Предлог за филм со кратка рецензија

almostanangel

...за малку =)
Член од
22 декември 2008
Мислења
121
Поени од реакции
13



СВАДБАТА НА МЈУРИЕЛ е постар австралиски филм од деведесеттите.
Го обожавам филмот, на многу нешта ме натерал да размислувам, и некако не знам...
Треба да се види за да се сфати!!!
Многу интересна комедија, но истовремено и приказна која раскажува за тоа како е да се биде отфрлен од општеството, а истовремено да бидеш упорен и ништо да не те спречува во она што сакаш да го постигнеш во животот, па колку и да не е оригиналното!
Сум го гледал 100 пати, а вечерва планирам да го гледам пак, после неколку месеци.
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
Brothers (2009)



Ова е еден нов филм, на кој деновиве му излезе ДВДРип снимка. Филмот е сигурно во конкуренција за Оскар номинациите, па одлучив да го гледам, иако одамна му фрлам мерак.

Содржината посебно ми се допадна, двајца браќа се вљубуваат во иста жена. И тоа на доста трагичен начин,
за еден од двајцата се дознава дека е загинат во војна, воедно мажот на Грејс (Натали Портман) во филмот, и таа се фрла во прегратките на неговиот брат Томи (Џејк Гилинхел)
.

Му давам една чиста 8/10 на филмот. И можеби номинација за Оскар, но ќе видеме дали ќе му се допадне тоа на Американската Академија.

Значи уште еднаш ќе напоменам дека е една доста квалитетна и силна драма. Глумците дефинитивно се соживуваат со прекрасните карактери и добрите дијалози.
 
Член од
6 јуни 2009
Мислења
3.094
Поени од реакции
445
Hard Boiled (1992)

Hard Boiled (1992)
Или на кинески Lat sau san taam.
Ова е еден кинески филм, режиран од Џон Ву, а главната улога ја игра Чоу Јун Фат (истиот актер од Прикриен тигар, скриен змеј).
Жанровски филмот е крими акција (пример, Смртоносно оружје). Крими затоа што има криминал, мафија и полиција, акција затоа што има акција. Има и трилер кој често оди задно со крими.
Овај филм е фален како филм со најдобрата акција и воопшто како најдобар акционен филм, како цел филм а не само акцијата во него. Кој го вели тоа не згрешил.
Филм во кој сите филмски елементи се добри. Фотографија - односот објект камера, бои-светло, и најважно за акција филм движењето на камерата, сето тоа ептен добро склопено. Музика и звук, исто така. Приказната е во ред. Специјалните ефекти, немам забелешки. Еден куп испукани куршуми и сето изгледа реалистично а не местено. Глумата е исто така одлична. Тони Леунг (споредната улога) таа година има две номинации за најдобар актер од Хонг Конг филмски награди, една за овај филм една за друг, и добива за другиот.
Крајна оценка, 10/10.
Навистина добар филм, одлично склопен со јака акција. Некои би рекле го крева адреналинот или ќе ве остави без здив.
 

zee German

mpkfa
Член од
12 август 2009
Мислења
6.441
Поени од реакции
6.096
Seven 1995

Филм на Дејвид Финчер со Морган Фримен,Бред Пит,Гвинет Палтроу во главните улоги.Во филмот се работи за сериски убиец кој ги убива своите жртви на начин според гревовите кои ги чинеле (за секој грев(7те гревови) по една жртва) а неговата инспирација ја црпи од Божествената комедија на Дантер Алигиери. 2цата детективи -едниот нов(Бред Пит) и едниот кој е пред пензија(Морган Фримен) ги истражуваат неговите убиства и се во негова потера. Филмот е преполн со тензија,никогаш не знаеш што ке се случи едноставно фантастичен.
оценка-9.5/10
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
267
Поени од реакции
4
The Invention of Lying (2009)

Едно исклучително пријатно филмче за гледање. Прилично ме изненади, затоа што не сум голем фан на комедиите.

„Во светот во кој сите сите ја зборуваат вистината... овој тип знае да лаже“ :)

Ми текнува сега на други два филма: Idiocracy (2006), филм за свет во кој сите се глупави а еден е многу попаметен од нив, и Liar Liar (1997), филм во кој сите се нормални (лажат до бесвест) а само еден мора да ја кажува вистината, значи обратно од овој филм. Но во никој случај Invention of Lying не треба да се меша со нив: првиот е идиотски филм а вториот е од комедиите кои се базираат на тоа колку голема будала може да направи Џим Кери од себе си (што на сите ни се допаѓа).

Како и да е, Invention е многу пријатно филмче како што кажав, не е урнебесно смешна комедија, нормална доза на хумор и необични ситуации. Ако ги заборавите (а морате) дупките во сценариото кои се нормални за вака невозможни филмови, тогаш ќе откриете дека филмот воопшто нема врска со лажењето или со вистината или пак со комедијата, туку е доста паметен филм кој ја отсликува реалноста во која живееме, и како ни се важни погрешни работи, како се однесуваме едни кон други, како носиме погрешни одлуки...

Што се однесува конкретно до содржината: дејството се случува во свет во кој не постои зборот лага ниту пак луѓето се свесни за концептот на лагата, едноставно ја кажуваат вистината. Многу досаден и монотон свет, иако многу искрен. На пример, рекламите се во стилот: „Пепси! Кога ќе ви снема Кока Кола!“

И се додека еден ден, Марк Белисон, човек кој добива отказ од работа и е на самото дно на својот живот, случајно не каже лага, т.е. не го открие концептот, кој му ги отвора сите врати во светот во кој живее. Марк Белисон набрзо ќе постане богат, успешен, ќе стане Мојсеј химселф! Иако ќе открие, дека не може се да се добие со лажење, дури ни во светот во кој што живее.

Ми се допаднаа и актерите, Ricky Gervais, за кој првпат слушам, беше одличен за улогата (патем, тој е и режисер и сценарист, значи комплетно негово дело е филмот), а и Jennifer Garner беше одлична. Саунд-тракот исто така многу добар.

Многу фино филмче за релаксирање, освен ако не му запнете да му барате мани во се :)

9/10, или гледам добри филмови во серија, или сум расположен за добри оцени.
Ricky e glaven komedijant vo Anglija. The Office koja e sega poznata vo USA e vsushnost prerabotka na Office od BBC vo koja toj e glavna uloga. Gledaj go i filmot so nego i Tea Leoni (Ghost Town) koga toj kje moze da gi slusha mrtvite. Epten dobra komedija, na negov nacin.

The Damned United



Приказната за Brian Clough и неговото поставуање како тренер на Лидс Јунајтед. Брајан според некои е најдобриот англиски менаџер, кој има земено мали тимови и ги има донесено на врвот на англиската лига. Неговиот успех со Нотингхам Форест е доста познат. Одличен филм кој го одсликува перидото на 70тите години во Англија.
 
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
Многу добар иако е постар има содржина и би требало според мене да се направи римејк за да има појаки ефекти и малк уда се измени сценариото. Инаку се работи за носач на авиони нимиц кој ако ви кажам што ќе се случи нема да ви биде интересен филмот затоа погледанете го :helou:


 
Член од
6 јануари 2010
Мислења
1.120
Поени од реакции
104
Mary and Max


Овој анимиран филм е приказна за двајца различни луѓе, кои на почетокот не се познаваат, од различни континенти, и кои постепено стануваат најдобри и единствени пријатели. Еден од двајцата главни ликови е Мери која живее во Австралија, има 8 години, никој не и обрнува внимание, дебелка е, и нема пријатели. Другиот лик е Макс од Њујорк, има 40-тина години, тој е евреин, дебел, атеист, не се снаоѓа во општеството и нема пријатели. Приказната ја следи нивната комуникација преку писма, созревањето на Мери и стареењето на Макс, развојот на пријателството, преку кое се отворени многи интересни теми од животот, и сето тоа проследено со одлично сценарио и одличен хумор.
Според мене, можеби најдобриот анимиран филм до сега направен, единствен недостаток е што е недоволно рекламиран, а најдобар за 2009, барем до сега.

10 од 10 (од мене)
8,9 од 10 (моментален просек од imdb, rottentomatoes, allmovies, mrqe)

http://www.imdb.com/title/tt0978762/
Само што го догледав филмов.
Уште кога ја прочитав рецензијата, а и во текот на филмот, прво нешто што ме асоцираше, а е премногу слично на приказната беше Достоевски - Бедни Луѓе.

Исто како и таму, и тука се работи за допишување со писма помеѓу постар човек со големо животно искуство кој бил исфрлен од општеството, и млада девојка за која сеуште има надеж да успее.

Филмот изобилува со детски прашања, детинесто е направен, и баш тоа е она што побудува интерес за психолошка анализа на главните ликови. Во филмот, можам да кажам дека скоро се е двосмислено направено, и на многу сликовит начин е прикажана моќта на пријателството.

Еден од филмовите со длабоко скриена порака.
9/10 зошто ме нервираше мрачното прикажување на Њу Јорк.
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245


A Serious Man (2009)

Ова е дефинитивно еден од поубавите филмови во годинава. Не очекував ништо сé додека не го изгледав. Но уште од стартот кога знаев дека се работи за англиска продукција, се знае дека овде нема промашај. Англичаните се префекционисти и според мене многу обраќаат внимание на своите филмови. Оваа приказна е фантастична, Џени, 16-годишна девојка која е одлична на училиште и планира да се запише на Оксфорд, се заљубува во доста повозрасен маж од неа кој ја води низ свет во авантури, по што таа добива послаби оценки на училиште. Најинтересно ми беше тоа што нејзините родители имаа доверба во него, а на крајот, една случка расипа сé. На филмот без размислување му давам номинација за најдобар филм!

9.5/10
 

HEATHY

BARCA!
Член од
21 јуни 2009
Мислења
1.231
Поени од реакции
154
My Best Friend's Girl
Типот е демек јак заводник едно друго, и му дават пари за да се изглупира со на некој женска на состанот, за него да го замразат и пак да се вратат на претходниот... истото го праве и пријател му сака така да направе, ама виа се заљубуе у таа и има дешавки, доста интересен филм :smir:
моја оцена 8/10, бидејќи можеби малку е женски филм девојчињата би дале и повисока :smir:
 

Attachments

Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
9.379
Поени од реакции
8.482
шерлок холмс 2009
добар филм приказната стара за детективот ама го новитети во тоа што ќе се бори против тајно друштво или ложа односно против главнито на истата кој ги замајува другите со маѓија но холмс со неговите за тоа време не видени иновации и се разбира мозок ќе победи но се на се има и по некој специјален ефект и е добар филм
моја оцена 7/10:smir:

 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.624
Поени од реакции
59.477
The Fourth Kind (2009)



Ќе почнам скромно: филмов е факинг брилијантен! Слободно можам да кажам дека е најдобар филм со обдукции кој некогаш сум го гледал, но и многу повеќе од тоа.

Значи, имаме хорор/sci-fi кој се случува во едно мало гратче на Аљаска. Во филмот се користени (наводно) оригинални снимки од луѓе кои посетувале психијатар и се жалеле на истиот проблем. Дали ќе верувате во сето ова или не, како што вика Мила Јовович на почетокот и на крајот, е ваша работа. За филмот тоа не е важно. Важно е:


  • Филмот е навистина страшен на начин на кој што треба да биде страшен еден хорор. Без разлика колку ќе ве уплаши или возбуди, од почеток до крај владее тензијата.

  • Снимен е на оригинален начин, со комбинација на филмските и (наводно) оригиналните снимки. Не само еден дел ова еден дел она, туку истовремено во истата сцена. Ќе гледате, ќе видите.

  • Мила Јовович одглуми за чиста 10-ка и која год актерка освои Оскар може вода да и носи за улогата (за вакви филмови не даваат оскари претпоставувам, иако тоа е неправедно кон актерите).

  • Комплетната актерска екипа беше на ниво

  • Филмот е страшни сцени, реални сцени, емотивни сцени...

Незнам што повеќе може да се посака од еден Хорор/Sci-Fi од овој филм. Можеби јас му давам поголема оцена од реалната, зошто апсолутно ги задоволи па дури и ги надмина моите очекувања. Веројатно е така, но сепак, 10/10. Сакав да наоѓам мани за да не ви ги зголемувам очекувањата, но сакам и да бидам реален во тоа како го доживеав филмов.

Трејлериште:

 
Член од
5 декември 2009
Мислења
439
Поени од реакции
66
Atonement [2007] - Покајание [2007] номиниран за најдобар филм на ОСКАРИТЕ 2008.

Според мене овој филм требаше да добие Оскар за најдобар филм во 2008 , а не No Country for Old Men кој го немам гледано, али неверувам дека че го надмини впечатоко добиен од Atonement.

Овој филм е адаптација на истоимената новела на Иан МекЕван, во кој се појавуваат како главни ликови, Кeира Најтли и Џејмс МекАвој.

Филмот се состои од четири целини, кои одговараат на поделбата во книгата на МекЕван, и готово во потполност го следи дејството од изворниот роман. Интересно е тоа што некои сцени се повеќе пати прикажани, но од различни перспективи и гледани од други очи.

Покајание започнува на еден летен топол ден во 1935, на имотот на доброфинансираната фамилија Талис. Најмладото дете, 13-годишната Бриони, има изразен талент за пишување и многу е врзана за својата постара сестра Сесилија (Кира Најтли), која штотуку се вратила дипломирајќи на Кембриџ. Роби Тарнер (Џејмс МекАвој), е пријател на Сесилија од детството и син на семејната слугинка, кој исто така се вратил од Кембриџ, и тоа како најдобар студент во својата година. Школувањето му го платил таткото на Сесилија, гледајќи го неговиот талент и желбата за знаење. Роби одлучил да го помине летото како градинар на имото на фамилијата Талис, а потоа да се запише на студии за медицина.

Филмот раскажува за една избрзана одлука на Бриони која се јавува како резултат на неколку грешно проценети ситуации предходно. Оваа одлука ќе им ги промени животите на Бриони и на сите околу неа, а најмногу на нејзината сестра Сесилија и
Роби Тарнер.

Да не раскажувам делови од филмот ви оставам да го изгледате. Ве уверувам дека нема да зажалите...

моја отценка ---> 9.5 / 10
imdb ---> 7.9 / 10


 

AtoM-AnT

Dexter
Член од
3 септември 2008
Мислења
4.530
Поени од реакции
583
The Ugly Truth



Gerard Butler го знаеме сите како мускулест,безмилосен и бестрашен и тоа од филмовите Law Abiding Citizen, Gamer, RocknRolla и 300 а во оваа комедија тој глуми шоумен а неговата емисија се вика The Ugly Truth.
Овој филм ќе успее добро да ве насмее а сите случки се поврзани со љубовта и сексот, дали можеме некого да ќариме и како можеме да го направиме тоа?
Би било неправедно да ви откривам за што точно се работи па утре е први и имате нов лимит на интернетот :( а некои и немаат :baeh: па затоа веднаш фатете се за работа и симнете го овој филм кој заслужува малце подобра оценка од онаа на www.imdb.com која е 6.5/10.
 
Член од
17 јули 2008
Мислења
280
Поени од реакции
5
The Orphanage (El Orfanato)

Ваков филм не сум гледал пуно време+на шпански е каква прикзна има само каков крај има лелеллел лудница:vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud:
Филм кој вреди да се гледа Хорор-Драма го гледав пред пола сат на Канал5
EXTRA немам зборови погледнете го само колку е високо оценет и колку награди има соберено до сега.
http://www.imdb.com/title/tt0464141/
а еве и trailer од него
 

Kajgana Shop

На врв Bottom