Предлог за МАСОВЕН протест

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
29 септември 2007
Мислења
245
Поени од реакции
17
Браќа и сестри,

Предлагам да направиме огромен, масовен, организиран протест на 21ти Март 2008 како крик на последно предупредување против сите што имаат на ум дека можат да не прекрстуваат независно дали се надворешни или внатрешни кумови.

Денот го избрав како ден на пролетната рамнодневница и нема никакво друго значење освен можеби симболиката дека се наоѓаме на средина, на чекор меѓу проклетство и благослов од идните генерации.

Можеби е краток рокот за организација ама пред се сметам на организаторите на претходниот протест, на сите чесни синови на Македонија каде и да се и кои сакаат да помогнат, како и на организациска подршка во логистика од вистинските македонски партии чии единствен интерес е МАКЕДОНИЈА.

Ако можат да се собираат за избори по 100.000 луѓе тогаш цифрата на протест со основна цел за подршка на непроменливоста на името треба без НИКАКОВ проблем да биде 250.000 минимум.

Срамота е македонски партии да не подржат таков протест ако се НАВИСТИНА македонски партии. Јас би ги прозвал сите партии поединечно да се изјаснат дали конкретно ке подржат или не таков настан.

Според интензитетот и фрекфенцијата на најавување на можни компромиси во последниве 3-4 дена мислам дека се готви промена на името. Предавниците и нивната машинерија се ставени во погон и постојано не бомбардираат со анализи и опции, за што можете сами да се уверите од монтажите на слики и интервјуа со експерти и стручнаци во кои дефетистички се пропагира дека ете немаме избор и дека еве правдата е на наша страна ама силата не е...

Па зар некогаш некој нешто ке ни даде насила ако ние не сакаме?

Можат да ти земат на сила се, ама не можат на сила да ти дадат ништо ако не сакаш.

Зар на нашите предци не им било полесно да се откажат од се и да бидат се што се бара од нив? Зар за крвта пролеана денес може некој да каже дека била непотребна? Зар страдањата поднесени од нашите предци денес можеме да ги прогласиме за небитни?

На сила им зедоа животи, здравје, фамилии, дом, земја, сонце, слобода но не можеа насила да им дадат нов идентитет, националност, јазик, вера, живот... Смртта ја дочекаа како вистински Македонци достојни на јуначкиот ген кој го носат, со вера во Бога дека нивната жртва ке донесе промена и поттик за останатите генерации.

Колку полесно би им била живеачката на нашите предци само ако потпишале некакви хартии таму...

Денес немаме цевки на глава, не се наоѓаме во темни зандани и крвави подруми, немаме шпици во ноктите и рицинус во устите, не гледаме дека некој ни ги убива децата а жените ни ги силува... многу од тоа не гледаме и не чуствуваме како нашите предци...

А сепак навидум ни се гледа тешко и безизлезно... Дали е тоа навистина така?

НАТО, ЕУ, УН, Лига на народи, Варшавски пакт, Антанта, алијанси и федерации, трговски организации и верски јурисдикции... Сето тоа е минливо... Најдете една организација кој опстоела онолку колку што опстоело нашето име?

НАТО ке се распадне на првата поголема копнена интервеција, ЕУ е огромно тело со мала глава и сигурно ке се подели на 4 региони во блиска иднина, за УН земете го примерот со Лигата на народите и случајот со Србија во 1999, за крајот и епилогот на федерацијата на Југославија сите бевме сведоци... Само што заклучоци ке извлечеме?

Секаде влегуваат нации и излегуваат нации. Секаде за членови се примаат држави кои држат до нешто а не кафански организации.

Зар мислете дека некој може да смета на вас како сигурна држава кога името и ставовите си ги менувате како чорапите?

Зар мислите дека вечно ке живеете? Вашите дела оставуват како аманет на вашите деца. Што ке им оставите вие на вашите деца? По што ке ве памтат?

Зар сакате да не памтат како генерацијата која во мир и релативна благосостојба погази се што е свето заради тоа што шефот така кажал а нему некои му наредиле?

Ништо не е лесно но кој кажа дека ќе биде лесно?

Зар христијанската вера беше лесна во првите векови?

Кој е вашиот предизвик во овој век?

Братски поздрав
Тануш
 
ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
191
Убава идеја само слабо се заинтересирани,оти како и да свртиш ќе мора да бидеме интегрирани во некаков сојуз каде ќе биде и Грција која вечно ќе се противи на нашето име,а сами очигледно не сме баш способни да егзистираме.Се разбира има решенија на кој како да се подзаборави во последно време,ама тоа за во друга прилика и со друга влада составена од навистина способни луѓе,сега е најважно да го зачуваме идентитетот и името.
 
Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.164
Поени од реакции
687
Тануш, поддржувам будење на свест. Докажано.

Наредно, спремен сум за гради-во-гради, иако не сум служел армија. Протест е најмалку што можам да направам...

Сепак, мислам дека има уште маааааалку време кое треба да им се даде на мудреците од ЦеКа. А после, ако дојде време, протестот ќе им личи на бајка од Браќата Грим, во споредба на она што ќе следи.

Денес, ти велам - причекај - како Македонци, треба да сме особено внимателни кога се кува манџа која е особено врела, иако сеуште не е допржена. Нити смее да се допржи... Само, мора да постои некоја конкретна причина за да направиме чекор понатака од ова каде сме сега, ние, народот.

Мене нема потреба да ме убедуваш. Знам како ти е, исто ми е и мене... Секој ден се трудам, работам како можам, копам каде стигнам... Протестот бидна. Што е следно? Тоа се обидувам да форумулирам. Ако си сериозен... Причекај некој ден. Очекувам нов развој на идеи деновиве.

21-ви март е ден. И 25-ти е ден.
И утре е ден...

Не е битен денот... Битен е Македонија.
А за неа, мора да сме со УМ, секогаш.
 
Член од
29 септември 2007
Мислења
245
Поени од реакции
17
Мислиш дека НАТО ке те заштити од граѓанска војна?

Ниту НАТО ниту ЕУ заштитува од цивили борци за човекови права.

Тешко дека некоја воинствена држава ке не нападне во следните 10 години.

А за интеграција се е ок ама не под тие срамни услови. Ако ЕУ има такви вредности какви што декларира тогаш срамота е ова што се дешава.

И на крај пак ке преживееме, зошто мислиш дека сонцето нема да изгрее утре и дека земјата ке престане да раѓа...
 
НАТО не заштитува од внатрешни немири,ама и остава на рајат да ги решиме,што нам посебно би ни одговарало.Тогаш нема веење бели гаќи од Арачиновски покриви,мислам може да има,ама нема да важи.
Во спротивно секогаш постои опасност од "инструктори",без Бајага се разбира.:wink:
 
Misirkov

Модератор
Член од
17 март 2005
Мислења
11.491
Поени од реакции
1.573
Тануш, поддржувам будење на свест. Докажано.

Наредно, спремен сум за гради-во-гради, иако не сум служел армија. Протест е најмалку што можам да направам...

Сепак, мислам дека има уште маааааалку време кое треба да им се даде на мудреците од ЦеКа. А после, ако дојде време, протестот ќе им личи на бајка од Браќата Грим, во споредба на она што ќе следи.

Денес, ти велам - причекај - како Македонци, треба да сме особено внимателни кога се кува манџа која е особено врела, иако сеуште не е допржена. Нити смее да се допржи... Само, мора да постои некоја конкретна причина за да направиме чекор понатака од ова каде сме сега, ние, народот.

Мене нема потреба да ме убедуваш. Знам како ти е, исто ми е и мене... Секој ден се трудам, работам како можам, копам каде стигнам... Протестот бидна. Што е следно? Тоа се обидувам да форумулирам. Ако си сериозен... Причекај некој ден. Очекувам нов развој на идеи деновиве.

21-ви март е ден. И 25-ти е ден.
И утре е ден...

Не е битен денот... Битен е Македонија.
А за неа, мора да сме со УМ, секогаш.

Nemoj voopshto da chekash! Vrshi pritisok na site onie koi vekje rabotat protiv tebe, na sekoj mozhen nachin. Treba da se znae nashiroko deka sekakva igra so nas kje ima cena, i toa visoka! Celta, i samo celta, gi opravduva sredstvata. A celta e opstanok. Seti se: Branko, Buchko, Karamanlis, itn. se spremni, ti ne si.
 
Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.164
Поени од реакции
687
Nemoj voopshto da chekash! Vrshi pritisok na site onie koi vekje rabotat protiv tebe, na sekoj mozhen nachin. Treba da se znae nashiroko deka sekakva igra so nas kje ima cena, i toa visoka! Celta, i samo celta, gi opravduva sredstvata. A celta e opstanok. Seti se: Branko, Buchko, Karamanlis, itn. se spremni, ti ne si.
Не чекам, Мисирков.

Утре имам еден состанок на кој ќе понудам неколку идеи со луѓе кои можат да помогнат во реализацијата... А тие шо ги напиша се спремни,ама за друго :)
 
concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.697
Luge koi mozat da pomognat....ima takvi???? Realni luge so MNOOOGU pari i direktni vrski vo Amerikanskiot Kongres , Senat...vo Kremlj i po ova pedofilskive prestolnini ???
Koi mozat da platat kamarila lobisti i da platat stranici i stranici vo bitni vesnici i TV emisii i prikazni kade treba ????
I koi sakaat da ja ima Makedonija na Makedoncite......t.e. prosto receno da nemaat zelba Makedonskiot narod da e uste eden istoriski...arhiviran....mrtov narod ????
Ako e taka na konj sme........
 
oBi_VaN

Is the man!
Член од
11 ноември 2007
Мислења
756
Поени од реакции
21
Go podrzuvam predlogot i spremen sum da dejstvuvam na bilo koj nachin vo odbrrana na imeto na ovaa drzava!!! Pozdrav MAKEDONCI!
 
N

n/a

Гостин
Lugje ima.
Organizacija ima.
Zelba ima.

Povod ima.

U ramkite na narednite dva dena,brakja makedonci,ke se dogovorime sto i kako ke se cini. :wink:
So toa sto jas vise sum si bendisal eden zut bulduzer...i sve se mislam kaj da go teram prvo.Na Bihacka,ili u toa parlamentot,posto i dvete zgradi mi se nekako ...grdi...i tugji...i treba da se `renoviraat`.
 
Точкест

I'm Awesome
Член од
25 јануари 2007
Мислења
7.641
Поени од реакции
452
Пропаганден материјал има ли????Да палам фотошоп/илустратор да вадам четките и знамињата????
 
Член од
29 јули 2005
Мислења
2.973
Поени од реакции
178
Мислам дека петок 21-ви е неработен ден, зошто е ден на екологија, пролетта, знам дека нема да се учи па така и повеќе народ ќе може да дојде!!
 
Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.340
Поени од реакции
3.049
Ubava ideja. Treba da se odrzi.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom