Прашања за Христијанството II

Статус
Затворена за нови мислења.

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.279
Аууу, Стефус, ќе морам да се согласам сос Тебе...:D

Да, „..верата е пред крвта...„ (што значи дека верската определба има предимство пред националната припадност и патриотизмот...), но извртувањето на овој принцип, не‘ води во постојнава состојба, каде на нашите мили ем драги соседи, побитна им е политиката (која баш и нема јака врска со патриотизмот..) отколку верата во Христа, Кому му припаѓаат сите помесни православни Цркви. Но ете, на некои од тие Цркви, помила им е овосветовноста од вер(б)ата Христова па на секој начин се обидуваат да не‘ снема...
Ти Мики дали сметаш дека МПЦ правилно се одвои од СПЦ. И дали лично би ти сметало МПЦ да се врати под надлежност на СПЦ?
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
МПЦ воопшто не се одвои од СПЦ. Се‘ дур тргнуваш од таа премиса, ќе бидеш во криво. Токму ОА ја создаде пеќката патријаршија, денешна СПЦ. ОА беше укината во 1767 од тогашниот султан, што не значи дека ОА изчезна, туку свештенички продолжи да битисува под управа од грчката и бугарската Црква. Во 1967 г. МПЦ беше возобновена, а не новоформирана помесна Црква од македонскиот народ. За тоа возобновување, на МПЦ и‘ беше потребно пренесување благослов од друга помесна православна Црква, во случајот тоа беше СПЦ, оти во рамките на тогашна СФРЈ, МПЦ и немаше друг избор, освен да се потпре на сестринската Црква-ќерка.

МПЦ-ОА нема потреба да се враќа некаде и некому, оти, како што вели Г. Г. Стефан, православниот Свет нема центар на моќ, кој некому одредува или му забранува да се нарече помесна Црква.

Така, Црквата-мајка не е должна да биде под надлежност од Црквата-ќерка.

Она кое за мене лично е битно, тоа е дека, се‘ дур во МПЦ се валидни и ефективни Светите Тајни и молитвите, сеедно ми е дали некој ме/не‘ признава или не. Јавна тајна е дека МПЦ не е признаена од политички причини, поставени од нашите соседи, а не од неисполнувањето на црковните канони од страна на МПЦ. Тековно, во Македонија доаѓаат преставници од другите помесни Црви, за кои е очигледно постоењето Црква и во Македонија и кај македонскиот народ.
 
И на Вранишковски е тогаш легална цркваа... и било кој свештеник кој ќе оформи своја “православна“ црква во македонија... Кавадаречка архиепископија... Новоселска...
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960

Точно така, и ти можеш утре да си отвориш православна црква и да речеш: „Оваа не е нова црква, оваа е возобновената Охридска Архиепископја“. Така функционира тоа во православната логика.
Патем, црквата на Вранишковски е легална православна црква бидејќи е признаена од мајката црква (СПЦ), за разлика од МПЦ која нема автокефалност, која нема благослов од своја мајка црква.
 
n/a

Член од
28 декември 2011
Мислења
1.194
Поени од реакции
2.258

Сега, ќе се повторам, ама ненамерно си го избришав одговорот:
Вие не знаете како функционира „православната логика“. Ниту имате поим какво значење има овој внатрешен православен проблем, ниту каков опсег, ниту, пак, во крајна линија ве засега на било кој начин...

Инаку, секој може да си рече што сака, но секому му досега погледот до каде што сака да гледа: некој ќе ја види површината на водата, некој и камчињата на дното, а некој и ќе нурне за да испита подобро....
--- надополнето: 21 март 2012 во 02:40 ---
Разумот нема врска со она што природата (господ, за тебе) го дала.
Епа токму разумот (и говорот) е непремостливата бездна која го дели човекот од сите други живи битија.... Никој не може да го избере својот надворешен изглед.... е сега, за „внатрешниот изглед“, не само што може, туку и секој го прави тоа - свесно и со знаење (помало или поголемо).
И повторно, секој има слобода да го избере критериумот по кој ќе го „слика“ својот „внатрешен изглед“... тоа ако не е работа на избор... не знам што е?
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
И на Вранишковски е тогаш легална цркваа... .
Формално-правно, според црковното право, Вранишковски навистина има легална Црква. Но таа црква, од која ништо не остана, беше во спротивност со световните закони во РМ, кои не допуштаат постоење на две цркви-заедници на ист основ, во случајов, две православни Цркви, оти во РМ веќе постои МПЦ-ОА.

Така, јасно е дека формално-правното запазување не е доволен услов да формираш Црква, особено ако намерата за нејзино формирање е зла, што и се виде од црквата од Вранишковски.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Формално-правно, според црковното право, Вранишковски навистина има легална Црква. Но таа црква, од која ништо не остана, беше во спротивност со световните закони во РМ, кои не допуштаат постоење на две цркви-заедници на ист основ, во случајов, две православни Цркви, оти во РМ веќе постои МПЦ-ОА.
Има две причини зошто, и покрај сите притисоци од Европската Унија, тој закон се уште опстојува во нашата држава.
1. МПЦ на тој начин си го штити монополот на Македонскиот пазар.
2. Православието како религија е замотано со национализам и етнофилетизам, па затоа не допушта спрска или бугарска црква тука, затоа што тоа го гледа како националистичко жариште, како бугаризација, српско влијание и сл.

Интересно е што овој проблем не постои кај другите цркви, па така во Македонија си постојат 2 адвентистички цркви, 2 баптистички цркви, има неколку пентекостални цркви, ама нема никаков проблем со тоа, бидејќи тој закон во суштина и не е направен за нив, туку направен е само за да го штити монополот на МПЦ. Тоа е јавна тајна.

Интересно е што во, на пример, Америка, Австралија, таму ваков закон не постои и затоа таму си постојат МПЦ во Америка, МПЦ во Австралија. Едноставно Америчката и Австралиската православна црква не се плашат од конкуренција на пазарот
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
1. МПЦ на тој начин си го штити монополот на Македонскиот пазар.
МПЦ-ОА е помесна Црква од македонскиот народ. Кога ќе постојат два македонски народи, ќе има и две Цркви. Засега, има една и таа е повеќе од доволна. Законите македонски, не бранат формирање и на други верски заедници, но без „дуплирање„.
--- надополнето: 21 март 2012 во 10:23 ---
2. Православието како религија е замотано со национализам и етнофилетизам, па затоа не допушта спрска или бугарска црква тука, затоа што тоа го гледа како националистичко жариште, како бугаризација, српско влијание и сл.
Да, во православието има и национализам и етнофилетизам. Проблемот не е во „имањето„, туку во изместувањето на националноста пред вероисповеста.
--- надополнето: 21 март 2012 во 10:25 ---
Интересно е што овој проблем не постои кај другите цркви, па така во Македонија си постојат 2 адвентистички цркви, 2 баптистички цркви, има неколку пентекостални цркви, ама нема никаков проблем со тоа, бидејќи тој закон во суштина и не е направен за нив, туку направен е само за да го штити монополот на МПЦ. Тоа е јавна тајна.
Со оглед на тоа на колку дела се распадна изворниот адветнизам после неговите „утки„, не ме чуди да има и 5 адвентистички заедници во Македонија.
Исто важи и за другите „..исти„.
--- надополнето: 21 март 2012 во 10:27 ---
Интересно е што во, на пример, Америка, Австралија, таму ваков закон не постои и затоа таму си постојат МПЦ во Америка, МПЦ во Австралија. Едноставно Америчката и Австралиската православна црква не се плашат од конкуренција на пазарот
Интересно е и Твоево незнање, дека МПЦ има свои црковни општини и во САД и во Австралија, кои не се засебни Цркви, туку во склоп од матичната МПЦ во Р Македонија. Слична е и состојбата на пример, со СПЦ и нејзините општини во САД и на други места.

Но добро, битно е да имаш причина за плукање по Црквата, па нека биде тоа и обично незнаење.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
МПЦ-ОА е помесна Црква од македонскиот народ. Кога ќе постојат два македонски народи, ќе има и две Цркви. Засега, има една и таа е повеќе од доволна. Законите македонски, не бранат формирање и на други верски заедници, но без „дуплирање„.
Македонија не е православна земја, туку секуларна земја. Тоа јасно стои во Македонскиот устав. Македонскиот граѓанин има слобода на вероисповед. Иако мнозинството на попис и на уста се декларираат како православни, сепак многу од македонците не се православни, туку си веруваат во она што сакаат да си веруваат.

А што е со Америчкиот народ во Македонија? Знаеш ли дека постојат и американци кои се православни? Зарем тие немаат право на своја црква, како што и македонците си имаат своја МПЦ во Америка?

Да, во православието има и национализам и етнофилетизам. Проблемот не е во „имањето„, туку во изместувањето на националноста пред вероисповеста.
Мило ми е што го признаваш тоа.

Со оглед на тоа на колку дела се распадна изворниот адветнизам после неговите „утки„, не ме чуди да има и 5 адвентистички заедници во Македонија.
Исто важи и за другите „..исти„.
Сепак нема 5, туку само 2 адвентистички цркви. Кога законот не би го штител монополот на МПЦ, би имало повеќе од 2 православни цркви. Кој е сега поголема утка? :)

Интересно е и Твоево незнање, дека МПЦ има свои црковни општини и во САД и во Австралија, кои не се засебни Цркви, туку во склоп од матичната МПЦ во Р Македонија. Слична е и состојбата на пример, со СПЦ и нејзините општини во САД и на други места.
Па јас не реков дека тоа се засебни цркви, туку јасно пишав „МПЦ во Америка“ и „МПЦ во Австралија“.
Прашањето е зошто законот не дозволува „Америчка православна црква во Македонија“? Или ајде, со твојот речник, зошто не дозволува црковни општини на Америчката или Австралиската православна црква во Македонија? :)
Шо толку МПЦ се плаши од конкуренција и од нарушување на монополот?
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Македонија не е православна земја, туку секуларна земја.
Не зезај: Македонија како држава, според световниот правен поредок, може да биде секуларна, пошто во неа живеат и немакедонци по род, битно е дали македонскиот народ исповеда духовност во облик од православна вера.
--- надополнето: 21 март 2012 во 10:51 ---
А што е со Америчкиот народ во Македонија?
Кој е тој „амерички„ народ во Македонија?
--- надополнето: 21 март 2012 во 10:52 ---
Знаеш ли дека постојат и американци кои се православни?
Не, не знаев до пред 5 мин, чекав Ти да ми кажеш...:icon_lol:
--- надополнето: 21 март 2012 во 10:53 ---
Зарем тие немаат право на своја црква, како што и македонците си имаат своја МПЦ во Америка?
Американските граѓани, кои се по род македонски, по второ, трето или не знам кое колено, веќе се дел од црковните општини од МПЦ во САД.
--- надополнето: 21 март 2012 во 10:54 ---
Мило ми е што го признаваш тоа.
А бев и многу јасен што признавам-не ми ги извртуј зборовите.
--- надополнето: 21 март 2012 во 10:55 ---
Сепак нема 5, туку само 2 адвентистички цркви.
Лично тоа не ме засега, оти може да ги има и 34, тоа нема да ја промени мојата вероисповест.
--- надополнето: 21 март 2012 во 10:56 ---
Кога законот не би го штител монополот на МПЦ, би имало повеќе од 2 православни цркви. Кој е сега поголема утка? :)
Законот е јасен: не допушта „дупликат„ Цркви, кои исповедаат иста вера, на ист начин.
--- надополнето: 21 март 2012 во 10:58 ---
Прашањето е зошто законот не дозволува „Америчка православна црква во Македонија“? Или ајде, со твојот речник, зошто не дозволува црковни општини на Америчката или Австралиската православна црква во Македонија? :)
Шо толку МПЦ се плаши од конкуренција и од нарушување на монополот?
„Америчка„ православна Црква има во САД и јасно е на кое граѓанство се однесува. Кога во РМ ќе има американски граѓани во неколку генерации, можеби ќе можат да основаат црковни општини и во РМ, од нивната матична Црква.
 
Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
Дали СПЦ (Не сметајќи го Вранишковски) има свои црковни општини во Македонија? Дали има БПЦ или ГПЦ? Колку што знам нема Македонски црковни општини во Србија, Грција или Бугарија. Бидејќи православните цркви се национални постои спрега меѓу државата и Православната Црква да се заштити монополот на верниците од етникумот чија национална држава е таа. Така да не е само проблемот во тоа што црквите се национални туку и во тоа што државата го спонзорира тоа и дава законски услови за црковен монопол. Ако се смени тоа (а нема шанси) тогаш може да се зборува за православно единство вака секој е заглавен во својата етничка црква. Има гадна смеса од религија и национализам а сето тоа е спонзорирано од државата и црквата.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Дали СПЦ (Не сметајќи го Вранишковски) има свои црковни општини во Македонија? Дали има БПЦ или ГПЦ? Колку што знам нема Македонски црковни општини во Србија, Грција или Бугарија.
И ја така и толку знам, не повеќе.
--- надополнето: 21 март 2012 во 13:27 ---
ДБидејќи православните цркви се национални постои спрега меѓу државата и Православната Црква да се заштити монополот на верниците од етникумот чија национална држава е таа.
Не гледам проблем, особено имајќи ги на ум историските настани и релации меѓу балканските народи и Цркви и во поновата и во постарата историја. Не е ништо нелегитимно, ако некој сака да го заштити своето...Во некои поинакви и поповолни релации, можно е денешниве Цркви од Балканов, да имаат и свои црковни општини и кај соседните народи, меѓу својата дијаспора, како што тоа го допуштаат државите со повеќе демократска традиција на владеење.
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
532
Поени од реакции
614
Има две причини зошто, и покрај сите притисоци од Европската Унија, тој закон се уште опстојува во нашата држава.
1. МПЦ на тој начин си го штити монополот на Македонскиот пазар.
2. Православието како религија е замотано со национализам и етнофилетизам, па затоа не допушта спрска или бугарска црква тука, затоа што тоа го гледа како националистичко жариште, како бугаризација, српско влијание и сл.

Интересно е што овој проблем не постои кај другите цркви, па така во Македонија си постојат 2 адвентистички цркви, 2 баптистички цркви, има неколку пентекостални цркви, ама нема никаков проблем со тоа, бидејќи тој закон во суштина и не е направен за нив, туку направен е само за да го штити монополот на МПЦ. Тоа е јавна тајна.

Интересно е што во, на пример, Америка, Австралија, таму ваков закон не постои и затоа таму си постојат МПЦ во Америка, МПЦ во Австралија. Едноставно Америчката и Австралиската православна црква не се плашат од конкуренција на пазарот
Во Македонија постојат 2 баптистички цркви, 2 адвентистички цркви бидејќи се производ на феноменот на хидрата. Откинати од католичката црква, протестантите се множат уште од самиот нивен зародиш и сеуште се множат и ќе се множат.

4 цркви плус останатите (едно десетина, можеби и повеќе) не можеа на пропаднатиот попис да се одлучат како ќе се декларираат во графата за верска определба. Целта им беше да испаднат во поголем број на тој начин што ќе се согласеа сите да се напишат под едно единствено име. Но немаше ни е од единство и едногласност. Ако се додаде на ова дека и еден баптист/методист за некое религиозно прашање си има едно мислење, другиот друго, и како резултат на тоа настанува нова црква, секако под истото име. Ете ја причината зошто постојат дупликати на протестантски цркви.
 
Член од
9 ноември 2011
Мислења
59
Поени од реакции
11
Чиста политика и националшовинизам е причина за конфликт меѓу МПЦ-ОА и останатите православни цркви пред се СПЦ и ГПЦ. Нема врска ни со Бог ни со православие. Незнам како ќе им суди Бог на тие што го ставаат национализмот пред Бог. Не би требало да завршат многу црковни високодостоинственци во Рајот. Дури и незнам дали вреди да си поданик на такви цркви кој не го следат божјиот пат и на прво место им се овоземски национализми. Не ја гледам божјата промисла во создавање на национални цркви. Нема никаква логика кај го пишува тоа во Библијата?
За да се дознае вистината, не треба да гледаш или следиш само една страна, зошто и за Евреите Господ Исус Христос не бил ништо друго освен еден предавник на сопствениот народ. Затоа треба да се бараат одговорите на повеќе места, така прво ќе дознаеш како дошло до национални цркви, а потоа дали тоа е политика или не. Во ниту еден црковен канон не пишува дека власта прогласува црква, а уште помалку власт предводена од комунисти. Треба повеќе да прочиташ која е поврзаноста меѓу Бог-царот-првосвештеникот. Црквата не настанала во 20 век, таа води потекло од создаванјето на светот, зошто таа не е објект, туку е многу повеќе. Таа претставува цела една хиерархиска поставеност на сите ангелски чинови и оние на земјата, а глава е Исус Христос. Целата вистина за Црквата нема никаква врска со една организација или фирма основана од човек. Затоа ако сакаш да знаеш, читај не само Светото Писмо, туку и светите оци за да ти се разјасни. Не само тебе, туку на сите нас луѓето.
--- надополнето: 21 март 2012 во 14:18 ---
Во секоја д
И ја така и толку знам, не повеќе.
--- надополнето: 21 март 2012 во 13:27 ---

Не гледам проблем, особено имајќи ги на ум историските настани и релации меѓу балканските народи и Цркви и во поновата и во постарата историја. Не е ништо нелегитимно, ако некој сака да го заштити своето...Во некои поинакви и поповолни релации, можно е денешниве Цркви од Балканов, да имаат и свои црковни општини и кај соседните народи, меѓу својата дијаспора, како што тоа го допуштаат државите со повеќе демократска традиција на владеење.
Во секоја друга канонска православна црква: руската, српската, грчката, бугарската, романската, албанската...се дозволува градење на црква од друга национална црква, на пример: во Србија има грчка, романска, руска православна црква, во Грција има српска, руска православна црква, во Бугарија исто, значи на секаде зошто тоа е заедничарењето на сите канонски праволсавни цркви и народот во една држава има право да оди во која сака православна црква, значи не мора да биде таа во која нација припаѓа, значи еден романец може да оди во бугарска православна црква ако сака, никој не му брани-САМО ВО МАКЕДОНИЈА Е ЗАБРАНЕТО ВАКВО НЕШТО- зошто МПЦ е расколна. Значи МПЦ забранува!!!???
--- надополнето: 21 март 2012 во 14:24 ---
Дали СПЦ (Не сметајќи го Вранишковски) има свои црковни општини во Македонија? Дали има БПЦ или ГПЦ? Колку што знам нема Македонски црковни општини во Србија, Грција или Бугарија. Бидејќи православните цркви се национални постои спрега меѓу државата и Православната Црква да се заштити монополот на верниците од етникумот чија национална држава е таа. Така да не е само проблемот во тоа што црквите се национални туку и во тоа што државата го спонзорира тоа и дава законски услови за црковен монопол. Ако се смени тоа (а нема шанси) тогаш може да се зборува за православно единство вака секој е заглавен во својата етничка црква. Има гадна смеса од религија и национализам а сето тоа е спонзорирано од државата и црквата.
Никоја православна црква во својата земја нема монопол на својата црква освен МПЦ во Македонија затоа што е расколна. Тоа го прави за да го држи народот во помраченост дека тие се вистинските и дека сите останати се виновни, да не ја сфати народот вистината дека со денеции се лажени од сите тие високи свштеници во МПЦ.
 
Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
За да се дознае вистината, не треба да гледаш или следиш само една страна, зошто и за Евреите Господ Исус Христос не бил ништо друго освен еден предавник на сопствениот народ. Затоа треба да се бараат одговорите на повеќе места, така прво ќе дознаеш како дошло до национални цркви, а потоа дали тоа е политика или не. Во ниту еден црковен канон не пишува дека власта прогласува црква, а уште помалку власт предводена од комунисти. Треба повеќе да прочиташ која е поврзаноста меѓу Бог-царот-првосвештеникот. Црквата не настанала во 20 век, таа води потекло од создаванјето на светот, зошто таа не е објект, туку е многу повеќе. Таа претставува цела една хиерархиска поставеност на сите ангелски чинови и оние на земјата, а глава е Исус Христос. Целата вистина за Црквата нема никаква врска со една организација или фирма основана од човек. Затоа ако сакаш да знаеш, читај не само Светото Писмо, туку и светите оци за да ти се разјасни. Не само тебе, туку на сите нас луѓето.
--- надополнето: 21 март 2012 во 14:18 ---
Во секоја д

Во секоја друга канонска православна црква: руската, српската, грчката, бугарската, романската, албанската...се дозволува градење на црква од друга национална црква, на пример: во Србија има грчка, романска, руска православна црква, во Грција има српска, руска православна црква, во Бугарија исто, значи на секаде зошто тоа е заедничарењето на сите канонски праволсавни цркви и народот во една држава има право да оди во која сака православна црква, значи не мора да биде таа во која нација припаѓа, значи еден романец може да оди во бугарска православна црква ако сака, никој не му брани-САМО ВО МАКЕДОНИЈА Е ЗАБРАНЕТО ВАКВО НЕШТО- зошто МПЦ е расколна. Значи МПЦ забранува!!!???
Напишав погоре МПЦ нема општини во Србија, Бугарија и Грција така да нема логика да имаат БПЦ, СПЦ и ГПЦ општини во Македонија. Така е најправедно. А како настанала црквата баш и не ме интересира. Како така...важно ја има сега.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom