За да се дознае вистината, не треба да гледаш или следиш само една страна, зошто и за Евреите Господ Исус Христос не бил ништо друго освен еден предавник на сопствениот народ. Затоа треба да се бараат одговорите на повеќе места, така прво ќе дознаеш како дошло до национални цркви, а потоа дали тоа е политика или не. Во ниту еден црковен канон не пишува дека власта прогласува црква, а уште помалку власт предводена од комунисти. Треба повеќе да прочиташ која е поврзаноста меѓу Бог-царот-првосвештеникот. Црквата не настанала во 20 век, таа води потекло од создаванјето на светот, зошто таа не е објект, туку е многу повеќе. Таа претставува цела една хиерархиска поставеност на сите ангелски чинови и оние на земјата, а глава е Исус Христос. Целата вистина за Црквата нема никаква врска со една организација или фирма основана од човек. Затоа ако сакаш да знаеш, читај не само Светото Писмо, туку и светите оци за да ти се разјасни. Не само тебе, туку на сите нас луѓето.
--- надополнето: 21 март 2012 во 14:18 ---
Во секоја д
Во секоја друга канонска православна црква: руската, српската, грчката, бугарската, романската, албанската...се дозволува градење на црква од друга национална црква, на пример: во Србија има грчка, романска, руска православна црква, во Грција има српска, руска православна црква, во Бугарија исто, значи на секаде зошто тоа е заедничарењето на сите канонски праволсавни цркви и народот во една држава има право да оди во која сака православна црква, значи не мора да биде таа во која нација припаѓа, значи еден романец може да оди во бугарска православна црква ако сака, никој не му брани-САМО ВО МАКЕДОНИЈА Е ЗАБРАНЕТО ВАКВО НЕШТО- зошто МПЦ е расколна. Значи МПЦ забранува!!!???