Предлог за МАСОВЕН протест

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
АМАН МАКЕДОНЦИ, ПИШЕТЕ СИ СЕ БУГАРИ/СРБИ/ГРЦИ(билошто) ДОДЕКА ИМАТЕ ВРЕМЕ!
Трн, хакнатат пасворд или дрога? Ја фаќам иронијата, ама и од еден пост се виде... смири се...
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
879
Да ја сфатеа сите иронијата, барем мирна ќе ми беше душава...

Ах Македонијо...кој ми те погани...дошло некое племе од Бога заборавено...и се перчи дека е „македонско“....
 
Член од
14 март 2008
Мислења
574
Поени од реакции
14
пријател, па што очекуваш ти бе... па заврти се околу себе, кај гледаш ти НАРОД... па прошетај малку по улица и прашај некого, дали би смеел да викне на сет глас “ЈАС СУМ МАКЕДОНЕЦ“...
 

Станоја

The Patriot
Член од
31 јануари 2008
Мислења
1.322
Поени од реакции
29
пријател, па што очекуваш ти бе... па заврти се околу себе, кај гледаш ти НАРОД... па прошетај малку по улица и прашај некого, дали би смеел да викне на сет глас “ЈАС СУМ МАКЕДОНЕЦ“...
povtorno raskolnici a?

i ti dojde na forumov da demotiviras.
 

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Народе македонски... Јас одморам од темава до понеделник, 18:00.

Не е готово додека не зашумат горите од Шара до Беласица, додека не се дигне бран од Охрид до Куманово, додека не загрми од Битола до Скопје. Не е готово додека не кажеме дека е готово...

А капитулација, нема. Одморете еден ден, гледајте некој филм, пуштете радио, одите во театар, или на планина - утре е недела, убав ден.

А понеделник, правиме координација. Мојт?
 
Член од
14 март 2008
Мислења
574
Поени од реакции
14
Тоа се вика мотивирање... треба да го засрамиш, па може ќе му текне да се бунтуе, немам ниту најмала намера да демотивирам некого...
 
Член од
29 септември 2007
Мислења
245
Поени од реакции
17
Луѓе едно е сигурно - нема ништо сигурно додека не се избориш.

Верувајте дека протест или собир никогаш неможе да биде контрапродуктивен кога се работи за идентитет на цела нација.

Американците СИГУРНО не ги почитуваат безрбетниците.

А нашите преговарачи и политичари МОРА да знаат дека животите буквално им се загрозени доколку потпишат нешто различно од она што сме.



Тогаш да дефинираме што сме:

#1 Ние сме Македонци без никакви други одредници, префикси, суфикси, придавки туку едниствено, еднозначно, просто - МАКЕДОНЦИ

#2 Името на нашата држава е РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА без никакви други одредници, префикси, суфикси, придавки туку едниствено, еднозначно, просто - РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

#3 Јазикот ни е Македонски, различен од сите останати јазици на планетата Земја без никакви други одредници, префикси, суфикси, придавки туку едниствено, еднозначно, просто - МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК

#4 Македонци има надвор од границите на Република Македонија

#5 113 земји не имаат признаено како МАКЕДОНЦИ кои зборуват на МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК и кои живеат во РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА и оваа реалност ВАЖИ и за останатите 79 земји, го сакале тоа или не.

#6 Секоја транскипција во пишана форма е нормална во сите јазици на планетата Земја. (пример: Република Македонија = Republic of Macedonia)


Епа се додека ова не го погазат или барем пробаат да го погазат за нашите политичари и преговарачи има живот.

А мене никако не ми е јасно зашто ние НЕ сакаме да ги потсетиме тие што можат да се подвиткаат од притисок дека секое подвивање ке ги кошта живот.

Башка што од историјата ке бидат жигосани како предавници и имињата ке им се спомнувани со искажано проклетство.

Колку за пример: името ЈУДА ИСКАРИОТСКИ е помладо од МАКЕДОНИЈА.

Нека размислат што прават...
 
Член од
1 мај 2005
Мислења
2.612
Поени од реакции
32
А понеделник, правиме координација. Мојт?
таков те сакам земјак

мојт

оди до Св. Јован Канео , седни на западна страна од црквата на зајдисонце ако мојш утре, испрати го сонцето, па понеделник полн со енергија и ум ќе бидиш.

Ако не мојш Канео, оди до Свети Спас во Скопје

@Tanus:

вајстина

поздрав на сите
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
2.681
Поени од реакции
182
Треба да има масовен протест. Од една страна да им се покаже на нашиве политичари кој е ставот на народот, да знаат дека се подржани ако се водат по тој став. Од друга страна, треба да им се внесе малку страв во случај да имаат поинаков став, мислите ќе им биде сеедно ако видат стотици илјади Македонци по плоштадите во градовите низ Македонија???
 
Член од
14 јули 2005
Мислења
1.428
Поени од реакции
43
De be ne ja radikalizirajte rabotata povekje od sto treba...
Rekov,zamoliv,pobarav trpenie.
:toe:
I nikoj ne me razbra izgleda.
Ja razbiram vasata netrpelivost i isplasenost od moznonovo politicko predavstvo...
ama aman-zaman covecki razberete deka ne e dobro da si davame NAJVEROVATNO AVTOGOL so brzi i nepromisleni postapki.

Koga pravis nesto sto e cuvstvitelno mora da go pravis max. presmetano i odgovorno.
I prvo,osnovno i krajno-treba da bides svesen startno za reakcijata koja sto sakas da ja predizvikas i dobies.
Eve aj kazete mi...sto ke dobieme so nov protest?

Protest (i ne samo) ...ke ima ako nekoj se drzne da go prifati neprifatlivoto!
A do togas...ne e pametno da im ja oslabuvame pozicijata vo pregovorite.
I ovaka ne se kompaktni.
Каква црна позиција ќе им ослабиме?
Веќе се натртени да им влезе до даска. Со самото тоа што одбрале да преговараат за тоа како ќе им се вика државата, позицијата им е - :sekss: - долната страна, разбира се.

Воена тактика што и Сун Цу, и Александар ја знаеле, и денес ја учат на сите академии. Да знаеш на кој терен ќе ја водиш битката. Ако најсилната формација ти е фалангата, нема да одбереш да се тепаш на спилите кај Матка, зашто таму нема место за двајца луѓе ден покрај друг, а не за шеснаесет. Да почнел Филип да преговара со Ахајците дали смее да се вика Македонец, место да ги столчи кај Херонеја, никогаш името не би му било запишано во историјата.

Со Грција имаме за што да се расправаме, имаме ненаплатени сметки, имаме оружје да ги притиснеме, имаме начин како да ги победиме. Ако, место тоа, некому му е помило да игра на музиката што му ја компонирале Киро и Денко, тоа си е негов проблем. И тоа голем проблем. Нека не се чуди ако си го добие и она што требало на времето да им се даде на Киро и Денко.
 

Dr_ViRuS

DarkSide with green light
Член од
9 јануари 2006
Мислења
1.076
Поени од реакции
29
Со промената на името се губи

Гоце делчев
Александат Македонски , Филип

Се губат Кирил и Методи

Се губат сите народни песни
Се губи се што било досега
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
879
Не бе...СЕ ГУБАТ МАКЕДОНЦИТЕ!
 

THE_PIRAT

Avanti Formica atomica!
Член од
14 февруари 2007
Мислења
2.508
Поени од реакции
79
Гоце делчев
Александат Македонски , Филип

Се губат Кирил и Методи

Се губат сите народни песни
Се губи се што било досега
па што чекаме????:uvo::pirat:
 

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Координација :)

Еве шо заклучи мојата маленкост денеска... Не дека го одредив понеделник како ден за координација, ами поради она што го прочитав во и меѓу редовите на некои места, она што го чув пред и зад ѕидовите во некои соби, она што ми го вели стомаков...

Никола Груевски е на наша страна - како тоа: поради деликатноста на одлуката која се притиска да се донесе, човекот нема да се сложи на некакво менување на име, презиме или матичен број без согласност на народот на Република Македонија. Зошто: патриотизам, страв од губење на главата, реално спознание дека нема легитимитет како премиер нити како човек на грб да носи одлука против својот народ - незнам дали нешто од напишаното, незнам дали повеќе работи или нешто сосема друго. Битно, Груевски нема да попушти до/за самитот.

Каде не носи тоа? Постојат две можни варијанти: Првата вика дека ќе добиеме условна покана за членство во Нато (бидејќи Гејлада нема да употреби вето, американскиот притисок е голем) што ќе остави простор за референдумско изјаснување на народот по однос на некакво како шо би рекле некои новинари и само еден претседател - "задиркивање" во националниот идентитет на Македонците. Мене ми е повеќе од јасно дека никој нема право да го постав прашањето, ама сум свесен дека поради меѓународниот притисок, можеби некој ќе мора: На што јас ќе му кажам да одјеби, ќе заокружам НЕ за чепкањето по мојата ДНК и ќе бидам задоволен од себе. А се надевам и од минимум 90% од сите мои браќа и сестри Македонци. На крај, есапот: Народот НЕ САКА никакво менување на имиеа и презимиња.
Логиката ми вели дека после тоа, народот повторно ќе биде прашан дали сака да ги збрише од политичка сцена оние кои предлагаа придавки и додавки - на што народот пак ќе си го каже своето. Бар оној, кој умее да размислува со своја глава. Кој не може, друг ќе му помогне, јебига.

Втората варијанта, која за воља на вистината е далечна е дека чичкото на мојот аватар, Ѓорѓи Дублве Бушоски, ќе биде толкав "мудоња" и ќе ја прогласи Македонија за 52-ра америчка држава :) Односно ќе притисне до толку што ирационалниот спор за името ќе се префрли на билатерално ниво, а ние ќе биваме примени во сите организации под уставното име. За тоа, колку и да ми е неверојатно, посакувам топла помош од Русија, Кина и сите останати преку 100 земји кои веќе афирмативно се поставиле во однос на нашето уставно име.

Наредно, протест или не?
Народе Македонски, силно верувајќи во ова што погоре ви го напишав, сметам дека до 04.04.2008-ма нема потреба од организација на митинзи или собири кои недај боже може да бидат искористени во контра продуктивни цели од реформаторите на Македонскиот литературен јазик, сектор:придавки. Силно верувам дека во наредниов период треба да се продолжи со дигање на самосвеста на нашиов народ да не потклекнува на притисоците од експертите, креаторите на јавно мислење, одредени интелектуалци и мудреци кои компромисно или компромитирачки протежираат афирмирање на некакви небулози дека постои помало од двете зла. Она што секој од нас треба да го направи (а авторот на текстот со одличен тим на соработници веќе планира конкретни активности) е да продолжи со позитивен дух и ширење на Македонизмот почнувајќи од дома, завршувајќи тука на форум. Утре одржуваме состанок после кој се надевам дека ќе произлезе конкретен датум за некакви активности со кои креативно и духовно ќе се мотивира народот како што почна да се мотивира пред извесно време, цврсто да го зацементира својот став за сопствениот идентитет, име, генеза, иднина.

Она што го гледам е дека постои клима за протест. Она од што можеби би се плашел е ако видам под 150 000 македонци на тој протест. Она во што верувам е дека ќе видам 300 000 - Кога ќе дојде време. Во моментов, можам да кажам дека верувам во човекот кој ја носи целата политичка одговорност во моментов дека НЕМА ДА НЕ ПРЕДАДЕ! А најмногу што можеме да направиме е да не му одмагаме во работата. Веќе виде како 30 000 Македонци за 2 дена се собраа на едно место, без политички каузи и прогласи - него чисто Македонски побуди. Еј, па јужниот ни сосед на два митинга во Солун немаше половина бројка од нашиот протест. Бидете горди, ама не и задоволни. Значи, дополнителна поддршка во форма на протест/митинг/собир не дека е непотребна, ама недај боже може да е контрапродуктивна - веќе знаеме како некој може тоа да го направи. Имаме 10-на дена до самитот во Букурешт, градот проклетија. Ама некако осеќам дека нема да се вратиме од таму со наведнати глави. Далеку од тоа дека ќе се вратиме со гордо подигнат бајрак, ама ќе купиме време за се поголемо актуелизирање на апсурдноста на проблемот кој го наметнува Грција, која јас ја нарекувам како што сака да се нарекува - и го барам повратното од неа. Нема да сме принудени да правиме ништо под притисок, и порелаксирани ќе ја водиме битката на сите нивоа драги мои! И знаете што? Верувам, знам дека ќе победиме! Оти, немам ништо друго во што да верувам.

А кога ќе почне битката... Е тогаш, ќе треба да кренеме и старо и младо, и машко и женско. А за тоа, треба работа, треба потсетување на одродените од каде дошле, треба освестување на заспаните - дека нема да има што да сонуваат ако не се разбудат. Треба единство, треба акција - АКЦИЈА за ДИГАЊЕ на МАКЕДОНСКИОТ НАЦИОНАЛЕН ДУХ! Кревање на Македонската свест!

А тоа, наредниве 10 дена нема да го постигнеме со митинг подобро него со работа на терен.

Запаметете, реков наредниве 10-на дена.

Ве сака Серпико.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom