Е па DBack, е па-котелот!
--- надополнето: 16 март 2012 во 09:38 ---
Градби имаа и јудеите во Стариот Завет, а се‘уште и ги имаат-тоа се синагогите. Градби-храмови имаат практично сите религии, а зашто не и онаа на која и‘ припаѓам?
Види во Матеј, 12.4 и во Матеј, 21.13.
Христос лично ги постави Апостолите, а преку нив и свештениците, да бидат свештенослужители и учители во Црквата.
Личното обраќање до Бога, без посредници, а не преку Црквата, најблаго речено, е опасна работа по менталното здравје од верните. Во православната Црква, се спасуваме преку Црквата а не секој сам за себе.
Можеме да се собереме и на полјана, не е проблем, и пак ќе бидеме Црква, и без црковниот храм.
--- надополнето: 16 март 2012 во 09:39 ---
Ги добила преку Светите Оци и знаењата кои тие ги добиваат лично до Христа, преку Духот Свет.
--- надополнето: 16 март 2012 во 09:42 ---
Содржината од Писмото е одредена од Светите Оци, а во Црквата.
Знаењето кое го има Црквата не е разбирливо за секого, а станува разбирливо согласно личниот духовен раст. Она кое е битно за спасение, можат да го разберат сите. А и да не разбираат, доволно е да веруваат и да делуваат согласно верата.
Црквата не го доведе Светов до ова дереџе: Светов сам себе се доведе до ова дереџе, одбивајќи да делува по волјата Божја, туку одбирајќи да делува по својот памет.