Предлог за серии и кратки рецензии

kelaviot

Prime Сasual Dating - Genuine Damsels
Член од
10 мај 2010
Мислења
531
Поени од реакции
318
Gotovo se snajdov

Sent from my HTC U Play using Tapatalk
 
Член од
13 септември 2009
Мислења
79
Поени од реакции
33
Serijata e spanska tesko se naogja prevod i ako najdesh treba ds go podesish zatoa mi beshe
 
Член од
8 ноември 2007
Мислења
574
Поени од реакции
296
У Германија го јадеш стапот ако симињаш торенти
Serijata e spanska tesko se naogja prevod i ako najdesh treba ds go podesish zatoa mi beshe
Секако, ако симнуваш од јавни тракери како пиратбеј итд. Ако симнуваш од приватни тракери си сигурен и имаат поквалитетни рипови.
А преводи има за сите епизоди, јас сум ги гледал сите епизоди со преводи така да ако не знаеш дали има подобро не коментирај, погрешно ги пренасочуваш членовите
 
Член од
20 октомври 2005
Мислења
312
Поени од реакции
136

Дај број каде да те барам за дозвола да коментирам, океј?

А од друга страна - ако не знаат да се пазат, прва казна е 800 евра. Може ти треба да пазиш што збориш.
 
Познато е дека има ригорозни казни во Европа и САД ако спушташ торенти од јавни тракери. Само балканците останаа кои спуштаат од јавни тракери. Има многу развиени приватни тракери кои се дом на западноевропските торент корисници. Не ти реков тебе да не коментираш. На другиот над тебе му објаснив како не треба да се тролува демек на гугл ќе пишиш нешто и ако не излезе нема превод. Маднес
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
А да живееш во странска земја, со тој стандард и да не плаќаш сервис и да симињаш торенти е нај славик работа што може да ја правиш.
 
Член од
8 ноември 2007
Мислења
574
Поени од реакции
296
А да живееш во странска земја, со тој стандард и да не плаќаш сервис и да симињаш торенти е нај славик работа што може да ја правиш.
Секако, и не само во странска земја. Да би имале нетфликс пристапност на содржините на македонски јазик и јас би се претплатил. Меѓутоа не е тоа работата. Еве на пример ла каса де папел е продукција на нетфликс. Меѓутоа што правиме со другите филмови/серии кои не се продукција на нетфликс. Би требало да се претплатиме на десетици други сервиси кои не чинеле многу пари, амазон, хбо, итунес, скај итн.
Во денешно време на развиена технологија не би требало да бидеме технолошки неписмени. Ова е многу долга и опширна тема, за која треба многу да се дебатира. Јас како долгогодишен торент корисник за ништо не би го заменал нивното користење.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Секако, и не само во странска земја. Да би имале нетфликс пристапност на содржините на македонски јазик и јас би се претплатил. Меѓутоа не е тоа работата. Еве на пример ла каса де папел е продукција на нетфликс. Меѓутоа што правиме со другите филмови/серии кои не се продукција на нетфликс. Би требало да се претплатиме на десетици други сервиси кои не чинеле многу пари, амазон, хбо, итунес, скај итн.
Во денешно време на развиена технологија не би требало да бидеме технолошки неписмени. Ова е многу долга и опширна тема, за која треба многу да се дебатира. Јас како долгогодишен торент корисник за ништо не би го заменал нивното користење.
Зборев за стандардот кој би го имал таму, не за тука во Македонија, не мешај.

Преселени во Шведска наши ги гледам кукаат, торенти бараат а деца со студентска работа што ги знам лично таму си се претплатени на 2-3 сервиси и гајле си немаат.
 
Член од
20 октомври 2005
Мислења
312
Поени од реакции
136
HBO GO скоро сите содржини му се на македонски. На Pickbox 100%.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Тоа што пишав и во другата тема дека и поради јазикот не се претплатуваат на Нетфликс и каде и да отидат ќе бараат торенти.

За La casa de papel се наоѓа секаков превод и ја има и со англиска синхронизација, не сецка и не бара јава :D не бара регистрација и пари и тоа се подобри сајтови од тие од типот onlajn serije sa prevodom. :D

Sent from my Mi A1 using Tapatalk
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.807
Поени од реакции
33.639
Не ве сфаќам. А торентите демек на македонски се?
 
Член од
8 ноември 2007
Мислења
574
Поени од реакции
296
Не ве сфаќам. А торентите демек на македонски се?
Не беше муабетот тоа. Муабетот беше дека има многу различни видео сервиси, од кои повеќето не нудат преводи на македонски јазик па зошто да се претплатиме. Нетфликс на пример е прекрасен видео сервис, ама нема преводи на македонски јазик и е ограничен на одредени содржини (серии/филмови). Додека од друга страна на торент можеш да ги најдеш сите филмови и серии, за некои има македонски преводи (иако се многу малку) меѓутоа ќе си најдеш превод на некој јазик кој го разбираш и завршена работа.
 
Па и на Нетфликс има преводи на јазици кои ги разбираш. Јас до сега во животот помалку од 1% од вкупниот број филмови кои ми се гледани сум ги гледал со македонски превод, ете толку се чести македонските преводи. Со македонски превод единствено на HBO GO некоја серија ако гледам (во моментов Westworld и Handmaid's Tale).

Мене муабетот ми е дека забегавте во погрешни води обидувајќи се да се оправдате зошто симнувате торенти. И јас симнувам, ама далеку дека го правам тоа заради преводот. Туку, најчесто, затоа што ниту еден од сервисите (па дури ни Нетфликс во САД) ги нема толку брзо по излегувањето новите филмови, а на торент ги имаш дури недела-две пред излегувањето на истите на блу реј, а тоа е само неколку месеци по кино премиерата. ОК, исклучок се Netflix Originals, на пример, но тие се премалку. Да не постоеја торентите, колкумина од нас ќе ги имаа гледано сите оскаровски филмови, и тоа уште пред Оскарите?

А инаку, од сервисите кај нас: неколку месеци бев претплатен на Pickbox, и речиси ништо не гледав таму, зашто крш им беше понудата, па се откажав. Сега, деновиве, сервисот е бесплатен, па се закачив пак, и гледам дека имаат доста интересни серии од пред 20-тина години, кои сум ги гледал во детството, и кои би ги репризирал пак, да имам време, и доста екс-ју серии, како Бољи живот, на пример. Но од поновата продукција, пак изборот им е очаен. Претплатен сум и на HBO GO, преку Max TV, и тоа е веќе ОК сервис, од таму цело време има што да се гледа, но пак - тоа се само серии. Кога се филмовите во прашање, понов филм од 1 година мислам дека нема, или ако има, таквите на прстии се бројат. Па така, речиси се што е добро од филмови и кај нив одамна ми е гледано.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom