после два дена славење, денес денот го посветив на рехабилитација, слушајќи chill радио (без реклами) и првата книга од овој предизвик.
Романи престанав да читам пред три четири години, се склонив кон книги за подобрување на способности, психологија на човек и други полиња.
Бидејќи немав купено книга, најдов еден роман од Јасмина Кадра - "АТЕНТАТ " која ми ја имаше подарено другар за роденден пред година, и почнав да ја читам. Досега приказната ми беше многу интригирачка и те држи во љубопитност што понатаму.
за целосна рецензија и мислење за книгата ќе пишам кога ќе ја прочитам.