Maryah.C
Be a bee
- Член од
- 9 јуни 2006
- Мислења
- 4.001
- Поени од реакции
- 710
Ми тргна мене со предлозиве...
Обично избегнувам српски филмови ама еве овој ми се погоди и ми остави доста добар впечаток.
Станува збор за филм на Драган Бјелогрлиќ кој се здоби со многу позитивни критики. Глумат исклучителни актери како Никола Ѓуричко и Војин Четковиќ но заедно со сите други формираат еден тим и се надополнуваат едни со други.
Дејството се случува во 1930 година. Иако во филмот се работи за фудбалот сепак не можам да кажам дека тоа е единствената и главна тема. Пред се се зборува за пријателството, поврзаноста, вербата, љубовта па дури носи и филозофска порака и упатува на тоа да сонуваме цел живот и да го реализираме тој сон.
Морам да напоменам дека филмот е преполн со симболи.
Сега сфаќам колку е се изменето,почнувајќи од нас,луѓето, па потоа се друго. Не знам само во што сме претворени.
За крај: "Ljudi se razlikuju, ali smo po obuci, a to zaborave kad odrastu".
Го препорачувам на сите а дотогаш јас го чекам продолжетокот.