Предлог за серии и кратки рецензии

Член од
8 ноември 2007
Мислења
574
Поени од реакции
296
Па и на Нетфликс има преводи на јазици кои ги разбираш. Јас до сега во животот помалку од 1% од вкупниот број филмови кои ми се гледани сум ги гледал со македонски превод, ете толку се чести македонските преводи. Со македонски превод единствено на HBO GO некоја серија ако гледам (во моментов Westworld и Handmaid's Tale).

Мене муабетот ми е дека забегавте во погрешни води обидувајќи се да се оправдате зошто симнувате торенти. И јас симнувам, ама далеку дека го правам тоа заради преводот. Туку, најчесто, затоа што ниту еден од сервисите (па дури ни Нетфликс во САД) ги нема толку брзо по излегувањето новите филмови, а на торент ги имаш дури недела-две пред излегувањето на истите на блу реј, а тоа е само неколку месеци по кино премиерата. ОК, исклучок се Netflix Originals, на пример, но тие се премалку. Да не постоеја торентите, колкумина од нас ќе ги имаа гледано сите оскаровски филмови, и тоа уште пред Оскарите?

А инаку, од сервисите кај нас: неколку месеци бев претплатен на Pickbox, и речиси ништо не гледав таму, зашто крш им беше понудата, па се откажав. Сега, деновиве, сервисот е бесплатен, па се закачив пак, и гледам дека имаат доста интересни серии од пред 20-тина години, кои сум ги гледал во детството, и кои би ги репризирал пак, да имам време, и доста екс-ју серии, како Бољи живот, на пример. Но од поновата продукција, пак изборот им е очаен. Претплатен сум и на HBO GO, преку Max TV, и тоа е веќе ОК сервис, од таму цело време има што да се гледа, но пак - тоа се само серии. Кога се филмовите во прашање, понов филм од 1 година мислам дека нема, или ако има, таквите на прстии се бројат. Па така, речиси се што е добро од филмови и кај нив одамна ми е гледано.
Мислам дека не се разбираме. Никој не рече дека симнуваме торенти заради превод. Како што одговорив и погоре, меѓутоа што правиме со другите филмови/серии кои не се продукција на нетфликс или друг видео сервис. Би требало да се претплатиме на десетици други сервиси кои не чинеле многу пари, амазон, хбо, итунес, скај итн. Денес сме во златно доба на торентот. Јас на пример сум колекционер и сите филмови/серии што ги спуштам и гледам се во 1080п. Кога го користев хбо сервисот едвај во 720п имаше достапни содржини.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184
Мислам дека не се разбираме.
Да би имале нетфликс пристапност на содржините на македонски јазик и јас би се претплатил.
Еве, тука викаш дека не се претплаќаш на Нетфликс затоа што немало пристапност на содржините на македонски јазик. Што има да се разбере? Не е ова нуклеарна физика.
 
Член од
8 ноември 2007
Мислења
574
Поени од реакции
296
Еве, тука викаш дека не се претплаќаш на Нетфликс затоа што немало пристапност на содржините на македонски јазик. Што има да се разбере? Не е ова нуклеарна физика.
Добро бе, упорен си бил во недоразбирањава. Друг пат читај цел пост за да не ти биде нешто нејасно. Никаде не се споменува и споредува видео сервис версус торенти.

Секако, и не само во странска земја. Да би имале нетфликс пристапност на содржините на македонски јазик и јас би се претплатил. Меѓутоа не е тоа работата. Еве на пример ла каса де папел е продукција на нетфликс. Меѓутоа што правиме со другите филмови/серии кои не се продукција на нетфликс. Би требало да се претплатиме на десетици други сервиси кои не чинеле многу пари, амазон, хбо, итунес, скај итн.
Во денешно време на развиена технологија не би требало да бидеме технолошки неписмени. Ова е многу долга и опширна тема, за која треба многу да се дебатира. Јас како долгогодишен торент корисник за ништо не би го заменал нивното користење.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184
Добро бе, упорен си бил во недоразбирањава. Друг пат читај цел пост за да не ти биде нешто нејасно. Никаде не се споменува и споредува видео сервис версус торенти.
:facepalm:
 
H

HoT _iCe

Гостин
Дајте некој предлог, нешто порелаксирано, без много да се замарам ама да не биде кринџ. Може акција било што.
 

Miss.Independent

Me,Myself & I
Член од
26 јуни 2013
Мислења
1.362
Поени од реакции
3.344
Дајте некој предлог, нешто порелаксирано, без много да се замарам ама да не биде кринџ. Може акција било што.
Не ми текнува на акција ама ѕирни ова, старо, добро и смешно.
 

Riken

the power of imagination makes us infinite
Член од
9 декември 2008
Мислења
12.034
Поени од реакции
28.670
Last Man Standing лимонада серија за тепање време.
 
Член од
10 декември 2010
Мислења
6.259
Поени од реакции
7.263
Дајте предлог за добра серија/серии кои се со англиско/британско потекло без разлика на тематиката.(Peaky Blinders e изгледана!)
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Дајте предлог за добра серија/серии кои се со англиско/британско потекло без разлика на тематиката.(Peaky Blinders e изгледана!)
Сакаш постари или актуелни? Жанр?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom