Големата трагедија е што МПЦ е расколна црква, таа не е во заедница си ниту една православна црква, а православните цркви делуваат како една апостолска црква. Значи постои една света апостолска црква-Православна црква, а МПЦ не е во заедница со сите останати, во 1967 година тогашното политичко раководство решило да ја прогласи МПЦ за самостојна, а никаде во ниту еден црковен канон не пишува дека државните власти формираат црква. Како самооснована МПЦ е расколна и затоа се е наопаку во Македонија. Да биде трагедијата уште поголема и останатите канонски православни цркви се заразени од екуменизмот-спојување со католиците, што е исто големо предавство на Православието. Се ова што се случува е со Божја промисла за да се дојде до совршени свештеници и верници кои се во многу мал број, но се вистински, а и сам Господ Исус Христос рече дека Неговото стадо е мало. Мал ќе биде бројот на оние кои ќе влезат во Царството небесно, затоа ако и малку верувате во Бога, барајте го вистинското Православие, таму е спасот за сите нас.