Предлог за филм со кратка рецензија

S

StormRage

Гостин
Redirected



Кога западноевропски криминалци ќе заглават во источна европа, и како тоа сите ќе наебат :D Лош сум за рецензии али филмов е толку добар шо сат ипол не се собрав од смеење. And Vinnie Fucking Jones!
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.120
Поени од реакции
8.909
The Judge (2014)

download.jpg

Дали заради празничната атмосфера деновиве или од причини што секој може да се пронајде во некои делови од филмот мене The Judge ептен ми се допадна. Филмот го прати лоша критика а има и многу клише моменти и иако е малку долг 2 часа и 20 мин сепак мислам дека вреди да се гледа.

Главните улоги се на Роберт Дувал и Роберт Дауни тие глумат татко и син кои се дел од семејство кое живее во рурален американски град. Фамилијата се има разделено пред повеќе од 15 години и воопшто не контактираат. Настан кој ќе ги соедини сите на едно место е смртта на жената на Судијата. На денот на погребот ќе се случи сообракајна несреќа кој сериозно ќе го загрози угледот на судијата и покрај сите нивни несогласувања ќе ги зближи пак Дауни и Дувал. Овде ќе застанам со делот на приказната.

Погледнете ја оваа прекрасна драма на моменти исполнета и со добар хумор, каде што сепак приказната е далеку од комедија. Од мене 9/10
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.280
The Bag Man

Де Ниро во улога на мафијашкиот бос Драгна, Џон Кјузак како Џек. Приказната е во врска со една торба која по барање на Драгна, Џек треба да ја земе и донесе во собата 13 во еден мотел покрај патот но не смее никако да ја отвори. По завршувањето на работата Драгна ја добива торбата, а Џек парите. Иако првично тоа е договорот, се случуваат неочекувани работи. Сите стануваат сомнителни, се појавува една девојка која подоцна се докажува која е нејзината поврзаност со случката. Што се крие во торбата останува да видите сами.
Де Ниро и Кјузак се одлични. Филмов потсетува на оние стари и добри дела на Холивуд.

Good Bye Lenin!

Источна Германија, една година пред паѓање на Берлинскиот ѕид и обединувањето на Германија.
Приказна за едно семејство, младиот и бунтовен Алекс, неговата сестра Ариан и неговата мајка која е голем почитувач и член на Социјалистичката партија. Алекс учествува на анти владините демонстрации по што на улицата го затекнува неговата мајка која од кога ќе го види доживува срцев удар и паѓа во кома. Во меѓувреме двете Германии се обединуваат. Животот се менува, некои работи ги нема. Се појавува нова култура, некои нови вредности, доаѓа конзумеризмот. По осум месеци неговата мајка се буди од кома. Лекарите посочуваат дека секој голем стрес може да делува фатално за неа. Тогаш Алекс ги зема работите во своја рака и пробува да го одржи времето и светот во кој таа живее и го познава како идеален за неа.
 

Annik Honoré

In Floyd I trust!
Член од
29 септември 2014
Мислења
538
Поени од реакции
1.484
Under Suspicion 1991

Во доцните 50-ти години, во Британија кога за да се добие развод било потребно докажување на неверство на еден од партнерите. Бивш полициски припадник Тони (Liam Neeson), работејќи како лажен агент им помага на ваквите парови да добијат развод, со тоа што ја вмешува својата жена, која глуми нивна "љубовница" со цел да се докаже неверството. Но една вечер неговата жена и еден од "клиентите" (познат сликар) се убиени во хотелска соба. Главни осомничени за убиството се Тони, и љубовницата на сликарот, Анџелина (Laura San Giacomo) која е всушност и наследничка на се.
Тони започнува афера со Анџелина со цел да ја докаже неговата невиност.
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326



Ова е само филм кој покажува колку обичниот живот на луѓето е интересен и спектакуларен во очите на некој друг.
Утрово дознав дека филмот е сниман во текот на 12 години и може буквално да гледаме како ликовите растат во нашите очи и како животот бега под нив.
Секоја чест за стрпливоста на Ричард Линклејтер да го направи ова мало ремек дело.
Секоја чест и за глумата на Патришија Аркет и Елар Колтрејн во филмот кои што во сите оние секвенци кога е филмот сниман во текот на 12 години успеаа да го пренесат и запаметат дел од карактерот на ликот што го презентираат.
Нека не ве обесхрабрува должината на филмот која што во овој случај се покажува како недоволна за приказната што ја носи.

Темата на филмот е зреењето на две малолетни деца со самохрана мајка која што одлично ја глуми Патришија Аркет и предизвиците на животот што ги носи таа одговорност.
Паралелно со одраснувањето на децата, се случува и одраснувањето на родителите на тие две деца.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.568
Поени од реакции
17.968
Имам гледано неколку филмови од 2014 и сакав нешто ко групна рецензија да пишам, чекам вечер евентуално Интерстелар да го изгледам, али Whiplash ми направи таква збрка у глава, што буквално седев пред пц и не можев да опишам зашто се осеќам така. Значи не знам како да ја почнам рецензијава а да не звучам патетично. Во овој филм од речиси 2 саата е содржана секоја идеја на која лично јас свесно или несвесно сум и се восхитувал во животов, не сум можел да ја дефинирам, но сум можел да ја препознаам. Е филмов ги собра сите тие идеи во еден соковник и го исцеди најубавиот џус кој што некогаш сум го пиел во живот. Не би можел да навлезам во детали, дали приказната, дали глумата се тие што ми оставиле впечаток, затоа што филмов е еден вид на комплексно соединение. Или уште попрецизно, филмов е емоција, филмов е страст, филмов е се што му фали на светов и на Македонија во моментов. Тоа е тоа, страст, неопислив голем волумен исполнет со страст. А без страст нема ебење. Е материјалната форма на филмов би влегла у категорија ебење, до степен да кога седев пред пц се мислев дали да почнам да мастурбирам или да продужам да се ежам.
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.120
Поени од реакции
8.909
The Imitation Game (2014)

download.jpg

Ќе почнам од крајот, имав големи очекувања за филмот и испадна и повеќе од тоа. Најдобриот филм за 2014та година и секако оцена 10/10

Приказната се врти околу животот на брилијантен математичар кој го глуми Шeрлок Холмс oh Бенедикт Кумбербат и се одвива во неколку временски интервали почнувајки од неговото детство па се до поствоениот период. Тој е вклучен во таен проект на владата на Британија за да помогне да се дешифрираат пораките кои Германија ги испраќа шифрирани со машината Енигма.

Неверојатна драма со фасцинантна приказна и глума, која што има и елементи на трилер. Обавезно погледнете го ова ремек дело.

p.s Sometimes it is the people no one imagines anything of that do the things no one can imagine
 

Daniel.

Juventino per sempre
Член од
18 август 2009
Мислења
620
Поени од реакции
356
Повеќето од рецензиите, како што гледам, се насочени кон филмовите кои кренаа голема прашина во минатата година. Па, еве една препорака на еден постар, но неверојатно добар крими - трилер (The Usual Suspects).

The greatest trick the Devil ever pulled was convincing the world he didn’t exist
Режиран од Bryan Singer, со Kevin Spacey, Gabriel Byrne, Chazz Palminteri во главните улоги, “The Usual suspects” е еден од најдобрите крими-трилери на сите времиња. Филм кој ќе ви покаже дека не е се така како што изгледа. Приказната е раскажана на маестрален начин, преку ретроспектива, одлично снимени сцени и перфектна глума (посебно се истакува Kevin Spacey, кој за улогата на Verbal добива и Оскар).



Филмот започнува со една масовна експлозија на брод, која ќе однесе 27 жртви и ќе остави само еден преживеан. Во истата оваа експлозија ќе исчезне кокаин во вредност од 91 милиони долари. Полицаецот Дејв (Chazz Palminteri), кој е задолжен за овој случај, брзо ќе го приведе единствениот преживеан и главен осомничен за оваа ексллозија – “Verbal” Kint (Kevin Spacey). неговиот прекар потекнува од тоа што тој неможе да молчи и постојано зборува.



Како единствен преживеан, тој ги реконструира настаните и објаснува како дошло до таа незгода. Се започнало пет дена порано, кога пет криминалци се преведени после грабеж на делови за оружје: “Verbal” Кинт, МекМанус (Stephen Baldwin), Хокни (Kevin Pollak), Фенстер (Benicio Del Toro) и Китон (Gabriel Byrne). Секој од нив е криминалец со големо досие и посебен карактер кој го разликува од другите. Додека се во притвор, тие веќе договараат нов грабеж, овој пат грабеж на дијаманти.



Иако отпрвин се изгледа едноставно, во оваа приказна се вплеткува и мистериозниот Кајзер Созе, поточно неговиот помошник – Кобајаши (Pete Postlethwaite). Кајзер Созе е познат како суров криминалец и кружи приказна дека кога некој му се заканил дека ќе го убие целото негово семејство ако не постапи како што му каже, Созе самиот го убил своето семејство, само да докаже дека тој не се плаши од никој. Од тогаш сите стравуваат од него, а кога тој се вплетка во животите на овие пет криминацли, се ќе се промени.



Приказната која отпрвин изгледа многу едноставна и очигледна, со текот на филмот добива нови слоеви, заплети и пресврти кои ќе го задржат вашето внимание преку целото време, а кога во приказната ќе се вмеша и ликот на мистериозниот Кајзер Созе, оваа приказна добива сосема нова димензија и задоволството што го причинува при гледањето е уште поголемо. Одличен крими-трилер, како што реков, во најдобрите од овој жанр. Ако го немате гледано, не знаете што сте испуштиле. Огромна препорака!

Преземено од filmskirecenzii.com
 
Последно уредено:
H

HoT IcE

Гостин
Овој филм го чекав долго време уште откако излезе трејлерот со Мајкл Пит. Пит е млад глумец кој се покажа одлично во Boardwalk Empire и освои големо внимание и позитивни критики. Ко така, и јас бев многу заинтересиран како ќе се развива неговата кариера, и моментот кога излезе филмов го ставив на watchlist баш поради него.

Конкретно филмов е sci-fi драма дело на Мајк Кехил, режисерот на Another Earth. Скриптата на филмот ја има пишувано лично он, и кога биле понудена на Пит, Астрид и останатиот кастинг, истана не била завршена, филмов има многу импровизирани сцени, дијалози, што за мене лично е голем плус со оглед на комплексноста на идејата за филмот и тематиката која ја одработува. Филмот е емоционален ролеркоустер, буквално. Толку е динамичен и толку лабаво и умешно поминува низ фазите на драма што навистина те вози од самиот почеток до крај во овие два часа како да си гледал кратка епизода од 20 минути. Филмот има одличен почеток, добар story build-up и феноменален крај. Како критика за филмот ќе пишам за ликовите, туку се гледа Мајк Кехил дека е сеуште неискусен режисер, односно карактерите му се многу грубо направени, немаат некоја длабочина а би требало со оглед на комплексноста на филмот. Мислам он се трудеше да им даде одредена тежина ама некако многу неумешно и лично мене не ми се свиѓа, Иан беше многу лошо конструиран карактер, оваа од лабаротарија партнерката исто така, ликот на Софи беше најдобро одработен од сите овие три, но сепак пак недоволно background info, за нејзините родители пример, додека за спиритиуалноста, и се друго беше океј.

Глумата во филмов не беше неговата најдобра карактеристика. За мене highlight го украде Астрид т.е Софи, девојката преубаво ми го пренесе ликот, многу харизматична, опуштена и неисфорсирана глума, едностанво секој момент, секоја сцена со неа ми беше jizz момент, и нема многу друго да пишувам затоа што ме мрзи да ставам спојлер тагови.
Од Мајкл Пит добив просек глума. За мене после филмов пак ќе остане како James Darmody од Boardwalk Empire. Не само што му беше лошо направен и оформенот ликот у филмов, туку и самиот Пит во некои сцени не успеа да ми го предаде ликот и филмот како што би требало. Ама генерално гледано не беше лош во текот на целиот филм, најдобар беше при крајот дефинитивно. Другиве нема што да ги коментирам оти не беа ликови кои ми створија интерес или слично.

За мене најдобриот дел на филмот е приказната и самото градење на истата, и секако пораката која ја носи филмов. Од мал уште ме многу интересирало митологија, и сум ја читал Метаморфозис од Овидиј, и бројни некои други митови од грчка митологија што татко ми ги има купувано во вид на енцикопедии и отсекогаш ми биле најинтересни митовите за afterlife, за смртта, пекол и такви работи. Филмов баш некако го одработува митот за orouboros но на малце поразличен пристап, и тоа уште повеќе направи филмов да ми се свиѓа уште повеќе.

И секако саундтракот беше ебење.

Оценка ќе му биде 8/10, со re-watch value 999. Сигурно пак ќе го гледам во следните месеци.[DOUBLEPOST=1420915159][/DOUBLEPOST]Дечки шо не пишете дека сум утнал тема бе. :sramezliv:
Ај некој модератор љубезен нека го префрли постов во Последен гледан филм со кратка рецензија :D
 
Последно уредено од модератор:
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.568
Поени од реакции
17.968
Birdman

Уште еден филм уште еден дијамант, барем за мене. Ова дефинитивно би го класифицирал ко сусптанца која не би ја проголтал секој, нешто ко фил ит ор кил ит. Но и дефинитивно, секој кому нема да му се допадне ќе излаже ако каже дека нема барем малку магија во него. Од каде да почнам, начинот на кој е снимен, ко една долга сцена без cuts, како камерата постојано да следи некој од ликовите и како да сака да украде дел од неговиот живот во тие моменти. Самата околина, ентериерот на театарот, неглетуваните и некречени ѕидови, зарѓаните цевки кои штрчат од плафоните и оддаваат впечаток дека е тоа некакво артистичко дувло кое сеуште ги нема слушнато зборовите индустрија и продукција и кое живее исклучиво од сопственото задоволство. Навистина, филмов е пред се за сегашноста и минатото на актерите кои земаат улога во некоја си претстава која случајно се вика "What we talk when we talk about love " .
Веројатно токму монолозите од претставата му помогнаа на ликот на Мајкл Китон да сфати дека целиот негов живот е неуспех. Неговиот пропаднат брак, неговата улога како лош татко, кариерата која му се лизга од раце и финансискиот крах кој му се ближи, полека го снемува и никому не му е гајле за тоа. Неговата перцепција дека поседува супер моќи, дека слуша гласови од birdman (филмскиот лик со кој се прославил) укажува на тоа дека има некакво ментално пореметување. Како да се што правел во животот нема никакво значење, без оглед на тоа колку се оддал на нештата секогаш бил разбран поинаку и површно и уште полошо можеби и не постоела личност која ќе го разбере. Затоа е тука birdman, гласот кој му дава надеж па макар и лажна. И без оглед на тоа колку и да сака да му одолее и да посака да одржи допир со реалноста, суровиот живот го турка се повеќе и повеќе кон брдмен. Една од неговите сурови фигури на реалноста е Мајк (Едвард Нортон), човекот кој е навидум совршен во се и кој отворено му кажува дека е дојден да го завземе неговото место. До толку иронично е што всушност Мајк до толку добро глуми што успева да си го изглуми и животот, а всушност кога не е на сцена не може да доживее ниту ерекција покрај прекрасна плавуша. Уствари целиот филм е ко збирка на човечки неуспеси, сите ликови се депресивни ко искористени кондоми, жените се као во потрага по среќа, љубов, семејство и во неможност да го најдат тоа им останува само добриот секс, а мажите се као навидум некакви генијалци кои држат се под контрола, а позади таа фасада се толку психички сјебани и усрани што не им останува ништо друго освен да се повлечат кога ќе бидат предизвикани. Прекрасна претстава за middle aged people problems. Инаку Мајкл Китон и Ема Стоун :oleee:
 
Член од
19 март 2011
Мислења
1.432
Поени од реакции
2.543
Сега да ме праша некој- што подразбирам под вистинска драма, значи вистинска во права смисла на зборот- ќе го одговорам следново:



Маестрално направен филм, којшто обработува една неверојатна семејна приказна, оригинална и како најважно- исполнета со многу, многу емоции кои доведуваат до солзи, приказна во која двајцата главни ликови се комплексни до тој степен што дури го гледаш филмот се трудиш максимално да ги анализираш, го следиш секој нивни покрет, во проводот гледаш секое нивно зборче да го прочиташ, си поставуваш прашања за животот, љубовта, семејните односи и паралелно со ова и се восхитуваш на сценографијата, кадрите, прекрасните пејсажи, но и на саундтракот кој не е за фрлање...
Филмот има една номинација за Оскар ако не се лажам и тоа за најдобра машка споредна улога (Роберт Дувал) и искрено криво ми е што не се повеќе, но дали ќе добие или не Оскар не ми е битно...За мене ова е најдобрата драма што ја имам гледано во 2014, а и општо една од најдобрите...
 
Член од
22 август 2006
Мислења
494
Поени од реакции
1.000
Денеска ќе зборувам за едно маестрално ремек дело на русинот Андреј Звјагинцев, тоа е неговиот најнов филм "Левијатан", кој е добитник на златен глобус исто така најдобро сценарио во Кан, а годинава и номиниран за оскарите за филм од неанглиско говорно подрачје.


Левијатан е фасцинантна приказна за корупција и предавство сместена во едно мало градче во Северна Русија, потпирајќи се на некои интересни визуелни алегории со прикажувањето на одличните пејсажи кои додатно ја градат таа мрачна слика и симболизми проткаени низ целиот филм преку политиката, религијата и судскиот систем како начин да се раскаже приказната. Бев изненаден од големата количина на духовит хумор во првиот дел на филмот, кој се покажа како многу забавен, исто така, служи како приказ на беспомошност кон злоупотреба на службената должност и корупција кои ги опкружуваат градот. Самата атмосвера, тие ладни бои, музиката, фотографијата на филмот (сниман на 35мм лента) и одличната глума на актерите кои преминуваат низ нивните внатрешни борби, борби со нивните непријатели, а никој од нив уште од почетокот гледаме дека не сака да ја превземе таа борба за пожртување за излез од тоа невидливо злобно тркало, од сцена во сцена па се до крајот ги води кон трагедија. Не сакам да коментирам повеќе но, секоја му чест на Андреј, направил стварно добар филм, исто така секоја му чест за жестоката критика кон ова модерно руско опшество. Филм кој мора да го погледнете. Дефинитивно најдобар за 2014.

Бог е над сите човечки суштества, баш заради тоа на луѓето никогаш не треба да им биде дозволена комплетна слобода, затоа тие што не знаат како да ја користат, завршуваат повредувајќи се меѓусебе.
 
Член од
21 октомври 2014
Мислења
4.016
Поени од реакции
6.670



BLOW

Филмов е направен според вистинска приказна за човекот што го вовел кокаинот во Америка во 1970 George Jung и за тоа како од 0 направил многу повеќе цифри на сметката :D . Приказната е одлична а и поучна. Според мене еден од најдобрите филмови на Деп.


 

Божино

4815162342
Член од
27 јуни 2007
Мислења
8.581
Поени од реакции
13.214





Исто така познат и како Gone Girl за сиромашни. Ако сакате мистерија-трилер со примеси на хорор, филмов не смеете да го пропуштите. Прејаки мајндфакови има и мрачна атмосфера што ќе ве држи напнати 100-те минути додека го гледате филмот. Must-see значи. Timecrimes и овај се доказ дека има одлични филмови низ европава и дека не мора голем буџет за да напрајш јак филм, а да не мора да е за турско време или за партизаните. :bravobe:
 
Последно уредено:

Daniel.

Juventino per sempre
Член од
18 август 2009
Мислења
620
Поени од реакции
356
Whiplash (2014)
Bloody good!
Што е потребно за да се стигне до самиот врв? Талент и упорност, секако. Но, потребно е и некој да ви докаже дека ги поседувате овие особини. Ендру (Miles Teller) е млад и талентиран тапанар, со огромна желба да стане успешен. Се запишува на едно престижно музичко училиште, но тоа не е доволно за неговиот талент да дојде до израз. Потребен е некој да му го покаже вистинскиот пат. Тој некој има име – Теренс Флечер (J.K. Simmons). Бескорпулозен, строг и упорен човек со една цел – да ги мотивира своите студенти да ја разбудат својата најдобра страна. Не избира средства за да го стори тоа, а кога ќе го види Ендру како свири, ќе го забележи неговиот огромен талент и длабоко во себе ќе одлучи да направи нешто од ова момче, нешто на што ќе се гордее.



Флечер нема веднаш да му каже на Ендру дека тој е избран да биде дел од неговиот оркестар, напротив ќе замине. Тоа ќе го разочара Ендру, но и ќе го мотивира уште повеќе да вежба. На една проба на школскиот оркестар ќе влезе Флечер, со цел да избере нов член за неговиот “Студиски оркестар”. Иако тој веќе има изберено, им дава шанса на сите. На крајот, сепак го избира Ендру. Ова многу ќе го израдува Ендру, но и ќе стави огромен предизвик пред него, бидејќи репутацијата на Флечер е на високо ниво и Ендру не смее да го разочара.



Ендру живее само со неговиот татко, Џим (Paul Reiser), а неговата мајка го оставила уште кога бил бебе. Суровиот Флечер ќе го потсетува на тоа низ целиот филм, со цел да го разбесни. Ендру често оди на кино со неговиот татко, каде што ќе ја запознае Никол (Melissa Benoist) и ќе ја покани на вечера. Тие се зближуваат, но Ендру е свесен дека неговата желба за успех е поголема од љубовта спрема оваа девојка…



Ендру напредува во оркестарот на Флечер, па добива шанса на еден настап, која што ќе ја искористи на најдобар можен начин. Флечер ќе му оддаде признание за добро завршената работа со тоа што ќе го направи главен тапанар во неговиот оркестар. Но тоа е многу поголема одговорност со која Ендру мора да се справи, бидејќи Флечер цело време му дише во вратот. Станува се потешко, но Ендру не сака да се предаде, воден од неговата огромна желба да биде славен…



Тешко е овој филм да се опише со зборови, се што веќе кажав е само еден мал дел од ова ремек-дело, не би сакал да откривам повеќе за вашето искуство при гледањето да биде целосно. Ова е филм кој мора да го гледате за да ја осетите целата атмосфера. Да почнам со ред – глумата е маестрална, особено J.K. Simmons (очекувам да земе Оскар за најдобра споредна улога, дефинитивно го заслужува). Режијата и сценариото на Damien Chazelle ќе ве остават без зборови. Дијалози од кои ќе се наежите, ликовите на Ендру и на Флечер се толку добро изработени што носат огромен број на пораки во себе. Секоја конверзација, па навидум и безначајна, има и тоа какво значење, само треба да го побарате. Се има свое место во овој филм. Музиката е одлична, верувам дека тапаните на Ендру уште неколку денови ќе ви чукаат во главата, особено насловната композиција “Whiplash”. Ако сте фан на џез музика, уште толку ќе ви се допадне. Да резимирам, ова е одлична, можеби и најдобра, драма за 2014 и е силен кандидат да добие неколку Оскари, од петте за кои е номиниран. Сметам дека Оскарот за најдобро достигнување на музички план е веќе негов, а исто така не би било незаслужено и J.K Simmons да земе Оскар за најдобра споредна улога, како што веќе спомнав. Одлично остварување, “An extraordinary film“.

Преземено од: filmskirecenzii.com
 
Последно уредено од модератор:

Kajgana Shop

На врв Bottom