Досега прочитав три книги. И сите три се погодија, убава година бар по тоа како почна.
Не се наредени по хронолошки ред.
1. Ѕиркачот од Александар Прокопиев. Книгата зрачи од топлина дури тогаш и кога се опишуваат по малце перверзни работи. Ми се допаѓа освртот на Скопје. Издание на Магор
2. Сечење шуми од Томас Бернхард. Супер превод, мора да признаам. Критика на виенскиот културен живот, но можеме многу лесно да го поврземе и со случувања кај нас. Ми се допадна стилот. Издание на Блесок.
3. Кантервилскиот дух од Оскар Вајлд. Не сум некој голем фан на Оскар, но ова кратко дело ми се допадна најмногу од него. Ја покажува разликата меѓу американците и англичаните, секако според негово видување. Издание на Бегемот.
Моментално ги читам Ѓубре од Ирвин Велш ( кривецот за Trainspotting), издание на Или - или, Наспроти од Карл Уисманс, издание на Темплум и Стариот вепар од Дино Буцати, издание на Феникс.