Да, Црквата е „...една, света, соборна и Апостолска...„, согласно симболот од верата.
И сега, според Тебе, која е и каде е таа, нели, „..една...„ Црква? Кои се помесните Цркви и која Црква ја претстатвуваа тие? И конечно, кој е претставник на православието во Македонија?
Господ Исус Христос рекол: Барајте и ќе ви се даде, тропајте и ќе ви се отвори.
Мики, барај и ќе најдеш. Има толку голем број на големи подвижници кои барале и нашле, ако навистина сакаш да најдеш. Верувам дека си запознат со животот на отец Серафим Роуз. Нека неговиот живот ти биде патоказ и на тебе, зошто тој навистина барал и нашол. Ако не си читал за него, прочитај, на интернет има голем број информации и за неговиот живот и за неговите дела. Ако јас директно те упатам, може кај тебе да се јави контра ефект и целта не е постигната, затоа ти самиот треба да пронајдеш, а ако вистински бараш, Бог ќе ти открие.
Колку пати сум ја прочитала Библијата, а после незнам кој пат открив, т.е. Бог ми откри, дека се вели:
26 И Бог рече: „Да направиме човек во Нашиот лик, според Нашата сличност, и нека владеат над морските риби, над небесните птици и над добитокот - над сета земја - и над сите лазачи што ползат по земјата!”-Битие. Значи во самиот почеток се кажува дека Бог е Триипостасен, зошто инаку би се кажувал во множина, а муслиманството и евреите тврдат дека е само еден. Ете еден показател дека ако бараш, ќе ти се открие, се што ќе побараш од Бога-ќе добиеш.