Io Sono Interista
The original, one and only IoSono.
- Член од
- 21 декември 2007
- Мислења
- 28.620
- Поени од реакции
- 59.444
Daybreakers (2009)
Како поджанр ми се допаѓаат овие филмови, во кои главните ликови се вампири. Се работи за свет во кој вампирите владеат и се останати многу малку луѓе, што е главен проблем: ако луѓето изумрат, ќе изумрат и вампирите поради недостаток на крв. Во целата оваа приказна се наоѓа докторот Едвард Далтон, вампир кој против своја волја станал тоа и не се храни со човечка крв. Тој е задолжен да направи вештачка крв за да можат вампирите да преживеат.
Понатаму ќе гледате, ова е само уводот. Ми се допадна како идеја. Ми се допадна што вампирите не се супер - суштества кои се движат побрзо од светлината, летаат наоколу и луѓето се без шанса. Напротив, вампирите се скоро со исти физички особини, единствено не шетаат дење и имаат потреба од крв. Не ми се допадна тоа што ликовите не се обработени доволно туку само површно. Не ќе беше лошо да имаше некоја приказна повеќе за главниот лик од времето кога бил човек, или за луѓето кои се кријат и бараат спас, а кои се сведени на статисти, со исклучок на 2-3 лика.
Сепак, не е воопшто лош филм и може да се изгледа. 7/10