Ако гледајќи ја серијата Чернобил си игравме физичари, со новата минисерија Врелата зона (
The Hot Zone) си играме биолози, поточно микробиолози.
Базирана е на истоимен
роман од Р Престон во кој се опишани настаните околу избивање епидемија на ебола и нејзиното распространување кон САД, со т.н. ебола Престон (градот Престон, Вирџинија). Кој е заинтересиран околу темата ебола и слични (фило)вируси, нема да се разочара од книгата, секако и од минисеријата во која игра регуларна екипа. Накратко се опишани различните соеви ебола (главно Марбург, Рестон, Заир и Судан) административните пречки во борбата со епидемијата, истражувањата во една пештера во Кенија, начинот на класифицирање на опасните вируси и заштитата при работа со нив (одела, маски, зони, дезинфекција...). Четвртата и последна зона на биолошка заштита во која се класифицирани филовирусите (можеби најопасните вируси, лесно преносливи и без никаков лек досега) се нарекува Врела Зона. Споредбено, хив вирусот е класифициран во зона 3.
Ги изгледав првите две, за мене вака се регуларни.