Предлог за филм со кратка рецензија

С

Спенсер

Гостин


по 5ти пат го гледав филмчево... акција,во сомалија... спец единици Делта и Ренџери се пратени да фатат некој заробеници али работата се комплицира... за љубителите на акција,прав погодок...
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.624
Поени од реакции
59.477
Invictus (2009)



Вистинска класична спортска драма, приказна за тоа како спортот ги обединува луѓето, како треба да ги обединува, каква радост и позитивна енергија шири. Инспиративен филм на Клинт Иствуд кој како режисер никогаш не ме разочарал.

Приказната започнува со назначувањето на Нелсон Мандела (Морган Фримен, треба ли да спомнам дека фантастично ја одигра улогата?) за претседател на Јужна Африка, момент на големи промени во земјата кога црната популација ја презема власта а белата популација живее во страв од одмазда. Сакајќи да ја обедини земјата која никогаш повеќе не била поделена, Мандела ја обединува околу една работа која сите ја сакаат: Рагбито. Тој застанува зад националниот тим кој е сеуште омразен од црната популација, и зад капитенот Франсоа Пиенар (Мет Дејмон), во нивниот обид да го освојат светскиот куп во 1995.

Од спортски аспект, ми се допадна буквално се како е изведено, атмосферата прекрасна (се надевам ќе биде така и на СП 2010 во оваа земја), прекрасно пренесена, и жал ми е што сеуште не е снимен ваков филм за фудбалот, кој го заслужува тоа.

Немам многу забелешки за филмот, само морам да напоменам дека на помладите можеби нема да им се допадне многу поради првиот дел од филмот кој оди по една бавна линија. Всушност, кој ги гледал останатите филмови на Клинт знае за што зборувам: ако ви се допаднале тие, би требало да ви се допадне и Invictus.

9/10 од мене.
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
Where the wild things are (2009)



По излегувањето на ДВДscreen(ерите) за филмовите кои се очекуваат да бидат на овогодинешните Оскари, јас веќе си ги закусив ракавите. Покрај изгледаните Неславни копилиња, Нагоре, Облачно со дожд од ќофтиња, Слепа страна, Област 9 (кој не знам како можел да добие таква оцена), дојде ред и на ова фантастично филмско дело.

Трејлерот на филмот за прв пат го видов годинава кога бев во Норич, Англија, и тоа за време на гледањето на Ice Age 3. Од филмот уште тогаш очекував многу, и покрај тоа што е адаптација на еден детски fantasy роман.

Значи филмот е фантазија филм за Макс, хиперактивно дете кое не може да издржи дома и бегајќи од фамилијата, упатувајќи се во шумата влегува во еден сосема поинаков свет. Облечен во костим на некое суштество, влегувајќи во тој свет открива поинакви жители, различни од нас. И покрај мислењето дека тој е натрапник, суштествата го примаат топло Макс кај нив, а тој со измислената приказна дека е крал ќе ги засени сите и ќе ги натера да поверуваат во таа приказна.

Морам да напоменам дека и саундтракот на филмот е волшебен. Филмот изобилува со одлична музика и интересни ефекти. Сигурно ќе добие по некоја номинација во тие арт категориите.

Дефинитивно засега мора да биде номиниран во 10те најдобри филмови за годинава заедно со (читај: Inglourious Basterds и Up) барем од досега изгледаните, за мене овие три влегуваат во 10те. Наскоро ќе видеме за другите. :smir:

8/10
 

AnaMercury

Love is only a feeling...
Член од
30 декември 2007
Мислења
1.097
Поени од реакции
190




Не знам дали некој го има спомнато филмов до сега, и да го има-еве го пак.

Dorian Gray

Приказната е за човек кој посакува да биде вечно млад и "си ја продава душата на ѓаволот" за да го добие тоа... Кој ја има читано книгата или гледано филмот од 1945 уште поубаво. Филмов е супер направен, има некои "страшни" сцени со портретот што мене ме извадија од памет ама само зашто имав слушалки и беше темно во собата :kesa:. Филмов стварно вреди да се изгледа.

П.С. И глумецот е преубав :pipi:

10/10
 

iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.184


по 5ти пат го гледав филмчево... акција,во сомалија... спец единици Делта и Ренџери се пратени да фатат некој заробеници али работата се комплицира... за љубителите на акција,прав погодок...
И јас го имам гледано филмов неколку пати и ми се допаѓа онака на скала од 1 до 10 му давам 8ца. А инаку, на Josh Hartnett баш и не му оди улогата во вакви war movies, незнам зошто но му одговараат вакви улоги.:toe:
 

zee German

mpkfa
Член од
12 август 2009
Мислења
6.441
Поени од реакции
6.096

Незнам од каде да почнам за филмов,се работи за дијамант кој ќе биде украден од една банка и забавата започнува,сторијата се испреплетува со нелегалниот бокс кој се организира во Лондон...Филмот е под палката на Гај Ричи ,со Бред Пит,Џејсон Статхам,Вини Џонс,Бенисио Дел Торо,Денис Фарина и Раде Шербеџија во главните улоги...останати коментари се сувишни(кој го нема гледано(ако воопшто постои таков) незнае што пропуштил)
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.624
Поени од реакции
59.477
The Invention of Lying (2009)

Едно исклучително пријатно филмче за гледање. Прилично ме изненади, затоа што не сум голем фан на комедиите.

„Во светот во кој сите сите ја зборуваат вистината... овој тип знае да лаже“ :)

Ми текнува сега на други два филма: Idiocracy (2006), филм за свет во кој сите се глупави а еден е многу попаметен од нив, и Liar Liar (1997), филм во кој сите се нормални (лажат до бесвест) а само еден мора да ја кажува вистината, значи обратно од овој филм. Но во никој случај Invention of Lying не треба да се меша со нив: првиот е идиотски филм а вториот е од комедиите кои се базираат на тоа колку голема будала може да направи Џим Кери од себе си (што на сите ни се допаѓа).

Како и да е, Invention е многу пријатно филмче како што кажав, не е урнебесно смешна комедија, нормална доза на хумор и необични ситуации. Ако ги заборавите (а морате) дупките во сценариото кои се нормални за вака невозможни филмови, тогаш ќе откриете дека филмот воопшто нема врска со лажењето или со вистината или пак со комедијата, туку е доста паметен филм кој ја отсликува реалноста во која живееме, и како ни се важни погрешни работи, како се однесуваме едни кон други, како носиме погрешни одлуки...

Што се однесува конкретно до содржината: дејството се случува во свет во кој не постои зборот лага ниту пак луѓето се свесни за концептот на лагата, едноставно ја кажуваат вистината. Многу досаден и монотон свет, иако многу искрен. На пример, рекламите се во стилот: „Пепси! Кога ќе ви снема Кока Кола!“

И се додека еден ден, Марк Белисон, човек кој добива отказ од работа и е на самото дно на својот живот, случајно не каже лага, т.е. не го открие концептот, кој му ги отвора сите врати во светот во кој живее. Марк Белисон набрзо ќе постане богат, успешен, ќе стане Мојсеј химселф! Иако ќе открие, дека не може се да се добие со лажење, дури ни во светот во кој што живее.

Ми се допаднаа и актерите, Ricky Gervais, за кој првпат слушам, беше одличен за улогата (патем, тој е и режисер и сценарист, значи комплетно негово дело е филмот), а и Jennifer Garner беше одлична. Саунд-тракот исто така многу добар.

Многу фино филмче за релаксирање, освен ако не му запнете да му барате мани во се :)

9/10, или гледам добри филмови во серија, или сум расположен за добри оцени.
 

Hurin

Pokerface bastard
Член од
3 јуни 2009
Мислења
8.543
Поени од реакции
14.678

филмов е од 2007 год.
инспирирано од корејската легенда, на секој 2 милениума излегуваат 2 гигантски змии(добра и злобна) и се борат за доминација во светот бла бла бла
незнам како да ви опишам
одлични ефекти и росечна приказна
оценка: 6.5/10
:salut:
 
R

Razorblade Kiss

Гостин


The Dreamers.

Неам појма зошто дури денес го гледав, ама филмов е феноменален. Режија на Бертолучи, шо сакаш, а и актерската постава е солидна.
Брат и сестра во свој затворен свет во кој на кратко ќе решат да го примат американскиот студент во Париз. Време на граѓанскиот бунт од `68, страст кон филмската уметност, инцест, бунтовништво, љубов, вино и многу голотија.
Топло го препорачувам.
Одличен филм,одличен,сеуште сум под импресии. Колку е само Изабел слободна во својата кожа на филмот,а колку Метју се истакнува со својата....americanity :pos2: во секој смисол на зборот.
Мочкањето во лавабо...и слично.
Сепак ако не сте за голотија и ако не сте спремни да се одморите од табуата не го гледајте.
Ако сте љубител на постарите класици...ова за вас ќе биде рај,зошто живеењето во motion picture за нив е...свето.
Деветка. Само зш бананата не беше скапана а изгледаше како скапана. Гледајте го филмот ќе сфатите за што зборувам :)
 
Член од
27 април 2009
Мислења
2.482
Поени од реакции
1.669
Луѓе, незнаев кај да прашам па ај си реков овде. Нема врска прашањево со темава ама ајде.
Сакам да спуштам филм без превод, да спуштам нахнадно и превод, па после да го гледам на DVD. Значит, некако да ги изрежам филмот и преводот на CD и после да го гледам.
Можно е?
Edit: И дајте превод за Panormal Activity. Македонски, хрватски или српски. Неможам да најдам јас превод шо ќе ојт заедно со сликата. Инаку, на тој шо го спуштив пишува Jumanji.

Инаку да не одам целосно оф топик:



Law Abiding Citizen



Филмов е од подобрите шо ги имам гледано, се до крајот некаде. Некако се знаев дека баш така ќе завршит, можеа да се потрудат да завршит "пооргинално".

Се работи за човек кој му го убиваат семејството, и како шо е редот, судот не ги казнува колку шо треба сторителите. И ак почнам сега да кажвам, ќе треба спојлери да редам. :)

Оценка од мене: 7/10, само заради крајот...
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Ми се допаднаа и актерите, Ricky Gervais, за кој првпат слушам, беше одличен за улогата (патем, тој е и режисер и сценарист, значи комплетно негово дело е филмот)
Немој вакви работи. :/

Рики е легенда за вакви работи, односно интелигентни комедии. Погледај го серијалот Stars, кој е убер-пресмешен и верувам дека само одредени луѓе би го сфатиле цел тој хумор (како ти, јас, Џими, Кискин и уште некои), бидејќи треба да се познава и целата актерска сцена, филмови...односно филмската уметност.

Пробај ја, нема да зажалиш, верувај ми...првата епизода е одлична, следните две-три се малце лејм, али понатаму станува перфекција, поготово епизодата со Daniel Radcliffe. :)
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
2.681
Поени од реакции
182
Немој вакви работи. :/

Рики е легенда за вакви работи, односно интелигентни комедии. Погледај го серијалот Stars, кој е убер-пресмешен и верувам дека само одредени луѓе би го сфатиле цел тој хумор (како ти, јас, Џими, Кискин и уште некои), бидејќи треба да се познава и целата актерска сцена, филмови...односно филмската уметност.

Пробај ја, нема да зажалиш, верувај ми...првата епизода е одлична, следните две-три се малце лејм, али понатаму станува перфекција, поготово епизодата со Daniel Radcliffe. :)
Extras.
 
G

grande-juve

Гостин
Up in the air

Up in the air е приказна за Ryan Bingham (George Clooney) кој е патувачки експерт за корпоративно намалување на бројот на вработените. Неговиот животен стил е загрозен токму на самиот врв од неговата кариера кога неговиот шеф ја вработува младата арогантна Natalie. Таа развива метод за видео конференции со цел работата во иднина да биде извршувана од канцеларија во насока на намалување на компаниските трошоци,што во суштина му се заканува на постоењето на Рајан. Решен да и ја укаже на наивната девојка грешката во нејзината логика, Рајан ја зема на едно од неговите cross - country експедиции за отпуштање при што додека таа се соочува со бескрупулозноста на својата професија тој почнува да ги гледа негативните страни на неговиот начин на живот.

Одлична комедија со силна порака на крајот. Според мене, ако не најдобар, најмалку во топ 3 филмови за 2009. Излезе и двд скринер снимка, и ви препорачувам да го гледате.
9 од 10 (од мене)
8.7 од 10 (моментален просек од imdb, rottentomatoes, allmovies, mrqe)

http://www.imdb.com/title/tt1193138/
 

Песимист

Добро информиран оптимист
Член од
11 ноември 2008
Мислења
1.676
Поени од реакции
181
Whatever Works

Ретко пишувам на темата предлози ваљда дека немам шо да предложам ама овоа е специјална прилика да ви го претставам Whatever Works филм со одлично склопени цитати,интелигентен хумор на завидно ниво,длабока и прилично површинска порака која шо мораме да ја видеме на тв или прочитаме у книга за да сванеме дека сме мороните кој ја сочинуват и едноставно филм шо и после гледањето ке ви оставе простор да си ги преработете цитатите и да подразмислете троа.Топло ви го препорачувам на сите ...Моја оцена 10/10
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
G

grande-juve

Гостин
Mary and Max


Овој анимиран филм е приказна за двајца различни луѓе, кои на почетокот не се познаваат, од различни континенти, и кои постепено стануваат најдобри и единствени пријатели. Еден од двајцата главни ликови е Мери која живее во Австралија, има 8 години, никој не и обрнува внимание, дебелка е, и нема пријатели. Другиот лик е Макс од Њујорк, има 40-тина години, тој е евреин, дебел, атеист, не се снаоѓа во општеството и нема пријатели. Приказната ја следи нивната комуникација преку писма, созревањето на Мери и стареењето на Макс, развојот на пријателството, преку кое се отворени многи интересни теми од животот, и сето тоа проследено со одлично сценарио и одличен хумор.
Според мене, можеби најдобриот анимиран филм до сега направен, единствен недостаток е што е недоволно рекламиран, а најдобар за 2009, барем до сега.

10 од 10 (од мене)
8,9 од 10 (моментален просек од imdb, rottentomatoes, allmovies, mrqe)

http://www.imdb.com/title/tt0978762/
 

Kajgana Shop

На врв Bottom