Како што напиша калипсо - така е. Значи во глава 1 е опишан хронолошки постанокот на светот со се во него, и спомнато е дека Бог го создал човекот, машко и женско. Толку. Во глава 2, пак, детално е забележано создавањето на човекот. Прво Адам, а потоа Ева.
Викаш, хронолошки, па нехронолошки. Хммм...
Мислам дека јасно пишува, Библија си е, дека Господ 6 дена творел, па седмиот седнал да се одмори (пошто се уморил, нели од многу креација), ама, така уморен, забележал дека
створил свет, светло, вода, мода, растенија, животни, па човек - маж и жена!!!
Втората глава, Боби,
продолжува онаму каде застанал Господ - секако, за да нема забуни од овој тип - ти ко што се обидуваш да збуниш - Библијата ги троши првите 3-4 стихови
за да не потсети на хронологијата Нема тука трте-мрте... Тотално концизно и хронолошки. После си ја продолжува приказната.
Е, сеа, ти можеш да пишеш што сакаш, ама првите две глави се тука за
секој да може да прочита!
Исто ли, такво објаснување би ни дал и за другиот хронолошки проблем на самиот почеток. Мислам, стварно ја зачитав книгава и, исто, на самиот почеток прво вика:
25 И Бог направи земни ѕверови според нивниот вид, и добиток според неговиот вид, и сите лазачи на земјата според нивниот вид. И Бог виде дека е добро.
26 И Бог рече: „Да направиме човек во Нашиот лик, според Нашата сличност, и нека владеат над морските риби, над небесните птици и над добитокот - над сета земја - и над сите лазачи што ползат по земјата!”
Демек, направил животни, па си рекол, дај, бе, и еденчоек да направам и, оп, направил човек (и маж и жена, нели)
После тоа, во втора глава вика:
18 И Господ, Бог, рече: „Не е добро човекот да биде сам, ќе му направам помошник соодветен нему.”
19 Тогаш Господ, Бог, ги обликува од земја сите животни во полето и сите птици во воздухот, и ги приведе при човекот, за да види како ќе ги нарече, па како човекот ќе го именува секое суштество, така да му биде името.
И нема везе што пред три дена ги направил животните, вика, „Дај да не биде сам, па да му напраам помошници“ и, оп,
пак ги направил животните.
!?!?! Како тоа ПАК ги направил?!?!
И да е уште пооткачено, ти реда подоле:
уште еднаш по првпат ја направил жената - еднаш на 6-тиот ден, еднаш сега (најверојатно 8-9 - нема тука хронолошки марифети, Боби) пак ја создал.
Внимателно читам, а мислам дека и секој вистински верник треба внимателно да прочита. Се си пишува во Книгата.
Како е ова можно?