Прашања за Христијанството II

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
28 март 2006
Мислења
17.804
Поени од реакции
12.295
Од кога потекнува овој начин/пропис за носење на таков вид облека кај христијанските вернички т.е. обичните жени (монахињите ги исклучувам, имаат посебен начин на живот) и ако не е против правила (иако постои тема за муслиманството) -истото прашање и за муслиманите. И дали постои пропис за машкиот пол верници од двете религии.
И зошто (ако исклучиме соблазнување на спротивниот пол пошто има и други начини на облекување на жената кои не доведуваат до можен грев).
 
~>}VOJVODATA~~LAVOT{<~

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.261
Поени од реакции
84.354
Абе утре се пости (пошто е среда) или не, пошто денес се постеше?
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Абе утре се пости (пошто е среда) или не, пошто денес се постеше?
Според Христовото христијанство не постојат одредени денови кога се постои, туку секој ден во годината е погоден за пост и ти си тој што слободно можеш да си одредиш кога ќе постиш. Читај го Божјиот Збор (Библијата) и ќе видиш дека не постојат "денови кога се пости". Тоа е измислица на некои луѓе кои облекле одора и се нарекле "свештеници".
Поздрав!
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Абе утре се пости (пошто е среда) или не, пошто денес се постеше?
Со мало задоцнување: Богојавление е Господов празник, а на Господовите празници не се пости, независно што годинава Богојавление се паѓа во среда, која редовно е посен ден/строг пост.

--- надополнето ---

Од кога потекнува овој начин/пропис за носење на таков вид облека кај христијанските вернички т.е. обичните жени (монахињите ги исклучувам, имаат посебен начин на живот) и ако не е против правила (иако постои тема за муслиманството) -истото прашање и за муслиманите. И дали постои пропис за машкиот пол верници од двете религии.
И зошто (ако исклучиме соблазнување на спротивниот пол пошто има и други начини на облекување на жената кои не доведуваат до можен грев).
Монаштвото се јавува во раниот 4 век, од египетските подвижници Макарие и Антоние, така да начинот на монашкото облекување, веројатно е познат уште од нивно време.

Начинот на кој треба да се облекуваат христијаните и христијанките, и воопшто, како треба да живеат, делумно е одреден уште од Св. Ап. Павле, види во Павловите посланија. Македонската традиција на облекување кај населението, која денес е целосно „модернизирана„,, е прилично блиска до црковната, така да до скоро, до пред 3-4 децении, било повеќе од очигледно дека скромноста, срамежливоста и чистотата, биле одлика на таквото облекување.

Што се случува денес/тековно, повеќе е од очигледно...

Начинот на облекување, не е поврзан само со потребата од заштита на телото, туку во голема мерка е битен и за спречување на ширењето соблазни кон другите луѓе. Така, традиционално, но и црковно, е облекувањето со облека која речиси целосно покрива, и која е нешто поголема од реалната потреба и габарит од нечие тело, со што се спречува „отцртувањето„ на телесните атрибути, кои се причина за соблазните. А кој е Христовиот став за ширењето соблазни кон другите, види во Матеј, 17.7.
 
Член од
20 јануари 2011
Мислења
2
Поени од реакции
0
Prasanje: Zosto Islamot dobi poveke privrzanici za 23 godini, odkolku Hristijanstvoto za 3 veka ?
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Си немал ѓаволот работа... Земав да ја читам библијата одново и мислам дека има една чудноќа уште на почеток. За да не искочи дека нова тема отварам за сеир, сакам тука да прашам:

Битие 1:27 вика дека напраил Господ и маж и жена, а у Битие 2:22 вика дека заспал Адам, па овој од реброто ја направил Ева.

Зошто пишува вака? Напраил, отпраил, па после пак напраил?
 
Член од
22 февруари 2008
Мислења
1.647
Поени од реакции
45

Ништо страшно. Првин е кажано што направил, па после и како тоа го направил.
Супер што си почнал да го читаш Светото Писмо, ама да го читаш со цел да наоѓаш грешки.....хмммм.
 
Член од
31 јули 2006
Мислења
2.537
Поени од реакции
702

Може ја како нехристијанка да дадам мислење? Митот е дека таа прва креација, жената е Лилит. Таа неќела да се потчини како што било очекувано од нејзе и била прогонета, подоцна да стане “демон“ на ноќта.

Ништо страшно. Првин е кажано што направил, па после и како тоа го направил.
Супер што си почнал да го читаш Светото Писмо, ама да го читаш со цел да наоѓаш грешки.....хмммм.
Страшно е како не. Очигледно е дека и мажот и жената ги направил заедно. Во вториот стих кажува како го направил само Адам прво. Па на него му здосадило сам, па од неговото ребро е направена Ева. Со тоа намерно жената се покажува во потчинета состојба.
 
Член од
15 октомври 2010
Мислења
835
Поени од реакции
155
Како што напиша калипсо - така е. Значи во глава 1 е опишан хронолошки постанокот на светот со се во него, и спомнато е дека Бог го создал човекот, машко и женско. Толку. Во глава 2, пак, детално е забележано создавањето на човекот. Прво Адам, а потоа Ева.

--- надополнето ---

Со тоа намерно жената се покажува во потчинета состојба.
Затоа ќе го остави човекот таткото свој и мајката своја и ќе се прилепи кон жената своја; и обата ќе бидат едно тело.
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Како што напиша калипсо - така е. Значи во глава 1 е опишан хронолошки постанокот на светот со се во него, и спомнато е дека Бог го создал човекот, машко и женско. Толку. Во глава 2, пак, детално е забележано создавањето на човекот. Прво Адам, а потоа Ева.
Викаш, хронолошки, па нехронолошки. Хммм...

Мислам дека јасно пишува, Библија си е, дека Господ 6 дена творел, па седмиот седнал да се одмори (пошто се уморил, нели од многу креација), ама, така уморен, забележал дека створил свет, светло, вода, мода, растенија, животни, па човек - маж и жена!!!

Втората глава, Боби, продолжува онаму каде застанал Господ - секако, за да нема забуни од овој тип - ти ко што се обидуваш да збуниш - Библијата ги троши првите 3-4 стихови за да не потсети на хронологијата Нема тука трте-мрте... Тотално концизно и хронолошки. После си ја продолжува приказната.

Е, сеа, ти можеш да пишеш што сакаш, ама првите две глави се тука за секој да може да прочита!

Исто ли, такво објаснување би ни дал и за другиот хронолошки проблем на самиот почеток. Мислам, стварно ја зачитав книгава и, исто, на самиот почеток прво вика:

25 И Бог направи земни ѕверови според нивниот вид, и добиток според неговиот вид, и сите лазачи на земјата според нивниот вид. И Бог виде дека е добро.
26 И Бог рече: „Да направиме човек во Нашиот лик, според Нашата сличност, и нека владеат над морските риби, над небесните птици и над добитокот - над сета земја - и над сите лазачи што ползат по земјата!”
Демек, направил животни, па си рекол, дај, бе, и еденчоек да направам и, оп, направил човек (и маж и жена, нели)

После тоа, во втора глава вика:
18 И Господ, Бог, рече: „Не е добро човекот да биде сам, ќе му направам помошник соодветен нему.”
19 Тогаш Господ, Бог, ги обликува од земја сите животни во полето и сите птици во воздухот, и ги приведе при човекот, за да види како ќе ги нарече, па како човекот ќе го именува секое суштество, така да му биде името.
И нема везе што пред три дена ги направил животните, вика, „Дај да не биде сам, па да му напраам помошници“ и, оп, пак ги направил животните. !?!?! Како тоа ПАК ги направил?!?!

И да е уште пооткачено, ти реда подоле: уште еднаш по првпат ја направил жената - еднаш на 6-тиот ден, еднаш сега (најверојатно 8-9 - нема тука хронолошки марифети, Боби) пак ја создал.

Внимателно читам, а мислам дека и секој вистински верник треба внимателно да прочита. Се си пишува во Книгата.

Како е ова можно?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom