Предизвик за 40 прочитани книги во 2012, Кажи ДА!

Доколку го прифаќаш штиклирај.


  • Вкупно гласачи
    113
Статус
Затворена за нови мислења.

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Прочитав две, сега ја читам третата.
Првата е папата Јована, која фрла сенка на положбата на жената во раниот среден век и сторијата за една жена која маскирана како свештеник со својата способност се искачува горе во црковната хиерархија за на крајот да стане Папа. Има интересен тек на настаните и се чита набрзина и покрај тоа што е малку пообемна. Мене ми заличи многу на Џејн Ејр додека ја читав,.

Акаша Хроника од Штајнер е втората која е мало книжуле каде што од некаков негов аспект го упишува раѓањето на две фиктивни цивилизации, начинот на размислување кој не е конвенционален како нашиот, настанување и развој на универзумот. Во секој случај книга вредна за размислување и читање.

Третата е Пилешка Супа за Душа која сеуште ја читам, 101 кратки мали стории со мотивациски карактер каде што низ секојдневни примери ни се опишани чувствата како љубовта, чесноста, истрајноста итн итн. Начинот на нарација на книгата е многу едноставен и поентите кои сакаат да се доловат ептен проникливи, така што се чита навистина брзо како сликовница.
 
Член од
29 јануари 2012
Мислења
28
Поени од реакции
16
Морам да кажам дека само поради овој предизвик се зачленив на форумов, бидејќи сакам да читам книги. Сметам дека е сосем добар предизвикот за сите оние кои го сакаат пишаниот збор и предизвиците.
Исто така, мислам дека фонтот на книги е сосема прецизен, 40 е баш доволен број на книги кои би успеале да ги прочитаме во рок од една година.
Досега, значи од 1 Јануари, имам прочитано две книги: "Порака во шише" - Николас Спаркс и "100 празни страници" - Сирил Масарото.
Следна на мојот список е "Сосема нов пријател" - Мајк Гејли.
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
2.806
Поени од реакции
3.062
книга број 3.
"This book isn't real" - Chris L. Chambell во pdf. верзија. Книгата не е комерцијала и воопшто не е позната. Ја најдов на еден странски форум каде што се дискутираше за реалноста, философијата на живот и такви "чудни" работи.
Имам искуство со такви книги која повеќе пере мозок со мешање на религии која повеќе ги отавара очите.
Во оваа книга научно со физички (познати) експерименти на квантната физика се докажува односно ја преставува реалноста од друга перспектива односно со други леќи.
Доколку имате положено физика 2 (модерна) со макс поени (теорија) како мене ^.^ многу добро ќе ги сфатите работите, експериментите односно книгава.

Како и обично од секоја книга вадам еден тон забелешки, некои ќе ги споделам со вас.

"It has been discovered that our brains
make some 90% of our decisions before we are consciously aware of having the option."
"it is impossible for a man TO LEARN what he thinks he already knows"

"Imperfection is beauty, madness is genius, and it’s better to be absolutely ridiculous
than absolutely boring."

"We blame, blame, blame, blame and if we can’t find a person to blame
we can always blame God."

"Albert Einstein:
Peace cannot be kept by force. It can only be achieved by understanding."

"It is because a
small number of few people make a relatively HUGE amount of money by filling our tell-avisions
with nothing more than brain pollution. I heard from an old man once that the
news is used to keep the keep the population at a sixth grade education level and in a
constant state of fear. This man is probably wearing a tin-foil brainwave helmet right now,
but as much as I would love to believe that the news is serving us with the un-biased and
unfiltered truth, it saddens me to see the contrary. It seems as if 80% of the news is
focused on negativity in the world, and the other 20% is spent harping on and on about the
most useless topics. This is because they want to hold our attention. Fear and stupidity are
the two most interesting topics in our society today. Need proof? Turn on the TV.
‘Hello, this is Kathy with Meaningless News. Today we have an
exciting half-hour interview with a 65 year old woman who
thought a raccoon was her cat, took it to bed with her and
lived to tell the story.’
‘That sounds exciting Kathy’
‘Sure does, Bob. Let’s see what John Jacobs has to say about
this story. He is with the woman right now, live. Hey John!’
Wow. That was stupid. The rest of the news consists of this: woman raped, man raped,
child raped, animals raped, trees raped, world raped, startling new evidence that Jesus
may have been raped, your house may catch on fire, your kid might get kidnapped, terror
level red, nope, I meant yellow, GOTCHA! It’s red. Sugar may be killing children, air is killing
children, children are killing children! A guy on some island says the world is coming to an
end! Pooping is bad for you. Scratching is bad for you. The whole world wants to kill us, oil
CEOs say so. COMMERCIAL BREAK. Insane, cannibalistic, serial killer on the loose. Look out
the window he may be in your backyard. That noise could be him. He kills people and eats
them. Seriously. This guy is nuts. And he loves people who fit your description. WEATHER.
While bad things do happen, good things outweigh the bad. It may not seem like it, but I
can guarantee it. You can’t really trust anyone to tell you what to think, do, act like, say,
eat, touch, or even watch on TV….It all boils down to you. Either you become stronger or
weakened by what you perceive to be ‘outside’ of you if you accept everything outside of
you to be true. Most people do and the news spreads paranoia and pessimism like a virus.
Accepting ‘outside’ reality as real, you give it power, power to lead your thinking any way
it wants to. Remember, you can believe whatever you want! A paranoid believes everyone
is watching him. A confident businessman believes he is good at business. You act
according to your beliefs and people respond according to how you act."


“Hell isn’t a physical place, it is a state of being”
"The mind can
only see what it is prepared to see. –Edward Bono"

"If you don’t take control of your brain
someone will always be there to do it for you"
"A famous experiment called the ‘double slit experiment’ (as you will
see), proves unquestionably that the act of observing an experiment changes the
experiment’s results, and the results vary depending on who is observing. It literally shows
us that our presence literally changes the physical world around us at a level too subtle for
the naked eye. It is our conscious awareness and our expectations that create what we
experience in reality."
 

ob1

Член од
7 март 2010
Мислења
9.163
Поени од реакции
25.314
Дојде крајот на Јануари и успеав да прочитам само две книги. Толку ми дозволуваше слободното време што го имав. Ќе видам ако можам да надокнадам во Фебруари. Иначе..

Првата книга: Злосторства од љубов - Маркиз де Сад
Одлична книга, одлична. Не е еден роман, туку поделена е книгата на четири новели. Мајсторски раскажани животни приказни, полни со возбудливи пресврти и драматични заплети. Се гледа дека авторот сака после секоја прочитана новела да не натера да размислиме за истата. Секоја е со длабока приказна и поента на крај. Ја препорачувам, но мислам дека нема на секој да му се свиѓа. Пробајте ја, ако не ви фати око, немора да ја дочитате.

Втората книга: Прирачник за анти-антиалкохоличари - Игор Џамбазов
Сите сме слушнале за книгава и отприлика се знае што се работи во неа. Некој слушнал од другар, познаник друг од телевизија, не е битно. Накратко животната приказна на Игор и врската со алкохолот. Книгата почнува уште од неговата најрана возраст кога го пробал првото пиво, па се до денес. Ја препорачувам на сите, едноставно и многу сликовито е опишано што може алкохолот да му направи на еден човек, колку може да го уништи.
 
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
7.711
Прочитани книги за јануари, 2012:

1. „Шега“- Кундера
2. „Физика на тагата“ - Георги Господинов
3.„Кислород“ - Ендру Милер
4. „Европјани во изумирање“ Карл-Маркус Гаус
5. „Папокот на светот“ - Венко Андоновски ( на хрватски)
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Книга број 1.

Како фудбалот го објаснува светот - Необична теорија за глобализацијата - Френклин Фоер

Интересна е, сега почнувам со неа, има интересни анализи како на пример: Како фудбалот ја објаснува порнографијата, како фудбалот го објаснува еврејското прашање, опстанокот на цилиндрите, па дури и како ги објаснува американските културолошки војни. Има повеќе аспекти, во суштина има работи кои како обичен познавач на фудбалот ретко кој би ги приметил. Одвај чекам да се задлабочам во книгата.
Кога ќе ја прочитам, ќе кажам нешто повеќе. :)
Завршив со книгава и морам да кажам дека сум одушевена. Прекрасна книга, која верувам дека секој љубител на фудбалот ќе ја прочита со одушевување. Би се изненадиле кога би прочитале што се не прават жените во Иран за да присуствуваат на фудбалски натпревари, меѓу другото се облакале и како машки за да одат, затоа што им било забрането. И после нека збори некој дека жените сакаат фудбал затоа што фудбалерите им биле убави. Браво за жените во Иран! Целосна поддршка имаат од мене.(y) Интересен опис и податоци за клубови како Милан, Барселона, Челзи, Тотенхем, но и за не толку познати клубови. Ептен позитивно изненадена од книгава. Меѓу другото, ќе споделам и еден цитат, каква пропаганда има во Америка против фудбалот. Знаеме дека таму тоа не е популарен спорт, но во минатото имало екстремни противници, во некои лиги било забрането да се удира топката со глава затоа што тоа “предизвикувало сериозно нарушување на здравјето на децата“. А рагбито не предизвикува нарушување, а? :cautious:Имено, цитатот е од бивш играч на американски фудбал, Џек Кемп, кој кога САД се кандидирале за да бидат домаќини за Светското првенство, во 1986 излегол со строг протест против овој потег, велејќи дека: “Верувам дека е важно за сите тие млади луѓе во Америка, кои се надеваат дека еден ден ќе играат американски фудбал, во кој топката се фрла, се шутира и за неа се трча и се носи во рацете, да се истакне дека американскиот фудбал е демократија и капитализам, а европскиот фудбал е социјализам.“ Имајќи во предвид колкава е пропагандата против социјализмот и комунизмот и колку овие идеологии и уредувања се омразени во Америка плус како бонус и Студената Војна, може да се забележи и ирационалната пропаганда против овој спорт. Перење мозок до даска.
Требаше ова да биде краток осврт, ама се заборавив.:icon_mrgr: Предобар впечаток ми остави книгата, затоа и си земав слобода малку повеќе да елаборирам.

Одиме понатаму.

Книга број 2.

Хроники - Боб Дилан

Сега ја почнувам книгата, така да не можам многу да зборувам за неа, но верувам дека ќе е одлична, земајќи во предвид каков човек е Боб Дилан и колкаво е неговото музичко искуство. Се нетрпение чекам да продолжам со книгата.
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
6. Дебора Могах - Последна опомена
Откога ја прочитав Времето на лалињата од истата писателка, си реков морам да ги прочитам и останатите нејзини книги. Оваа има сосема поинаква содржина и стил на пишување. Значи Времето беше историска љубовна книга, а оваа тепа накај крими.
Во секој случај не сум воопшто воодушевена. Преодна оценка, особено бидејќи очекувањата ми беа поголеми.

7. Бесконечна приказна - Михаил Енде
Ех, преубаво книжуле. Детска е, ама многу ми е гајле. Има преубави метафори. Ќе ве натера на размислување. Како мала ја имав читано, затоа сега пак, ама сега некако на поинаков начин ја восприемав :) Магична книга.
 
Член од
6 јануари 2011
Мислења
1.059
Поени од реакции
2.684
Книга бр. 3 - Дали ме чекаш - Гијом Мисо
За оние кои веќе имаат читано нешто од Гијом Мисо, содржината на книгата и нема баш нешто многу да ги запрепасти. Во секој случај интересна приказна во која главниот лик Елиот како благодарност од еден човек затоа што му го спасил животот на неговиот син го прашува која е неговата најголема желба. Кога Елиот одговара дека тоа е да ја виде Илејна, жената која е мртва веќе 30 год. човекот му дава 10 пилули со чија помош Елиот ќе може да се врати 30 год. во минатото и можеби и да успее да ги промени нештата... Книгата едноставно не ви дозволува да ја испуштите од раце.
 
Член од
4 март 2011
Мислења
708
Поени од реакции
727
Не е фер поставена анкетата.
Сакам предизвици, ама мислам дека ми е доста од книги. Доста ми минуваше животот во читање на туѓи будалаштини.
Значи дека крајно време ти е да прочиташ некоја книга, а не „будалаштини“
--- надополнето: 4 февруари 2012 во 21:53 ---
40 книги при овие обврски? Само ако се големи колку што е Зоки Поки. Можеби 10 ќе прочитам затоа што книгите кои ги читам се доста тешки. Како на пример Степскиот Волк-Хермал Хесе
Книга се чита за да уживаш во неа, а не да ти претставува тежина!
Инаку, писателот се вика Херман, а не Хермал
 
Член од
6 декември 2011
Мислења
2.027
Поени од реакции
3.357
Значи дека крајно време ти е да прочиташ некоја книга, а не „будалаштини“
--- надополнето: 4 февруари 2012 во 21:53 ---


Книга се чита за да уживаш во неа, а не да ти претставува тежина!
Инаку, писателот се вика Херман, а не Хермал
Да точно Херман, печатна грешка. Не демантирам дека книгите претставуваат тежина или обврска, само на првите 5 страни кога си уморен заспиваш и нема ефект.
 
Член од
4 март 2011
Мислења
708
Поени од реакции
727
Прочитани книги во 2012:

1. Кутија во облик на срце - Џо Хил
2. Храна на љубовта - Ентони Капела
3. Мачка и глушец - Џејмс Патерсон
4. Барскиот цвет - Леа Јакобсон

Моментално ја читам Сенка на ветрот од Карлос Руиз Зафон, одлична е!
--- надополнето: 4 февруари 2012 во 22:06 ---
Да точно Херман, печатна грешка. Не демантирам дека книгите претставуваат тежина или обврска, само на првите 5 страни кога си уморен заспиваш и нема ефект.
Не ми кажви мене колку е тешко уморен да читаш, работа, бебе, едвај малку време за читање...
 
Член од
6 декември 2011
Мислења
2.027
Поени од реакции
3.357
Не ми кажви мене колку е тешко уморен да читаш, работа, бебе, едвај малку време за читање...
Не ти кажувам, извини:icon_lol:. Живо и здраво да ти е бебенцето големо да растит.:)
 
Член од
4 март 2011
Мислења
708
Поени од реакции
727
Не ти кажувам, извини:icon_lol:. Живо и здраво да ти е бебенцето големо да растит.:)
Хаха, не мислев на тој начин кога реков „не ми кажви мене...“ нема потреба да се извинвиш, мислев само дека познато ми е мене како е да си уморен...
Инаку, фала и поздрав ;)
 
Член од
6 декември 2011
Мислења
2.027
Поени од реакции
3.357
Хаха, не мислев на тој начин кога реков „не ми кажви мене...“ нема потреба да се извинвиш, мислев само дека познато ми е мене како е да си уморен...
Инаку, фала и поздрав ;)
Јас пак кога го прочитав прв пат, си реков што ми зборува човеков, што ме напаѓа без потреба:eek:.
Но потоа кога го прочитав уште еднаш цитатот, сватив. И јас сум охриганец, затоа те разбрав, да цитираше до сега некој скопјанец, веќе ќе имаше расправија:D
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom