Прв бакнеж

Член од
26 ноември 2007
Мислења
13
Поени од реакции
0
На 14 години со тип, со кој и ден денес сме си верни:wink:
 

--**ЕмА**--

take me as i am
Член од
14 ноември 2007
Мислења
380
Поени од реакции
11
Во седмо одделение на 29. август хаха :) и прекрасно ми беше зошто дечкото го свиѓав едно пола година и повеќе... и ден денес не сум толку возбудена пред бакнежот како првиот пат
 

Фокси

Talk nerdy to me
Член од
11 октомври 2007
Мислења
2.358
Поени од реакции
1.390
vo 8 odd so momceto koe go sakav mn i toj nemase pojma deka mi e toa prv baknez nekako mi bese glupo ama posle ubo stana:)
 

Goddess of Chaos

Nixe Nox
Член од
16 август 2005
Мислења
6.250
Поени од реакции
228
Ехх цуценце беше првион, никогаш не дозна колку мака видов за да му направам толку психоделии и да се доберам до него, и дека беше прв за многу нешта.
До ден денес решаваме синуси заедно.
 

Maryah.C

Be a bee
Член од
9 јуни 2006
Мислења
4.001
Поени од реакции
710
Беше тоа летото 2003 ...Ја 13 годинки ..он 15..Другар на братучед ми:tapp:
Као демек ми се свиѓаше типот...и излезени со другарки и он доаѓа и муабет нешто бла бла и као ме вика да идеме у градинка..
Отидовме таму..среќа немаше многу деца.. и знаев дека ке се случи тогаш.. и прво муабети,муабети,муабети... памтам само дека шљапаше некои глупости цела вечер....И после ми појде..и така претрпев цел сат лигавење со него..ни он не беше искусен..:jaj: а на крај толку ми стана досадно што одвај чекав да каже да одиме кај другите , ја се срамев:kesa: И кога на дечкото конечно му текна да идеме бев цела таква среќна,изгубена..

Се на се ...слатко беше...сега кога се потсеќам смешно е...ех дечиња:pipi:
 
Член од
7 декември 2007
Мислења
43
Поени од реакции
0
Ne mi se smejte, ve molam.
Jas vo 7 idev so eden tip, ama ne se bacuvavme, samo onaka idevme i izlagavm i se guskavme 6 meseci! da, da , 6 meseci ! I potoa na edna zabava, on me baci i mi pusti jazik i posle ubavo mi stana haha:pos2:
 
Член од
10 септември 2007
Мислења
184
Поени од реакции
1
sho znam koga izlea bese 14 najkasno 15 si igravme so drugarite vistina ili predizvik :D:D:D:D i taka ja 3 pat me namestija so edna cura i se desi sho se desi :D ali nemase nekoi jaki custva samo custvoto na nepoznatato pa si rekov aj i ja da probam :)
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.712
Поени од реакции
13.404
ептееен доцна се деси и тоа чудо (не ги наведувам причините зошто). Пред 3 месеци кај жена-паркот :kesa: :kesa:. Чувството беше магично бев замајан долго време. Цели 6 часа сонцето ме грееше иако надвор истураше дожд.
 
Член од
23 декември 2007
Мислења
41
Поени од реакции
0
ehe vreminjaaaa

Eh koga ke se potsetam na miliot moj....taka nie mladi,zaljubeni si setame niz parkot,jademe sekerna volna.....tuka bea prvite baknezi
:back:
 
Д

Демијан

Гостин
Мислам дека бев шестто одд за седмо! Летото со девојче од моето одделение.. Имн се срамев и она ме пољуби!!!:kesa:
 
Член од
23 декември 2007
Мислења
330
Поени од реакции
159
mojot prv baknez se sluci pred nekoe vreme i bese mn jak. iznenaduvacki bese se galevme i naednas dvajcata se doblizivme i se zalapavme :kesa:i posle sledea mn poveke i poveke baknezi :pos2:i taka
 

La Española

Лекот е отров!
Член од
1 февруари 2007
Мислења
1.808
Поени од реакции
556
Беше тоа во „далечната“ 2005, лето Господово 2005...
Бев на одмор со другарките во Охрид и шетајќи случајно си ја сретнав мојата прва љубов (значи, со дечково се знаеме 4 години, не бевме од исти град, се гледавме 4 пати во годината, по еднаш секое годишно време :pos:, и цело време се сакавме, никако не признававме и главно беше те сакам јас тебе ме сакаш ти мене ама не во исто време :toe:)
И си заминав веднаш јас со него, одамна не сме се виделе па муабети, ова она, беше супер, беше толку опуштено, па и како да не биде, „цел“ живот се знаеме. И отидовме на Ајван плажа, сакам такви местенца мрачни и тивки, седнавме под едно дрво, јас лежев на неговите гради :)
Местото, какво што од секогаш сум сакала, плажа, се слушаа брановите, над нас ведро небо, полна месечина, пред нас Охрид во цел свој сјај, со мене дечко со кого највеќе сум се зближила... Совршено!
Се уморивме од зборување и му реков дека сакам малку да уживам во тишината (непоправлив романтичар :tapp:) Така се спуштив кај него во скут, се испружив целата на песокот и зјапав во ѕвездите додека тој нежно ме галеше по косата. Ги затворив очите- ми беше прекрасно. Одеднаш ги почувствував неговите усни на мојот врат. Поминаа години, незнаев дека е можно сеуште нешто да чувствува за мене... Си помислив- а ти? дали ти нешто чувтвуваш за него? Можеби ми беше само мил, беше мојата прва неостварена љубов, првото машко со кое имав толку близок однос, но само толку.... Бев толку збунета... Но тој не ми даде многу време да размислувам- Неговите усни почнаа да се движат од вратот, кон брадата и ... се споија со моите: Беше тоа една долга игра со усни, беше тоа мојот прв нецелосен бакнеж.
Беше прекрасен, беше во совршени околности, со совршена личност... :wub:

За мојот целосен бакнеж, односно оној Franch Kiss- anothertime >)
Како што ветив сега одиме на мојот прв Franch Kiss...
Епа вака беше... Истата година, истото лето, со истата личност, наредниот ден после мојот нецелосен бакнеж...
Како и претходните вечери вообичаено кај 21.00. се чекавме кај малото пристаниште и ја поминувавме заедно ноќта (е сеа не цела ама, поголемиот дел). Овојпат го најдов на клупите пред пристаништето... Дуваше многу ветер, езерото беше разбранувано, брановите плискаа и на пристаништето, беше ладно покрај шеталиштето... На нашата плажа поради ветрот и брановите не можевме да одиме, така да тргнавме во потрага на ново место...
И најдовме... Некое си игралиште, паркинг, и што ли не... Али ја забележив едно дрво во неговиот крај, така специфично и големо со гранките и лисјата спустени до земја, како колиба беше, па предложив да одиме таму... Се сместивме под дрвото, бевме навистина како во колиба :pipi:
Пак му легнав по прегратка, и пак почна да ме гали, да ме бакнува по лице, по врат... Бидна и некој бакнеж... Па после нешто се запречкавме, и следуваше долга тишина и само така кулирање... Па почна да светка и да грми, прекрасна глетка... По кратко почна и да врне, онака летен дожд... Капките дожд само делумно стигнуваа до нас запирани од лисјето... Ме прегрна со рацете преку стомак, и почна да го гали, во меѓувреме почна да ме бакнува по врат почнуваќи од брадата па се до клучната коска, па повторно назад, се до усните, па ни се споија и усните, и изгледа малку страста се разбуди :kesa: па бакнежот отиде понатака т.е. се случи мојот прв целосен бакнеж :pipi: Долж бакнежот и се тоа што му претходеше од неколку метри од нас идеа звуците на гитари и весело пеење... Се свиреше и пееше песната „Криво је Море„. Откако бакнежот престана дечкото ми рече: „Песнава е за тебе, ти одговара„... Се сетив на текстот и си реков во себе- па да, можеби езерото е криво :pipi: Прекрасна ноќ...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom