RocknRolaa
Rafa Para Siempre
- Член од
- 21 февруари 2010
- Мислења
- 6.869
- Поени од реакции
- 9.740
500 Days of Summer
Романтичните филмови не се некој жанр од кој сум воодушевена, особено што во последно време сите се ром - ком и речиси идентични. Ова не е класичен ром - ком во кој глуми Џенифер Анистон ( пошто женава одглуми во 90% од ваквите филмови снимени последнава деценија). Всушност нема тука ништо комично, освен неколку реплики кои се забавни.
Секогаш кога го гледам Џозеф Гордон Левит во некој филм, ми текнува на споредбата со Хит Леџер. Навистина наликуваат, а и многу слични гримаси прават. На пример оваа улога, Леџер мислам дека би ја извел речиси идентично како Левит. Како и да е, момчево, без разлика што мислам дека го нема постигнато потенцијалот е едно од најдобрите нешта кои ги произвел Холивуд заедно со Рајан Гослинг. Се ми се чини дека некогаш во животот и двајцата ќе лапнат Оскар, само што Гослинг може поскоро да го направи тоа со оглед на фактот што не се лепи така лесно за блокбастери како Левит.
Ако пак Левит асоцира на Леџер, тогаш Зое Дешанел е иста на лик ко пејачкана Кети Пери или па Кети Пери е исто ко неа, сеедно. Колку личат овие девојки тоа чудо едно. Без разлика на безначајниве споредби, кои не можев да ги одбегнам, морам да признаам дека не очекував така добар филм со прекрасно осмислена приказна.
Гледам дека на моиве пријатели не им се допаѓа баш, зашто сметаат дека филмов нема динамика, но јас стојам на тоа дека секој може да се пронајде во него. Барем еднаш во животот секој бил истата будала каква што е Том ( Џ.Г. Левит) во филмов. Она што е најинтересно е што овој филм нуди судир на машко женски карактери кои како да ги замениле улогите, женското не верува во љубов и романтика, машкото напротив е непоправлив романтичар. Слушајќи ги репликите на Том не може човек а да не помисли дека некогаш и тој самиот ги кажувал баш тие зборови. Изгледа сите се тешиме на ист начин или да речам се лажеме. Затоа давам голема оценка за сценариото. Одлично е осмислено.
Филмов е од оние типови какви што ги прави Вуди Ален. Малку забава, малку повеќе романса и многу голема бруталност во односите. И мислам дека кога би го режирал тој самиот, не би сменил нешто многу во него.
Гледајте го, без очекувања дека ќе гледате бомбастична љубовна приказна. Ќе го гледате процесот на заљубување, страдање и одљубување.
Всушност, ќе видите сами..