има мала, споредна улога, одлична глума од негова страна, а и малото девојче глуми фантастично. Во приказната се испреплетуваат и желбата за одмазда, безнадежноста на руралните места во САД, корумпираната полиција и нарушените семејни односи.

Фино филмче за тепање слободно време во недела попладне, кога надвор е минус 5 степени. :)
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.618
Поени од реакции
18.090
Napoleon (2023)

Прилично нов е филмов, па ќе ставам се во спојлер.

Филмов е буквално масакриран на IMDB, заедно со Ридли Скот, на кој му посакуваат да ја обеси камерата и да прекине да снима филмови. И лично мислам дека се малку неправедни и претерани нападите.
Пошто не мислам дека Ридли Скот е тој кој што ги креирал барањата околу филмов, туку филмското студио кое го финансирало филмов. И сега ти да пробаш да го набуташ цел живот на Наполеон во 2.5 саата со сите воук детали кои си ги бара модерното време, не можеш да добиеш ремек дело од филм, али сепак мислам дека крајниот резултат е добар филм.
Кога би морал да го опишам филмот во една реченица тогаш тоа би било - Токсичната врска и брак помеѓу Жозефина и Наполеон. Иако во генерални црти знаев за животот на Наполеон, тоа пред се се однесуваше на неговите патешествија во политиката и војната. Додека во филмов некако се останато станува споредно на врската помеѓу него и Жозефина. И ете научив дека на почетокот од бракот на Жозефина поприлично и мрдал опашот и го има изневерувано Наполеон со повеќе љубовници, па дури и со рускиот цар на крај, особено за време на неговите воени походи кога бил отсутен и се трудел секој ден да и пишува по едно писмо.
Инаку дома имам цела книга или стихозбирка насловена "Теби писма љубави" која ги содржи писмата од Наполеон до Жозефина и знам дека ќе изобилува со патетики, али ипак станав љубопитен да ја прочитам. Но ниту Наполеон не е цвеќе за мирисање и од дисциплиниран и строг генерал и чесен човек, се претвора во егоманијак кој ја напушта жена му зошто не може да му даде бебе или наследник, иако ја сака до бол и за време на церемонијата на разводот ја тера да чита писмо пред него и кралскиот двор во кое ги оправдува неговите постапки кои се со цел благосостојба на Франција. А притоа и ја исшамара пошто му се расплака на сред читање.
Овие работи не ми беа познати, а не знаев и дека се преженил со австриската принцеза Марија Луиза која му го дава неговиот наследник. Она што најмногу ми сметаше во филмот се сцените од политичко-општествениот живот во Франција и Европа, како и сцените со битките, не дека беа лошо снимени или нешто слично, туку писателот не се ни обидува да даде некакво интро за што се збори или што се дешава и претпоставува дека на гледачот му се познати тие историски настани и личности ко Робеспјер, јакобинците, париската комуна и француската револуција. И следна сцена имаш како Наполон ја плеска Жозефина у доги стајл, јес да тоа беше зајачки секс. Значи нема доволно простор и време за гледачот да се поврзе со настаните и да осети некаков развиток на ликовите и ако историјата не му е јака страна ќе буља ко теле цел филм и нема да знае што се дешава.
Друга замерка ми е претераната употреба на ЦГИ ефекти, особено при битките во Русија и особено при битката на Бородино мислам беше, односно сцените со замрзнатото езеро каде бегаа и се исподавија Русите и Австријците.
Друга ствар која не ми се допадна е што пак успејаа да начукаат воук пропаганда и во филм за Наполеон, па ете научив и дека Наполеон имал и црн генерал, а во 18 ти и ран 19 ти век имало црна француска аристократија или така нешто беше. Она што ообено ми се допадна се последните сцени и битката кај Ватерло, каде Наполеон претрпува страотен пораз и војската му е буквално масакрирана од Англичаните и Австријците со претрпени 50.000 жртви во еден ден. Инаку во војните на Наполеон погинуваат над 2.000.000 војници кои биле под негова команда, само во кампањите во Русија од 600.000 војска која тргнала во поход се враќаат 40.000 луѓе.
И како завршува филмот, со мислите се враќаш во сегашноста и гледаш дека живееш во општество каде постојат луѓе кои се лутат зошто ги нарекуваат he/she и правиш споредба со тоа време каде човечкиот живот не вредел ни 5 гроша, и каде млади мажи марширале без размислување во сигурна смрт и биле топовско месо, и тоа им било и чест, да умрат за татковината. Како пример ќе ги земам последните три збора на Наполеон пред да умре: "Франција..,. војската..., Жозефина....". Се на се добар филм, кој вреди да се погледне во кино, му давам 7.5 - 8.0 од 10.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.647
Поени од реакции
34.852
Beckett

imagesгб.jpg

... акционен трилер филм од 2021 година (режија Фердинандо Чито Филомарино, продуцeнт Лука Гвадањино, главен актер нова нигер фаца која ветува Џон Дејвид Вашингтон, кој како американски турист кој летува во Грција, случајно се наоѓа на погрешно место и во погрешно време со што почнува испреплетување на настани од политичка и мафијашка сцена со инволвирани вработени од америчка амбасада во Атина.

Beckett_(film).jpg MV5BMzQzMGYzODItYzlmNi00ODExLWI2Y2EtYzI3NTcwZjdiNjE0XkEyXkFqcGdeQXVyMTkxNjUyNQ@@._V1_.jpg

...од почеток некако не ми ветуваше филмот, некако почеток со мазење во кревет и некако многу тегнење си реков боза нешто, ама ај си реков да му дадам шанса и навистина ми се допадна расплетот и вистинитоста на приказната на филмското платно.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom