Предизвик за 40 прочитани книги во 2012, Кажи ДА!

Доколку го прифаќаш штиклирај.


  • Вкупно гласачи
    113
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
19 мај 2008
Мислења
1.929
Поени од реакции
500
Сега ја гледам темава која е доста интересна. Искрено да ви кажам најпрво се загреав, меѓутоа откако размислив два пати ми стана јасно дека тешко ќе успеам да го исполнам предизвикот. Со оглед на тоа што секоја година читам максимум околу 10 книги, за да го исполнам предизвикот би требало да прочитам 4 пати повеќе од мојот максимум, што во моментов ми изгледа невозможно. :) Оваа година имам прочитано само една книга а деновиве кај и да е ќе ја започнам втората.

Како и да е, секоја чест за оние кои се нафатиле и да знаете дека ќе ве следам (ќе бидам жири комисија веќе кога не можам да бидам натпреварувач :)).
 
Член од
5 декември 2008
Мислења
698
Поени од реакции
211
Пред една година (значи 2010 некаде, не знам точно) ја читав Демони од Достоевски - книгата содржи три тома каде секој е по околу 500 тина страници, ја читав во период од неколку месеци и можеби во периодот од таа година сум ја прочитала само неа и плус уште една да речиме... После ова изгледа јас сум прочитала само една книга што значи човек како мене не би требало да се нафати овај предизвик да прочита десет или четириесет книги.... Убаво е да се чита книги и јас уживам но не ја гледам смислата во силењето за да се достигне некоја бројка.. Прво не ни знам кои се тие дела што ке ја исполнат таа бројка? а да бидат квалитетни, и дела што задоволуваат одредени критериуми. Квантитетот никогаш не ми значел а овој предизвик упатува на тоа. Кога можеби предизвикот би се преформулирал па наместо книги да стои бројка на страници , тогаш е нешто сосема друго и би имало поинаква смисла :) ако тоа е изводливо ...
 

Blackout

An emotional retard
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.690
Поени од реакции
451
#1 „Папата Јована'' - Дона Вулфлок Крос
Историски роман, интересен и лесен за читање иако е обемен.
Нема некоја уметничка вредност ама има доста податоци кои се историски точни, а се пренесени на интересен начин кој го стимулира читателот. Топло ја препорачувам, особено на оние кои имаат феминистички поглед на светот - девојки ви гарантирам дека ќе мастурбирате на книгава.
 

ficdogg

221b
Член од
29 септември 2008
Мислења
1.105
Поени од реакции
699
#1 A Study in Scarlet - Arthur Conan Doyle
Првата појава на Шерлок Холмс и Др. Ватсон. Напишана е од перспективата на Ватсон, како се запознаваат, како завршуваат заедно на 221B Baker st, и нивниот прв случај заедно.
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
8. Линвуд Баркли - Опасно блиску
Со огед на тоа што прочитав многу добри критики за 'Без збогување' од истиот писател, која ја немам читано, изгледа имав превисоки очекувања. Не знам дали јас имам превисоки очекувања од трилериве или што е работава.
Значи, приказната - се дешаваат три убиства.
Го предвидов крајот, што автоматски значи дека книгата не е одлична. Ама каков трилер е тој во кој се се открива на почеток, и во наредните 300 страници е опишан секојдневниот живот на ликовите (косење трева, муабети на телефон и такви ствари)?
Едно тројче има од мене. Од можни пет.
 

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.832
Поени од реакции
6.386
1- Alijenista, бар така е на српски.Од Кејлеб Кар.Многу добра книга.......крминалистичка е,но човекот дава одлични описи на животот и на Њујорк на крајот од 19-от век.Историски, крими трилер.......
Во Њујорк се појавува сериски убиец и убива момчиња проститутки.Еден новинар,2ца инспектори, секретарка,шеф на полиција и еден врвен,но контроверзен психијатар пробуваат да го најдат.При тоа се служат со во тоа време најнови и недокажани методи за фаќање на убиец и имаат многу опструкции од сите страни........сеа да не идам многу во детаљи,но на кого му се допаѓаат ваквите книги мора да ја прочита.

2- Сун Цу - Уметноста на војувањето...........ништо посебно книгичка.Совети за како да го поразиш непријателот.Во тоа време книга за воени совети,но сега може да се користи и во други сфери од животот(најмногу за како да се справиш со бизнис конкуренцијата).Има и доста објаснувања низ книгата за да биде појасно што се чита.Се дознаваат од книгата доста за историјата на Кина,воената филозофија на Сун Цу,нешто за неговиот живот.......
 

ficdogg

221b
Член од
29 септември 2008
Мислења
1.105
Поени од реакции
699
01. A Study in Scarlet - Sir Arthur Conan Doyle
02 The Sign of the Four - Sir Arthur Conan Doyle
Вториот роман со Шерлок Холмс, уште еден случај за решавање и дознаваме уште некои од навиките и размислувања на Шерлок.
 
Член од
6 јануари 2011
Мислења
1.059
Поени од реакции
2.684
Книга бр.4 Точка на кулминација - Памела Клер

Една клаустрофобична девојка пикната во багажник како животно, а потоа затворена во напуштена куќа среде пустина во туѓа земја. Киднаперите, подивени членови на картел за дрога и оружје, се познати по силување и убивање на млади жени чии тела потоа ги фрлаат во пустината.
Пеколот на командирот Зак МекБрајд почнува многу порано од оној на Натали односно во моментот кога неговата тајна мисија тргнува во погрешен правец и една жена го предава во рацете на крволочните убијци. Во истото дувло среде пустината, истите луѓе со денови го измачуваат Мек Брајд.

Книгата ми ја препорача библиотекарката, интересна е, се чита во еден здив, но не е мој стил, нема никаква уметничка вредност.
 

ficdogg

221b
Член од
29 септември 2008
Мислења
1.105
Поени од реакции
699
01. A Study in Scarlet - Sir Arthur Conan Doyle
02. The Sign of the Four - Sir Arthur Conan Doyle
03.The Adventures of Sherlock Holmes - Sir Arthur Conan Doyle
Колекција од 12 short stories со авантурите на Шерлок Холмс, меѓу кои и A Scandal in Bohemia каде што прв пат се појавува Ајрин Адлер.
 
Член од
29 јануари 2012
Мислења
28
Поени од реакции
16
Ќе ги наведам книгите кои ги имам прочитано до сега и ќе дадам по некој коментар за тоа дали ми се допаднала или не некоја книга.

Книга бр. 1 : Калуѓерот што го продаде своето ферари - Робин Шарма.
Книгата се чита лесно, но исто како да читаш нешто од Ог Мандино, или Марфи. Целата книга содржи принципи за да си го подобрите животот, за позитивното мислење и такви работи.
Се на се, книга која не ми остави некој голем впечаток.

Книга бр. 2 : Порака во шише - Николас Спаркс.
Кога почнав да ја читам книгата мислев дека ќе биде типично дело на Спаркс, но како што ја читав книгата многу ми се допадна, се повеќе и повеќе. Не дека сум некој голем обожавател на делата на Спаркс,но оваа ми остави многу добар впечаток, на некој начин се пронајдов во главниот лик Тереза Озборн, таа има се што би сакала да бидам во иднина. Пристојна работа со добра плата, да работиш тоа што го сакаш и да бидеш прекрасна мајка.
Сето тоа беше убавно, но некако крајот наместо да го украси делото, тој го упропасти. Никогаш не сум била против тажниот крај, но некако ми ја уништи целата приказна. Мислев дека ќе ја сместам во листата на мои омилени книги, сепак, остана како книга која ми остави само добар впечаток.
И, многу брзо се чита што кога ќе го погледнев часовникот сфаќав дека изминало многу време откако сум почнала. Ви ја порачувам топло, за да се опуштите.

Книга бр. 3 : 100 празни страници - Сирил Масарото
Можеби ќе звучам многу себично , но оваа книга дефинитивно ја сместувам во редицата со книги кои еднаш сум ги прочитала и никогаш повеќе. Кога ја читав се чувствував како времето да стои и како да сум цели два часа на една иста страница.
Главниот лик во делото добива само еден "беден" нотес од дедовото наследството додека неговите сестри добиваат по половина од имотот. Тие го споделуваат со него тоа што им го оставил дедо им. Точно во моментот кога сака да го фрли нотес добива писмо од нотарот.
Во писмото му е објаснато што треба да направи и зошто му го оставил нотесот.
Всушност, нотесот се предава само на една личност и тој функционира само на таа една личност.
Нотесот му ги оживува спомените и прави да се чувствува како да се наоѓа на истото место во истото време.
Тоа е тоа во главно.

Книга бр. 4 : Крај реката Педра седев и плачев - Пауло Коелјо
За оваа книга можам да кажам дека ми беше поучна за некои работи, но ништо посебно. Очекував многу повеќе со оглед дека тоа е дело на Коелјо за кого сметам дека е маестрален, но добро. Исто така, пронајдов и многу добри цитати.
Тема на делото се дечко и девојка кои се знаат уште од мали и се заљубуваат, но тие имаат многу различни погледи на светот. Момчето сака да истражува, додека девојката сака само да заврши факултет и да најде пристојна работа, да се омажи и да живее со мажот, но неговите гледања одат многу подалеку од тоа. Тој замина во по тоа што го брана, но неговата љубов кон девојката останува, па после некое време ја повикува кај него со што доаѓа до пресрт.
На крај остануваат заедно после поминати многу авантури и препреки.

Книга бр. 5 : Сосема нов пријател - Мајк Гејли
Чик литература. Дефинитивно местото и е во таа група.
Се чита брзо, роман кој ве опушта но на крајот не чувствуваш ништо само сфаќаш дека си се 'растресил' од оние работи кои те држеле под притисок. За релаксација.
Главниот лик во овој роман се преселува во Манчестер кај неговата девојка, но таму не може да стекне пријатели. Се обидува преку свршениците на пријателките на неговата девојка, се обидува преку огласи, но ништо од тоа. После некое време тој го пронаоѓа својот пријател со таа разлика што неговиот нов пријател е таа, женско. Со тек не времето се е добро, тој и кажува на својата девојка,таа нема ништо против, но понатака се појавуваат чувства кои остануваат потиснати длабоко внатре.
После добар период чувствата веќе не можат да останат внатре, по што девојката признава што всушност чувствува со што го 'шлогира' главниот лик. Но, не биле тие чувства онакви за какви се претпоставувало дека биле, не знаат ни тие какви се тие чувства, но дефинитивно не се љубовни.
Па така, happy end, таа си наоѓа дечко, тој останува со својата девојка и секој по својот пат.
Просечно.
 

Blackout

An emotional retard
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.690
Поени од реакции
451
#2 Големиот Гетсби - Френсис Скот Фицџералд

Очекував повеќе од кингава пошто беше на врвот на сите „must read'' листи што ги имам видено. Не дека беше лоша, само не беше толку добра колку што очекував дека ќе биде (затоа книги се читаат без очекувања и со неутрален став). Инаку е добра драма, интересна приказна, убаво раскажана и една од подобрите книги од американска книжевност што ги имам прочитано. Поуката од приказната не е нешто ново и спектакуларно, но е одлично пренесена и ќе го натера читателот да размисли за изборите и одлуките што ги носи во животот


3# „Paint it black“ - P.J. Parrish

Не сум љубител на овој жарн ама насловот ми беше премногу привлечен :)
Крими-трилер кој дефинитивно ќе го тера читателот што побрзо да пројде низ страниците и стаса до крајот на книгата. Мора да им признаеме на американците дека ги бива за вакви работи. Романот е навистина интересен, иако е по малку предвидлив. Сепак, она по што ќе ја паметам книгава не е содржината, туку еден од подобрите начини на маркетинг кои ги имам забележано. Имено, на крајот од книгата има две поглавја од друга книга од истиот автор : „The little death''
Досега го немам забележано ова во друга книга и навистина секоја чест за идеата.
 

Ada?

мјаууууу
Член од
4 април 2009
Мислења
490
Поени од реакции
54
4. Втора шанса - Даниела Стил
Најдобро досега од четирите книги што ги имам прочитано досега од авторкава.. доколку сте нејзин фан книгава не смеете да пропуштите да ја прочитате, мене ме освои и ми беше интересна до последната страница. Тоа е љубовна приказна на двајца луѓе кои живеат во потполни различни светови и дали нивната љубов ќе опстои низ судирите на тие различности.. зачинета и со случувања од модата. Би ја опишала како привлечна во секој поглед за понежниот пол. :))

5. Некој како тебе - Сара Десен
Да имав можеби 15 - 16 години книгава ќе ми беше поинтересна но низ нејзините страници често пати се навраќав на мојот средношколски живот така да не ја оставив на пола пат. За тинејџерите можеби би им била интересна да ја читнат па така им ја препорачувам ним.
 

nameleess

N/a
Член од
9 јануари 2010
Мислења
299
Поени од реакции
25
да прашам... 40 книги како 40 сува бројка ја рачунате... дека не е исто да се прочита една книга да речеме од 100 страни пример Малиот Принц, што се чита за ден, два и да речеме да ја прочиташ Ана Каренина од 1000 страници, да знам дали вреди да го прифатам предизвикот, дека не е поентата да читаш секакво срање?
 
Член од
29 јануари 2012
Мислења
28
Поени од реакции
16
да прашам... 40 книги како 40 сува бројка ја рачунате... дека не е исто да се прочита една книга да речеме од 100 страни пример Малиот Принц, што се чита за ден, два и да речеме да ја прочиташ Ана Каренина од 1000 страници, да знам дали вреди да го прифатам предизвикот, дека не е поентата да читаш секакво срање?
Мое мислење е дека бројот на страниците на една книга не го одредува и квалитетот на самата книга. Ми се случува да прочитам книга со 200 до 300 страници и да ми се допадне многу, а да не биде "срање". Исто така има и романи што сум ги прочитала со 500 страници и не ми оставиле некој многу убав впечаток.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom